ПУЛС

Screenshot-2025-04-01-at-11.30.38

(Видео) „Прекината младост“ - ХРТ направи документарец за Кочани и праша: Дали Македонија има сила да се ослободи од оковите на корупцијата што ја заробија земјата и доведоа до невидена трагедија?

Екипата на Лабиринта од ХРТ беше на местото по една од најстрашните трагедии што ја погоди Македонија, кога во ноќниот клуб во Кочани загинаа 59 млади луѓе на возраст од 14 до 26 години, а повеќе од 150 беа повредени.„Растргнати меѓу страшната тага, болка и страв, Кочани ги оплакуваат членовите на семејството, пријателите и соселаните. Наместо да ја живеат својата младост, оние чии животи во град во кој сите се познаваат, испреплетени во текот на животот, а сега во смртта, го најдоа своето последно почивалиште на локалните гробишта. Дали Македонија има сила да се ослободи од оковите на корупцијата што ја заробија земјата и доведоа до невидена трагедија во која загинаа една генерација млади луѓе? За системот кој ја хранеше корупцијата и доведе до страшна несреќа, ненадоместливи загуби и гревот на неработењето, погледнете ја емисијата Кочани-прекината младост“, објави Лабиринта.

Македонија | пред 10 месеци

taravari-1

Сто повредени од дискотеката во Кочани и натаму на лекување, тројца се критични

Од 193 лица повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остануваат само 100 на лекување во домашните и странските болници. 80 пациенти се лекуваат надвор од државата, а двајца се враќаат денес.Министерот за здравство, Арбен Таравари, посочи дека тројца од повредените се во критична состојба, што значи дека едно лице е во подобра состојба.„Еден од критичните пациенти е многу подобар. Кај некои од пациентите има флуктуација во здравствената состојба“, посочи Таравари.Таравари кажа дека очекуваат враќање на повеќе пациенти од странските болници во текот на неделата. Денеска пак, се враќаат двајца пациенти - од болниците во Полска и Шведска.„Очекуваме да се вратат полесните пациенти оваа недела“, рече Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

puls-2

Шест од повредените во Кочани вратени од странските болници, на шест лица им е пресадена кожа во Македонија

Шест пациенти го завршија лекувањето во странство и се враќаат во државата. Пет од нив се лекуваа во Србија, а еден во Италија. Пациентите ќе бидат примени на клиниките каде се лекувале пред да бидат транспортирани во странство. Таму ќе бидат задржани за тријажа, по што, ако нивната состојба дозволува, ќе бидат пуштени на домашно лекување.Според информациите на МЗ, кај дел од пациентите што се лекуваат во странство има подобрување, но неколкумина се уште се интубирани и се наоѓаат во потешка здравствена состојба.Во скопските болници се лекуваат 16 пациенти, кои се во добра општа состојба. По шест пациенти се сместени во болницата „8 Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а во приватните болници има четири пациенти. Кај 6 пациенти кои се на лекување во хируршката клиника Св. Наум Охридски веќе е извршена трансплатација на кожа.Од Министерството за здравство велат дека ја следат состојбата на повредените пациенти, како и дека се посветени на обезбедување на повредените од несреќата во Кочани.Од странските болници доаѓа и понудата за помош, доколку е потребна подолга рехабилитација на потешките пациенти. Во наредните денови, министерот за здравство, Арбен Таравари ќе каже каде би можело да се сместат овие пациенти.

Македонија | пред 10 месеци

puls-35-1

Ова е состојбата на повредените од дискотеката во Кочани

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба.Од нив по 6 се во стара градска и ГОБ 8 Септември и 4 во клинички центар.На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба.Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.Кај останатите пациенти состојбата е непроменета од вчера. За денес нема најава за враќање други пациенти од странство.Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во комуникација со медицинските тимови во земјата и странство и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

Македонија | пред 10 месеци

jovan151

Со маса скршив прозорец, па прскав со вода внатре, потоа се намокрив и влегов во „Пулс“, младиот Јован од Виница за првпат раскажа за кобната вечер

„Од внатре, сè што можев да слушнам беа девојчиња како врескаат. Ја фатив масата, го скршив прозорецот и почнав да прскам вода внатре со цревото. Тие внатре врескаа, а ние ги прскавме со вода најмалку 2-3 минути.Ова го раскажува 19-годишниот Јован, кој стана еден од хероите на трагичната ноќ во дискотеката Пулс. Младиот човек ги опишува драматичните моменти во кои, ризикувајќи го сопствениот живот, се обидел да им помогне на настраданите.„Влегов низ прозорецот на билетарницата, каде што лежеа четири или пет лица. Вратата беше блокирана од натрупаните тела. Ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме еден по еден, прво оние одозгора. Сите врескаа од болки бидејќи имаа тешки изгореници. Некои веќе беа во несвест. Отпрвин, луѓето кои беа свесни излегоа побргу, а потоа паднаа само оние кои беа густи, а потоа паднаа се случи неколку пати“, вели Јован.По уште една спасувачка операција на младиот човек му се слошило.„Почнав да ми се врти и мачнина од глетката, од сите што врескаа и плачеа, и од оние кои беа целосно изгорени. Излегов надвор да земам воздух и паднав на колена. За среќа, во близина имаше луѓе кои ми помогнаа, ме испрскаа со вода и малку се опоравив“, продолжува тој.Јован и во тешка состојба не престана да помага.„Девојка лежеше на страна и се тресеше, а некој викаше дека го голтнала јазикот. Се обидов да и помогнам, и го извадив јазикот, иако никогаш претходно не го правев тоа. Набрзо дојдоа лекарите и ја одведоа.По сето ова Јован се качил во автомобил каде имало уште две повредени лица изгорени и онесвестени.“Главите им ги држев исправено за да не го голтнат јазикот. Лекарите веднаш ги однесоа во болница и им дадоа кислород. Но, таму беше вистински хаос”, го завршува своето драматично сведоштво 19-годишниот херој.

Македонија | пред 10 месеци

puls-35-1

Влошена состојбата на двајца повредени од Кочани кои се во странство, пет се испишани од скопските болници, двајца се враќаат од странство

Пет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани заминуваат на домашно лекување, двајца пак, се враќаат од странство. Четворица пациенти се критични, од кои, кај двајца има влошување на состојбата. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари.Таравари вели дека за пациентите кои се надвор од државата има кои се интубирани и во тешка, но не и живото загрозувачка состојба. Многу се префрлени на одделенија за понатамошен третман. За пациентите, пак, кои се веќе на домашно лекување, тимови од лекари ќе одат во Кочани за контрола и се што ќе им биде потребно.„Се уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животнозагрижувачка состојба“, рече Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-28-at-17.30.24

Во дискотеката загина и ќерката на единствената жена пожарникар во Кочани; Колегите: Дадовме и повеќе од што можевме како помош

Ќерката на единствената жена пожарникар во Кочани, загина во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ивона Атова, имаше 21 година, не успеа да се спаси. Таа е нејзина ќерка единец.„Црна се чума зададе - Кочани по 16.03.2025 повеќе не е ист град и нема да биде. Со силен трепет, голем шок и длабока тага конечно собравме малку сили да ви се обратиме. Ова е најтешката и најтажната објава во историјата на ДПД Кочани која ја пишуваме со солзи во очите и грутка во градите. Како и многупати досега, така и на 16.03.2025 година иако опструирани и маргинализирани од повеќе страни во последен период, одново бевме на браникот на Кочани. И покрај се, кога е тешко и покрај сите околности од пиџами и буквално од кревет десетина наши членови со две возила на ДПД Кочани скокна во очи на огинот. Онака во наш стил, волонтерски, со чиста душа и силен адреналин да се помогне каде што може.Дадовме и повеќе од што можевме како помош за ТППЕ, МВР и Брзата помош кои со нивната оскудна опрема и лимитиран капацитет се бореа со МОНСТРУОЗНАТА ТРАГЕДИЈА од светски карактер која не задеси. Сцените кои ги затекнавме вечно ќе бидат врежани, а секој од нас загуби по некој близок, познаник, пријател, другар а нашите членови, сопружниците Тоше и Стојка го загубија најмилото – ќерката единец Ивона. Изразуваме искрено сочувство во ови болни и тешки моменти за сите жртви и оние кои се борат за живот. Вечна им слава!“, напишаа од Доброволното противпожарно друштво во Кочани.

Коментари | пред 10 месеци

puls-6

Добри вести и за критичните пациенти од повредените во „Пулс“: девет лица се враќаат од странаство, осум се пушаат од скопските болници

Осум повредени од дискотеката „Пулс“ ќе бидат пуштени на домашно лекување, а девет кои се лекуваат во странство се враќаат денеска. На клиниките во Скопје ќе останат 22 пациенти, а во странство остануваат 99 пациенти.„И за критичните пациенти добиваме добри вести, дека иако се во тешка состојба, се во подобрена состојба од вчера. Оптимисти сме дека и тие ќе е подобруваат, иако треба да бидеме внимателни за да нема други евентуални компилации“, рече Таравари и додаде: „За пациентите за кои се загриживме, одредени лабораторски анализи покажаа дека има подобрувања, се уште се критични но подобри во однос на вчера. Подобри, ама во нестабилна и критична состојба“.Утре сигурно се враќаат плус двајца пациенти.

Македонија | пред 10 месеци

jovan151

„Алкалоид“ му додели стипендија на Јован кој спаси 21 живот во Кочани и донираше 250.000 евра за настраданите

Компанијата „Алкалоид“ му додели стипендија на 19-годишниот средношколец Јован Костадинов од Виница, кој во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ спаси 21 лице. Јован во наредните четири години ќе добива стипенција за студии од „Алкалоид“ во висина од 18.000 денари месечно.Јован е матурант, во средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница.Тој при пожарот во кој загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени, ставил мокра маица на уста и нос и влегол во дискотеката за да ги спасува младите луѓе.„Алкалоид“ вчера соопшти дека донира 15 милиони денари (250.000 евра) за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства во трагедија во Кочани. Парите се уплатени во фондот на Црвениот крст.„Сакаме да искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во клучните моменти од животоспасувачката мисија. Алкалоид АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија со производи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрај горенаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност на Црвениот крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка“, велат од „Алкалоид“.

Македонија | пред 10 месеци

ivan-ivanvoski

(Видео) Родител од Анкара дојде во Кочани да остави полномошно да продава имот, дај Боже да не е точно, вели Ивановски кој зборуваше за донациите за Кочани

Има многу суперхерои кои вечерта кога избил пожарот, биле дома, но станале и излегле да помогнат, а сега доаѓаат да помагаат во „SupportKocani“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата.„Оделе таму за да помагаат. Луѓе со гас маски дошле, влегле внатре свесно во огин за да ги вадат луѓето. Некои од тие што влегле да ги спасуваат другарите се починати. Ќе го споменам Александар кој ми е колега. Тој раскажа како отишле до шанкот да пијат шотови, а шанкот е поблиску до излезот. Кога почнал пожарот излегол. Па се враќале назад да помогнат“, рече Ивановски.Тој посочува дека луѓето во градот, не се истите луѓе. Во „Претрес“ зборуваше за дискотеката, но и за тоа дека никој не ја гледал како изгледа од задниот дел, додека за внатре, посочува дека била посредена од многу други дискотеки. Во делот на безбедноста – не ни претпоставувале дека може е ваква состојбата.„Кочани е како воена зона. Повеќето можеби тоа не го осеќаат. Според сите работи кои ги правиме, не можам да ви опишам колкава е таа катастрофа моментално“, додаде тој.Посочи дека семејствата во очај, продаваат имот за да си ги спасат децата. Вели дека државата им помага за сите трошоци на семејствата, но процедурите за исплата се долги, па оттука, се јавува стравот кај поединци кои имаат повредени лица.„Вчера, еден родител, чие дете е во Анкара, дојде во Кочани за да остави полномошно да ги продадат сите автомобили, станот во Скопје, сѐ. Државата точно е, ќе покрие сѐ.. Дај Боже да не е точно, ама кај него, вика дека има шанси детето да остане слепо од пожарот бидејќи му е зафатено цело лице и му кажувале дека треба приватен доктор треба да донесе за операција за очите, пошто тоа е специјализирана болница за очи. Ова се неофицијални информации кои мене ми ги пренесоа“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата „SupportKocani“ кои собираат.РАЗГОВОРОТ:?t=4324

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-27-at-13.19.10

Мелемите за изгореници може да не се стерилни, а раните можат се инфицираат во секоја фаза додека зараснат, алармира д-р Павловска од Пластична хирургија

На социјалните медиуми се продаваат мелеми за изгореници, но не знаеме дали се стерилни, а раните мора да се третираат соодветно, посочи Јасмина Ѓоргиевска Павловска директорка и докторка на Клиниката за пластична хирургија. Таа посочи дека треба да се внимава, посочувајќи дека инфекции може да се појават во секоја фаза додека има рани.„За инфекции не може никој да каже, тоа може да го има во секоја фаза додека не зарасне раната. Првиот и вториот пик се релативно стабилни и без големи инфекции. Од втор степен изгорениците, се речиси и целосно зараснати. Времето ќе покаже, ќе видиме. Вчера некој ми рече дека има мелени кои се продаваат на социјалните мрежи - не знаеме од кое потекло се, дали се стерилни или не се стерилни. Затоа праќаме групи од доктори, за да пациентите се третираат со стерилни материјали, во стерилни услови, за инфекциите да ги сведеме на минимум“, рече Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорка и докторка на Клиниката за пластична хирургија.Таа додаде дека во болницата во Кочани има услови за третирање на пациентите, а дека тоа што недостасува од материјали, ќе биде доставено.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-27-at-13.10.58

Се враќаат осум пациенти од лекување, девет се пуштени од болниците во Скопје, четирите критични имаат подобрувања, вели Таравари

Од 24 пациенти повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, девет ќе бидат испишани од болница. Тие се во стабилна и добра состојба.Вчера се вратија пет пациенти од надвор од државата. Еден од Атина и четири од Шпанија. Надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денеска се најавени да се вратат осум пациенти. Два во Белгија, два во Турција, два во Австраија и два во Хрватска. Од утре, остануваат 101 пациент на лекување.„Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат“, рече минситерот за здравство, Арбен Таравари.Тој посочи дека четири пациенти и натаму се во тешка состојба, но подобро, од тоа што биле претходните денови.„Денеска се малку подобри вестите, тие критични се малку подобро од вчера, но се во релативно тешка здравствена состојба“, додаде Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

pozar1

(Видео) Нова снимка од дискотеката сведочи за евакуацијата, врисоците и повиците да се излегува надвор

Нова снимка која трае 25 секунди покажува каква гужва, која резултирала со стампедо, настанала во моментот кога се запали дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во првите секунди од снимката. дел од присутните се уште стојат и не го напуштаат објектот, а дел од нив (како и креаторот на снимката) снимаат. За тоа време, пожарот се шири.Веќе околу 20-та секунда од снимката, се слушаат и врисоци, но и коментар: „Излавај (излегувај), излавајте (излегувајте)“.Веќе беше посочено дека голем дел од загинатите, но и повредените, биле потиснати од стампедото кое се створило на првата врата за излез од клубот. На последните секунди од снимката, може да се види и тесниот пролаз, низ кои поминувале над 600 лица, за да стигнат надвор.Реконструкцијата на случувањата:

Македонија | пред 10 месеци

puls-40

Двајцата поранешни градоначалници на Кочани пуштени во киќен протвор

“Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор. За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор”, велат од Обвинителството за притворите на осомничените за пожарот во дискотеката Пулс каде загинаа 59 лица.За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, ОЈО Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен притвор.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-26-at-10.20.58

Повредениот од „Пулс“ кој се врати од лекување: Раната на душата ќе крвари до крај на животот

Дарко Стојанов, кој вчера се врати од лекувањето во Србија, а по повредите кои ги имаше вопожарот во Кочани се огласи на социјалните мрежи. Тој вели дека болката во пеколот ја чувствува и тој, рана која нема да зарасне. Се заблагодари на докторите во Србија, за кои посочува дека му го спасиле животот.Неговата објава во целост:„Тој е првиот пациент кој беше на лекување во странство, а кој се врати дома. Стојанов се заблагодарува на целиот македонски народ, за како што вели, солидарноста, емпатијата и храброста која ја добива.-Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, раната на душата кој ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека овие херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Клиничкиот центар Србија. Моите деца сеуште имаат татко благодарение на докторите, и НЕВЕРОЈАТНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. БЛАГОДАРАМ СРПСКИ НАРОДЕ! Посакувам што побрзо закрепнување на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе. ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ, пишува Стојанов на Фејсбук.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања