Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Отворена канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
komisija-za-paricen-nadomestok

Изминатиот период Министерството за правда интензивно работеше на обезбедување и реализација на повеќе активности со цел за завршување на процесот од административно – технички и правен карактер за отпочнување на Комисијата како независен субјект со својата работа.

— реклама —

Министерот за правда Игор Филков смета дека ова претставува важен исчекор кон обезбедување на подобра заштита на човековите права за жртвите на кривични дела со насилство. Со ставањето во функција на канцеларијата за Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, се создаваат услови оваа комисија да функционира како независно тело со својство на правно лице.

— реклама —

„Имено, иако Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство стапи на сила на 25.11.2022 година, а започна да се применува од 25.05.2023 година, еве денеска, цели 17 месеци по примената Министерството за правда обезбеди услови за започнување со работата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство формирана на 13.02.2024 година. Целта на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи“, рече Филков.

Претседателката на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, Цветанка Периќ упати благодарност до Министерството за правда за напорите да се обезбедат услови за непречено работење и најави дека на наредната седница ќе се отпочне со постапување по предмети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Македонија | пред 2 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје | пред 3 месеци

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања