Комерцијална банка ќе наддава за 95 отсто од акциите на Алта банка
Комерцијална банка АД Скопје одлучи да учествува на јавната берзанска аукција за купување 95,336 проценти од акциите на Алта банка АД Битола. Намерата за учество е објавена преку СЕИ Нет, системот за известување на котираните друштва на Македонската берза.На продажба се 372.742 обични акции во сопственост на Алта банка АД Белград, која е во стечај. Пакетот ќе се продава по моделот „сè или ништо“, што значи дека заинтересираниот купувач ќе мора да ги преземе сите понудени акции.Првата јавна берза
Македонија | пред 35 минути