Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

правда

filkov-upoz-1

Филков се сретна со претставници на УПОЗ: се разговарало за прашања поврзани со колективниот договор, платите, статусот на вработените

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), предводени од претседателот Трпе Деаноски.Како што соопштуваат од Министерството се разговарало за прашања поврзани со колективниот договор, платите, статусот на вработените како и подготовката на законските решенија.„Изразена е благодарност на Министерството за правда за отпочнување на процесот на изработка на нов Закон за судска служба. Новото законско решение има за цел да ја унапреди постојната регулатива, обезбедувајќи подобри услови за работа и правата на вработените во судскиот систем.Претставниците на УПОЗ го информираа министерот со сите отворени прашања кои се од голема важност, и од нивна страна беше побарана поддршка и заложба за нивно решавање со цел унапредување на работните услови и зајакнување на правата на вработените во правосудниот систем“, соопшти Министерството за правда

Македонија | пред 1 година

filkov-budva-2-1

Филков од Будвa: Потребни се напори во изнаоѓање на решенија кои ќе соодветствуваат на развојот на дигиталната технологија vis a vis зајакнувањето на правосудниот систем

Министерот за правда Игор Филков учествуваше на дводневниот министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.На форумот беше реафирмирана силната регионална посветеност и блиската соработка за правда и за внатрешни работи.Европската унија и Западен Балкан разговараа за неодамнешните случувања во врска со дигитализацијата на правдата и остварија размена на мислења за можностите и главните предизвици на потенцијалот за користење на интероперабилни решенија и нови дигитални технологии, вклучително и вештачката интелигенција. Европската унија обезбеди ажурирање за тековните дискусии во ЕУ, меѓу другото и за напорите за дигитализација на правосудните системи и за електронските докази. Учесниците беа информирани и за Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото.На вториот ден од форумот посветен на правда, министерот Игор Филков во своето обраќање се осврна на две теми „Правдатa во дигитална ера” како и „Прекуграничната соработка во кривичната материја помеѓу партнерите од Западен Балкан“.„Со оглед на огромното значење на дигитализацијата во 21 век, евидентно е дека е нужно да се изнајдат начини како да се воспостави е-правда која пред се ќе биде инфраструктурно поддржана, но и во функција на остварување на загарантираните човекови права и владеењето на правото. Заради тоа, потребни се напори во изнаоѓање на решенија кои ќе соодветствуваат на развојот на дигиталната технологија vis a vis зајакнувањето на правосудниот систем.Република Северна Македонија ги препозна предизвиците и можностите кои доаѓаат со дигиталната трансформација, што е и пресликано во Национална Стратегија за информатичко-комуникациска технологија 2023-2027. Во делот на правдата, во рамките на Министерството за правда е развиена Стратегија за дигитализација во правосудството за периодот 2019-2024.Секако, во оваа транзиција се соочуваме и со многу предизвици. Потребни се дополнителни инвестиции во технолошка опрема и обука на кадрите, за што несомнено е потребна финансиска и инфраструктурна поддршка. Неопходно е и да се осигураме дека сајбер-безбедноста е на највисоко ниво, за да ги заштитиме податоците и правата на сите граѓани“, рече министерот Филков.Министерот за правда Игор Филков се осврна и на прекуграничната соработка во кривичната материја. Посебен акцент беше ставен на законските измени за заштитата на правата на жртвите во прекугранични случаи, надоместокот на штета како и соработката на нашата држава преку Европравда.На маргините на дводневниот министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржа во Будва, министерот за правда Игор Филков оствари три билатерални средби, со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс и со министрите за правда на Унгарија, Бенце Тузсон и на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

Македонија | пред 1 година

filkov-budva-2

Министерот за правда Игор Филков се сретна со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс во Будва

Министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.Како што известуваат од Министерството, била изразена благодарност за напорите на Европската унија за континуираната поддршка во процесот на пристапување и реформите.На средбата се разговараше за владеењето на правото, законодавната агенда и планираните реформи во правосудството кои се содржани во Развојната секторска стратегијата за правосудство (2024-2028).Како особено значајна беше посочена дигитализацијата која треба да овозможи напредок и побрз, потранспарентен и поефикасен начин на функционирање кој значително ќе придонесе за развој на општеството, соопшти Министерството за правда.

Македонија | пред 1 година

den-pravda

Потребни се сериозни промени во правосудниот систем, велат од Министерството за правда по повод Европскиот ден на правдат

„Нашата иднина треба да се темели на градењето на силно, независно и модерно правосудство кое ќе ги исполни очекувањата на нашите граѓани и ќе биде во чекор со европските вредности. Владеењето на правото е основниот столб врз кој се потпира секое модерно општество, а реформите се предуслов за градење на доверба меѓу граѓаните и институциите“, велат од Министерството за правда по повод 25 Октомври-Европски ден на правдата.„Во изминатиот период, сведоци сме на потребата од сериозни промени во правосудниот систем кои се едни од главните предуслови за напредок во европските процеси.Европската унија е јасна-нема компромис кога станува збор за правдата.Ние, не можеме да очекуваме економски просперитет, социјална кохезија и стабилност без правичен и независен судски систем. Секако, реформите во правосудството не значат само менување на закони. Тие вклучуваат и промена на културата на работење на правосудните институции. Потребно е постојано едуцирање на судиите и обвинителите, воведување нови технологии за подобра ефикасност, но и зајакнување на механизмите за контрола и отчетност.Овие реформи не се само национален приоритет, туку се и дел од нашата евроинтеграција“, додаваат од Министерството за правда.

Македонија | пред 1 година

komisija-za-paricen-nadomestok

Отворена канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Изминатиот период Министерството за правда интензивно работеше на обезбедување и реализација на повеќе активности со цел за завршување на процесот од административно – технички и правен карактер за отпочнување на Комисијата како независен субјект со својата работа.Министерот за правда Игор Филков смета дека ова претставува важен исчекор кон обезбедување на подобра заштита на човековите права за жртвите на кривични дела со насилство. Со ставањето во функција на канцеларијата за Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, се создаваат услови оваа комисија да функционира како независно тело со својство на правно лице.„Имено, иако Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство стапи на сила на 25.11.2022 година, а започна да се применува од 25.05.2023 година, еве денеска, цели 17 месеци по примената Министерството за правда обезбеди услови за започнување со работата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство формирана на 13.02.2024 година. Целта на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи“, рече Филков.Претседателката на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, Цветанка Периќ упати благодарност до Министерството за правда за напорите да се обезбедат услови за непречено работење и најави дека на наредната седница ќе се отпочне со постапување по предмети.

Македонија | пред 1 година

filkov-2-1

Филков: 100 дена посветени на реформи во правосудството и враќање на довербата на граѓаните во системот

Министерот за правда Игор Филков одржа прес конференција по повод 100 дена нова Влада, на која информираше за преземените активности, проектите кои се реализирани, како и за идните приоритети на Министерството за правда.„Како министер за правда, овде пред вас со задоволство ги презентирам резултатите од првите 100 дена од нашата работа. Министерството за правда ги креира основите на правниот систем, подразбирајќи ги тука сите три власти: законодавната, извршната и судската.Притоа, изминативе години, а особено 100-те изминати дена токму судството е областа каде државата имаше најмногу критики. На ова се надоврзаа и коментарите за зголемена корупција особено во правосудните институции“, кажа Филков.„Токму затоа, очекувањата на целокупната јавност од ова министерство се големи и со право.Се очекуваат резултати, не само заради промена во политиките во однос на правосудството, туку и секој граѓанин се надева дека постапките пред судовите каде бара заштита на своите права ќе бидат законски, без одложувања, и без никаков сомнеж за коруптивни влијанија. Граѓаните очекуваат и дека доколку се нарушат ваквите принципи на постапувањата пред судовите, ќе следува и одговорност и мерки за лицата кои тоа го сториле. Само на тој начин може да се врати довербата на јавноста во судскиот систем.Соочени со ваквиот предизвик, најлесно е да се даде одговорот дека изминатото време е прекусо за да се видат промените, но факт е дека токму во овој сегмент, за правото и правдата не очекува многу работа.Патот по кој тргнавме не е лесен. Но, тоа е пат по кој ние сме решени да одиме и нема да запреме. Од самиот почеток, оваа Влада се обврза на длабоки, суштински и влијателни реформи, Граѓаните во државата заслужуваат правосуден систем кој работи за сите подеднакво, систем што нема да биде подложен на притисоци, влијанија и корупција.Во текот на изминатите 100 дена, ги поставивме темелите на нашите реформски чекори насочени кон градење на транспарентен, ефикасен систем, во кој нема да има место за корупција“, изјави Филков.

Македонија | пред 1 година

80

Средба Филков-Вал: планираните реформи и проекти во правосудството, теми на дискусијата

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Како што извести Министерството, се дискутирало за планираните реформи и проекти во правосудството во насока на владеење на правото.Посебен осврт беше даден на Предлог законот за кривична постапка за што од страна на амбасадорот Вал беше соопштено дека ОБСЕ финансиски ќе го поддржи преводот, се вели во соопштението.Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Министерството за правда ќе биде и натаму активно вклучена во подготовката на Развојната секторска стратегија 2024-2028, како и во работните групи за одредени законски измени.Соработката и дијалогот во наредниот период ќе се интензивираат со цел да се реализираат планираните реформи во правосудството.

Македонија | пред 1 година

50-1

Деребан: Се грижиме за ранливите категории на граѓани, наша обврска е на сите да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми

Заменик на министерот за правда Ален Деребан се обрати на 15-от состанок на Националното координативно тело за бесплатна правна помош организиран од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. Осврнувајќи се на активностите на Министерството за правда , Деребан посочи дека од големо значење е обезбедувањето на пристап до правдата за сите, преку давање на примарна и секундарна бесплатна правна помош на сите тие кои не можат тоа да си го дозволат.„Оваа алатка е на располагање на најранливите категории граѓани, оние кои ги исполнуваат условите имаат можност државата да им ги плати сите трошоци во судските постапки. Тоа опфаќа адвокат, трошоци за вештачења, а ќе бидат ослободени и од плаќање на судски такси. Преку системот на бесплатна правна помош нудиме заштита на човековите права, а со тоа и ја гарантираме еднаквоста меѓу луѓето во правниот поредок. Од досегашната пракса можеме да констатираме дека најмногу барања за бесплатна правна помош има од областа на семејното право како што се бракоразводни парници, старателство врз деца, оставински постапки, имотни , работни спорови, должничко -доверителски односи за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви од семејно насилство, за спорови со осигурителни компании“, рече Деребан.Националното координативно тело за бесплатна правна помош кое е воспоставено и поддржано од Советот на Европа е успешен механизам кој овозможува континуирана координација и комуникација помеѓу главните чинители кои даваат бесплатната правна помош, како што се: Министерството, здруженијата на граѓани, правните клиники и адвокатите и кое од 2020 година.Министерството, имајќи ги предвид заклучоците од националното координативно тело ги предложи измените на Законот за бесплатна правна помош за усогласување со Законот за вештачење кои во текот на месец септември беа донесени во Собранието на Република Северна Македонија.„Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.Со ова на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.На овој начин покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани“, потенцира Деребан.

Македонија | пред 1 година

50

Франција преку свои експерти ќе ни помогне во процесот на реформи во правосудството

Министерот за правда Игор Филков одржа средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е.Кристоф Ле Риголер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда.Амбасадорот Риголер ги поздрави плановите на министерот за реформи и изрази подготвеност Франција да помогне во сите процеси со различна помош, вклучувајќи и експертска, со цел подготовка за членство во Европската унија.Во таа насока, министерот Филков информираше дека од 16.09.2024 година започна ангажманот на француски експерт, Сесилиа Мароние која има големо искуство во правосудната област. Од наша страна се обезбедени сите предуслови за овозможување на нејзина непречена работа.Како особено значајна беше истакната и соработката со судијата за врска што е во Белград и аташето за внатрешна безбедност на Скопје кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите.На средбата се дискутираше и за законодавната агенда на Министерството за правда, најавите за отпочнување јавни расправи за Предлог измените на законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, како и за Развојната секторска стратегија за правосудството( 2024-2028).Филков и Риголер се обврзаа на продлабочување на соработката во периодот кој следи и зајакнување на билатералните односи.

Македонија | пред 1 година

filkov-1

Филков: Убеден сум дека во наредните 15 дена Фемида системот за аудио и видео снимање на судските расправи ќе се применува насекаде

Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање во Управниот суд посочи дека воведувањето на тонското и видео снимање започнало уште во 2010 година, со Законот за парнична постапка и Законот за кривичната постапка.„Денес, по изминат период од повеќе од 10 години, за жал може да констатираме дека судовите само делумно го користеле тонското снимање при водење на постапката и не успеале да спроведат целосна и доследна имплементација на законските решенија, ниту во граѓанската ниту пак во кривичната постапка, а евидентно од денешниов настан ниту во управната постапка.За жал, констатирани се и бројни примери и на уништена опрема за тонското снимање. Сето претходно е само мал дел за објаснување на што се должи перцепцијата и довербата на граѓаните во правосудството од само 2%“, рече Филков.Министерот порача дека граѓаните се тие кои се најмногу засегнати во управната постапка.„Опремата за тонско снимање во Управниот суд се инсталира денес. Да не губиме уште 14 години и да не чекаме пресуди од ЕСЧП кои ќе наложуваат да ги применуваме стандардите за фер судење. Ве охрабрувам да целиме и да инвестираме во модерното судство и за тоа да придонесеме сите заедно. Мојата гласна борба за независност на судството ќе биде преку обезбедување на процентот за независен судски буџет. Но, исто така, Ве мотивирам, секој од вас во секој предмет да успее да го користи тонското снимање и секоја друга алатка за да се овозможат стандардите на фер и правично судење. И на крај,ова е само мал придонес, би рекол, симболичен во започнување на реформите кои зависат и мора да започнат од нас самите. Со оглед дека веќе нема оправдување за непостоење на технологија за тонско снимање, со фактот што сите судови се опремени, убеден сум дека во наредните 15 дена системот ќе се применува насекаде“, истакна Филков.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-02-at-10.53.51

ЗНАМ ќе го добие Министерството за правда, но Бендевска нема да го добие министерското место

Политичката опција ЗНАМ на Максим Димитриевски ќе добие две министерски места во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дознава „Скопје1“.За сигурно, договорено е дека во нивни раце оди Министерството за правда. Но, иако во јавноста се лицитира дека идна министерка ќе биде Весна Бендеска која три мандати беше пратеничка на СДСМ, извори за „Скопје1“ брифираат дека тоа не е точно.Гледајќи наназад, на министерското место во ова министерство, традиционално доаѓал правик. Затоа, се очекува, така да биде и овојпат. Бендевска е дипломиран психолог.Познато е и дека ВЛЕН ќе добие четири министерства, додека останатите ќе ги раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

adfasdf

Најчевска по Тупанчевски: Не тропајте глупости, нема аномалија туку луѓе со скромно познавање на правото

Професорката по право, Мирјана Најчевска и натаму смета дека одбивањето на референдумот од страна на Талат Џафери е грешка. Таа бара: „Ве молам да престанете со тресење глупости“. Нејзиниот став е спротивен на државниот.„Договорот со Бугарија е ратификуван во Собранието. Собранието е единствениот надлежен орган за ратификација на меѓународните договори. Не мешајте потпишување на договор со негова ратификација. Меѓународните договори не произведуваат правно дејство со потпишување туку со ратификација. Дајте елементарна правна писменост. И да референдумот се однесува на прашање кое е во исклучива надлежност на Собранието. Исклучива. Нема тука никаква аномалија освен таа што луѓе со многу скромно познавање на правото се универзитетски професори“, вели Најчевска.Иницијативата за референдум има правни аномалии што ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на една замислена цел, изјави министерот за правда Никола Тупанчески.Според него, пред поднесувањето на иницијативата требало да се земат предвид одредбите од Уставот, Законот за референдум и Деловникот на Собранието.,,Во членот 118 од Уставот експлицитно е утврдена материјата во однос на меѓународните договори. Тие, како што стои во овој член, претставуваат составен дел од внатрешниот правен поредок на државата и не можат да бидат менувани со закон. Особено е важна и регулативата во Законот за референдум каде во членот 24 се вели дека референдум би можел да се распише пред потпишување , односно ратификација на меѓународен договор. Во членот 28, пак, кој се однесува на Бадентеровото мнозинство, исто така има релевантна одредба”, рече Тупанчески, потенцирајќи дека треба да се земат предвид и одредбите од Деловникот на Собранието при разгледувањето на иницијативата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-04-21-at-18.21.22

Тупанчески од Орбан ќе бара Груевски да го вратат назад, но и бегалците од „Монтрум“

Министерството за правда во наредниот период ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.„За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година.Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи,односно за сите постапки за кои е распишана потерница.Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал.Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи а Министерството за правда ќе постапи соодветно и ќе поднесе ново барање за екстрадиција“, велат од Министерство за правда.„За Лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година.Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година , потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година.Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година. На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива , а за Демири нема одговор.Во постапките , се што беше побарано од косовските власти беше доставено.Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати , февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година.Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која ја потврди првостепената одлука за ,,Монструм” со која Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се правосилно осудени на доживотна казна затвор. За овие лица Министерството за правда повторно ќе поднесе ново барање за екстрадиција“, соопштува Министерство за правда.

Македонија | пред 3 години

marjan-spasovski-dir

Марјан се правда дека не правел притисоци за Боки 13 и Кочан, а рекетот не го споменува во демантот

Директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски во целост ги отфрла наводите и обвинувањата на поранешниот директор на затворот Идризово, Реџеп Реџепи изнесени во порталот,, А1 он”, за наводни притисоци за преместување на Бојан Јовановски и Сеад Кочан во други полоши услови.„Спасовски бара од Реџепи јавно да се извини во рок од три дена за изнесената клевета. Во спротивно ќе ги преземе сите институционални мерки за заштита на своето достоинство и интегритет. Ваквите изјави нема да ја поколебаат Управата за извршување на санкции да се справува против девијантните однесувања а неселективната борба против криминалот и корупцијата во казнено поправните установи ќе продолжи и во наредниот период“, посочува Министерството за правда.

Македонија | пред 3 години

tupanceski

„Тешка перверзија е министерот кој без срам лажеше да зборува за подобрување на перцепцијата за судството“

Новинарот Кристијан Ландов го искоментира излагањето на министерот за правда Никола Тупанчевски во кое зборува за враќање на довербата во правосудството, а откако ја излажа јавноста дека сам ги платил трошоците за патување во Палермо, а потоа, призна дека летот и картата ги платила ФФМ.„За мене тешка перверзија е министер за правда, кој без срам лажеше цела јавност, да зборува за подобрување на перцепција за судството. Истиот тој кој на трибини беше со судски претседател и обвинител. Уште потешка перверзија е кога ќе ми текне дека истиот тој министер додека лажеше беше во Палермо, а овде странска амбасада ни соопшти дека само 8 отсто од граѓаните веруваат во македонското судство. И тоа не е сѐ, најголема трагедија е што сѐ уште е министер и се прашува за подобрување на состојбата во судството, а не за тоа зошто не беше искрен кон јавноста. Ако завршивте со перверзии, да си легнеме порано денеска“, напиша новинарот.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања