ПУЛС

Screenshot-2025-03-26-at-10.08.35

Четири повредени од дискотеката во Кочани остануваат во многу тешка состојба, четири се враќаат од лекување во странство

Пет повредени од дискотеката „Пулс“ се враќаат од лекувањата во странство во текот на денот, а за утре е најавено враќање на уште четири пациенти. Тие прво ќе бидат хоспитализирани 24 часа во домашните клиники, па ако треба ќе се пуштат дома или ќе останат на лекување. Повеќето од овие лица, биле пратени во странство на лекување поради изгореници. Четворица пациенти продолжуваат да бидат во критична состојба, но се стабилни. Сепак, Таравари вели дека: „Флуктуираат состојбите, но остануваат во многу тешка состојба“.„Вкупно во државата се лекуваат само 23 пациенти. Над 20 пациенти се на домашно лекување. Имаме и еден испис денеска. Сите пациенти се во добра состојба и се надеваме следните денови ќе ги пуштиме. Во странство, имаме 113 пациенти. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Од 115 пациенти остануваме со 113 пациенти надвор од државата. Уште една добра вест е што денеска се враќаат пет пациенти, четири од Шпанија и еден од Грција. Ќе останат 108 пациенти кои се лекуваат надвор“, рече Таравари.Меѓу лицата кои се лекуваат во домашните клиники, има и повредени кои се оперирани.„Очекуваме во наредните денови половина од нив да бидат пуштени на домашно лекување“, додаде Таравари посочувајќи: „Стабилна е состојбата во болниците, за разлика од првите денови кога имаше поголем наплив од 200 пациенти.Првите 24 часа, по враќањето, сите пациенти ќе бидат сместени во клиниките каде треба да бидат под надзор. Ако има конзилијум да се пуштат дома, тоа ќе биде направено. Ако не, ќе бидат„За утре ни се најавени уште четири пациенти кои се враќаат, ама тоа ќе брифираме утре“, додаде Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

puls-11

Претресени два објекти и возилото сопственост на газдата на дискотеката - одземени се компјутер, таблет, лаптоп

На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Дејан Јованов-Деко, неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат - Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети.Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација.Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј..

Македонија | пред 10 месеци

puls-10

Сопругата и ќерката на газдата на дискотеката се на распит во станица

Сопругата и ќерката на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ се повикани во полициска станица, да дадат исказ. „Скопје1“ побара од Обвинителството да прецизира дали тие се осомничени или не, на што не добивме конкретен одговор, па ни одговорија: „Доколку има нови приведени обвинителството ќе извести. Ова се информациите до овој момент“.Обвинителството веќе соопшти дека на распит се викнати лица кои би можеле да имаат определени сознанија, што би значело дека тие немаат статус на осомничени во постапката за начинот на работа и пожарот во објкетот. Оваа информација е неофицијална.Одземени се и неколку телефонски уреди, кои ќе бидат дадени на вечташење.Од МВР, без никакви детали.„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден и денеска во координација со истражните тимови на Јавното обвинителство преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. При тоа извршени се претреси на пет локациии во Кочани и Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија“ велат од МВР.

Македонија | пред 10 месеци

puls-35-1

Детали: Претреси и во Скопје, покрај тие во Кочани - се одземаат уреди, искази даваат и лица што имаат сознанија

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Нови претреси во Кочани, истрагата за пожарот и работата на диското „Пулс“ се проширува

Истрагата по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се проширува, кажа премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали и во моментов се вршат претреси во простории кои се во сопственост на газдата на дискотеката и во канцелариите на подрачните служби на Државниот пазарен испекторат.Според Мицкоски, досега статус на осомничени добија 34 лица, а Мицкоски речe дека станува збор за поединци за кои има и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај.„Но ќе повторам, тука нема да застанеме, случајот ќе се проширува“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

puls-19

Од повредените во Кочани: 12 пациенти се испишуваат во болниците, 4-5 се покритично, има и влошување

Министерот за здравство, Арбен Таравари, кажа дека и натаму на лекување се 151 пациент, кои настрадаа во диското „Пулс“ во Кочани. Од нив, рече дека пет пациенти се во полоша состојба, како и дека некаде има влошување. Добрата вест е дека 12 пациенти си заминуваат дома, а кои се лекуваа во Скопје.„Вкупно во болниците во Скопје се 39 пациенти. Денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје. Исто така во странство продолжуваат да бидат 115 пациенти. Имаме добра вест, што најверојатно еден пациент од Белград се враќа денеска, ќе биде на понатамошно лекување во Скопје. Состојбата на пациентите надвор во државата, продолжува кај четири-пет пациенти да бидат во посериозна состојба, некаде има и влошување, но колегите се обидуваат да дадат максимум од себе, за да го поминат овој тежок период за нив“, рече Таравари.Екипи од Клиниката за пластичка хирургија веќе заминале за Кочани и таму ќе даваат третман на повредените.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-24-at-20.27.12

(Видео) „Не се пакувај, бори се“, граѓаните во „лесно запалива држава“ бараат правда за жрвите во Кочани

На мирен марш граѓаните бараат одговорност за трагедијата во Кочани.Граѓаните вечерва се собраа на плоштадот Македонија во организација на движењето „Кој е следен?“. Бараат одговорност за најголемата трагедија во која минатата недела 59 лица ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Запалени свеќи, молк во спомен на жртвите.Пораките на плоштадот ги испратија преку транспаренти: „Вашиот систем уби една цела генерација”, ,,Жртви на корупција”, „Лесно запалива држава”. Тие беа поставени на фонтаната на плоштадот.Тргнаа од плоштадот, пред Собрание извикуваа „Уааа” за пратениците, пред болницата „Свети Наум Охридски“ изразија благодарност аплаудирајќи на здравствените работници и се упатија кон Влада извикувајќи и носејќи транспарент „Системот е следен”, бараат правда за жртвите.

Македонија | пред 10 месеци

Charcoal-Gold-Elegant-Masculine-Black-Tie-Event-Invitation-3

Комеморација за професорката Пројковска, придружен вокал на ДНК која загина, ќе се одржи во среда

Комеморација во чест на вонр. проф. м-р Сара Пројковска - Николовска, која беше придружен вокал на ДНК и загина во пожарот во Кочани, ќе се одржи на 26.3.2025 во 13ч. во Концертната сала на ФМУ.„Ве известуваме дека на ден 26.3.2025 год. со почеток од 13:00 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје, ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, наша драга и непреболена вонр. проф. м-р Сара Пројковска - Николовска“, велат од Факултет за музичка уметност - Скопје.

Македонија | пред 10 месеци

puls-37

11 обвинители ќе прават распит на 300 сведоци, велат од Обвинителството за истрагата за дискотеката во Кочани

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски утрово одржа координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани“, стои во соопштението од Обвинителството испратено утрово и се додава:„Со оглед на обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоен план на активности и динамика.Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани. Во текот на денешниот ден обвинителите во Кочани преземаат дејствија за обезбедување докази“.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Во стабилна состојба се повредените од Кочани кои се лекуваат во Бугарија

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија е стабилна, соопшти бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот.Министерот Кирилов кажа дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се помлади, од кои пет се под 18 години.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-15.09.07

16 повредени од Кочани се праќаат дома, четири се критично - сега е фазата на инфекции, рече Таравари

16 лица од повредените во Кочани, ќе се пуштат на домашно лекување, додека 30 пациенти ќе останат на лекување во скопските клиники. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари, кој најави и враќање на осум пациенти кои се лекуваат во странство. Тој рече дека во Македонија, ќе бидат сместени во домашните клиники, па за ден два ќе бидат пуштени дома.„Четиири пациенти се покритични. Вчера беа пет, денес, се четири. Во фаза сме на инфекции кои можат да се јавуваат кај изгореници од трет и четврти степен. Се надеваме на најдоброто, колегите даваат максимум“, рече Таравари.Тој рече дека во следните две недели, очекувањата се да се вратат барем половина од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство.„На некои пациенти ќе им треба рехабилитација со недели, а на некои со месеци. Размислуваме кои се можните опции“, рече Таравари, прашан, како ќе се третираат пациентите на кои треба постојано да им се прават преврски на изгорениците.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-15.09.07

Пет повредени од Кочани се во критична состојба, девет пациенти кои се лекуваат во Македонија ќе бидат пуштени на домашно лекување од утре

Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари.„Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава. Во критична состојба продолжуваат да бидат околу пет пациенти. Седми ден е, нула починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се подобрува состојбата“, рече Таравари.Во Македонија има повеќе пациенти кои се на механичка вентилација.„Сите во Македонија се во стабилна и добра состојба“, додаде тој.

Македонија | пред 10 месеци

obid

(Видео) Една снимка, два деманти: „Кој е следен?“ тврдат дека се мета на лажни вести, собирот ниту на УКИМ не е откажан

Снимка на која се гледа како македонски студенти се консултираат со српски студенти, а се зборува за протести, се рашири на социјалните медиуми и дел од порталите. Пишувањата беа во насока дека токму од неа се гледа дека зад собирите по трагедијата во Кочани стојат политички актери, а не граѓани што сакаат правда. Но, набрзо по објавата, стигнаа два деманти - од кои едниот е од организацијата „Кој е следен?“ од каде посочија дека немаат поврзаност со студентски организации од надвор, како и дека се мета на лажни вести и манипулации. Вториот од НСС-УКИМ за кои протече информација дека го откажале утрешниот собир за во 13 часот, пред платото на УКИМ.Од снимката може да се види дека станува збор за онлајн сесија преку платформата „Зум“, која дел од порталите ја поврзуваат со организирање на протести по трагедијата во Кочани. Снимката трае речиси 14 минути, но на повеќе места е кратена, а во истата се слуша дека едно од лицата посочува: „Јас лично бев во партија“, па друг додава „Па и јас бев лично во партија, веќе не сум“. Потоа се слуша девојка која зборува на српски и вели: „Ако некој ти каже дека ти си од партија, ти не си никаков духовен водач. Проблем е ако вашите партиските личности го заземаат медиумскиот простор, и се наметнуваат како водачи“.На почетокот од снимката е ставен плакатот за повикот за протестот во Скопје, организиран од организацијата „Кој е следен?“. Тие велат дека немаат никаква поврзаност со тој повик, ниту се вклучени во какви било разговори за формирање на нови студентски организации. Децидни се дека немаат никаква поврзаност со лицата од снимката, а дека името на неформалната организација „Кој е следен?“ е злоупотребено. Собирот утре, во 18:59 на плоштадот во Скопје - ќе се одржи.„Доволно е да се погледне самата снимка – името ‘Кој е следен?’ не се споменува ниту еднаш, а нашето лого е аматерски и намерно вметнато во аголот на видеото. Нашата иницијатива е граѓанска и како таква нема намера да се вклучи во студентското организирање, ниту да го инструментализира“ велат од „Кој е следен? Наместо да одговорат на барањата за правда, одговорност и безбедност, тие се служат со провидни манипулации, лажни вести и медиумски спинови. Притисоците од лажни профили, пропагандни медиуми, како и од полициски и параполициски структури, само дополнително ќе ја зајакнат нашата волја. Оваа сурова пропаганда нема да не замолчи. Нема да дозволиме да се угуши секој млад, независен и слободен глас. Нема да дозволиме елитите да продолжат да не газат! Денес ние сме мета на манипулации и лажни вести. Кој е следен?“, прашуваат од неформалната роганизација.По дел од медиумите се објавија информации дека поради протекувањето на оваа снимка, нема да се одржи собирот на УКИМ закажан за утре (понеделник) во 13 часот. Ова беше демантирано.„Сакаме јавно да кажеме дека собирот не е откажан. Сите дезинформации што кружат се лажни и тенденциозни. Пленумот ќе се одржи како што е планирано: Понеделник, 13 часот, Платото на УКИМ“, стои во објавата.Собири, секојдневно се одржуваат и во Кочани.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-14.19.12

Над 40 кампањи за донации за Кочани се активни на „GoFundMe“, донирани се над 200.000 долари; Д-р Лазаров: Кој ќе одговара за париве?!

Над 40 кампањи за донации се активни на платоформата „GoFundMe“, а сите за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Досега, се собрани преку 200.000 долари и се се уште активни. Сите кампањи се креирани од различни организатори, а на истите, има илјадници донатори.[caption id="attachment_325053" align="alignnone" width="1301"] Screenshot[/caption][caption id="attachment_325054" align="alignnone" width="1327"] Screenshot[/caption][caption id="attachment_325055" align="alignnone" width="1203"] Screenshot[/caption]За ова на социјалните мрежи реагираше и Ненад Лазаров, доктор и еден од основачите на македонската платформа за донации „Ecrow“.„Дали е нормално на GoFundMe да има 42 парaлени кампањи за настраданите во Кочани, собрани се преку 240.000 евра...Кој ќе одговара за париве, за нивен трансфер, како ќе знавршат таму за каде се собрани, зошто и од која потреба се создава хаос ваков? Апосолутно НЕ Е ВО РЕД 99% од дискусијата за карастрофата да се сведе за финансии и некаква си неоправдана недоверба секој кон секого на само 7 дена од несреќата... Неколку изолирани случаи каде фалеше помош која верувам до моментов се помогна и таму, се друго е непотребна драма и дигање паника, за на крај да направите дел од настраданите да добија 5 пати помош а некој ниту еднаш“, напиша тој.Ако се разгледаат донациите, има хуманитарци кои донираат и по илјада долари одеднаш.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot_59

Ќерката на загинатиот Андреј од ДНК до мајка ѝ: Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене…

Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на загинатиот Андреј од ДНК, со емотивна објава на „Инстаграм“, за зборовите на нејзината 10-годишна ќерка. Таа посочува дека девојчето за седум дена, пораснало како за седум години.„'Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене…' Јана за 7 дена порасна како за 7 години“, напиша Ѓорѓиеска.Андреја Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК, го жртвуваше својот живот за да спаси други деца кои беа на нивниот настап во дискотеката во Кочани, кога се случи трагичниот пожар во кој загинаа 59 лица, а 197 беа повредени. Очевидцидека тој успеал да излезе од дискотеката кога се случил пожарот, но се вратил за да помогне и не успеал да се извлече.Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак и ќеркичката Јана.Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак и ќеркичката Јана.

Коментари | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања