ПРЕТРЕС

Panovski-vo-Pretres-2

(Видео) Пановски: Градоначалничката Арсовска нема да се повлече, но ќе ја издржиме

„Данела не сум ја видел на велосипед, а Шилегов го видов како поправа ланец“, рече во „Претрес“ советникот Никола Пановски, апелирајќи да се вози велосипед, а не возило.На прашање од гледач на „Претрес“, дека Скопје преживеа и земјотрес, ќе ја издржи и Данела, Пановски рече: „да, ќе издржиме уште девет месеци“.„Нема да се повлече, убеден сум, ќе преживееме но ќе има последици. Апелирам и до советниците од ВМРО-ДПМНЕ да не се инаетат”, рече Пановски.

Скопје | пред 1 година

Panovski-vo-Pretres-1

(Видео) Пановски: Најголемо достигнување на мнозинството во Град Скопје е враќање на Ќосето

„И мене не ми е јасно зошто не се соберат 100.000 скопјани и да бараат смена на градоначалничката Данела Арсовска“, рече во „Претрес“ со Ландов советникот Никола Пановски.„Работите“, рече, „ги дознавам од медиумите“.„По изборите ВМРО-ДПМНЕ имаше 18 советници, потоа Ирина Витина, ја подржа градоначалничката и кога пукна тиквата немаат подршка и од советникот од ГРОМ. По изборите, двајца советници од Алијанса и двајца од Левица им дадоа поддршка. Најголемо достигнување беше враќањето на Ќосето, дури и од Левица гласаа за ова”, рече Пановски, кој вели ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство, но не се покренува ова прашање зошто во оваа ситуација никој не сака да е мнозинство.

Скопје | пред 1 година

Panovski-vo-Pretres

(Видео) Симпатична, размазена и неодговорна, вака Никола Пановски ја опиша Данела Арсовска

„Во Скопје работата е влошена, сѐ оди надолу, во име на град Скопје се пуштаат безобразни соопштенија, нема транспарентност.Градоначалничката е на пат и не сака да губи време со нас на советнички прашања, ни рече секретарот за отсуството на Данела Арсовска“, рече во „Претрес“, советникот во град Скопје од редовите на ЛДП и микробилог Никола Пановски.„Опкружена е со луѓе кои не ѝ ја кажуваат вистината. Ни советниците веќе не ги памтат директорите. До сега Советот не доби ни збор за патувањата на градоначалничката. Како да ја прашаме кога не постои, ја нема”, рече Пановски.„Таа“, рече, „им одговара невоспитано на советниците.Таа е лесна на навреди“.„Симпатична, размазена и неодговорна“, вака со три збора ја опиша Данела Арсовска.За Трајко Славевски рече дека е стручен, но под влијание на неговата партија.

Скопје | пред 1 година

panovski-tamnel

(Во живо) Ќе се слави ли Нова година во Скопје, ќе има ли нафта за ЈСП за „недопирливата“ Арсовска, хаосот во здравството... со Никола Пановски

И повторно и безброј пати ќе се навраќаме на хаосот во град Скопје.Со советникот Никола Пановски ќе претресеме каде е вината, дали Данела Арсовска ќе покаже малку доблест и ќе стане од фотелјата.Ќе се стави ли крај со нов Закон кој нема да дозволи градоначалниците да бидат недопирливи?За коронавирусот, вирусите, хаосот во здравството, но и ветувањето на Пановски дека ќе ги смири советниците со Арсовска.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:https://youtube.com/live/xqHWJ0waGH0?feature=share

Македонија | пред 1 година

kocevski-hajrulahi

(Видео) „Нечовечки е што ја жртвувал сопствената ќерка“, вели Хајрулахи за шефот Коцевски

Суспендираниот прв човек на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес со Ландов говореше и за пробивањето во јавност на Извештајот за ревизијата во Обвинителството, пред да биде официјално објавено. Тој на една телевизија и дал видео снимка како ќерката на државниот обвинител Љупчо Коцевско дава службени материјали на новинарката Мирослава Симоновска.„Новинарите ги почитувам до небото и назад. Ако новинарката се чувствува непријатно, и се извинувам“, рече Хајрулахи.Снимката ја добил од анонимен свиркач, кој му ја дал во ГТЦ. Вели дека не го познава.„Не верував дека може да се случи републичкиот јавен обвинител ова да го направи. Нечовечки е што ја жртвувал сопствената ќерка”, посочи Хајрулахи.

Македонија | пред 1 година

fsdafdsa

(Видео) Мислењето за Фатиме ќе си го задржам за себе, за СЈО е излишно да се зборува, со Бубевски имам професионален однос, рече Хајрулахи

Не пропушајте за првпат да чуете за хаосот во Обвинителствата, селективната правда, „чудното“ водење предмети.. и тоа од вишиот обвинител Мустафа Хајрулахи!Тој е суспендиран, но раскажа многу работи кои во најмала рака, се казниви. Зборевме и за односот со другите обвинители, меѓу кои се Фатиме Фетаи и лицата кои беа дел од СЈО.?t=745

Македонија | пред 1 година

mobilen-telefon

(Видео) Обвинител злоупотербил податоци од сведок, за да активира сим картичка за нарачани текстови, тврди обвинителот Харулахи

Мустафа Хајрулахи е виш обвинител кој е суспендиран по пријава од вработени. А во овој „Претрес“ ќе ви каже дека Обвинителството не треба да има ич доверба. Тврди дека со земени податоци од сведок во постапка бил регистриран број од еден обвинител. Ова е кривично дело.Се ќе дознаете од потакстот:

Македонија | пред 1 година

fatime-hajrulahi-rajcev

(Видео) Сведоштво за нарачки со клевети: наместо да гонат криминал, се гонат меѓу себе?

Мустафа Хајрулахи е суспендиран виш обвинител. Тврди дека колега, обвинителот Сашо Рајчев, но и колешка, Фатиме Фетаи, му нарачувале клеветнички текстови за да му го нарушат интегритетот. Шок.Луѓето кои чекаме да гонат криминал, се гонат меѓу себе??t=3955

Македонија | пред 1 година

hajrulahi33

(Видео) „Ќерката на обвинител изнесува информации кои не треба да ги знае ќерката! Да го жртвувам детето за мои интереси?!“

Суспендираниот прв човек на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, во „Претрес со Ландов“ говореше и за претекот во јавност на Извештајот за ревизијата во Обвинителството, пред да биде официјално објавено. Тврди дека ќерката на шефот на сите обвинители го дала, благодание на таткото!Тој на една телевизија и дал видео снимка како ќерката на државниот обвинител Љупчо Коцевски дава службени материјали на новинарката Симоновска.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=691

Македонија | пред 1 година

hajrulahi-1

(Видео) Хајрулахи: Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи му даваа информации на Марјан Стаменковски од Доказ со кои ме клеветеа

Суспендираниот шеф на Вишото обвинителство, Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес го објасни и случајот со нарачани текстови против него, објавени во Доказ на Марјан Стаменковски.„Пишувањата против мене со лични дискредитации со напади во Доказ почнаа во времето на мојот реизбор. Марјан Стаменковски побара иземање на обвинителот Сашо Рајчев бидејќи тој му доставувал материјали“, рече Хајрулахи.Од одземените телефони од Стаменковски рече се виде дека нарачките за објавени гнасотии биле од Рајчев.Лицето И.Ш.беше сведок во Обвинителството, објаснува Хајрулахи, а обвинителот Рајчев ги извлекол податоците и ги ставил на своја нова сим картичка. Тој си ѕвонел и сам на себе, што е регистрирано на базна станица и потоа на Марјан Стаменковски.„Поднесов кривична пријава за да може да се определи друго месно надлежно обвинителство. ЈОРМ Јовески по 6 месеци ја препраќа во обвинителството во Битола. Треба да пазиме на роковите за да не застарат. Марјан Стаменковски материјалите ги добивал преку Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи која ги давала преку своја пријателка. Фрапиран сум од обвинителите. Сашо Рајчев сакаше да клекне на колена и ме молеше да му простам“, рече Хајрулахи.Коцевски, посочи, го викнал обвинителот кој постапувал по предметот и му се заканувал да не добие Хајрулахи својство на оштетен.

Македонија | пред 1 година

hajrulahi3

(Видео) Хајрулахи за државниот обвинител Коцевски: Нечовечки е да се жртвува сопствената ќерка

Суспендираниот прв човек на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес со Ландов говореше и за пробивањето во јавност на Извештајот за ревизијата во Обвинителството, пред да биде официјално објавено. Тој на една телевизија и дал видео снимка како ќерката на државниот обвинител Љупчо Коцевско дава службени материјали на новинарката Мирослава Симоновска.„Новинарите ги почитувам до небото и назад. Ако новинарката се чувствува непријатно, и се извинувам“, рече Хајрулахи.Снимката ја добил од анонимен свиркач, кој му ја дал во ГТЦ. Вели дека не го познава.„Не верував дека може да се случи републичкиот јавен обвинител ова да го направи. Нечовечки е што ја жртвувал сопствената ќерка”, посочи Хајрулахи.

Македонија | пред 1 година

hajrulahi33

(Видео) Хајрулахи во Претрес: Државниот обвинител Коцевски е под директно влијание на обвинители од поранешното СЈО

Државниот обвинител Коцевски, рече во Претрес со Ландов, суспендираниот шеф на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи е октроиран од неколку обвинители на сега згаснатото СЈО.Обвинителството до сега функционираше како тајно друштво од кое не можеше да излезе никаква информација во јавноста, рече Хајрулахи.„Од редовното обвинителство нема групариња, тоа е само кај обвинители од поранешното СЈО. Преку такви групировки сакаат да се спасат поради работата во СЈО. Проблемот настана поради случајот со бонусите на СЈО.Јавниот обвинител Коцевски е октроиран од обвинители од поранешното СЈО. Тој е под директна контрола на неколку обвинители од бившото СЈО“, рече Хајрулахи.Тој смета дека е потребно целосно испитување на случајот со бонусите, а постапката била скандалозна.

Македонија | пред 1 година

tamnel-hajrulahi

(ВО ЖИВО) „Претрес“ на обвинителот Хајрулахи: За Фатиме Фетаи и Рајчев, за републичкиот, притисоците, важните предмети, нарачките

Во овој Претрес ќе видиме што прават оние кои треба да ги гонат криминалците. Како бонусите за обвинителите на СЈО направија хаос во системот? Кој е кој во тријаголникот Фатиме Фетаи, Сашо Рајчев и Мустафа Хајарулахи, но и која улога ја има државнот обвинител Љупчо Коцевски. Пораки, нарачки, местенки.Ќе дознаете од прва рака за обвинителската војната на обвинителските тронови која се води меѓу Репубчкото и Скопското вишо обвинителство. Барате правда? Ќе чуеме за притисоци.Ќе чуеме испратени телефонски пораки, но и средби во четири ѕида. Не го прошуштајте и овој претрес... А и да, се групираат ли обвинители на СЈО во јавното обвинителство?Наш гостин Мустафа Хајрулахи, суспендиран шеф во скопското Вишо обвинителство. Поканет е и првиот меѓу обивнителите Љупчо Коцески – но од него, до сега, ни трага ни глас.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Македонија | пред 1 година

1942279_boki_ls

(Видео) „Боки 13 е жртва на Заеви, како што Јанакиески беше жртва на Груевски, Диво Насеље остави милион прашања по сведочењето за Ахмети“, вели ексначалникот од МВР

„Боки 13 е жртва на Заеви, како што Јанакиески беше жртва на Груевски. Диво Насеље остави милион неодговорени прашања откако обвинетите во судница бараа да одговараат нарачателите, па кажаа дека го барале Али Ахмети“. Ова се дел од поентите на ексначалникот во МВР, Љубомир Ѓурчески кажани во „Претрес“.Говореше за недовршени истраги, неодгатнати прашања на повеќе теми.Цел поткаст ви е тука:

Македонија | пред 1 година

Alfi-pred-sobranie-25-09-07

(Видео) Алфите под итно на улица!

Само со враќање на единицата „Алфи“ на улица, може да се воспостави контрола на случувањата низ Скопје, но и цела Македонија. Ова е ставот на ексначалникот во МВР, Љубомир Ѓурчески, кој кажа и каква е хиерархијата на оваа единица и која е улогата на секој припадник.Цел поткаст каде ексначалникот зборува за многу сензитивни теми и прашања, Ви е тука:

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања