ПУЛС

puls-8

Состобата на повредените од дискотеката во Кочани: Непроменета е состојбата на критичните пациенти, надвор од Македонија се лекуваат 68 пациенти

Од Министерството за здравство излегоа со информација за повредените во дискотеката “Пулс” во Кочани.Во целост:Во моментот во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде лицето има здравствено осигурување.Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите.Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.Во клиниките во Скопје се лекуваат 11 пациенти, од кои шест во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски", двајца на Клиниката за токсикологија, останува еден пациент на Клиниката за пластична хирургија, каде тројца се испишани на домашно лекување и двајца во ,,Систина".Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти.

Македонија | пред 9 месеци

puls-35-1

Непроменета е состојбата на повредените од „Пулс“ кои се во критични, докторите и натаму се борат за нивните животи

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета е и состојбата на пациентите во критична состојба.Во моментот, во установите во Скопје се лекуваат 15 пациенти и тоа:- Во Хируршка клиника ,,Св Наум Охридски"-6,-На Клиника за пластична хирургија -4 пациенти пристигнати синоќа од странство,-На Клиника за токсикологија има двајца пациенти (еден од претходно кој е префрлен од Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски" и еден кој ноќеска е дојден од Шпанија) и еден пациент е хоспитализиран на Клиника за пулмологија.-Во Систина се лекуваат двајца пациенти.Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба.Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјава и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-05-at-13.09.50

Мајка на маршот во Кочани: Едно прашање, кој го уби мојот ангел, кој го уби мојот херој, кој ги пеплоса тие ангелски лица?

По еден час молк, марширање, солзи и лелек, мајка на загината девојка од пред судот во Кочани постави прашање. Таа упати порака до правосудните институции, дека ќе чека одговор, кој и го скрати животот на нејзината ќерка која не успеа да се спаси од дискотеката „Пулс“, каде загинаа 60 лица, а почина и возач на Итната медицинска помош по 30-пати возење и разнесување на повредени.„Едно прашање, кој го уби мојот ангел, кој го уби мојот херој, кој ги пеплоса тие ангелски лица?“, рече мајка на загината девојка.Река од граѓани, облечени во црно, ги оплакуваат нивните согрѓани, роднини, пријатели.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-05-at-12.14.33

(Видео) Молк, плач, пораки: семејствата на загинатите порачаа дека коруптивниот систем им ги уби децата

Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините, со молчење и плачење тргнаа на марш за 60-те загинати во дискотеката „Пулс“. Тие порачаа дека е време да запре селективната правда, а на властите им порачаа дека коруптивниот систем ги уби нивните деца.Без да кажат збор, нивните пораки ги испратија преку транспаренти на кои пишува: „Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“.Од плоштадот во Кочани тие поминаа покрај кафулето на сопственикот на дискотеката „Пулс“ таму застанаа и молчеа во чест на загинатите. Оттука, одат кон Општина Кочани, седиштето на МВР во градот, како и Основниот суд.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-05-at-11.53.36

Преку петиција се бара ослободување на обезбедувачите во „Пулс“: Одговорноста е кај сопственикот, тие добивале наредби и немале избор

Петиција креирана на страницата „peticija.mk“, а преку која се бара ослободување на обезбедувачите на дискотеката „Пулс“ кои се осомничени во случајот, се споделува на социјалните мрежи. Преку неа, креаторите посочуваат дека тие ги слушале наредбите од сопственикот на дискотеката и не се одговорни за настаните. Ова доаѓа откако обезбедувачите добија притвори бидејќи спроед Обвинителството, вината што во дискотеката имало и малолетници, но и поголем број на гости од дозволеното е нивна вина.Ставајќи се во нивна кожа, не можеме ни да замислиме како им е во притвор, знаејќи дека ги ризикувале своите животи за да спасат над 80 невини души. Ние разбираме дека ситуацијата била многу комплицирана и тешка за сите вклучени, но овие лица не биле согласни со тоа да пуштаат малолетни лица во дискотеката. Тие дури и самите на неколку пати пријавувале дека внатре има малолетници (според јавното сведошто на еден од обезбедувањето), но за жал не се превземале никакви мерки. Наредбите биле такви што тие немале избор, освен да продолжат со работа, за да не го изгубат своето работно место. Со оглед на тоа што ги следеле наредбите на сопственикот на дискотеката, не може да се сметаат за одговорни за овие настани. Тие биле принудени да работат во тие услови, и треба да се земе во предвид нивната храброст и посветеност, како и нивната желба да спасат животи во ситуација кога и самите тие беа во опасност“, стои во дел од петоцијата.Потоа, се вели дека им се прави неправда.„Треба да биде јасно дека одговорноста за целата ситуација лежи на сопственикот на дискотеката, кој треба да одговара за сите незаконски активности во својата установа. И да не заборавиме, иако официјално се тврди дека шанкерот бил управител на фирмата, тоа не го прави виновен за сето случено, бидејќи неговата улога била во согласност со наредбите и условите кои им биле наметнати. Односно се работи за една наивна и невина душа, која не била свесна за последиците. Ние го повикуваме судот да ја разгледа ситуацијата од хуман и праведен аспект, и да донесе одлука која ќе ја одразува вистината и правдата. Овие лица заслужуваат да бидат ослободени, да продолжат со животите свои и да се фокусираат на понатамошното помагање и спасување на животи. Поддржете ја оваа петиција за ослободување и дозволете им на овие херои да ја продолжат својата борба за животите на другите“, додаваат во петицијата.Обезбедувачите се дел од обвинетите, покрај сопственикот на дискотеката, ексминистерот за економија и државниот секретар во министерството, ексдиректорите и вработени во Пазарна инспекција, полицајци, ексградоначалници на Кочани. 

Македонија | пред 9 месеци

puls-23

„Марш за ангелите”, протестен марш во Кочани за 60 загинати

Под мотото Марш за ангелите“ во 12 часот и 5 минути, ќе се одржи протестен марш во Кочани.Овој марш треба симболично да ја покаже задоцнетата институционална реакција, а го организираат семејствата на 60 те починати во трагичниот пожар. Собирно место е во Паркот на Револуцијата, по што граѓаните ќе се упатат кон Трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.„Маршот на семејствата на покојните не е за поддршка на обезбедувањето, единствено и исклучиво за почит спрема покојните и барање на правда“, стои во известувањето.Оние кои не го прифаќаат таквото укажување не мора да се приклучуваат.Другиот протестен марш под називот „Ваш профит – наши животи“ е закажан за во 15 часот и 59 минути и ќе има слична маршрута до институциите како и претходниот. Притоа, во најавата што беше објавена на социјалните мрежи, не е наведено кој го организира, само дека ќе се одржи викендов.

Македонија | пред 9 месеци

karadakovski

Тешки изгреници на главата и вратот, 90 отсто оштетени дишни патишта, откажани бубрези, се само дел од повредите на починатиот Карадаковски во „Пулс“

Александар Карадаковски, пациентот кој почина во Литванија како последица на пожарот во дискотеката „Пулс“ воКочани, имаше 29 години. Тој вториот ден по неговиот прием во болница, бил транспортиран во Литванија. Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“, рече дека тој имал тешки изгореници на главата, вратот, екстремитетите уште пред да биде испратен на лекување во странство.„Во текот на денот дојде до влошување на состојбата, попладнето беше потребна механичка вентилација односно интубација. Изгорениците не беа мали, вкупната површина беше 36 отсто, претежно на горните екстремитети, главата и вратот. Со длабочина од втор и трет степен. И заради оној дел од пламенот, од чадовите кои ги вдишал, дошло до оштетување на внатрешните дишни органи. Оштетено беше голем дел од дишното стебло, затоа се влошила состојбата. Тоа довело до подлегнување на повредите. Пациентот 24 часа по приемот, со медицински авион беше префрлен во Литванија. Мора да бидеме свесни дека поголемите изгореници и повреди, не секогаш ќе завршат добро“, рече Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“.Таравари рече дека раните од втор и трет степен отвориле простор за инфекции.„Испратен беше на 17 март, втор ден по трагедијата во Кочани. Имаше 29 години. Тој беше најтешкиот пациент. На 1 април му откажаа бубрезите, беше ставен на дијализа. Имаше температура, рани. Раните од втор и трет степен отвора простор за инфекции“, рече Таравари.Карадаковски беше и осомничен како управител на хартија, на фирмата „ММММ Кафе ДООЕЛ“ под која функционирала дискотеката „Пулс“. Обвинителството ја запре постапката, а тој стана жртва на пожарот.

Македонија | пред 10 месеци

puls-35

Уште три повредени од „Пулс“ се во тешка состојба, Таравари: Многу се критично, се надеваме дека ќе оди на подобро

Министерот за здравство, Арбен Таравар, кажа дека и натаму, тројца пациенти се во критична состојба. За нив рече: „Да се надеваме дека ќе оди на добро, ама состојбата за нив е многу критична“.Таравари посочи дека другите пациенти се во добра состојба. Пет се испишуваат од скопските болници, а шест се враќаат назад од лекувањето во странство.„Од 14 пациенти, пет ќе бидат испишани да се лекуваат дома. Девет остануваат во болниците во Скопје. Денеска се враќаат шест пациенти, два од Бугарија, два од Шпанија, два од Унгарија. Стабилни се и добри. Ќе се лекуваат уште 24 часа во нашите болници и ќе бидат пуштени на домашно лекување. Надвор од државата остануваат 69 пациенти од кои три се во критична и нестабилна состојба. 118 пациенти се во домашни услови и добри се“, рече Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-17.57.07

Карадаковски бил во најтешка состојба: Таравари вели дка 60-та жртва на пожарот имала влошувања откако му откажале и бубрезите

Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека Александар Карадаковски, кој е 60-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, бил најкритичниот пациент кој бил на лекување. Нему, му откажале и бубрезите при лекувањето.„За жал, утрово, пред два часа, ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија, кој беше од тие четири пациенти, најкритичниот. Од први април му откажаа и бубрезите, беше ставен на дијализа, утрово ја добив информацијата дека починал“, рече Таравари.„Пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја добив поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и да ни се вратат во државата“, додаде Таравари.Според информациите од Таравари, во критична и лоша состојба се уште тројца пацинети. Кај нив, повремено се забележуваат подобрувања, но и влошувања на состојбата.За Карадаковски е познато дека беше осомничен од страна на Обвинителството кое води предмет за сите причинско-последични врски поврзани со пожарот. Тој е и управител на правното лице „ММММ кафе ДООЕЛ“, но само на хартија, бидејќи во реалноста, бил шанкер.

Македонија | пред 10 месеци

puls-karadaovski

Дискотеката „Пулс“ ја зеде 60-та жртва: Почина Карадаковски кој се лекуваше во Литванија, управител на хартија - во реалност шанкер

Александар Карадаковски е 60-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој кобната вечер беше во дискотеката, по што беше донесен на лекување во скопските клиники и на крајот поради сериозноста на состојбата го префрлија на лекување во болница во Литванија. Неговата состојба се влошила, по што, докторите не можеле да го спасат.За Карадаковски е познато дека е осомничен од страна на Обвинителството кое води предмет за сите причинско-последични врски поврзани со пожарот. Тој е и управител на правното лице „ММММ кафе ДООЕЛ“, но само на хартија, бидејќи во реалноста, бил шанкер.За него се собираа и донации, исто како и за останатите повредени, со цел, поефикасно и побрзо лекување како во странските, така и во домашните клиники.Деталите за тоа како течело неговото лекување, ќе ги соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари, денесна попладне.

Македонија | пред 10 месеци

puls-35-1

Еден пациент од Австрија се враќа денес во државата - странски тимови за рехабилитација се пристигнати во нашите центри

Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава, по што согласно протоколите ќе биде задржан под 24-часовен надзор. Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови.Инаку, во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања ќе биде пуштен на домашно лекување.Во моментов на оваа Клиника се хоспитализирани тројца пациенти.Во изминатото деноноќие нема згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија.Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 3 пациенти, а во Хируршката клиника Свети Наум остануваат 6 пациенти кои се хоспитализирани на одделение.На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациени, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници.Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за секој еден од пациент од повредените од несреќата во Кочани....

Македонија | пред 10 месеци

dnk-andrej

(Фото) Пријател на Андреј од ДНК: Фалиш, болиш, немам солзи да те исплачам, нема сила да издржам

Антонио Наумоски, близок пријател на Андреј од ДНК, е скршен од болка по трагедијата во Кочани. Ги истетовира стиховите од хитот на бендот, во кои стои „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и датумот на трагедијата 16.03.2025 година.„Брате мој.. Ова е само еден почеток на многу работи што следуваат… ќе дадам се од себе да го продолжам твојот пат што те правеше најсреќен а тоа е хуманоста! Нема да застанам!!! Болиш! Фалиш! Немам солзи да те исплачам! Немам сила да издржам! Те сакам брате мој Андреј“, стои во објавата.Тој најави и хуманитарен настан.„Сакам да ви го најавам хуманитарниот настан на 26ти Април во @break_time.skopje со почеток од 12:00 до 21:00.1. Со секоја купена маичка донирате 500 денари за настраданите.2. Забрането е секакво давање на пари на поединци!3. Ќе има кутија на самиот настан и ќе го запазите редот односно прво донирате 500денари во кутија па добивате маичка.4. Секој оној кој сака да донира дополнително пари за маички може да го направи истото до 06 Април. (Ќе си добие сметка од фирмата за уплата на маици)5. На самиот настан ќе имаме и дел од повредените од Кочани како специјални гости.6. Сите собрани средства ќе бидат предадени на @supportkocani7. По завршување на настанот секоја фирма ќе потполни изјава за собраните средства и дополнително и транспарентно ќе се објави.8. Сакам да изразам голема благодарност до сите фирми кои ми помогнаа.9. Сакам да изразам и посебна благодарност до неговата сопруга што го поддржа овој настан.10. Поради големата заинтересираност до моментов има нарачано 800маици“, стои во објавата.

Македонија | пред 10 месеци

puls-40

Тројца пациенти повредени во кочанската дискотека денеска се враќаат од Шведска и Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќање од Полска, истиот денеска се пушта на домашно лекување. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника Св.Наум Охридски 6 пациенти.Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца пациенти.Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

Македонија | пред 10 месеци

puls-5

Повеќе не смее да се користи пиротехника во затворен простор, одлучија пратениците по трагедијата и го сменија законот

Повеќе не смее да се користи пиротехника во затворени простории. Ова е законското решение кое го изгласаа 87 пратеници во Собранието, а по трагедијата во Кочани каде загинаа 59 лица, а 197 беа повредени. Измените на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ и донесени по скратена постапка. Во нив се регулираше токму ова прашање.„Констатиравме многу пропусти кои треба да се надминат за да нема импровизации кои ќе резултираат со вакви хаварии и несреќи“, кажа Јаревски.Со измените на законот, двојно се зголемени глобите за прекршителите доколку не се почитува забраната. Доколку прекршокот се повтори, се предвидува и затворска казна.

Македонија | пред 10 месеци

puls-35-1

Распити и вештачења се прават за да се утврди вина кај секој осомничен за работата на „дискотеката на смртта“

Распити и вештачења се прават за да се утврди вина кај секој што имал инволивраност во работата на дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Обвинителството, каде тим од 11 обвинители работи само на овој предмет.„Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази. Такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска. Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите обвинителството не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите“, велат од Обвинителството.Помина речиси половина месец откако Обвинителството ги презеде првите дејствија, а по пожарот во „Пулс“ каде загинаа 59 лица, а 197 беа повредени. Во притвор се 24 лица под сомнение дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив ексминистерот за економија Крешник Бектеши, ексдиректори на Пазарната инспекција, сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко, вработени во Министерството за економија, поранешната државна секретарка. Под истрага се и седум полициски службеници за кои се води засебна постапка во Обвинителството за гонење организинра криминал и корпуција.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања