(Видео) Пиротехника во „Пулс“ имало често, извиците за пожар не биле сфатени сериозно, полицајци стоеле настрана, малолетници влегувале без проблем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-22-at-10.41.54

Малолетничка која била присутна во дискотеката трагичната вечер, за „Претрес со Ландов“ раскажа што се случувало пред и откако изби пожарот, по кој загувиме 59 сограѓани и возачот на Брзата помош. Таа посочува дека секогаш при големи концерти и настапи на популарни ѕвезди, имало пиротехника. Прв реагирал пејалот на ДНК Владимир Блажев-Панчо.

— реклама —

„Сите снимаа, на сите им беше на шала, не мислеа дека ќе се прошири толку брзо. Не го сфатија сериозно. Снимаа, се задржаа. Кога пејачот извика, јас одма излегов. Пред вратата имаше превише гужва, луѓето трчаа, не знам ни јас како излегов во таа гужва. Некои останаа до крај, мислеа дека нема ништо да се случи“, рече малолетничката во „Претрес“.

— реклама —

На вратата имало полиција бидејќи дошле да прават рација.

— реклама —

„Во клубот секојпат има доста малолетни лица, јас сум една од тие. Имаше доста малолетни лица, прво сакаа да излезат за да не завршат во полициска станица, беше блокирана вратата за да не се излегува и влегува. Кога настана гужвата, беше отворена вратата за да излеземе. Луѓето паѓаа, никој не им помагаше, никој не застануваше да им помага. Многу луѓе беа прегазени и изгазени. Имам доста луѓе кои се мои блиски, што се повредени од тие газења. Во тие моменти можам да кажам дека полицијата не помогне доволно колку што требаше да помогне на луѓето за да се спасат, стоеја настрана“, додаде таа.

Посочи дека вообичаено било малолетници да влегуваат во дискотеката.

„Не бараат лична карта, плаќаш влез и си влегуваш внатре“, додаде малолетничката за „Претрес“.

Во дискотеката имало невообичаена гужва.

„Секој викенд сум во диското, таа вечер имаше невообичаена гужва, 50 проценти повеќе од тоа што е дозволено. Многу луѓе што ги познавам и сега се повредени, влегуваат без карти. Иако викаат дека се продадени 500 карти, многу луѓе влегуваат без карти“, додаде малолетничката.

Таа посочува дека никогаш ниту на неа не и бил попречен влезот.

„Никогаш, сум си платила карта, сум влегла, сум седела по цела вечер додека да заврши забавата. Јас бев со другарки од моја генерација, само една беше постара. Нас ни посочувале, 'ако имате некој што има повеќе од 18 години, нема ништо да ви направат, само мора да излезете веднаш, сите го знаат тоа сите го практиквуаат'“, додава таа.

Сведочи за изгледот на дискотеката од внатре, пожарот, но и што се случувало:

nxtKCaGGvlM

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања