Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Потребни се сериозни промени во правосудниот систем, велат од Министерството за правда по повод Европскиот ден на правдат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
den-pravda

„Нашата иднина треба да се темели на градењето на силно, независно и модерно правосудство кое ќе ги исполни очекувањата на нашите граѓани и ќе биде во чекор со европските вредности. Владеењето на правото е основниот столб врз кој се потпира секое модерно општество, а реформите се предуслов за градење на доверба меѓу граѓаните и институциите“, велат од Министерството за правда по повод 25 Октомври-Европски ден на правдата.

— реклама —

„Во изминатиот период, сведоци сме на потребата од сериозни промени во правосудниот систем кои се едни од главните предуслови за напредок во европските процеси.

Европската унија е јасна-нема компромис кога станува збор за правдата.

— реклама —

Ние, не можеме да очекуваме економски просперитет, социјална кохезија и стабилност без правичен и независен судски систем. Секако, реформите во правосудството не значат само менување на закони. Тие вклучуваат и промена на културата на работење на правосудните институции. Потребно е постојано едуцирање на судиите и обвинителите, воведување нови технологии за подобра ефикасност, но и зајакнување на механизмите за контрола и отчетност.

Овие реформи не се само национален приоритет, туку се и дел од нашата евроинтеграција“, додаваат од Министерството за правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Македонија | пред 2 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје | пред 3 месеци

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања