ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ПУЛС

semejstva-kocan

Во 12:05 пред Обвинителство ќе се родителите на загинатите во Кочани, повик до сите граѓани да им дадат поддршка

Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите најавуваат дека маршот ќе почне пред Oбвинителството во 12 часот и 5 минути, како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.– Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување, се истакнува во пишаното известување од семејствата.Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за смртта на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на државата.

Македонија | пред 9 месеци

semejstva-kocan

Семејствата на настраданите од Кочани утре ќе маршираат во Скопје

Семејствата на покојните од трагедијата во Кочани ќе организираат ,,Марш за ангелите” за ден 29.04.2025 година (вторник) со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје. Маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред собранието на Македонија.„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати па пушти без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли кои и онака се на работ на себе уништување“, истакнаа семејствата во писмено соопштение и додадоа:„Бараме одговори кои ги заслужуваме за насилната смрт на нашите деца. Се повикуваат сите граѓани на Македонија“.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-27-at-11.36.25

(Видео) Мајката на загинатата Ивона Антова во Кочани: Не и бил даден кислород, не е пружена помош

Мајката на Ивона Антова, планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а која е единствена жена пожарникар во градот, вели дека детето и било оставено без кислород и медицинска грижа.„Да, беше оставена во кецот, полицијата не нѐ пушти да влеземе. После отиде мажот ми и он ја најде, покриена со кебе, легната на перница, свртена на страна. Сакала да слезе од кревет, била со ногата надолу падната. Не и е пружено, не и е дадено кислород. Така ја најдовме“, раскажува мајкатаНа новинарско прашање дали имало доволно кислород во болницата, таа рече: „Па немаше кислород во болницата, којзнае и дали им давале“.По нејзиното сведоштво, со своите приказни се приклучија и други родители на жртвите. Една мајка раскажа дека нејзиниот син починал откако паднал од болнички кревет, иако немал видливи изгореници.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

Денеска семејствата на загинатите во Пулс излегуваат на улиците во Кочани

В сабота, 26 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи четврти протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени.„Собирно место на маршот е Градскиот парк во Кочани истиот ќе продолжи кон Трговскиот центар во Кочани. Толпата од луѓе ќе застане во Трговскиот Центар како знак дека местото на покојните им е во Трговскиот Центар , за да потоа продолжи кон Општина Кочани заради изразување на револт кон институционалното работење, ќе продолжи кон МВР за да им посочиме дека задоцнија со реакција во секоја смисла на зборот и ќе продолжи пред Основен суд Кочани барајќи отчет за сработеното и неселективна правда“, соопштија организаторите.На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните.Протестниот марш е четврти по ред, откако претходните саботи голем број кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.

Македонија | пред 9 месеци

puls-35-1

Пет повредени од „Пулс“ се враќаат од Србија, во странство се 38 пациенти

Пет пациенти од повредените во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти„Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“. Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, со што во странските медицински центри остануваат на лекување 38 пациенти.Во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ се хоспитализирани вкупно 4 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија еден пациент, а во приватната болница Систина двајца пациенти.Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

(Видео) Со фотографии од загинатите чеда, родителите и семејствата маршираа и бараа правда за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

„Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???“, ова беше транспарентот со кој се предводеше протестот на родителите и семејствата чии блиски загинаа во дискотеката на смртта во Кочани. Тие маршираа низ градот, а пораките ги испратија преку транспарентите.„Стоп за селективна правда“, пишуваше на еден од нив, а на друг пак се додава: „Коруптивниот систем ни ги уби децата“.Претходно, вчера:

Македонија | пред 9 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Ексдиректорите на Пазарна пуштени од притвор, синот на газдата на „Пулс“ доби мерки откако го пуштија од болница; Штраус: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски-Штраус и Анета Симеска-Димоска се ослободени од куќен притвор, ама останаа без пасоши. Тие се осомничени во предметот за дискотеката „Пулс“, односно дека со нивните дејствија овозможиле дискотеката да работи без да ги исполнува сите услови. Прво беа во ефективен притвор, па добија куќен, сега излегнуваат на слобода, по одлука на судот во Кочани, а по предлог на Обвинителството. Трајковски денеска објави фотографии од црквата св. Петка.„На денот на жртвата, со мисла за духовното и човечкото. Велики Петок не е само симбол на тишина и тага – туку и на длабока вера, истрајност и надеж. Во денови кога премолчени битки се водат и во тишина, вреди да се потсетиме дека само преку смирение, искреност и добрина можеме да изградиме подобро општество. Во пресрет на најголемиот христијански празник, на сите граѓани им посакувам мир, сила и благослов во домовите. Со добри дела и чиста намера се гради држава“, напиша Трајковски на „Фејсбук“.По излегувањето од болничко лекување, мерки за претпазливост доби и синот на Дејан Јованов – Деко кој е газда на дискотеката „Пулс“ по чиј пожар загинаа 62 лица, а 197 беа повредени.Во ефективен притвор останува екс министерот за економија Крешник Бектеши, неговите претходници Ваљон Сарачини и Беким Незири остануваат во домашен притвор. За амбасадорот Дритон Кучи кој исто така раководеше со ова министерство изречени се мерки на претпазливост. Во куќен притвор се и поранешните градоначалници на Кочани, Љупчо Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илиев.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-05-at-12.09.46

Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има

Јулија Златкова мајка на Томас Златков кој имаше 22 години и загина во дискотеката „Пулс“, испрати порака до правораздавачите. Со траорен статус укажа дека очекува правдата да излезе на виделина, но и дека како родители нема да дозволат виновниците да бидат неказнети.„На Велигден сум се заљубил! Има една таква песна…Велигден е тука, но нашите деца ги нема…..Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја… Некои биле заљубени, некои требаше да се заљубат, некои од нив имаа и сопруги и сопрузи и мали дечиња и штотику родени дечиња…Кој сега ќе се радува на нив? Некои од децата не дочекаа полнолетство, некои не дочекаа матура, некои требаше да дипломираат и да станат академски граѓани кои ќе работат чесно како што ги учеле нивните семејства… Не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, какво е чувството да знаеш дека детето никогаш повеќе нема да се врати дома, да ги видиш неговите убави очи, неговата убава насмевка, да го слушнеш како се смее, да дочекаш уште еден Велигден со него…Еве ќе ви кажеме, живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца, да им раскажеме колку тие фалат дома … Ќе се навршат уште малку 40 дена, 40 црни денови без нашите сонца, без нашите анѓели чии кревети од тој ден останаа празни, а нашите срца и души засекогаш завиени во црнило… Времето поминува, но правдата како што се чини нема изгледа дека ќе излезе на виделина… Зарем немате ни малку човечност во вашите души??? Зарем толку сте евтини што со пари се купувате??Ееееј вие убијци на нашите деца!“, напиша Златкова.Таа додава: „Зарем нашите невини деца требаше да ја платат цената на вашата алчност и корумпираност? Со нивните штотуку расцветани животи? Вие сте дно на дното!!! Никој од нас не растел дете да стане херој, туку да стане човек… Вие ги убивте нашите деца!!! Ееее убијци, многу од вас се исто толку виновни како и сопственикот на Пулс-монструм, почнувајќи од премиер, министри, разно- разни инспектори, па се до обичните полицајци, сите сте гледале, ама не сте виделе ништо!!! При очи сте биле слепи!!! Срамота!!! Бедни сте, ситни души кои за проклети пари на душа ќе ги носите нашите убиени и многу повредени деца! На душа…само што вие душа немате Затоа Ви кажуваме, дека ние родителите и блиските на нашите починати чеда, ќе продолжиме да излегуваме и понатаму, секоја сабота…и се надеваме дека на крај нема да останеме единствено само ние, доколку на нашите сограѓани им досади да не следат нас, кои ја бараме правдата за нашите убиени чеда …Но ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава дека сме тука и до наш последен здив ќе ја бараме правдата за сите починати и повредените на 16.март , бидејќи ние си ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што злоупотребил својата функција за пари, за корист за личен бенефит“.На крајот, мајката на Томас додава: „Правдата мора да излезе на виделина! Нашите безгрешни деца мора да бидат осветени! Ние родителите, нема да дозволиме виновниците да останат неказнети. Нашите деца ги нема повеќе, но можеби поради нашиот бунт кон овој трул државен систем ќе се смени нешто, па идните генерации ќе имаат побезбедна иднина од нашите деца. Вечна Ви слава ангели, утре наместо да кршиме јајца дома како секоја година претходно, ке ви донесеме јајца на Вашите вечни почивалишта!“.[caption id="attachment_327190" align="alignnone" width="707"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 9 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

Пациентот кој почина имал тешки повреди на дишните патишта, уште двајца пациенти се во тешка состојба

Сериозни повреди на дишните патишта имал Стојанче Стефанов од Кочани, кој е 62-та жртва од пожарот во Кочани. Влошувањата на неговата состојба е поради сериозните опекотини на дишните патишта.„Пациентот поради тежината на повредите на белодробието и опекотините на кожата, одлучивме да го транспортираме во Воено-медицинската академија. Оттаму добивме информација дека бил во критична состојба и на механичка вентилација. Влошувањето настанува во раните саати, пациентот им подлегнал на повредите во 11:15 часот. Комбинирани се тие повреди, изгореници од втор степен, но и сериозни опекотини на дишните патишта“, рече проф. д-р Андријан Карталов.Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни.

Македонија | пред 9 месеци

papazov-bektesi

За „Пулс“: И ексградоначалникот на Кочани оди во куќен притвор, Бектеши останува зад решетки, полицаецот кој го немаше сам се пријави кај обвинител

Ексградоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, осомничен за случајот со пожарот во „Пулс“ оди во куќен притвор. Одлуката е донесена по предлог на Обвинителството, а откако тој еден месец помина во ефективен притвор кој го издржуваше во кумановскиот затвор. Замената на мерката притвор доаѓа откако Обвинителството обезбедило докази и сослушало сведоци, па сметаат дека и со полесна мерка може да се исполни целта лицето да биде достапно за истражните органи. Мерка куќен пртивор доби и поранешниот директор на Државниот пазарен инпскеторат, Горан Трајковски. Од зад решетки излезе и еден член на обезбедувањето.„Од 19 осомничен, за 4-четири осомничени беше предложена мерка притвор која со решение на судијата на претходна постапка беше определена спрема истите, спрема осум од осомничените беше предложена мерка куќен притвор, истата судијата на претходна постапка беше определена спрема овие осум осомничени, додека спрема седум осомничени беа предложени мерки на претпазливост и истите со решение на претходна постапка се изречени спрема осомничените“, велат од Основен суд-Кочани.Зад решетки и натаму останува ексминистерот за економија Крешник Бектеши, додека ексминистрите Ваљон Сарачини и Беким Незири се во куќен притвор. Претходно, куќни притвори беа одредени и за Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, ексградоначалници на Кочани.Досега осомничени се 47 физички лица и три правни лица. Истовремено, засебна постапка се води и против 47 полициски службеници. Според последните информации, во Обвинителството сам се пријавил полицискиот службеник кој беше достапен за органите на прогонот во текот на вчерашниот ден.„Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка“, велат кусо од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде што е одделението за гонење на лица со полициски овластувања.

Македонија | пред 9 месеци

puls-35-1

По еден полицаец осомничен за „Пулс“ се трага, шест останаа без пасоши, за седум се бара замена за мерката ефективен притвор

Шесте ново осомничени полицајци во предметот за работата на дискотеката „Пулс“ останаа без пасоши, но ќе се бранат од слобода. Ова е одлуката на судот, по предлогот на Обвинителството. Истовремено, според информации на „Скопје1“, побарано е да се укине мерката ефективен притвор за првите шест полицајци, откако за нив се прибрани доказите и не можат да влијаат на тој дел од постапката. И натаму, се трага по уште еден полицаец кој е недостапен за органите на прогонот.„Прифатен предлогот на ОЈО ГОКК за опредлување мерки за претпазливост против шест лица - полициски службеници, кои попладнево беа спроведени и се произнесоа во судот во однос на предлогот на јавниот обвинител. Мерките се - одземање патна испара, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности“, велат од Кривичен суд.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 9 месеци

puls-11

Детали за приведувањето на полицајците за пожарот во „Пулс“: Не извршиле детална проверка и дале согласност „Пулс“ да добие лиценца

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет полициски службеници.„Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Според описот содржан во наредбата за спроведување истражна постапка, осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани, во погоренаведениот временски период, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита - не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „Пулс“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир. Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови“, велат од Обвинителството.Јавниот обвинител ценејќи ги околностите и доказите прибавени во предистражната постапка, а заради непречено водење на кривичната постапка и заради обезбедување присуство на осомничените, на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје ќе предложи на седуммина осомничени да им определи мерки на претпазливост.„Останатите тројца осомничени се обезбедени со претходната постапка. Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција продолжува со предистражни дејствија во насока на откривање на нови лица инволвирани во случајот“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 9 месеци

puls-kocevski

МВР смета дека Коцевски не ја компромитирал истрагата за пожарот во „Пулс“, за приведените полицајци нема да се бараат притвори

Акцијата за приведување на нови седум полициски службеници кои се осомничени во предметот за дискотеката „Пулс“ која одзеде 61 живот, не била компромитирана. Ова е ставот на МВР, а откако вчера, јавниот обвинител Љупчо Коцевски во гостување на Телма објави дека во моментот е издадена наредбата за постапување. Од полицијата велат постапиле по насоките на Обвинителството.„МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство“, одговараат од МВР на прашањето дали акцијата е компромитирана.„Скопје1“ за ова прашање побара став и од Републичкото обвинителство. Таму прашавме зошто Коцевски уште пред да почне акцијата за приведување на седум полицајци, тоа го сподели во ТВ гостување, дали обвинителот знае дека истражната постапка е тајна и дека Обвинителството не споделува детали пред акцијата да биде завршена, како и дали тој смета дека ја компромитирал истрагата. До моментот на објавување на овој текст, не добивме одговор.Според информации на „Скопје1“, за лицата кои се приведени, нема да се бараат најстроги мерки како што се ефективен или куќен притвор. Од Кривичниот суд, неофицијално, ќе биде побарано да им се одземат патните исправи. Меѓу приведените кои имаат статус на осомничени е командирот на кочанската полиција, но и пензионирани полициски службеници. Сите се сомничат дека со нивното постапување или непостапување, придонеле до тоа „Пулс“ да добие лиценца за работа. Оваа истрага се води во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, бидејќи станува збор за лица кои имаат полициски овластувања.Во другата истрага, која ја води кочанското Обвинителство со помош на обвинители од скопското Обвинителство - осомничени се 45 физички лица и три правни лица.

Македонија | пред 9 месеци

puls-35

Се проширува истрагата за пожарот во Кочани: се приведуваат полицајци, меѓу кои и пензионирани

Истрагата за пожарот во Кочани се проширува на уште седум полициски службеници, откри јавниот обвинител Љупчо Коцевски на Телма. Тие ќе бидат приведени. Според извори на „Скопје1“ дел од лицата кои се приведуваат, се и пензионирани лица, а се поврзуваат со издавањето на дозволи кои помогнале да се издаде лиценца за дискотеката „Пулс“ да работи.Со ова, бројот на осомничени полициски службеници се искачува на 14 лица, бидејќи пред скоро месец беа приведени други седум полицајци. Засега, истрагата се води за едно кривично дело, а тоа е предизвикување опасност за животот и телото на луѓето.Акцијата за овие седум полицајци е во тек. За полициските службеници и лицата кои се пензионирани полицајци, истрагата се води во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 9 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-15-635

Молк, цвеќе и свеќи, без говори и политичари, студентите одаваат почит на загинатите во пожарот во Кочани

Студентите од неколку градови се собираат за да одадат почит за жртвите кои настрадаа во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Собирите се без политичари и говори.Студентите на техничките факултети во Скопје, со цвеќе и запалени свеќи, во тишина и со седумминутен молк се простија од загинатите.Млади од Средното медицинско училиште „Јане Сандански“, во Штип, од каде починаа тројца нивни соученици, двајца матуранти од Штип и една ученичка од втора година, оддадоа почит со едноминутен молк а потоа протестираа со едночасовни маршеви по штипските улици, под сслоганот „Секој еден може да е следен“.Едноминутен молк и цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски, како почит за загинатите од студентите од Битолскиот универзитетНа студентите им се придружи и Ректорската управа и професорите.Молк, солзи, цвеќе и запалени свеќи, вака охридските стредношколци одадоа почит на 59 жртви, во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Добија поддршка и им се придружија и нивните родители и граѓани. 

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања