ПРЕТРЕС

Screenshot-2025-02-12-at-20.59.49

(Видео) Ацо Тошта: Заев и Спасовски нѐ осудија за 27 април, Села го спасивме јас и градоначалникот на Ѓорче

Во „Претрес со Ландов”, гостин беше Ацо Тошта, лице осудено за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во настаните на „27 април”.Тошта е основач на ВМРО-ДПМНЕ и бил во обезбедувањето на Никола Груевски.„Немаше убиство ниту обид за убиство на Села. 27 април беше кобен за нас. Крсто Муковски кој ги отвори вратите беше амнестиран и награден од Заев. Јас и Александар, градоначалникот на Ѓорче Петров го спасивме Зијадин Села. Влатко Ѓорчев ме молеше: Тошта застани зошто ќе гори Македонија.Фросина Ременски викаше да не тепаат бидејќи е бремена. Толпата беше револтирана, го шамараше и тепаше и Влатко Ѓорчев. Заев и Спасовски нас нѐ осудија”, рече Ацо Тошта.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-12-at-20.39.27

(Видео) Таткото на усмртената Викторија до судијката Љубинка Башевска: Дали мирно спие, кој изврши притисок врз неа

Славе Николов, таткото на Викторија која трагично загина кај „Сити мол”, во 2022 година во „Претрес со Ландов”, кажа дека кај Јордан Ѓорѓиев, возачот кој ја усмрти Викторија немало никакво каење.„Никакво каење, ниту сочувство немаше ниту од него, ниту од неговите родители. Најголемата вина според моите сознанија е притисокот во судството. Судијката Љубинка Башевска не може да донесе правда”, рече Николов.„Дали мирно спие, дали има грижа на совест и од кого имаше притисок“, ја праша таткото на Викторија судијката Љубинка Башевска која ја досуди казната од 3 години за возачот-убиец.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-12-at-20.23.21

(Видео) Таткото на загинатата Викторија: Нема утеха додека сме живи, правда нема

Гостин во „Претрес со Ландов” е Славе Николов таткото на Викторија која трагично загина кај „Сити мол” во 2022 година.„Нема утеха додека сме живи. Верував во правосудството, но се случи сосема друго”, вели Славе Николов.Јордан Ѓорѓиев, возачот кој ја усмрти Викторија доби затворска казна од три години, одреди Кривичниот суд. Олеснителна околност за судот е дека го признал делото, изразил каење и бил млад со 23 години, како и дека не бил осудуван до сега и дека сѐ уште е студент.Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на Јордан Ѓоргиев на четири години.

Македонија | пред 11 месец

pretres-s11

Вечерва во „Претрес“: Семејството на загинатата Викторија кај „Сити мол“ за правната голгота и осудениот Ацо за „27 април“

Во денешниот „Претрес со Ландов“, во живо:Славе Николов, татко на загинатата Викторија кај „Сити мол“ ќе зборува за правната голгота и казната под законскиот минимум којa ја доби возачот што на пешачки го прегази младото девојче.Отвораме и втора тема - 27 април. Александар Јаневски, познат како Ацо Тошта, осуден за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села при упадот во Собранието ќе зборува за случајот, до каде е ослободувањето, за пресудата..Среда, 20 часот, во живо на јутуб-каналот prvatvmk (https://www.youtube.com/@prvatvmk/)

Македонија | пред 11 месец

Izmamnik.00_43_21_21.Still003

(Видео) Тренерот од Прилеп осуден за педофилија првпат пред камерите: Не се чувствувам како педофил

Џудо тренерот од Прилеп, Рубин Пеески, кој за обљуба на деца кои тренирале во неговиот клуб доби 20 години затвор, зборуваше во „Претрес“. Не се чувствува како педофил, тврди дека нема жртви односно оштетени малолетнички од него. На прашањето зошто тогаш се нашол зад решетки - рече дека и пречел на „хибридната власт“, без да објасни кому точно и од која причина.Гушкање, бакнување, допири, мешање во приватниот живот - ова се дел од дејствијата кој тој е осуден. Свесен е дека е осуден за педофилство, проба да ги објасни неговите постапки, но документите врз основа на кои е осуден - не го потврдуваа тоа што го зборува.

Македонија | пред 11 месец

boban-aleksov

(Видео) Еве како се заработуваат стотици илјади евра од „Идризово“ со измами: шема со вмешани полицајци, директори, командири

Преку организирана шема, затвореници од затворот „Идризово“ нашле како да заработуваат пари преку измами. Зад нив стоела цела логистика која функционирала надвор од установата. Па така, фирми останале без стотици илјади евра. Јавноста го памети лицето кое се преставуваше како Дејан по фирми и ги правеше измамите. Вистинското име на Дејан е Бобан Алексов, кој за првпат застана пред камерите на „Претрес“. Во шемата тврди дека се вмешани затворски полицајци, командири, директори. Посочи и имиња.Тој објасни дека пробувал да пријави и покажа разговори кои ги водел со началници во МВР, обвинители, политичари - но залудно. Пред камерите на „Претрес“ ја објасни целата шема, како функционирала, кој која улога ја имал.Деталите ексклузивно погледнете ги во поткастот:https://youtube.com/live/VfFR2Zm0ayM

Македонија | пред 11 месец

tamnel-zatvor

(Видео) Ексклузивно: „Претрес“ од затворот во Прилеп - разговори со осудени за убиство, разбојништва, 27 април, дрога

Влеговме во затворот во Прилеп. Ви ги носиме животите на осудените лица во четири ѕида. Потресни судбини и тажни затворски приказни.Од осудени за кражби кои се каат, до осуден за убиство кој смета дека не згрешил. Ви носиме и судбина на осуденик кој тврди дека бил лежи за негов роднина.Разговаравме и со осудените за 27 април, Горан Ангелов-Ќосето и Вилијам Михајловски-Гајда.Ексклузивно, следете во живо: 

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-28-at-17.44.49

(Видео) „Ги учам децата дека можеби ќе ме нема, можеби ќе живеам уште многу години, но треба да се борат“ - потресна сторија на метастатски пациент со канцер

Пациентка која еднаш го победила канцерот во 2013 година, па и се вратил за време на коронавирусот, го раскажа своето патешествие. Никогаш не изгубила надеж. Се лекува на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Таа има метастази, што значи дека кацерот зема замав. Но посочува: „Секоја година живот е како поклон за нас кои сме метастатски пациенти.?t=2406„Во ковидот фатив ковид, јас имав некоја консолидација на бели дробови и потоа почнав да осеќам болки, кај што имав развиено пневмонија. Имав чувство дека нешто не е во ред, но не сакав да размислувам натака, мислев дека е промаја, мислев дека сум се укочила, одев на масажи. За на крај кога ми порасна, буквално на истото место каде што ми беше примерно пред девет години, и покрај тоа што ги извадив двете дојки, на истото место ми порасна грутка, кога видоа на ехо, итно направив компјутер и видоа дека болеста е во напредна фаза т.е. за жал имав метастази на повеќе органи околу примарниот тумир, кој го имав во 2013 година“, вели пациентка за „Претрес“.Со солзи во очите, рече: „За среќа имам големо семејство, имам голем круг на пријатели, имам многу луѓе околу мене, кои да не беа до сега, немаше да издржам. Тоа е шок за сите, јас имам два сина кои се возрасни. Поламиот не знаеше што значи враќањето на болеста, но во пубертет тоа беше голем шок. Јас сум човек кој е отворен за својата болест, не прикривам, разговарам, ги учам нив дека можеби нема да ме има мене за шест месеци, можеби па ќе живееме долги години – така што, сакам да ги научам дека во животот треба да бидат спреми за секакви придзвици кои ќе ги даде, да се борат и да успеат да се изборат. Покрај сите терапии, боцкања, јас некогаш, сфаќам дека ништо не може однапред да знаеме, никој не знае која е прогнозата за секој човек. Додека не дојде моментот кога треба да заминам од овој свет, јас ќе се борам и ќе гледам тоа да го направам и да го искористам животот“.

Македонија | пред 1 година

onkologij-2.00_32_57_22.Still012

(Видео) Кој ќе нѐ лекува? Вработени на „Онкологија“ не веруваат дека ќе останат, нов кадар тешко се наоѓа

Кој ќе нѐ лекува? Треба да почнеме да си го поставуваме ова прашање. Докторите, техничарите, медицинарите - не гледаат иднина во Македонија. Екипата на „Претрес“ беше на „Онкологија“, каде вработените не го криеја своето разочарување.https://www.youtube.com/live/3k0s8cxDxII?si=plaTEOrusqYKXXBu&t=274„Не можам да кажам што ме задржало, но ова ми е како втор дом. Сигурно годините направија да останам тука. Не верувам и дали ќе останам до крај“, вели вработена која посочува дека иднината си ја гледа надвор од границите на Македонија.„Ова ќе биде последната шанса“, додава таа.На Клиниката често снемува лекови, а по скандалот дека се крадат – персоналот е постојано изложен на напади.Репортажата од „Онкологија“ ви покажува еден систем полн со аномалии, непривлечен, запустен.

Македонија | пред 1 година

onkologija-53214

(Видео) Еве како е на Онкологија: Стрес и трауми - пациентите се справуваат со хаос и канцер, персоналот со напади

Пациентка раскажа како сама морала да купува скапа биолошка терапија бидејќи немале залихи на Онкологија, ходниците на Клиниката преполни, персоналот разочаран се обидува да помогне на сите. Вака во една реченица може да се опише состојбата на Онкологија која ја затекна екипата на „Претрес со Ландов“. Пациентите гледаат вина кај државата што борбата со канцерот им ја прават уште потешка. Истовремено, персоналот посочува дека неколку сестри делат терапија на илјадници пациенти. Ако една отиде на одмор, а друга се разболи – функционирањето е уште полошо.Најтешко им паѓа скандалот „Онкологија“, бидејќи нема се уште јавно-обвинителска одлука – има ли некој вина и за што. Себеси се гледаат како жигосани.Онкологот Маја Иванова раскажа што се трпеле откако се обелодени скандалот „Онкологија“. Таа посочува дека трпела разни напади. Раскажа низ што све минувала со колегите.„Тоа е стрес, една траума. Ние бевме експонирани на јавен медиумски линч. За жал ниту една институција тогаш не не заштити. Ние како 25 онколози кои работат на Онкологија бевме дадени на Твитер со име и презиме- ајде да одиме да ги тепаме”, вели за Претрес, д-р Маја Иванова.Погледнете го вториот дел од „Крик за живот“ – репортажа од Онкологија која ќе ви ја прикаже реалната состојба.

Македонија | пред 1 година

onkologija-krik-24

(Видео) „Страшно е!“ - пациентка раскажа како сама се снаоѓала за биолошка терапија оти немало на Онкологија

Пациентка на Онкологија во поткастот „Претрес со Ландов“ раскажа за моментите кога на Клиниката немало терапија, а циклусот на лекување не смеела да го прекине. Посочи дека сама се снаоѓала, а државата никогаш не и ги вратила парите. Таа поминувала низ патешествија, наоѓајќи начин за терапијата да ја донесе безбедно на Клиниката. Таа прима „авастин“ – биолошка терапија.„Сега во моментот ја има, две години ја примам. Во овие две години имаше моменти кога ја немаше, беше страшно, а не смееше да се прекине циклусот на примање. Затоа четири пати бев изложена да си ја купувам приватно. Тие четири пати ја набавував приватно, од друга институција, со документи, со профактури и тн. Со нагласено од докторот дека е приватно набавена, а тука аплицирана. Кога си ја побарав од Фондот, до ден денес, си ги барам тие пари. Фондот не ми ги враќа, односно не ме удостојуваат ни со одговор. Не да ме одбијат и да кажат дека ја нема на позитивна листа, туку нема одговор“, вели пациентката која сакаше да остане анонимна.Посочи дека гужвите низ ходниците се страшни.„Во моментите кога ќе влезеш во дневната болница, почнуваш да се чувствуваш пријатно. Имаш чувство дека сите сакаат да ти помогнат, меѓутоа додека чекаш во ходникот, за да стигнеш до дневната болница е страшно. Страшна гужва, едноставно со часови чекаш, исцрпува. Тука за самата институција, сигурна сум дека подобро може да се организира се тоа што се случува надвор во ходниците. Едно време слушнавме дека се работи во две смени, меѓутоа, така работи дневната болница. Ако така работат и докторите – ќе биде порастеретено“, вели пациентка која се бори со канцер, а сакаше да остане анонимна.Гужви, хаос низ ходниците, борба на вработените. Еве од прва рака како изгледа лекување на Онкологија:

Македонија | пред 1 година

onkologija-terapija

(Видео) Освен терапија, нема ни доволно персонал на Онкологија: „Страшно, здравството ни е уништено“

Освен сериозни недостатоци на лекови за сите пациенти кои се лекуваат, на Клиниката за онкологија има и недостаток на здравствен кадар. Пациенти од цела Македонија примаат терапија токму на Клиниката, а има минимален број на медицински сестри и технички персонал. За ова сведочи и пациентката Тања Цвијановиќ.„Страшно...Здравството ни е уништено....На Онкологија цела Македонија персонал нема во дневната болница персоналот со сите сили пробува да ги опслужи сите пациенти...Викаа не чинело порано сега пак е уште полошо просторијата за зомета затворена бидејќи нема персонал сите си одат од онкологија а тие што се останати неколкумина во дневната се вистински ХЕРОИ....Господ да ни е напомош....“, напиша таа.Вечерва (среда, 22 јануари) за првпат ќе можете да видите каков хаос се случува низ ходниците на Онкологија, како персоналот и раководството се обидуваат да се справат со гужвите, но и како се функционира по скандалот „Онкологија“. „Претрес“ ви го носи вториот дел од репортажата „Крик за живот“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-20-at-18.44.52

(Видео) Траорно сведоштво за тинејџер-пациент со рак кој починал; Се повеќе деца со рак на мозок и коски

Се повеќе деца со карцином. Потресни приказни доаѓаат од Онкологија. Го емитувавме првиот дел од „Крик за живот“, каде докторите и пациентите зборуваа за тешкотијата на болеста, која резултира и со смрт.„За жал на овој оддел, има поголем број на деца. Овде се зрачат деца со карцином на мозок и коски. Последно што се сеќавам, последното дете беше шест години имаше кацином на мозок. Имаме доста пациенти, но и родители на пациенти кои не ја прифаќаат тежината на болеста“, рече доктор-онколог Маја Иванова.Таа раскажа и како млад пациент кој ја губел битката и бил свесен за тоа, утеха нашол во религијата.„Млад пациент, 15-16 години, со коскен карцином, метастатска фаза на болест, дадовме еден, втор циклус на хемотерапија, зречевме, ама не одеше. Со пациентот се приврзуваме, едноставно гледаш да дадеш и друга смисла на целата битка. Пациентот е свесен дека ја губи битката, прашува: ‘Што понатаму?’... Ја загуби битката, но во Библијата пишува: ‘Кој верува во Господ Исус Христос и да умре ќе живее’, па тоа му беше надеж на детето, му влеа надеж, па така си замина мирно“, рече доктор-онколог Маја Иванова.Што сѐ се среќава на Онкологија, погледнете во репортажата каде зборуваат и пациенти:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-20-at-18.35.44

(Видео) „Имам другарки кои јас лично сум ги лекувала, и што го изгубиле животот“ - потресни сведоштва од Онкологија

Онкологија значи борба за живот. Често наши блиски завршуваат тука на лекување. Д-р Марина е дел од персоналот. Од прва рака раскажа што затекнува, но и што се случува.„Имам другарки кои јас лично сум ги лекувала, и што го изгубиле животот. И тоа е многу тешко, бидејќи ти даваш хемотерапија, а таа не делува. Едноставно не делува кај сите луѓе исто. Ти не знаеш што да направиш, што да дадеш. Се случува и по ноќи да не спиеме – буквално. Не спиеш, мислиш на пациентот, чекаш да дојде 8 часот за да се јавиш кај колегата кој е дежурен да видиш дали преноќил пациентот, дали е жива“, вели доктор Марина Вукашиковиќ која работи на Одделот за рак на дојка.Потресен „Претрес“, цел Ви е достапен на јутуб-каналот prvatvmk:

Македонија | пред 1 година

bez-boja

(Видео) ,,Крик за живот”, на Онкологија секој агол, секој ходник, секоја соба мириса на борбата со смртта

Екипата на „Претрес”, влезе на Онкологија. Тоа е Клиниката каде на секој чекор, секој агол, секоја соба демне смртта. Но и Клиника во која пациентите заболени од рак ја гледаат последната надеж за спас и преживување.https://www.youtube.com/live/2n7ferxNp4AДневно низ ходниците поминуваат и по 200, 300 пациенти кои треба да бидат опслужени од малубројниот персонал. Недостасуваат лекари и медицински персонал, а понекогаш и лекови. Пациентите стравуваат дека веќе утре нема да има терапија.Стигматизирани се и пациентите и персоналот. „Претрес“ бара од државата да обезбеди бесплатен превоз за болните кои доаѓаат од другите градови да примаат терапија - а од сведочењата ќе дознаете и зошто. Влеговме и на одделот за радио-терапија.Лекарите и сестрите апелираат - Не се лекувајте со чаеви, одете на лекар. Говорат за многуте профитери кои сакаат да заработат врз болката и немоќта на пациентите.Наредната среда ќе може да го видите вториот дел од „Крик за живот”. Нашата камера регистрираше гужви и нервози во ходниците каде и луѓе колабираат чекајќи со часови терапија. Го отвораме и прашањето што се случува година и пол по скандалот за Онкологија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања