ПРЕТРЕС

Screenshot-2025-01-13-at-17.51.39

(Видео) Тежок е животот, желба ми е топол кревет вели малата Љубица од Скопје, која живее во распаднати простории и спие на земја

Кога едно мало дете, ќе ви каже „тежок е животот“, кога едно мало девојче ќе ви рече дека желба и е да има „Кога едно мало дете, ќе ви каже „тежок е животот“, кога едно мало девојче ќе ви рече дека желба и е да има „топол кревет“ – ќе сфатите дека животот е суров.Љубица е девојче од Скопје, чија приказна ќе ве трогне. И не е само таа, туку тука се и нејзините браќа. Живеат во две распаднати простории.🔴Не можеме да ви раскажеме сѐ во неколку зборови, но и сами можете да погледнете во последниот поткаст:?t=5968⚡️ПОТРЕБНИ СМЕ ИМ! Засега немаат сметка за донација, ниту друг начин да им се помогне, освен да им се однесат директно потребна помош. Најитно е да се поправат просториите во кои живеат, бидејќи истите се целосно нефункционални.📲 075 367 268 - број од Дејан (таткото)

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-17.39.17

(Видео) Една смрт во Радишани и куп случајности?

Родители кои трагаат по вистината за починатиот син. Раде и Кети Лешко, родители на починатиот Љупчо Лешко трагаат по вистината. Го бараат виновникот. Синот им починал од струен удар, но обвинет нема. Тој пуштал музика на приватна забава каде се славеле два родендени. Се станало симптоматично штом почнале да бараат одговори...Дел од коментарите е и следниов: “Овие се процениле да го заташкаат случајот, само татково не го процениле”.Поткаст кој носи куп сомнежи и недоверба. Цел е достапен на јутуб:?t=480

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-18-at-21.33.51

(Видео) Стевче Ивановски во „Претрес“: Со 99 посто оштетен вид, со лупа работев во архива

Стевче Ивановски, лице со попреченост, беше гостин во „Претрес со Ландов“.Врз мене се врши системско измачување од ЈП за државни патишта, вели Ивановски.Тој бил примен како технички секретар во телефонска централа. Тогаш имал 73 посто оштетување на видот.Потоа бил ставен да работи како видео контролор за наплата, без соодветен екран, иако знаеле каква му е состојбата.„Драстично ми се намали видот од обврските кои ги добивав. Ако се откажев од работа, од каде ќе имав егзистенција. Ме праќаа секаде да работам на замена, па и во кујна. По неколку работи истовремено работев. Со 99 посто оштетен вид, со лупа работев во архива”, вели Ивановски.„Иако“, вели, 2требаше да бидам ослободен од работа, ме викаа на работа и додека беше пандемијата на Ковид“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-18-at-21.10.51

(Видео) Родителите на загинатиот Љупчо: Дали МВР и ОЈО соработуваат, општините само штанцаат дозволи за објектите

Родителите на загинатиот диџеј Љупчо Лешко, во „Претрес со Ландов“ прашуваат зошто дури по пет месеци е вештачен објектот во Радишани, кој бил издаден за приредување роденденска забава.„Објектот нема технички прием, на што работи, на основа на одобрение за градба. Врз основа на што издаваат дозволи, општините само штанцаат дозволи. МВР и ОЈО дали соработуваат”, прашуваат родителите.Бараат одговорност како настанал струјниот удар и што било неисправно. Сите присутни на забавата биле боси, голи и мокри. И други, велат, можеле да бидат мртви.„Не знаеме кој може да е епилогот, по 5 месеци е вештачен објектот. Го испративме синот да пушта музика, но го испративме во пекол. Институциите молчат, недовербата е голема, државата треба да застане на страна на граѓаните. Некој ја прикрива вистината. Обвинителката знае се”, велат родителите.Мајката не верува дека ќе исплива вистината, а таткото се надева дека ќе се дознае вистината.„Мојот син не е загинат во несреќен случај”, вели мајката, посочувајќи дека во крвта на Љупчо нема нити алкохол нити дрога.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-18-at-20.28.22

(Видео) Родителите на загинатиот диџеј Љупчо: Презумпција на невиност не почитуваме, нас 5 месеци институциите не нѐ почитуваат

Вечерва во Претрес со Ландов гости се Раде и Кети Лешко, родители на загинатиот диџеј Љупчо. Тие се по вторпат во студиото со нови моменти за трагичното загинување на нивниот син. Веќе е стигната информацијата од обдукцијата, а благодарение на претходниот Претрес, рекоа родителите, викнати се и сведоци.Причина за смртта е смртен удар, нема обвинети, нема постапка, велат родителите.Во потврдата од Полициската станица Чаир стои што видела полициската увидна екипа.„Тогаш“, рече Раде Лешко, „се славеа два родендени“. Неговиот син бил повикан од славеничката, а во белешката таа никаде не се споменува. „Не е точно“, посочи, „дека кога излегол од базенот починал, тој пуштал музика уште 20 минути“.„Идентитет ќе почитуваме, но не и презумпција на невиност. Нас институциите не нѐ почитуваат, ние 5 месеци чекаме одговори”, вели родителот Радев Лешко кој говореше за низа нелогичности во службената белешка и фактичката состојба.„Ние се сомневаме во неисправна инсталација каде загинатиот диџеј Љупчо пуштал музика“, сметаат родителите.

Македонија | пред 1 година

ljupco

Ди-џејот Љупчо во Радишани починал од насилна смрт: Семејството гневно, по пет месеци обвинителката сега пак ќе вештачи

Младиот ди-џеј Љупчо Лешко загинал од насилна смрт додека пуштал музика на приватна забава во скопско Радишани. Ова е конечниот став на Судска медицина по скоро пет месеци откако ја започнаа обдукцијата. Со ова, се потврди тврдењето на родителите дека нивниот син не починал од срцев удар како што, им тврдел вработен инспектор од МВР. Иако е утврдена причината за смртта, и натаму, не е утврдено од што е предизвикана и што било неисправно. Нема осомничени, ниту лица кои биле во притвор. Родителите, Раде и Кети Лешко, го вперија прстот во сопствениците на приватниот објект. Обвинителката Тања Трајчевска наредила нови вештачења.„Обезбедени се сите апарати кои биле поставени за пуштање на музика. Испитани се сведоци заради разјаснување. На сите прашања е дадена наредба за електро-техничко вештачење пред една недела. Дадена е наредбата за вештачењето да биде завршено во рок од 30 дена“, кажа обвинителката Трајчевска на брифинг со новинарите.На забелешката од „Скопје1“ зошто требало да поминат пет месеци за да се даде наредба за ново вештачење дури сега, кога за пет месеци може да се смени цела инсталација во објектот – таа одговори: „ Кога се случи настанот имаше електро-инженер присутен, беше направен увид, и вештото лице сега ќе има во предвид се од настанот, сликани се таблите. Нема да има проблеми. Мислам дека ќе има соодветно електро-техничко вештачење“, додаде обвинителката.Болката на семејството Лешко е уште поголема. Неговата сестра, Стефанија Лешко, ги прашува институциите што планираат понатаму, бидејќи се сигурни дека постојат доволно докази за да се покрене кривична постапка против газдите на објектот.„Денес,по нецели 5 месеци добивме извештај од судска медицина во кој сомнежите на мене и моето семејство се потврдија. Причината за смрт на мојот брат е струен удар.Покрај сите докази и изјави би сакала јавно да ги прашам институциите "понатаму што?". Уверени сме и сигурни дека не е несреќен случај и мислиме дека ЈО има доволно докази за да поведе кривична постапка против сопствениците на објектот. Исто така,сакам да упатам апел до јавноста,особено до родителите дека во Скопје и цела Македонија има премногу објекти кои работат без дозвола за вршење на таква дејност,со кои државата и инспекторатите би требало да се позанимаваат најмногу поради постоење на голем ризик од вакви случаи со смртен исход“, вели Стефанија Лешко за „Скопје1“.Во поткастот „Претрес“, родителите на Љупчо, отворено зборуваа за сѐ што се случило кобната ноќ. Сметаат дека постојат пропусти при увидот, но имаат и сомневање дека не се преземени сите мерки за да се утврди точната причина, па потенцираа дека објектот никогаш не бил запечатен. Тие посочија дека дури им била вратена миксетата од која Љупчо пуштал музика, па ја донесоа во студио. Иако тоа е возможно, останува отворено прашањето, зошто миксетата им била вратена од МВР, кога, истата е дел од доказен материјл, кој подоцна, може да биде предмет и на ново вештачење. Целиот разговор погледнете го тука:?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=5108

Македонија | пред 1 година

27-april-dafina

(Видео) „Ќе бидеме згрозени од тоа како се обезбедувале сведочења и докази за „27 април“, ќе се откријат вистините“

Многу скоро, целата јавноста ќе биде згрозена за „27 април“, се подметнувале лажни докази и сведочења. Ова го изјави Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во „Претрес“. Децидна е дека се обезбедуваат докази и дека осудените ќе излезат на слобода.Деталите се во поткастот:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-202144

(Видео) „Стани пратеник“ - како до 2.000 евра плата во Македонија?

Во поткастот со пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, немаше тема што не се отвори. Можеби не најважна, ама прва ќе ја издвоиме темата за платите. Како ние „обичните“ да стигнеме до нивните плати?Многу различни ставови значи дека сме имале долга дискусија.

Македонија | пред 1 година

apasiev-dafina-stojanoska

(Видео) Апасиев купува хотел, веројатно со парите од бонусите во СЈО, вели Стојаноска во „Претрес“

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во „Претрес со Ландов“ тврди дека пратеникот на Левица, Димитар Апасиев купува хотел. Таа претпоставува дека тоа го прави со бонусите кои ги земал од СЈО, пари за кои има предмет кој се води во Обивнителството.„Има пратеници кои хотели што купуваат. Еве ви една асоцијација - хотел Опреа. Претпоставувам од бонусите што ги земал од СЈО“, рече Стојаноска, па на прашање дали е тоа Апасиев, одговори: „Да кој што мисли дека мене ме навредува кога ќе ме нарече 'богаташке'“.Стојаноска посочи дека таа потекнува од семејство кое имало капитал, како и дека становите не ги купила таа, ниту пак биле купени во време кога била пратеничка.„За тоа што правам јас со платата од 2000 евра воопшто нека не се грижат. Ги нема тие луѓе кои би ме одбраниле, ама нема потреба мене никој да ме брани. Целта им е да ме замолчат, но нема да им се дозволи тоа. Сакаат да ме замолчат затоа што сум гласна!“, додаде Стојаноска во „Претрес“

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-205025

(Видео) Дафина Стојaноска: ВРЕДИ да не се трудат да бидат ДУИ, не сме ветиле менување на името

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стoјаноска, осуди дел од однесувањето на коалицискиот партнер ВРЕДИ. Ги посочи неистакнувањето на државното знаме и други чекори кои го негираат македонското национално чувство.„ВРЕДИ да не се трудат да бидат ДУИ“, рече Стојаноска.Таа рече дека е горда зошто не гласала за промена на името на државата. Посочи дека во последната изборна кампања не ветувале промена на името.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-202144

(Видео) Стојаноска: Груби е симбол на криминалот во ДУИ

Наше ветување беше и во тек е разрешување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, рече во Претрес со Ландов, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.Ќе изнајдеме начин да го реализираме ова, рече Стојаноска.„Ако судиите почнат да работат според словото на законот, ќе бидат оставени. Пред годинa и пол на Груби му порачав од говорница да си ги спреми скапите патики за во затвор. Артан Груби е симбол на криминалот во ДУИ“, рече Стојаноска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-204503

(Видео) Дафина Стојаноска посочи дека има пратеник со хотел, асоцирајќи на Апасиев

Не сум имала обврска да го пријавам имотот на мои блиски. Ова ми е како трач рубрика, рече во Претрес, Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата дека има таа или блиски неколку станови во Скопје.„Не сум само јас што земам патни трошоци. Јас патувам реално зошто живеам во Гостивар. Дел од средствата кои ги земам ги вложувам кај што треба, но со тоа не се фалам. На линч се ставени само пратениците, на наредни избори само скопјани да бидат пратеници. Има пратеници кои имаат хотел“, рече Стојаноска, посочувајќи дека тоа е пратеник кој земал хонорари од СЈО, асоцирајќи дека Димитар Апасиев има хотел”.- Нека не се грижат како трошам плата од 2.000 евра и патни трошоци, рече Стојаноска и јасно кажа дека нема да се откаже од патните трошоци.„Сакаат, рече, да ме замолчат, но нема“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-11-201128

(Видео) Дафина Стојаноска: ДУИ не ги бива за на улица и ништо не им оди од рака

На ДУИ ништо не им оди од рака рече во „Претрес“ со Ландов, Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.„Ние ветивме и реализиравме ДУИ да не биде дел од новата власт. ДУИ не ги бива за на улица ова им се обиди за повикување на етнички тензии.Не им оди нешто од рака. Ништо не се случи денес како што се закануваа. Мора да се научат да бидат опозиција“, рече Стојаноска.Останува слоганот, рече - „Македонија повторно горда и твоја“.

Македонија | пред 1 година

stoja

(Во живо) „Претрес“ на Дафина Стојаноска: Молкот за 27 април, Груби неказнет, за „горда“ и „северна“, тешкиот живот на Македонецот

Дафина најави одговорност за Груби, ама САД го „казнува“. Во кампањата, Дафина говореше за 27 април, а денес, осудениците зборуваат дека правда нема. Граѓаните очекуваа одговорни пратеници, а што добија?До кога на наш грб? Што е со тензиите кои се присутни поради реториката на ДУИ, но што и со Законот за јазици? Исти судии, исти обвинители - па нели ќе ги менуваа? Треба ли социјални згради, наместо пари за патни трошоци? И за вашите критики кои ги имате кон Дафина поради становите од кои нема клуч...Гледајте во 20 часот, во живо:

Македонија | пред 1 година

IMG_2960

(Видео) Немањето јавен превоз е мерка за загадување на воздухот, вели доктор Пановски

Докторот и советник во Град Скопје, Никола Пановски, смета дека се спроведуваат мерки за загадување на воздухот од страна на градските власти, а тоа го гледа со фактот што нема редовен јавен превоз.„Краткорочни мерки можат да се донесат, ама да кажете бесплатен превоз, а да нема автобуси - е смешно. Ако го чекам саат и пол и го дишам тој воздух, ништо не сме направиле. Ова е антимерка, за загадување, кога нема јавен превоз. Тогаш сакале или неќеле, луѓето ги вадат автомобилите“, рече Пановски и додaде: „Ако нема превоз, ќе има хаос“.Според Пановски, сите државни институции треба да кажат кои мерки даваат резултати, но и од кои мерки може да има подобрување.„Бидејќи се користи политиката, ако прашате новите советници, политичари - ќе кажат дека ништо не направила претходната власт во изминатите седум години. Јас ќе речам почитувајте го тоа што го направила,“ додаде Пановски.Тој додаде дека тешко може да се пресмета колку лица починале од загаден воздух.?t=3932 

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања