Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Филков: 100 дена посветени на реформи во правосудството и враќање на довербата на граѓаните во системот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filkov-2-1

Министерот за правда Игор Филков одржа прес конференција по повод 100 дена нова Влада, на која информираше за преземените активности, проектите кои се реализирани, како и за идните приоритети на Министерството за правда.

— реклама —

„Како министер за правда, овде пред вас со задоволство ги презентирам резултатите од првите 100 дена од нашата работа. Министерството за правда ги креира основите на правниот систем, подразбирајќи ги тука сите три власти: законодавната, извршната и судската.

Притоа, изминативе години, а особено 100-те изминати дена токму судството е областа каде државата имаше најмногу критики. На ова се надоврзаа и коментарите за зголемена корупција особено во правосудните институции“, кажа Филков.

— реклама —

„Токму затоа, очекувањата на целокупната јавност од ова министерство се големи и со право.

Се очекуваат резултати, не само заради промена во политиките во однос на правосудството, туку и секој граѓанин се надева дека постапките пред судовите каде бара заштита на своите права ќе бидат законски, без одложувања, и без никаков сомнеж за коруптивни влијанија. Граѓаните очекуваат и дека доколку се нарушат ваквите принципи на постапувањата пред судовите, ќе следува и одговорност и мерки за лицата кои тоа го сториле. Само на тој начин може да се врати довербата на јавноста во судскиот систем.

Соочени со ваквиот предизвик, најлесно е да се даде одговорот дека изминатото време е прекусо за да се видат промените, но факт е дека токму во овој сегмент, за правото и правдата не очекува многу работа.

Патот по кој тргнавме не е лесен. Но, тоа е пат по кој ние сме решени да одиме и нема да запреме. Од самиот почеток, оваа Влада се обврза на длабоки, суштински и влијателни реформи, Граѓаните во државата заслужуваат правосуден систем кој работи за сите подеднакво, систем што нема да биде подложен на притисоци, влијанија и корупција.

Во текот на изминатите 100 дена, ги поставивме темелите на нашите реформски чекори насочени кон градење на транспарентен, ефикасен систем, во кој нема да има место за корупција“, изјави Филков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Македонија | пред 2 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје | пред 3 месеци

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања