ПУЛС

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Во тек е акција за пожарот во дискотеката во Кочани, нема одговор дали е уапсен и градоначалникот Папазов

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот "Пулс".„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето, дали е приведен градоначалников Љупчо Папазов.Досега се уапсени 16 лица, под сомнение дека допринеле со постапување или непостапување дискотеката да функционира, како и лицата кои се сомничат дека имаат директна одговорност критичната вечер. Последно, освен овие 16 лица, уапсени се и седум полициски началници и полицајци.

Македонија | пред 10 месеци

prilog-2-denovi-potoa.00_01_30_22.Still001

Објавени имињата на сите 59 загинати во дискотеката во Кочани

„Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани“, вели Министерство за здравство и додава:Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации:1-Алексова Стефанија 20042-Џамов Јорданчо 19933-Трајчев Иван 20004-Ѓоргиев Џоко 20005-Коларов Александар 19816-Величков Иван 19987-Стојанов Андреј 20008-Антова Ивона 20039-Христовски Павел 200410-Димитријев Диме 199411-Насевски Никола 200712-Богданов Тоше 199413-Тодоровски Тоше 198814-Коцева Ана 200415-Живков Адријан 200016-Петрушов Гордан 200117-Горгиев Игорче 197618-Стевановски Филип 198819-Стојанов Томче 200320-Стоименова Моника 199921-Стојанов Стојанчо 198822-Пројковска Николовска Capa 197723-Шопова Марија 199724-Ивановски Петар 200425-Ѓорѓиев Александар 199126-Марковски Матеј 200727-Закова Бојана 199728-Василков Ѓорѓи 199929-Петров Александар 199930-Минова Драгана 200831-Алексова Capa 200632-Ѓорѓиески Андреја 198233-Ивановски Филип 200834-Јорданова Capa 200735-Стрезоска Марија 200136-Ефремов Александар 199237-Велков Игор 198038-Тасева Стојковска Лепа 199839-Атанасовски Мартин 199640-Алексов Александар 198641-Минов Божидар 200142-Милковска Кети 199943-Златков Томас 200344-Соколова Стефанија 200545-Велков Леонид 200746-Наунова Надица 200747-Јорданов Виктор 200048-Панов Андреј 200049-Иванов Димитар 200850-Стоименов Спиро 199851-Владимиров Јове 199352-Андонов Ице 200353-Тасевски Стефан 198854-Величков Ѓорѓи 199455-Стојанов Александар 198656-Христова Сања 199957-Танески Дамјан 200658-Спасова Моника 199859-Лазаров Андреј 1999Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и се молиме за упокоение на нивните души.

Македонија | пред 10 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Странски медиум го пренесува погребот во живо, МВР одма побара да прекинат - но продолжи!

Странски медиум во живо го пренесува погребот од Кочани и покрај апелот на родителите, семејствата и институциите, тоа да не се прави. Додека ги носат ковчезите еден од странските медиуми непрестранато врши емитување.Веднаш имаше реакција од Минситерството за внатрешни работи, кои отидоа до медиумските екипи и кажаа дека има замолница од семејства, да се престане со преносот во живо.Но и покрај ова, продолжија да го прават истото.Името на медиумот не го споделуваме, ниту линкот - со цел истиот да не се шири.„ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица. Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство. Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство“, стои во апелот на ЗНМ.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-10.45.39

Во критичните 72 часа нема починати, сите преживеани од Кочани се во релативно стабилна состојба, рече Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека поминале 72 часа и нема ниту еден починат пациент од лицата кои биле хоспитализирани. Рече дека денеска ќе се испратат уште пет лица надвор од државата, а очекува веќе и да се враќаат лица кои се лекуваат во странство.„Добрата вест што сакаме прво да ја соопштиме е дека поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаа трагедијата во Кочани. Вкупно се третираат 178 пациенти низ различни здравствени останови, од кои 64 се во болниците во Македонија и 13 пациенти се во приватните болници во Македонија. Сите во релативно стабилна состојба. Во моментов 101 пациент се третираат надвор од државата, сите во релативно стабилна состојба. Вчера заедно со министерот за надворешни работи, отидовме и ги посетивме пациентите во Грција, се видовме со семејствата - сите презадоволни од третманот. Бевме во Софија, кај што се 9 пациенти, сите ги видовме, еден по еден. Сите во стабилна состојба“, рече Таравари.Тој рече дека изминатото деноноќие нема починати, а едно преживеано лице е пуштено на домашно лекување.„Ниту еден починат во изминатите 72 часа, нула починати има од тие што ја преживеаа трагедијата. Се надевам дека од следната прес-конференција ќе зборуваме за колку пациенти ќе си одат дома“, рече Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

466094181_10226166904146125_8391546246909387595_n-780x470-428713

Преживеаната Ана од ДНК: Си замина дел од моето второ семејство, заедно со нив и душава моја

Владимир Блажев - Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од ДНК кои се спасија кобната ноќ кога изби пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде за жал загинаа 59 лица, меѓу кои и членови на бендот.Придружниот вокал и професорка по музика, Ана Костадиновска, се збогуваше со своите колеги од групата „ДНК“, кои трагично го загубија животот во катастрофалниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.Таа се огласи за прв пат по трагедијата, денеска кога треба да ги испрати своите пријатели и соработници во вечниот дом.-Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина… а, кој би рекол дека празнината може толку да боли, напиша Ана.За својата другарка и колешка Сара Пројковска напиша: – Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден.Погребот на Сара Пројковска е закажан за денес од 12 часот на гробиштата во Лисиче во 12 часот.Денеска ќе биде погребан и Андреј ДНК.

Коментари | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-20-at-11.41.59

Од загинатите во Кочани, шест се малолетници - објавен список со возраста и бројот на починати

Обвинителството до медиумите достави список со возраста на починатите лица во трагедијата во Кочани. Ова доаѓа по низата шпекулации во јавноста во врска со бројот на починати. Во дискотеката „Пулс“, 59 лица го загубија животот. Ден потоа, почина и возач на Брза помош-Кочани, кој неколкупати одел Кочани-Скопје за да спасува животи.„Ви испраќам список со возраст и број на починати лица што е доставен до Јавното обвинителство од Институтот за судска медицина. Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до обвинителството“, стои во дописот од Обвинителството.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-15-635

Кочани: Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, покажете почит, ова е човечка болка

Кочани одново замоли, да не се снимаат куќите на починатите, како и граѓаните кои немаат доволно солзи да ги доисплчат жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ. Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, од нивните пријатели што со солзи ги подготвуваат за последното збогум. Ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка. Почитувани граѓани, на ова тажно парче земја ве молиме, не ги споделувајте нивните видеа. Покажете револт, игнорирајте ги текстовите што ја претвораат трагедијата во сензација. Така ќе покажеме почит кон загинатите, кон нивните семејства, кон нашиот град. Молете се. Нека ни даде Господ сила на сите“, стои во објавата.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981-1

Десет пациенти се во потешка состојба, тројца се испратени на домашно лекување - стабилни се повредените од дискотеката во Кочани

Сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои се лекуваат во низ болниците во Македонија и странство се во стабилна состојба, вели министерот за здравство, Арбен Таравари.„Сите пациенти кои се во државата и надвор, се добри и во стабилна состојба. Десет пациенти се потешки, но се надвор од животна опасност“, рече Арбен Таравари.Тој рече дека 101 пациент се надвор од државата.„Можеби максимум десет пациенти да се испратат, а можеби и не. Тројца пациенти се испишани вчера“, рече Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-15-635

Последно збогум за жртвите од пожарот во Кочани

Поворката со посмртните останки на загинатите тргнува од градските гробишта во Бутел. Нивните роднини, пријатели, другари ќе ги испратат до вечните почивалишта.Погребот на жртвите во Кочани ќе се одржи во 12 часот. За жителите од овој град денеска е неработен ден.И во Штип во вечните почивалишта ќе бидат испратени петте жртви од катастрофалниот пожар од овој град на истокот во земјава.Состојбата кај повредените кои се лекуваат во земјава не е животозагрозувачка, велат здравствените власти.Триесетте жртви во Кочани ќе бидат погребани во 12 часот. На чело на погребната церемонија ќе биде поглаварот на МПЦ-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, како и неколку владици. Погребот на настраданите во Штип ќе биде во 11 часот, а меѓу нив се членовите на групата ДНК, Филип Стевановски и Александар Коларов.Погреб ќе има и во Облешево во 13 часот. Пејачот на бендот ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, ќе биде погребан во 10 часот на градските гробишта во Бутел во Скопје, соопшти неговото семејство. Сара Пројковска членка на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност ќе биде погребана на горбиштата во Ново Лисиче во Скопје во 12 часот.Погребот на младиот тапанар од бендот Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица. Штип ќе се прости од петмината загинати во пожарот во дискотеката во Кочани, Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и со Александар Ефремов.Граѓаните на Пробиштип ќе се простат со тројцата свои сограѓани кои загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тоше Тодоровски, полициски службеник, со почести ќе биде изложен во капела во 11 часот, додека погребот е во 13 часот на Градските гробишта. Телото на починатиот Матеј Марковски ќе биде изложен во капелата во 13 часот, а ќе биде погребан во 15 часот на градски гробишта во Пробиштип. Додеката телото на Никола Насевски ќе биде изложено во домот во село Добрево, а погребот ќе се изврши во 17 часот.

Македонија | пред 10 месеци

nesss

Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Владата на Република Северна Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани.За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските службеници ќе обезбедат посебна зона од патот на поворката, на 300 метри од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. Овој простор ќе биде обезбеден од припадници на МВР со цел да се гарантира ред и безбедност во означената област. На оваа зона исто така ќе важи забраната за управување со беспилотни летала (дронови).Овој медиумски протокол има за цел да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено овозможува новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.Имајќи ја предвид чувствителноста на оваа трагедија и универзалните етички стандарди за професионално известување, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува сите новинари и медиуми да се придржуваат кон следниве етички принципи:Почитување на личната болка и достоинството – Новинарите треба да известуваат со емпатија, без да навлегуваат во приватноста на семејствата на жртвите.Избегнување на сензационализам – Известувањето за трагични настани мора да биде ослободено од сензации, шпекулации или емотивно набиени наративи, фотографии и видеа.Објавување на проверени информации – Треба да се пренесуваат потврдени факти за да се спречат дезинформации.Зачувување на баланс и непристрасност – Медиумите треба да се осигураат дека нивното известување не придонесува за јавна вознемиреност.Освен ова, потсетуваме дека Меѓународната федерација на новинари (IFJ) во своето соопштение од 18.03 за оваа трагедија, исто така ја истакна важноста на етичкото известување. Глобалната повелба за етика на IFJ ја подвлекува должноста на новинарите да го почитуваат достоинството на луѓето и да ја стават точноста над брзината при пренесувањето на вестите од овој трагичен настан. Со цел да се обезбеди непречено движење и идентификација, медиумските работници треба да поседуваат со себе ПРЕСС обележја и новинарски легитимации издадени од нивните матични медиумски куќи.

Македонија | пред 10 месеци

DSC02123

Седум полицајци осомничени дека помогнале дискотеката „Пулс“ да добие лиценца

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност.„Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди.Ценејќи дека се исполнети условите јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица“, велат од Обвинителство..

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-15-635

Последен поздрав загинатите во дискотеката утре точно напладне

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди.Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот, информираат од Центарот за управување со кризи.Оттаму ги замолуваат сите граѓани на разумно постапување и достоинствено испраќање на жртвите во трагедијата во Кочани.Во пожарот што се случи во неделата рано сабајле загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot_59

Погребот на Андреј од ДНК ќе биде утре - последен поздрав во 10 часот, во капелата Бутел

Во капелата во Бутел, во 10 часот, семејството, роднините и пријателите ќе го испратат Андреј Ѓорѓиевски, вокалот на „ДНК“. Тој ќе биде погребан на гробиштата во Бутел. Информацијата ја објавија неговите пријатели.Андреј трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој според очевидци, тој излегол навремено, но влегол да спасува заглавени деца. Меѓу 59-те загинати има и малолетници.Од бендот на ДНК, засега за јавноста е познато дека починаа и клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев, придружниот вокал Сара Пројковска. Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познат како Мартин Буцо.

Македонија | пред 10 месеци

0-02-05-5e9ecacfeb2cc6f3b871c4df760891f92cc4a6681a699aef07febcf3a29ea5ac_21c88909523

Сите 11 пациенти од стара градска болница се во стабилна состојба, засега не се очекува влошување

Директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов вели дека сите 11 пациенти кои се хоспитализирани по пожарот во дискотеката во Кочани се во стабилна состојба.„Сите 11 пациенти се во стабилна состојба, во текот на ноќта немаше компликации. Се правеше план кај кого ќе се прават обработки на раните, нешто што е во тек. Не би очекувале влошување на дневно ниво“, рече Настов.Истовремено, речиси 200 повредени се хоспитализирани и на лекување.

Македонија | пред 10 месеци

Snaptik.app_74825414202517947105

Утре погреб на 59-те жрви во дискотеката, новинарите се должни да ја почитуваат приватноста и болката на семејствата

Погребот на 59-те лица кои загинаа во Кочани, ќе биде извршен утре (четврток), а откако беа завршени сите обдукции, а со тоа и идентификацијата на жртвите. Жителите на Кочани, но и Штип, побараа новинарските екипи да бидат поставени на точно определено место, за роднините и пријателите да можат достоинствено да ги испратат своите најблиски. Исто така бараат да не се дозволи надлетување со дронови, за што Агенцијата за цивилно восухопловство веќе издаде и забрани кои траат до крајот на март. Забрана ќе биде издадена и за надлетување во Бутел, каде што се гробиштата, а бидејќи и таму ќе бидат погребани лица кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката.„Апел до МВР и организаторите на погребот во Кочани и сите други општини! Верувам дека сите мои сограѓани ќе се согласат 100% со мене и ова се осмелувам да го напишам од името на сите Кочанчани: Немојте да дозволувате новинарски екипи да се туркаат и пикаат во лицата на родителите, роднините и пријателите кои дошле да си ги погребаат нивните најмили! Ако веќе треба да известуваат, ВЕ МОЛАМ обезбедете им соодветно место, подалеку од народот и од таму да не се мрдаат! Да не се шетаат меѓу народот, да кружат и да снимаат! Дозволете достоинствено и со почит да си ги испратиме нашите најблиски!Посебен акцент ставам на ДРОНОВИТЕ, немојте ни случајно да дозволите дронови да ни летаат над главите и да зујат во овие претешки моменти! Не дозволувајте овој горчлив и мачен ден да го направат ЦИРКУС! Постарите генерации можеби се сеќаваат кога беше погребот на Тоше, одредени новинарски екипи (секоја чест на исклучоци) уште во гробот не му скокнаа само за да направат ПОДОБАР КАДАР! Цела Македонија тогаш беше згрозена од нивните постапки, не дозволувајте тоа да се случи и сега!Поставете полиција, поставете обезбедување, бараме заштита од вас! Заштитете нè од хаос! Свесен сум дека организација на ваков настан е комплицирана и тешка, ама протокол мора да има и мора да се почитува!“, вели Иле Гаврилов, жител на Кочани.Ова доаѓа и по снимките на агенцијата „Ројтерс“, снимени од дрон, на кои се гледа како се копаат и подготвуваат нови гробни места.Според Кодексот на новниари, новинарот е должен да ја почитува личната болка и приватноста на секој граѓанин и да постапува согласно јавниот интерес. Некои медиуми, веќе најавија дека нема да известуваат за погребот на 59-те жртви.Вчера (вторник) беше погребот на возачот на Брзата помош, кој почина откако трипати возел до Скопје и назад. Колегите сведочеа дека починал од болка, легнал и не се разбудил.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања