ПУЛС

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

Обвинителите денеска ќе треба да соопштат дали ќе го продолжат притворот за сите 17 осомничени за дискотеката

Вечерва истекува краткотрајниот притвор за 14 од лицата кои беа приведени како осомничени, по пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 59 лица, а речеси 200 се повредени. Меѓу нив се сопственикот на дискотеката, членови на обезбедувањето на дискотеката, одговорни лица од неа, а кои се осомничени за случувањата со пожарот.Статус на осомничени имаат и ексминистерот за економија Крешник Бектеши, ексдиректорот на Пазарен инспекторат Горан Трајковски, ексдржавната советничка во Министерството за економија, вработени во МВР, вработени во Пазарен инспекторат, лицето кое го изработило проектот без да се исполнат условите и овозможило да има дискотеката во тој објект, а кои се сомничат за постапување или непостапување со што дозволиле објектот да работи - без да ги исполни основните критериуми за работа.Од Обвинителството, по истекување на 48 часовниот притвор, можат да побараат„Во однос на продолжување ќе ве известам кога ќе имам прецизна информација“, велат од Обвинителството, кои посочуваат дека 17 лица се осомничени.Досега со 71 лице е извршен разговор, меѓу нив се и преживеаните.Мерката притвр е со цел обезбедување на присуство на осомничените, да се елиминира опасноста од бегство, да не се влијае на други сведоци и да не се уништуваат докази.Вчера, беа завршија форензичките испитувања во дискотеката. Сите траги ќе бидат анализирани и проверувани од вештаци.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981-1

Владата повика да не се шират дезинформации: Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, шпекулации допринесуваат за вознемирување

„Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста“, велат од Владата и додаваат:Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста.Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските.Сѐ што има во интерес на истрагата, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации. Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара.Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста.Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370.Ова е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и болни моменти.Воедно, информираме дека Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат.Во прилог Ви ги испраќаме броевите      Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:      075/273-732      075/268-736      Турција-Анкара      +90 5316579200      +90 5335725684      Турција-Истанбул      +90 542 810 99 78      +90 552 561 80 09      Грција-Атина      +30 6944190134      +30 6947736602      Грција-Солун      +30 694 525 8536      Бугарија      +359 876123768      +359 876112993      +359 889210005      Србија      +381 601382942      +381 601427455      Унгарија      +363 03037377      Литванија-Полска      +48 608141191      Австрија      +436644680520      +436767069209      Словенија      +386 41 353 198      +386 40 800 747      Хрватска      +385 99 524 4741      +385 91 608 2944      Норвешка      +47 406 31 613      +47 922 34 630      Италија      +39 3384079247      +39 3518504187      Полска      +48 608 141191      Шведска      +46 701844605      +46 768792019

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-10.45.39

Пациентите во Литванија, Турција, Србија, Грција и дел што се во Бугарија се во стаи

Министерството за здравство информира дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти.На Клиника за пластична хирургија во моментот се хоспитализирани - 10 пациенти,На Клиника за токсикологија - 10,На Торакална - 4,на трауматологија - 2,на Детска хирургија - 4,на КАРИЛ - 13,На Клиника за пулмологија - 2,Во ГОБ 8 септември -17,Во Хируршка клиника „Св Наум Охридски“ -11Во ОБ Штип - 2Според информации од медицинските центри во Австрија, од шест пациенти, пет се на интензивно лекување во стабилна состојба, додека еден е префрлен на интерно одделение.Во Литванија - четири пациенти се на интензивно лекување во стабилна состојба.Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно.Во Србија во моментот се лекуваат 30 пациенти, кои се на интензивно лекување во стабилна состојба.Во здравствени установи во Бугарија се лекуваат 14 пациенти, од кои седум се на интензивна нега, а останатите се со помал процент на изгореници и самостојно дишат.Во Грција се лекуваат осум пациенти, кои се стабилни во моментот.Во текот на ноќта се очекува пациенти да бидат упатени во европски центри, за што Министерството за здравство изразува благодарност за поддршката која ни се пружа од првиот момент од нашите меѓународни партнери.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-20.22.26

Лице се обиде да измами Македонец кој понуди помош за семејствата чии блиски се лекуваат во Норвешка

Воислав Дабевски објави обид за страотна злоупотреба од страна на изолирано лице, откако објави дека стои на располагање на семејствата чии повредени се лекуваат во Норвешка.Неговото сведоштво во целост:„Внимавајте луѓе, постојат нелуѓе! За малку ќе наседнев на измама за пари откако понудив помош по трагедијата во Кочани. Добив повик од дечко кој се претстави како Филип Мицевски, 20-годишен син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот. Тој ми раскажа дека неговата сестра, која била со Сара во клубот, сега лежи во болница во Скопје со тешки изгореници и дека во петок треба да ја префрлат во болница во Осло. Звучеше вознемирено, дури и плачеше – толку убедливо што почнав да го тешам. Потоа ми побара пари за маст за изгореници, и тогаш почнав да се сомневам. Ми испрати и слика од пасош, но веднаш забележав по годината на раѓање дека личноста на него е 30-годишен маж, а не 20-годишно момче.Во меѓувреме, се распрашав по пријатели за да проверам дали приказната е вистинита – и, како што претпоставував, беше целосна измама. Затоа, бидете внимателни! Во светот има измамници кои ќе се обидат да ја искористат вашата добрина. Но, јас и понатаму верувам – добри луѓе постојат!“, напиша Дабевски.

Коментари | пред 10 месеци

0-02-05-48f085d56113ea4ca43533841564c5865f3333eab312286fef14a812a0fe549e_21cb92b1c87

(Видео) Македонија е завиена во црно: Граѓански и мирен собир во Скопје

На плоштад Македонија во Скопје веќе има голем број на луѓе за да го изразат заедништво и сочувство за 59 те жртви во страшната трагедија во дискотеката Пулс во Кочани и за 196 те повредени лица од кои 20 се деца.И собирот во Скопје и во Кочани е мирен.Македонија е завиена во црно, велат граѓаните низ солзи, оддавајќи почит на загинатите.

Скопје | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Меѓу уапсените е и потписникот на проектот со кој дискотеката Пулс доби лиценца за работа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека меѓу уапсените за трагедијата во пожар во дискотека во Кочани е и лицето кое издало и потпишало проект со кое дискотеката Пулс во Кочани, ги исполнува сите потребни услови за да добие лиценца за работа.Лицето се товари дека сторило кривично дело:Тешки дела против општата сигурност.„Последното задржано лице се терети за Тешки дела против општата сигурност, а истиот е потписник на основен проект за издавање лиценца за кабаре клуб односно на еден од документите потребни за ставање во функција на едно кабаре. Незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани круцијални документи кои биле предуслов во понатамошната постапка за ставање во функција на предметното кабаре. Во дел на таа документација која е потпишана од уапсеното лице постои тврдење дека станува збор за објект кој ги исполнува сите услови по закон за да биде кабаре, а сите знаете дека не исполнува ниту 20 отсто, а камоли сите“, рече Тошковски.Во притвор се ексминистерот за економија Крешник Бектеши, вработени во Министерството, потоа ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат, сопственикот на дискотеката, членови на обезбедувањето. На распит беше и градоначалникот на Кочани, но тој беше пуштен. Дури вториот ден по трагедијата во неговиот град, градоначалникот си поднесе оставка од функцијата известувајќи ја јавноста преку Фејсбук.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-16.35.19

(Видео) Тошковски: Резервоарот за бензин спроти дискотеката Пулс бил празен, нема поврзаност на сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката

Во непосредна близина или само на 50 метри од дискотеката Пулс во Кочани имало склад со гориво и бензиска пумпа. Тие се гледаат буквално од самата улица. Има стара бензиска пумпа и резервар за точење.„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството, а потврди и Противпожарната бригада на Кочани.Министерот ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија и да биде кренат во воздух целиот град Кочани.„Точно е дека во близина на дискотеката „Пулс” е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 10 месеци

nesss

Тошковски: Има основи дека незаконито и паушално, биле изготвувани документи за работа на клуб кабарето

Сите 59 загинати лица во дискотеката Пулс во Кочани се идентификувани и завршена е обдукцијата, има 196 повредени од кои 20 се деца, рече на прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Од нив, 93 се лекуваат на клиниките во Скопје, а 80 во болници во странство.Приведени се 18 лица за трагедијата, задржани се 16, за дела против општата сигурност. Меѓу нив е и потписникот на издавање документ за работа на Кабаре клубот.„Незаконито и паушално изготвени се круцијални документи за работа на клубот.Со 71 лице се извршени разговори, за 14 лица одреден е притвор од 48 часа”, рече Тошковски.Пред ова од Обвинителството имаше информација за 16 приведени и министерот се огради дали има плус двајца приведени од неговата информација.Тошковски информираше дека се извршени претресо кај две лица вработени во Министерството за економија, управител на објектот, надлежни влегоа и во општината Кочани за обезбедување на документи за дискотеката, потоа и кај државен советник во Министерството.Разрешени се раководни лица од СВР Штип и ОВР Кочани и заменети се со лица од Скопје.Според министерот ова не значи дека се виновни, но заради непристрасно работење и расчистување на случајот се разрешени.Министерот информираше дека истражните органи откриле дека во близина на дискотеката „Пулс“ во Кочани, се наоѓал склад за гориво. Резервоарот бил сместен во соседен објект и бил идентификуван од страна на полициската крим-техника.Резервоарот бил вкопан во земја но бил празен. Сопственикот на бензинската пумпа не е поврзан со сопственичката структура на дискотека.Полицијата вечерта постапувала по оперативен план за откривање дрога и присуство на малолетници во дискотеката.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

Изречен притвор за 16 лица, направен претрес во Општина Кочани – нови детали

„Обвинителскиот тим задолжен за дејствијата во рамките на предистрагата за несреќата во Кочани продолжува да презема дејствија. И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски.Врз основа на обезбедените докази се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор. Претрес денеска беше извршен и во просториите на Општина Кочани. Попладнево, до надлежниот суд, Основното јавно обвинителство Кочани ќе достави предлог за определување краткотраен притвор за уште едно лице“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Пронајден подземен 10-тонски нафтен склад на 50 метри од „Пулс“

Склад за бензин и бензиска пумпа има спроти дискотеката во Кочани - се испитува чие е и дали има нафта.„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството , а потврди и Противпожарната бригада на Кочани. 

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

(Видео) Кочани е мртов град, молк, солзи и неизмерна болка за загинатите

Кочани обвиено во тишина која одекнува и боли, солзи и неверување дека со нив повеќе не се нивните чеда, браќа, блиски, соседи, соученици.„Кочани е мртов град”, велат жителите, тагувајќи по 59 те жртви во дискотеката на смртта.„Годините молк секогаш водат до минута молк, корупцијата е како дрога, мислиш дека можеш да ја запреш”, пишува на транспарентите.Својата болка ја излеваат со солзи и зборови во книгите на жалост.[video width="320" height="568" mp4="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/03/0-02-05-fb0a27a814e61607a7a5d7f61e104a87da5c10b3b9ca32ad9ceb044a9716b0ba_21e44caf250.mp4"][/video]

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-15-635

Во четврток ќе бидат погребани загинатите во пожарот во Кочани

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска соопшти дека погребот на 59 те загинати во трагедијата во Кочани ќе биде во четврток, 20 март.Времето ќе биде објавено дополнително.„На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави Ангелов.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-14.17.20

Краткотраен притвор за 16 лица за трагедијата во Кочани

До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица поради огромната трагедија во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 лица и има голем број повредени.Сите предлози на Обвинителството се прифатени и мерката е определена за сите 16 лица.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Зошто го амнестирате градоначалникот, тој по службена должност знаел за диско-шталата, прашува Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев бара премиерот Христијан Мицкоски да не го амнестира градоначалникот на Кочани. Според Апасиев, постои образец кој се поднесува до градоначалникот на општината при отворање кабаре.„Зошто го амнестирате градоначалникот на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до премиерот Мицкоски), а ги апсите ситните риби? Ова е образецот на Пријавата, кој согласно закон, се поднесува до него – и во случај на отворање “кабаре”. Значи тој, по службена должност, знаел за диско-шталата! Легитимното прашање е зошто тој и општинските инспектори не презеле мерки за контрола и затворање на објектот? Оти, кривични дела се прават и со несторување”, напиша Апасиев.[caption id="attachment_324727" align="alignnone" width="1151"] Prijava Apasiev[/caption]

Македонија | пред 10 месеци

13032025-Mickoski-1

Премиерот апелира сите што биле во близина за време на пожарот да одат на лекар

Премиерот Христијан Мицкоски и денеска апелираше сите лица кои биле во близина на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, да одат на доктор, без разлика дали чувствуваат симптоми или не.„Мора да се направат одредени чекори, без пркосење и негирање. Ако сакаме да избегнеме понатамошни компликации во деновите кои следуваат, треба да се јавите на доктор. Без разлика дали чувствувате било какви тегоби, обврска е да побарате консултација”, апелираше Мицкоски.Премиерот ја истакна улогата на медицинските тимови, кои вложуваат максимални напори во спасувањето на повредените, како и на транспортирањето на пациенти во соседните држави.Мицкоски информираше дека ќе бидат покриени трошоците за двајца членови од семејството на повредените за да можат да патуваат и да бидат со своите најблиски во болниците во други држави.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања