Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Деребан: Се грижиме за ранливите категории на граѓани, наша обврска е на сите да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
50-1

Заменик на министерот за правда Ален Деребан се обрати на 15-от состанок на Националното координативно тело за бесплатна правна помош организиран од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. Осврнувајќи се на активностите на Министерството за правда , Деребан посочи дека од големо значење е обезбедувањето на пристап до правдата за сите, преку давање на примарна и секундарна бесплатна правна помош на сите тие кои не можат тоа да си го дозволат.

— реклама —

„Оваа алатка е на располагање на најранливите категории граѓани, оние кои ги исполнуваат условите имаат можност државата да им ги плати сите трошоци во судските постапки. Тоа опфаќа адвокат, трошоци за вештачења, а ќе бидат ослободени и од плаќање на судски такси. Преку системот на бесплатна правна помош нудиме заштита на човековите права, а со тоа и ја гарантираме еднаквоста меѓу луѓето во правниот поредок. Од досегашната пракса можеме да констатираме дека најмногу барања за бесплатна правна помош има од областа на семејното право како што се бракоразводни парници, старателство врз деца, оставински постапки, имотни , работни спорови, должничко -доверителски односи за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви од семејно насилство, за спорови со осигурителни компании“, рече Деребан.

— реклама —

Националното координативно тело за бесплатна правна помош кое е воспоставено и поддржано од Советот на Европа е успешен механизам кој овозможува континуирана координација и комуникација помеѓу главните чинители кои даваат бесплатната правна помош, како што се: Министерството, здруженијата на граѓани, правните клиники и адвокатите и кое од 2020 година.

Министерството, имајќи ги предвид заклучоците од националното координативно тело ги предложи измените на Законот за бесплатна правна помош за усогласување со Законот за вештачење кои во текот на месец септември беа донесени во Собранието на Република Северна Македонија.

„Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.Со ова на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.На овој начин покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани“, потенцира Деребан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Македонија | пред 2 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје | пред 3 месеци

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања