ПУЛС

brza-pomos-Belgrad

Две лица на респиратор, двајца се оперирани, доктор Стојичиќ за состојбата на 17 повредени кои се лекуваат во Белград

Седумнаесет лица повредени во пожарот од Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави д-р. Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС. Тој посочи дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места.Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми.„Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега“, изјави тој за РТС.Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

(Видео) Сведочење за сопственикот на дискотеката: Беше пред мене, пред да избие пожарот крена ПП апарат, мислам дека од него дојде до гушење

Сопственикот на дискотеката „Пулс“, бил внатре и уште пред да избие пожарот земал ПП апарат, сведочи Венко Крстевски, кој како што вели, влегол внатре на две минути пред почетокот на трагедијата. Тој во „Претрес со Ландов“ зборуваше за моментите пред и по пожарот. Посочи дека се сомнева во исправноста на ПП-апаратот и образложи дека по почетокот на неговото користење, густа црна чад се создала за брзо и сите почнале да се гушат.„Пред мене беше сопственикот на дискотеката, и мислам дека тој, во самиот момент пред да избие пожарот крена ПП апарат. Мое мислење е дека од тој ПП апарат, дојде до гушење. Имаше црна чад која беше фатална за нашите сограѓани. Многумина пробале да излезат преку тоалетите, но имало шипки..“, вели Крстевски.Неговото сведочење:?t=3026

Македонија | пред 10 месеци

0-02-05-48f085d56113ea4ca43533841564c5865f3333eab312286fef14a812a0fe549e_21cb92b1c87

Собир во 11 во Охрид и во 16:59 во Скопје; Кочани маршира од 15 часот

Во Скопје и Охрид денеска ќе се одржат мирни собири преку кои ќе се оддаде почит на жртвите од дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во Кочани ќе има протестен марш за 59 млади луѓе и возачот на Брза помош кои ги загубија животите.Мирниот собир во Скопје е организиран од Студентскиот пленум и ќе се одржи во градскиот парк од 16:30 часот. Собирот е закажан во Градски парк, после споменикот на Гоце Делчев, а во 16:59 часот. Ќе се одржи 60-минутен молк.„Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани“, се вели во најавата на собирот објавен преку „Студентски пленум“.Собирот во Охрид е организиран од младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет. Собирот ќе биде во 11 часот, на плоштадот во центарот на градот.Во Кочани пак најавите се дека секој ден од 15 часот ќе се одржуваат протестни маршови на кои ќе се бара одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“ каде што животот го загубија 59 млади луѓе.

Македонија | пред 10 месеци

marijakocanisestra-428646-1

Преживеаната Марија со емотивна објава за сестра и Лепа: Ја закопавме мамa, сега тебе, која судбина ја имам

Младата Марија Тасева се спаси од пламените јазици во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои проголтаа 59 животи. Но, меѓу жртвите е и нејзината сестра, Лепа.Марија со емотивна објава полна со болни зборови и тага се простува од нејзината постара сестра.-Не требаше вака да биде сестричке, сега почнаа твоите најубави години. Се вратив по тебе во диското за да те најдам, ама не ми дозволија да влезам, не можев да те спасам. Да ми дозволеа може ќе те спасев или ќе изгоревме заедно, ама битно заедно ќе бевме. Извини што не можев да влезам, извини многу. Ми кажа дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме чуваш, ќе бидеш до мене. Ама на неочекуван начин не’ напушти, да знаев дека последен пат ќе те видам во диското, ќе те гушнев и ќе горевме заедно. Оваа болка не се издржува. Ја закопавме мама, а сега тебе те закопувам, која судбина ја имам на овие 19 години? Секогаш ќе бидеш во моето срце сестричке, непребол…држете се со мама горе, НАЈМНОГУ ВЕ САКАМ, пишува младата Марија на социјалните мрежи простувајќи се од својата сестра Лепа.Семејството пред две години доживеало уште една трагедија, кога починала мајката на двете девојките.По пожарот во дискотеката „Пулс“, Марија се здобила со повреди при евакуацијата откако поради стампедото кое настанало паднала, а врз неа газеле други лица кои панично се обидувале да се спасат.

Коментари | пред 10 месеци

DJI_20250318184623_0202_D

Во понеделник, 18:59, на плоштадот во Скопје почнува маршот за 59 жртви во Кочани - објавени барањата

Неформалната организација „Кој е следен“, која ги организираше и протестите за усмртувањето на Фросина Кулакова, најави марш по трагедијата во Кочани. Тие посочуваат дека собирот ќе биде на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во понеделник, во 18:59 часот, во чест на 59 жртви и возачот на Брзата помош. Слоганот е „Доста бевме ние, системо е следен“.Во барањата стои:„Македонија го имаше најтажниот и најтрагичен ден во својата историја и за тоа мораат сите виновни да сносат одговорност. Не смееме да бидеме повеќе сведоци на грозоморни настани, кои немаат правни разрешници, кои немаат последици за сторителите и кои не ветуваат дека во иднина тие нема да се повторат. Несреќите почнуваат да се множат, а нивните жртви стануваат се побројни. Како граѓанско движење, „Кој е следен?” ги бара следниве работи:Транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отварање до несреќата од следните институции:- Државен пазарен инспекторат- Министерство за Економија- Државен градежен инспекторат- Министерство за внатрешни работи- Државен инспекторат за урбанизам- Локална самоуправа во Кочани- Локален градежен инспекторат- Дирекција за заштита и спасување- Управа за јави приходиДисциплинска, кривична и/или политичка одговорност од сите институции кај кои ќе се утврди пропуст во работењето поврзано со случајот „Пулс”;- Соодветна одговорност за сите поврзани со изгорената модуларна болница;- Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот Онкологија;- Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Дурмо Турс;- Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Беса Транс;- Комора на угостители да започне да работи на подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти, а не само за дерегулација и финансиска помош од државатаБез исполнување на овие барања, Македонија нема како да почне да се лекува. Луѓето заслужуваат одговори. Сите ние заслужуваме правда. Мораме да излеземе на улици сѐ додека целата вистина не е изнесена на виделина. Бидејќи системот по безброј кој пат ја изигра довербата на народот, разрешницата од овој случај мора да биде под окото на јавноста. Народот не смее да биде повторно изманипулиран“.

Скопје | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-22-at-11.57.32

Гитаристот на групата ДНК опериран, тој е во стабилна состојба

Владимир Блажев Панчо, пратечкиот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев се единствените од составот на ДНК кои го преживеаја пожарот во дискотеката во Кочани.Горан Тонев има сериозни повреди, но е во стабилна состојба и се наоѓа во една од болниците во Солун.Како што понатаму се наведува, Горан пред два дена бил повторно опериран, а според последните изјави на лекарот неговата здравствена состојба се подобрува.Инаку, Тонев е гитарски музичар кој дипломирал на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кого јавноста го памети по настапите во 2020 година како дебитант на „Макфест“ во родниот Штип со песната „Моја и твој“.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-22-at-10.41.54

(Видео) Пиротехника во „Пулс“ имало често, извиците за пожар не биле сфатени сериозно, полицајци стоеле настрана, малолетници влегувале без проблем

Малолетничка која била присутна во дискотеката трагичната вечер, за „Претрес со Ландов“ раскажа што се случувало пред и откако изби пожарот, по кој загувиме 59 сограѓани и возачот на Брзата помош. Таа посочува дека секогаш при големи концерти и настапи на популарни ѕвезди, имало пиротехника. Прв реагирал пејалот на ДНК Владимир Блажев-Панчо.„Сите снимаа, на сите им беше на шала, не мислеа дека ќе се прошири толку брзо. Не го сфатија сериозно. Снимаа, се задржаа. Кога пејачот извика, јас одма излегов. Пред вратата имаше превише гужва, луѓето трчаа, не знам ни јас како излегов во таа гужва. Некои останаа до крај, мислеа дека нема ништо да се случи“, рече малолетничката во „Претрес“.На вратата имало полиција бидејќи дошле да прават рација.„Во клубот секојпат има доста малолетни лица, јас сум една од тие. Имаше доста малолетни лица, прво сакаа да излезат за да не завршат во полициска станица, беше блокирана вратата за да не се излегува и влегува. Кога настана гужвата, беше отворена вратата за да излеземе. Луѓето паѓаа, никој не им помагаше, никој не застануваше да им помага. Многу луѓе беа прегазени и изгазени. Имам доста луѓе кои се мои блиски, што се повредени од тие газења. Во тие моменти можам да кажам дека полицијата не помогне доволно колку што требаше да помогне на луѓето за да се спасат, стоеја настрана“, додаде таа.Посочи дека вообичаено било малолетници да влегуваат во дискотеката.„Не бараат лична карта, плаќаш влез и си влегуваш внатре“, додаде малолетничката за „Претрес“.Во дискотеката имало невообичаена гужва.„Секој викенд сум во диското, таа вечер имаше невообичаена гужва, 50 проценти повеќе од тоа што е дозволено. Многу луѓе што ги познавам и сега се повредени, влегуваат без карти. Иако викаат дека се продадени 500 карти, многу луѓе влегуваат без карти“, додаде малолетничката.Таа посочува дека никогаш ниту на неа не и бил попречен влезот.„Никогаш, сум си платила карта, сум влегла, сум седела по цела вечер додека да заврши забавата. Јас бев со другарки од моја генерација, само една беше постара. Нас ни посочувале, 'ако имате некој што има повеќе од 18 години, нема ништо да ви направат, само мора да излезете веднаш, сите го знаат тоа сите го практиквуаат'“, додава таа.Сведочи за изгледот на дискотеката од внатре, пожарот, но и што се случувало:

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-21-at-12.05.31

(Видео) Сите пропусти од 2012 до пожарот во кој загинаа 59 лица: осомничен е и член на „ДНК“ за пиротехниката

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 27 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на присуство. Од 27 лица, за 24 се бара притвор, затоа што 3 се уште се на лекување во болница. Тој рече дека се гонат тие што ги издале лиценците, тие што не контролирале, сопственикот кој го владеел кабарето, член на бендот ДНК, обезбедувачите кои направиле пропусти и дозволиле да влезат малолетници, но и да се внесе пиротехниката.„Постои основано сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата безбедност. Сите осомничени, секој од аспект на своето својство, во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, сите заеднички, воопшто не постапиле според прописите за мерки за заштита и така предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имотот од невидени размери. Верижните пропусти и незаконити дејствија на службените лица доведе до тоа да при користење на пиротехничките средства, на 16.03.2025 година, за време на настапот на ДНК, биде предизвикан пожар, во кој настапила смрт на 59 лица, од кои шест деца, а биле повредени 197 лица. Доколку се обезбедат докази во истрагата ќе бидат опфатени и други засега неутврдени лица, кои иако биле свесни дека со нивното сторување или несторување, може да настапи штетна последица ама не презеле ништо.Тројца лица се сосопственици или управители. Првиот е закупец каде е лоциран клубот, реален сопственик. Објектот кој имал намена за лесна индустрија, не исполнувал услови да биде кабаре, но осомничените добиле лиценца и организирале угостителски услуги. Сите знаеле дека клубот не ги исполнува условите за угостителска објект. Постои сомнение дека првоосомничениот од 13.02.2024 година до 13.02.2025 година, на службено лице од Министерството за економија дал паричен износ да изврши дејствие кое не смеел да го направи - обезбедил лиценца. Против вработениот во Министерството за економија е поведена постапка и примање на поткуп. Една осомничена е сопственичка и управителка на правно лице, кое направило проект за да може да врши работа - кабаре, иако знаела дека не потојат услови да се пренамени објектот. Проектот во континуитет бил користен за добивање лиценци. Била побарана промена на проектот, а таа без да изврши проверки, ги направила“, рече Коцевски.Од Министерството за економија осомничени се поранешен министер, поранешен државен секретар, раководител, службено лице, помлад соработник.„Не постапиле според мерките на заштита“, рече Коцевски.Поранешен директор на Пазарен инспекторат и инспектори се исто така осомничени.„Иако биле должни да прават надзор, не ги извршиле своите обврски. Во ниту еден наврат не извршиле контрола на правното лице, за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува минималните технички услови. Овозможиле кабарето да ја продолжи угостителска дејност“, додаде Коцевски.За тројцата градоначалници од 2012 година до 2025 година, како и ексдиректорите на ДЗС, тој вели дека овозможиле кабарето „Пулс“ да работи спротивно на Законот за угостителска дејност.„Општината примала уплати за надоместок од кабарето“, додаде Коцевски.Тој посочи дека осомничени се и обезбедувачите.„Овозможиле влез на 650 посетители, имало најмалку 31 дете, едно лице продавало билети, без да води сметка за возраста, овозможиле влез и присуство на малолетници на настанот. Членовите на обезбедувањето, не спречиле во угостителскиот објект да се внесат експлозивни материи, иако за тоа немале задолжителна дозвола, за да ракуваат со пиротехниката, ниту пак, пиротехниката тоа го дозволувала“, рече Коцевски.Осомничен е и член на ДНК.„Постои сомневање, дека осомничените околу 02 часот по полноќ ги активирале пиротехничките средства“, додаде Коцевски.И полициски службеници, вкупно 7, кои издале согласност од МВР, се осомничени.

Македонија | пред 10 месеци

puls-37

(Видео) Детали за објектот во кој беше сместена дискотеката

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, рече дека објектот на дискотеката „Пулс“ и неговата градба не е спорна до 2012 година, кога според него, почнала реадаптацијата за да почнат да се одржуваат забави.„Одреден временски период се користи како фабрика за текстил, потоа како магацин. Дограден е еден дел од 50 метри квадратни, кој е легализиран во 2012 година и е приклучен на постојниот објект. Проблемот настанува кога се прават адаптации во внатрешноста. Настануваат проблеми кога се прават адаптации на внатрешноста, без да се добие одобрение од никого. И ставен е печат од одредено лице, кое или на слепо ставило или видело што се случува и го игнорирало тоа“, рече Николоски.Министерството за економија требало да добие повеќе повеќе документи од повеќе институции, кои сами требало да ги прибават, за да дадат лиценца. Приватна фирма требало да утврди дали објектот е според стандарди или не.„Сите документи се прибавуваат од Министерството за економија по службена должност“, додаде Николоски.Повеќе во видеото:

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-21-at-10.21.54

Лекувањето 99% е бесплатно, нема потреба никој да собира пари, сместување и пат плати Владата, вели Таравари

Лекувањето е бесплатно, а Владата обезбеди карти и сместување за по двајца членови на семејствата, за повредените кои се лекуваат во странство. Ова го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, по апелите да се донира преку трансакциски сметки.„Генерално во 99 отсто, сигурни сме дека е бесплатно лекувањето и нема потреба никој да собира пари. Како Влада обезбедивме и за по двајца членови на семејство да патуваат, да им плати Владата, плус сместувањето во сите држави. Нема потреба од шпекулации и невистини. Можеби во некоја држава, но генерално 99 отсто во државите е бесплатно“, рече Таравари.Од вчера, сите кои сакаат дополнително да им помогнат на семејствата, тоа можат да го направат на веб-страницата www.supportkocani.com. Се собираат средства за тековните трошоци кои ги имаат семејствата таму.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Отворена истрага: 13 лица меѓу кои ексдиректори и Бектеши добија притвори, 27 се вкупно осомничени

И формално отворена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која се води против 27 физички и три правни лица. Ноќеска пак, продолжени им се притворите на 13 лица, меѓу кои на сопственикот на дискотеката, ексминистерот за економија Крешник Бектеши, ексдиректорот на Пазарна инспекција Горан Трајковски и вработени од инспекторатот, вработени во Министерството за економија, ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути и други лица кои беа приведени. Тие се сомничат за различни кривични дела - а повеќето, за, тешки дела против општата сигурност, за кое е пропишана казна од три до 20 години.Од вчера уапсени се и седум полицајци, кои со своите дејствија придонеле за отворање и функционирање на дискотеката. Тие добија по 30-дневен притвор, а нив ги гони Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Вчера попладне беа приведени тројца поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илиев од СДСМ и актуелниот кој си поднесе оставка по трагедијата, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ. Не е познато дали и за нив ќе се бара 30-дневен притвор.Во пожарот во дискотеката „Пулс“, 59 лица го загубија животот, додека 178 лица се повредени.

Коментари | пред 10 месеци

nesss

Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известување за трагичниот настан во Кочани

Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај нашите континуирани апели за почитување на етичкото новинарство, денес ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за трагичниот погреб во Кочани.„Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие принципи. Сензационализмот и стремежот кон фотографии и наслови кои вознемируваат, привлекуваат внимание и кои имаат предност пред вистината, ја деградираат самата суштина на новинарството. Ова не само што е неприфатливо, туку е и длабоко штетно за целокупната јавност, но уште поважно за поединците и семејствата на погодените во оваа огромна трагедија. Искористувањето на моментот на жалост и тага заради спектакл е за осуда.Ги повикуваме уште еднаш сите медиуми да се придржуваат до највисоките стандарди на професионално известување и да ги почитуваат личната болка и достоинство.Правото на информации никогаш не смее да биде по цена на основната човечка пристојност. Ќе продолжиме да очекуваме одговорно известување кое му служи на јавниот интерес. Владата останува посветена на транспарентноста и слободата на медиумите, но нема да премолчиме на неетички практики кои ги нарушуваат принципите на чесност и почит. Ги повикуваме релевантните меѓународни медиумски тела да го забележат ова и да го запрат овој опасен тренд пред дополнително да ја нарушат довербата на јавноста“, велат од Владата.

Македонија | пред 10 месеци

jovan-vinica

Херој! Јован спасил над 20 деца од пожарот во дискотеката на смртта; Сведоштво: Син ми го носеше на грб низ чадот!

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од хероите од големиот пожар во Кочани. Tој без двоумење влегол во опожарениот објект и успеал да спаси повеќе од 20 деца, откако претходно ја натопил маицата со вода и ја ставил на лицето да се заштити од огнот пред да тргне во херојскиот подвиг.Јадранка Бреслиева, мајка на син кој бил спасен од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, преку социјалните мрежи му изрази огромна почит и благодарност на младиот Јован.-Со голема благодарност и емотивна почит, би сакал да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот. Јован е вистински херој – младо момче со големо срце и неописива храброст, кој го ризикуваше својат живот за да спаси туѓи животи. Јован на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит. Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца, пишува Јадранка Бреслиева.Граѓаните во многу објави на социјалните мрежи му се заблагодаруваат на Јован, за кого велат дека е „тивкиот херој“ на драмата што ја зави цела Македонија во црно, му се восхитуваат и ги повикуваат властите да му доделат орден за храброст.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-20-at-19.32.47

Уапсен градоначалникот Папазов, но и двајцата негови претходници

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, бил приведен од страна на полициски службеници, доцна попладнево. Според првичните информации, освен него, полицијата уапсила и негови претходници.Уапсен е и неговиот претходник, Николчо Илијев, во чие време функционирала дискотеката. Според неофицијалните информации, уапсен е и Ратко Димитровски, кој пак беше градоначалник се до 2017 година.Од институциите - молк. Штуро соопштение има од Обвинителството, кои посочуваат дека имаат акција. Претходно државниот обвинител, Љупчо Коцевски, кажа дека МВР има одврзани раце да апси секој што е поврзан со дискотеката во која загинаа 59 лица.Дискотеката „Пулс“ од Кочани работела 12 години. За тоа време се смениле три градоначалници – двајца од ВМРО-ДПМНЕ и еден од СДСМ.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Во тек е акција за пожарот во дискотеката во Кочани, нема одговор дали е уапсен и градоначалникот Папазов

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот "Пулс".„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето, дали е приведен градоначалников Љупчо Папазов.Досега се уапсени 16 лица, под сомнение дека допринеле со постапување или непостапување дискотеката да функционира, како и лицата кои се сомничат дека имаат директна одговорност критичната вечер. Последно, освен овие 16 лица, уапсени се и седум полициски началници и полицајци.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања