ПУЛС

driton-kuki

Амбасадорот осомничен по пожарот во „Пулс“ се врати во Македонија - се бараат мерки на претпазливост

Актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Куќи, се врати во Македонија. Обвинителството посочува дека за него се бараат мерки за обезбедување на присуство, додека се води постапката. Тој е последниот 19-ти осомничен во проширената истрага.„Основното јавно обвинителство Кочани денеска до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого беше проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека 'Пулс'“, вели Обвинителството.Претходно, ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири добија куќен притвор, додека ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, Шабан Салиу доби ефективен притвор. Ова се само дел од изречените мерки за новоосомничените за пожарот во кочанската дискотека, по проширшувањето на истрагата. Освен Салиу, уште три други лица добиле притвор, а Обвинителството не открива кои функции ги имале. Со Сарачини и Незири, притвор добија и други четири лица. Останатите осум осомничени – имаат мерки на претпазливост.Се води истрага 47 лица, и три правни лица.„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.Мерките на претпазливост се одредуваат поради опасност од бегство.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-13-at-17.04.40

Сарачини и Незири во куќен притвор, ексдиректорот на ДЗС и актуелен министер доби ефективен притвор

Ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири добија куќен притвор, додека ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, Шабан Салиу доби ефективен притвор. Ова се само дел од изречените мерки за новоосомничените за пожарот во кочанската дискотека, по проширшувањето на истрагата. Освен Салиу, уште три други лица добиле притвор, а Обвинителството не открива кои функции ги имале. Со Сарачини и Незири, притвор добија и други четири лица. Останатите осум осомничени - имаат мерки на претпазливост.За актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Куќи, засега нема мерки. Тој најави дека се враќа во Македонија, откако доби статус на осомничен. Став беше побаран и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој рече: „Согласно тоа што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека за кратко време ќе биде достапно на институциите во Македонија“, рече Тошковски.Се води истрага 47 лица, и три правни лица.„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.Мерките на претпазливост се одредуваат поради опасност од бегство.

Македонија | пред 9 месеци

kocevski-5135

(Видео) Коцевски контра Коцевски?

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, вели дека обвинителите кои го работат предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, не можат да гонат директори само заради тоа што имале функција додека објектот работел. Ова го кажа во одговор на прашање, зошто во истрагата не е опфатен актуелниот директор на Државниот пазарен инспекторат, во чиј мандат клубот работи со фалсификувана лиценца. Во следната реченица, вели дека двајца поранешни инспектори на ДПИ се предмет на истрага, цитираме: „пред сѐ поради околноста што и нивниот мандат се врзува со периодот кога клубот работел со фалсификувана лиценца“.„Законот не ни дава основ да гониме само затоа што некој бил директор во одреден временски период. Ова важи и за сегашните и за минатите директори, кај кои не се утврдени пропусти кои упатуваат на основано сомнение дека сториле кривично дело“, рече Коцевски.Потоа, посочи дека двајцата поранешни директори на Пазарен инспекторат, се осомничени, како што рече, пред сѐ поради тоа што директорувале додека клубот работел.„За двајцата поранешни директори на Државен пазарен инспекторат, кои од претходно се истражуваат, проверките продолжуваат, пред сѐ поради околноста што и нивниот мандат се врзува со периодот кога клубот работел со фалсификувана лиценца, како и со неколку други лиценци кои се предмет на проверка“, вели Коцевски, кој не посочи дека тие преземале или непреземале дејствија со кои го прекршиле законот.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-13-at-12.46.05

Амбасадорот во Норвешка осомничен за пожарот во „Пулс“ најави враќање во Македонија, Тошковски очекува за кратко да биде достапен

Актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Куќи, е еден од 19 осомничени во проширената истрага на ОЈО за пожарот во дискотеката во Кочани. Од МНР бил повикан на информативна средба, а тој најави дека ќе се врати.„Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба. Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки. Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам. Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!“, напиша Кучи на ФБ.Амбасадор е од 2020 година. Доктор е по уставно право, доцент на Државниот универзитет во Тетово. Таму предавал уставно право, политички систем и уставно споредбено право. Работел во Агенцијата за супервизија на осигурување, а бил министер за економија ов 2016 до 2018 година.Став беше побаран и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој рече: „Согласно тоа што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека за кратко време ќе биде достапно на институциите во Македонија“, рече Тошковски.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-13-at-12.04.54

(Видео) Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани

Тринаесет обвинили работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани. Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека за пожарот под истрага се сопственици, менаџери, корисниците на пиротехниката, обезбедувачите. За континуираните пропусти кои допринеле клубот да работи без да исполнува услови, осомничени се ексминистри, поранешни и сегашни директори, инспектори, поранешни градоначалници. Коцевски рече дека барале мерки за обезбедување за 19-те новоосомничени лица.„За четворица се бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување на комуникација, а за уште седум лица се бараат мерки на претпазливост, а еден осомничен не е ни во Македонија. Се испитуваа повеќе линии на одговорнсот“, рече Коцевски.„Покрај тројцата градоначалници, основани сомненија има за пропусти и кај тројца градежни инспектори (од општина Кочани) кои не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот, кој незаконски бил пренаменет во угостителски објект“, рече Коцевски.Од Дирекцијата за заштита и спасување, осомничени се три лица, бидејќи низ годините ниту еднаш не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор, рече Коцевски.„Со своето неизвршување на должностите, спротивно на јавниот интерес, граѓаните ги изложиле на опасност по нивното здравје и живот“, додаде Коцевски.Коцевски посочи дека осомничени се двајца државни секретари, министер за економија и три службени лица кои работеле во сектор за угостителство и туризам кои работеле во Министерството за економија.„Овозможиле „Пулс“ да добие лиценци и незаконски да продолжи да врши угостителска дејност“, додаде Коцевски и рече: „Актуелниот министер за економија не е опфатен оти сопственикот не иницирал постапка за лиценца“.Четири инспектори од Пазарна инспекција се исто така осомничени.„Претходно, осомничени се и други три службени лица-инспектори. Проверките за директорите на Пазарната инспекција продолжуваат, бидејќи во нивни мандат работел клубот со фалсификувана лиценца, како и други лиценци кои се проверуваат“, додаде Коцевски.Се води истрага 47 лица, и три правни лица.„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.

Македонија | пред 9 месеци

gorgi-gorgiev1111-860x572-1

Од гробот на тапанарот на ДНК, Ѓорги, крадени предмети оставени во негов спомен

Фатени се две лица кои два дена краделе предмети оставени на гробишта, во спомен на загинатиот тапанар од ДНК, Ѓорги Ѓоргиев, кој не успеа да се спаси од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ги фатил таткото на Ѓоргиев, а потоа и МВР. Тие не можат да бидат гонети од државата поради вредноста на предметите, но тоа можат да го направат од семејството со приватна тужба.„Тато ги фати сине, два дена седеше цел ден да ги чека, ама успеа. Успеа сине како што успеа да ве направи најпристојните деца“, напиша мајката на Ѓорги во коментар на социјалните мрежи.Двете лица се од струмичка Баница. Од МВР велат дека постапувале по пријавата од таткото на Ѓорги.„Во полициската станица Струмица Д.Ѓ.(46) од Струмица пријавил дека од надгробно место на неговиот покоен син лоцирано на Градските гробишта во Струмица биле одземени украси и други предмети. По преземените мерки од СВР Струмица се откриени сторителите на делото, при што е утврдено дека се работи за лицата В.С.(61) и Т.С.(60) и двајцата од село Баница, струмичко“, велат од МВР.За тоа кои се сторителите, известено е семејството, кои според законот, можат да покренат и тужба против нив.

Македонија | пред 9 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Нови 19 осомничени за пожарот во Кочани, меѓу нив инспектори, министри, скеретари, директори

Основното јавно обвинителство Кочани денеска донесе Наредба со која ја прошири истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери. Меѓу новите осомничени се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри за економија, државни секретари и други службени лица од тоа министерство, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат.Постојат сомненија дека нивните незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабаре КЛУБ ПУЛС во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Како резултат на тоа, при користење на пиротехнички средства на 16.03.2025 година за време на настапот на музичката група ДНК, бил предизвикан пожар во кој настапила смрт на 61 лице меѓу кои 6 деца, а биле повредени уште 197 лица од кои 25 деца.До крајот на денов, Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд во Кочани ќе достави предлози за определување соодветни мерки за обезбедување на присуството на секој од новоосомничените.Со ова, до овој момент, кочанското обвинителство во врска со пожарот поведе истрага против вкупно 45 физички и три правни лица. Еден од нив, по отворањето на истрагата почина како последица на повредите здобиени во пожарот и од тие причини, по целосно прибавување на медицинската документација, постапката за него ќе биде запрена“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

За пожарот во Кочани: Приведени двајца поранешни министри, поранешен и актуелен директор

Уште четири лица со или кои биле на функции се приведени во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 61 лице. Приведени се ексминситрите Ваљон Сарачини кој раководел со Министерството за економија од 2011 до 2014, односно моментите кога „Пулс“ првпат добива дозвола во 2012 година. Потоа, уапсен е и неговиот наследник Беким Незири, во чие време исто така „Пулс“ работела. Освен нив, приведени се и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу кој сега е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, како и моменталниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кој доаѓа од редовите на Вреди.„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“, велат од Обвинителството.Порталот „360 степени јавува дека „истрагата се проширува за 23 нови осомничени“. Информацијата досега не е потврдена од МВР и Обвинителството. Пред ова, осомничени беа 17 лица, од кои три добија куќен притвор, другите се во ефективен притвор. Најголем дел се лица кои што биле вклучени во издавањето на лиценцата - ексминистри, ексградоначалници, инспектори. Осомничени се и полициски службеници за кои се води засебна постапка - седум од нив се во притвор. Другите се сопственикот на дискотеката, обезбедувачите на објектот.

Македонија | пред 9 месеци

puls-10

Обвинителството предлага куќен пртивор за обезбедувач на кочанската дискотека и ексдиректорот на Пазарна инспекција

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување - притвор и куќен притворза сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.„Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката“, велат од Обвинителството.Тие додаваат: „Во исто време, продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука“.

Македонија | пред 9 месеци

puls-35

Нема промени кај критичните пациенти повредени во Кочани: ова е последната информација за состојбата

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски" еден на Клиника за пластична хирургија, како и двајца пациенти во приватната болница ,,Систина".Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Македонија | пред 9 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Непроменета е состојбата на критичните пациенти од „Пулс“, четворица се враќаат од лекување во странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент).Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница Систина и еден пациент на Клиниката за пулмологија.Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.

Македонија | пред 9 месеци

puls-11

Четири повредени од Кочани, се испишуваат од болницата „Пирогов“ во Софија

Четири пациенти повредени во пожарот во Кочани, денеска ќе бидат испишани од болницата „Пирогов“ во Софија и транспортирани во Македонија.Сите пациенти се во добра состојба, соопштија од Клиниката за изгореници и пластична хирургија, посочувајќи дека дале инструкции за натамошен третман.Таму и натаму остануваат уште четири лица на лекување. На нив им следуваат и операции. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ и по тројца во болниците во Пловдив и Варна.Вкупно 193 лица беа повредени од пожарот во Кочани, а 61 лице е моменталниот биланс на загинати. Почина и возачот на Брза помош кој триесетина пати одел и се враќал, транспортирајќи пациенти и возејќи 12 часа.

Македонија | пред 9 месеци

puls-35-1

Уште една жртва од пожарот во Кочани: Александар од Пробиштип почина во болницата во Литванија, беше во тешка состојба со инфекции и интубиран

Младиот Александар од Пробиштип, кој беше во критина состојба и на лекување во Литванија, е 61-та жртва на дискотеката „Пулс“ во Кочани, дознава „Скопје1“. Пријатели велат дека бил во многу тешка состојба и вештачка кома, со инфекции, бактерии и интубиран. Лекарите се бореле за неговиот живот три недели, но тој им подлегнал на тешките повреди меѓу кои и изгореници.Претходно, во петокот, животот го загуби и Александар Карадаковски, кој им подлегна на повредите. И тој се лекуваше во Литванија.Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски кој исто така се лекуваше во Литванија. Неготово тело вчера е донесено во Македонија а утре ќе биде погребан во Кочани.Повеќе детали се очекуваат од институциите.

Македонија | пред 9 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски по пожарот во „Пулс“: Ако цените дека јас треба да поднесам оставка од морални причини, немам проблем тоа да го сторам

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан дали јавноста може да очекува обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ да бидат и актуелни функционери и високо позиционирани лица во МВР, но и дали може да се очекува оставка од морални причини.„Истрагата ја води Јавното обвинителство, не ја води Владата, можеби тоа прашање ќе треба да го упатите до Обвинителство. Ако цените дека јас треба да поднесам оставка од морални причини, немам проблем тоа да го сторам. Ако е за другите, до нив ќе треба да ги упатите прашањата“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-17.57.07

Телото на Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани донесено во Македонија, погребот ќе биде утре

Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани, вчера е транспортирано во Македонија од Литванија, по што е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.Погребот на Карадакоски ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а од 12 часот ќе биде изложено во градската капела во Кочани.Карадакоски по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше на лекување во Литванија. Здравствените влати во Македонија потврдија дека тој бил најкритичниот пациент со околу 35% изгореници од втор и трет степен на главата, вратот и рацете. На дишните патишта имал тешки изгореници од околу 90 проценти.Состојбата му се влошила на 1 април, Александар бил и на дијализа поради откажување на бурбезите. Почина на 4 април.Тој беше и осомничен како управител на хартија на дискотеката „Пулс“. Постапката за него е запрена, а осомничен тој сега е жртва на пожарот.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања