ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ПУЛС

kocani1111

(Вознемирувачка содржина) „Најтешко закрепнуваат изгорениците на грбот“, велат од „Support Kocani“ кои споделија фотографии

Иницијативата „Support Kocani“, објави нови фотографии од повредени лица од пожарот во дискотеката „Пулс“. На нив се гледаат тешките изгореници, за кои треба долго време за да заздрават, како и постојана медицинска грижа.„Изгорениците на грбот се едни од најтешките за закрепнување“, велат од Support Кочани.Но од овој, има и потешки случаи. Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, рече дека има тројца пациенти со отворени рани, а за некој од нив ќе треба и трансплатација на кожа.„Пациентите беа во многу тешка состојба. Благодарни сме на сите земји кои ги прифатија и ги лекуваа тие пациенти. Но екстензивноста на повредите е голема, се работи за многу длабоки изгореници, со длабоки рани и кај нив ќе треба подолг третман и кај нив и рехабилитациониот период ќе биде малку подолг. равиме сè за да немаат поголеми лузни, плазма богата со тромбоцити, се даваат силиконски лепенки во Кочани кај сите пациенти, се даваат креми со заштитни фактори. Тим од Бугарија дојде во Кочани да направат индивидуални мерки за компресивни ракавици“, рече таа.Од „Support Kocani“ и претходно објавија фотографии.[caption id="attachment_328541" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-20-at-08.50.11

Мајката на загинатата Моника за средбата меѓу родители и Мицкоски: Да се претстават тие кои некрофилски ни забиваат секири во грб!

По објавата на дел од медиумите дека премиерот Христијан Мицкоски имал тајна средба со дел од родителите на загинатите деца од Кочани, реагираше Верица Трифунова, мајка на загинатата Моника Спасова. Таа бара родителите да се кажат со име и презиме.„Родителите се со име и презиме! Бараме сега јасно и гласно и јавно да се претстават пред сите нас родители на кои некрофилски ни забиваат не ножеви во грб, туку секири ни забиваат, а глодарски ни ги распарчуваат и така скршените и распарчени наши души, а тоа што ни го прават ниту нашите агнели не ни ги оставаат да почиваат во мир. Арам и срам да се нема бре!“, пишува Трифунова.Таа е лута бидејќи денот кога тие дојдоа во Скопје, тие не биле примени во Владата.„Кога идевме за Скопје зошто не малтретираа на тоа пеколно жешко и не не удостоија, а има издвоен состанок со сите родители? Секоја задоцнета реакција си има последици. И како тие жени, мајки, медицински сестри, наставнички, професорки и од други професии не ли се пронајдоа како понижени дека се враќаат во нокните часови и дена нивните деца се безбедни? И тоа не ми е јасно“, стои во објавата на Фејсбук.Од Владата за „Слободен печат“ посочиле дека семејствата барале средбата да не биде најавена во медиумите.„Како Влада имаме обврска да ги почитуваме барањата на сите граѓани кои остваруваат средба со премиерот и од таа причина остануваме на веќе изнесените ставови на претседателот на Владата. Ние остануваме во постојан контакт со сите засегнати од трагедијата, но воедно нема да подлегнуваме на желбата на неколкумина да прават политички злоупотреби од оваа трагедија“, рекле од Владата.

Македонија | пред 8 месеци

koooo1

(Видео) По сведочењата за недостатоци на медикаменти по трагедијата, ќе се испитува ли работата на болницата во Кочани?

Посетители на дискотеката „Пулс“ кои спасувале повредени кобната вечер, сведочат дека во болницата имало недостатоци на медикаменти. Родители на загинати деца, сведочеа дека немало доволно боци за кислород. Обвинителството без конкретен одговор - дали се провериле ресурсите со кои располагала Болницата во Кочани, како и дали истите се согласно законските обврски. Ова прашање се наметна откако во „Претрес со Ландов“, Дарио Трифунов просведочи за хаосот во болницата. Истовремено, Стојка Иванова-Антова, мајка на загинатата Ивона, на протестот рече дека нејзината ќерка починала оти не ѝ била пружена помош, а не ѝ бил даден ни кислород. Обвинителството вика дека постапува и испитува кривична одговорност, кај секој што со своето постапување или непостапување можел да придонесе за трагичните последици. Досега не е поведена постапка за болницата или раководните лица.„Дали кај одредена институција или поединец може да има одговорност ќе покажат доказите и особено прибавените вештачења, а секој еден кај кого ќе биде утврдена кривична одговорност ќе биде процесуиран. За сите лица за кои до овој момент е поведена истрага јавноста е известена“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Претходно, Дарио Трифунов ни просведочи за хаосот во кочанската болница кобната вечер кога се запали „Пулс“. Снемале физиолошки раствор, немало ни ножици.„Ние влеговме во болницата, имаше 2-3. На почетокот беше смирено. Имаше уште некои повредени, викаат дека им е топло и дека се жедни. И од што немаше физиолошки течности, со ладна вода ги потуравме, од што немаше со што друго, за да не се каче температура и да се онесвестат. Памтам, имаше таму едно дете, блузата му беше изгорена, не можевме да најдеме ножички, немаше ножички во болницата. После тоа снема вода. Потоа, дојдоа многу деца. И полицаецот го донесоа. Имаше многу онесвестени...“, рече Дарио Трифунов, кој кобната вечер бил гостин во дискотеката, а сега е дел од „Support Kocani“.Мајката на Ивона Антова, планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а која е единствена жена пожарникар во градот, вели дека детето ѝ било оставено без кислород и медицинска грижа.„Да, беше оставена во кецот, полицијата не нѐ пушти да влеземе. После отиде мажот ми и он ја најде, покриена со ќебе, легната на перница, свртена на страна. Сакала да слезе од кревет, била со ногата надолу падната. Не ѝ е пружено, не ѝ е дадено кислород. Така ја најдовме“, кажа Стојка Иванова-Антова.И семејството на загинатиот Андреј Стојанов трагаше по одговори - дали болницата не му пружила помош или не се изборил уште во диското.

Македонија | пред 8 месеци

kocani-6246245

(Видео) Неутешни, гласна тишина и пораки од родителите во Кочани: „Прошка нема, правда мора да има, време е!“

По два месеци од најголемата трагедија, и оваа сабота, родителите на загинатите во “Пулс”, потсетија дека чекаат правда и разврска на случајот. Порака упатија и до пратениците: голема (не)благодарност до нив.Преку транспаренти укажаа дека “Системот убива, додека институциите молчат”. Родителите, наместо своите деца, во преграгка ги држеа нивните фотографии.На овој марш се приклучи и иницијативата “Кој е следен?”.Томче, чие семејство го посети и екипата на „Претрес“, и денеска беше на „Маршот за ангелите“ во Кочани. Ја повтори пораката, чекаат на виделина да излезе сѐ што претходните 30 години било криено.

Македонија | пред 8 месеци

puls-8

Повредените од „Пулс“ се во стабилна состојба, четворица се враќаат од странските болници

Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.„Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денес од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба.Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во ОБ Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници.Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација“, вели Минситерството за здравство.

Македонија | пред 8 месеци

498690991_9879486142097082_2038012268043480049_n

„Бог ми даде втора шанса“, напиша гитаристот од бендот ДНК кој е повреден од пожарот во „Пулс“

Музичарот Горан Тонев, по два месеци од трагедијата во Кочани, се огласи на социјалните мрежи. Тој на „Фејсбук“ објави фотографија од болницата и персоналот, со благодарност затоа што сега живее втор живот.Гитаристот Тонев, заедно со Панчо и придружната вокалистка Ана Костадиновска, се единствените преживеани членови на групата „ДНК“ од таа кобна вечер. Објавата побуди емоции кај бројни следбеници кои му испратија пораки со поддршка и желби за побрзо закрепнување.„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау”-Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша Тонев.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-10-at-10.16.45

Ги обвинија родителите дека протестот е политички, мајка одговори: Засрамете се, останавме без деца, ни ставате нови нервози!

Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната како единствена жена пожарникар во Кочани, а е мајка на загинатата Ивона Антова во „Пулс“ одговори на коментар на социјалните мрежи дека протестот на мајките е политички. Откако извесна Лидија напишала „Жално за децата, очигледно одбивањето да се сретнат со премиерот, протестот е во политички правец“, Антова напиша:„Да не си во наша кожа, па терај ја нашата политика, срамота, и вие сте жени, мајки, немате ли малку срце и друга работа, освен да коментирате. Нашите деца кои ги убија кои се закопани, сѐ од Македонија и од сите политики, и не ги прашаа од која партија се па да ги убијат. Засрамете се и вие нѐ замарате и ни ставате дополнителни стресови и нервози. Останавме без деца еј, без деца сме, сега нашите деца ќе бидат, утре вашите“, напиша Антова како одговор на коментарот.Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, пак ги праша: „Дали овде пишува политика или смрт“, објавувајќи фотографија од гробот на своето дете.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_0107

„Не чекајте твоето дете да биде следно” - нов протест на родителите на загинатите од Кочани

Со молк и високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во ужасниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани побараа правда за трагичниот случај кој ја потресе македонската и светската јавност и во кој загинаа 62 млади лица, а околу 200 беа повредени.„Бараме правда“, „Не чекајте твоето дете да биде следно“, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“, „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“, „Каде да фатиме врски да ги вратиме другарите“, се пораките кои семејствата на загинатите млади во пожарот на 16 март во „Пулс“ во Кочани ги подигнаа пред полициската станица, општината и пред судот во Кочани, јасно порачувајќи дека се свесни за корупцијата и корупираните одговорни лица кои замижувале за сите недоследности и криминални дејства кои се случувале во дискотеката што доведоа до најголемата трагедија со 62 загубени млади животи.Утринава, родителите преку соопштение до медиумите кажаа дека ја одбиле поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Причината за одбивањето е доцнењето на поканата бидејќи тие уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани. Родителите велат дека дел од нив не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата. Во соопштението додаваат дека нивниот став не е израз на целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив.„Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 8 месеци

puls-35-1

Осум повредени од „Пулс“, се враќаат од лекувањето во странство

Денеска се враќаат осум пациенти од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациентиМинистерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија.Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Македонија | пред 9 месеци

lefkov-semejstva

Зошто единствениот пратеник од Кочани, не се појави пред семејствата на загинатите: Внимавам со средби во емоционално набиени моменти за да не се влијае на истрагата

Единствениот пратеник во Собранието кој е од Кочани, Миле Лефков, денеска не се појави пред законодавниот дом, каде беа семејствата на загинатите деца од „Пулс“, а негови сограѓани. Тие упатија остри критики, посочувајќи му нему и останатите негови колеги, да излезат надвор. Го потсетија дека тој е пратеник бидејќи тие го гласале. За време на маршот рекоа дека него го виделе само на „Фејсбук“, каде се пофалил дека се донира возило од приватна фирма за кочанската болница, како и на аукцијата. По ова, Лефков за „Скопје1“ посочува дека секој ден е со сограѓаните. Тој вели дека што и да се каже, кај и да се присуствува, според него, нема да биде доволно.„Јас секојдневно сум во Кочани, таму бев и првиот ден, на денот на погребот, на секоја акција, бев заедно со нив во храмот на комеморацијата на 40-дневницата- таму сум, со нив сум, но знам дека што и да се каже и каде и да се присуствува нема да биде доволно тоа го знам и сум свесен за тоа, потребно е време и правда. Лично сум против за политичките злоупотреби и злоупотребата на судбините на луѓето кои го загубиле најмилото а особено внимавам, со среби и изјави во емоционално набиени моменти да не се влијае на истрагата или да се остави впечаток за таков обид“, вели Лефков за „Скопје1“.Тој смета дека имало обид за политичка злоупотреба во текот на денот. Посочува дека болката на родителите била поврзана со интерпелацијата на Панче Ташковски.„Нема правда ако таа се обои со политичка злоупотреба, ништо нема  споредба со болката на родителите, особено не на ден кога  таа болка се обидуваат да ја поврзат со интерпелацијата на оној кој треба да се грижи за ефективноста на истрагата. Лично, им останувам отворен и достапен за секоја средба, разговор и поддршка што е во моја моќ — на соодветно место, на начин што ќе биде соодветен и на институционалните надлежности и со полно почитување на болката на семејствата“, додава пратеникот Лефков за „Скопје1“.Дел од семејствата реагираа и на тоа што Лефков не се појавил ниту на еден нивни марш, иако тие секоја сабота се на кочанските улици.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.19.40

„За три дена не дочека 25-ти роденден, поради корупцијата и парите, нашите деца ги нема“, рече таткото на загинатиот Андреј Стојанов

Таткото на Андреј Стојанов, голем херој кој пред да се случи пожарот тргнал да си оди дома, но кога видел дека гори се вратил да помага и спасува други, пред Собранието не ги криеше емоциите и разочараноста од државата, која ја смета за корумпирана. Андреј бил со неговиот имењак Андреј Лазаров.„Полни со живот. Во името на корупцијата и парата, нашите деца загинаа. Само пари, пари и ништо друго, а сега нашите деца сега ги нема. За три дена не дочека 25 роденден. Нашето е завршено со завршување на нивниот живот“, рече таткото на Андреј Стојанов.Мајката на Андреј Лазаров, покажувајќи ги сликите од двете деца, посочи - еве ги заедно, заедно дојдоа, заедно загинаа.„Заедно си дојдоа од Скопје и заедно загинаа, а никој нема одговори зошто“, рече мајката.

Македонија | пред 9 месеци

toskovski-51235

(Видео) Имате право да не ми верувате, но и мене душава ми плаче и јас сум гневен и бесен, Тошковски седна со семејствата на загинатите

Семејствата и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со пашачење од Собранието до МВР, отидоа на средба со министерот Панче Тошковски, на која беше и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Тие побараа тој да излезе надвор, а по кусо време, тој тоа го направи. Потоа ги покани во седиштето на МВР, каде разговараа и им кажа за истрагата, но и дека има разбирање за нивната тага и гнев.„Толку голем пат минавме, од почит кон нас, нека дојде тука. Без душа сме, без сила, без деца останавме. Нека излезе овде“, рече една од мајките, а таткото на трагично загинатиот Андреј рече: „Немаа ли услови, едно литро нафта да дојдат пред Владата? Изгубени деца, изгубени ние, да доаѓа“.Надвор, излезе министерот Панче Тошковски. Тој им кажа на родителите дека се сочувствува со нивната болка.„Болката не се опишува со збор“, рече Тошковски, а таткото кој го изгуби синот единец, рече „Не знаете како е да го изгубите дете. Сум спечалил една куќа и кола да му дадам“.Потоа, беше побарана и морална одговорност од него.„Нели може да понесете барем морална одговорност?“, го праша кочанчанец кој изгуби посинок.Потоа се надворза и мајка со прашање: „Дали се безбедни нашите деца?“, а министерот рече: „Не сум човек како што побараа некои луѓе.. ве замолувам да седнеме да разговараме, да ја тргнеме политиката, да разговараме за сите работи кои ве интересираат, цел ден ако треба, цела недела, цела година. Ве замолувам“.Потоа, посочи дека по трагедијата, навистина сакал да даде оставка од морални причини и објасни зошто тоа не го сторил. Според минситерот, предомислувањето дошло по погребот на полицаецот кој исто така загина во трагедијата додека бил на должност критичната вечер.Им вети дека за два месеци ќе може да зборува и ќе им каже сѐ, а сега би ја загрозил истрагата. Посочи дека и тој е револтиран, дека и него му плаче душата, исто како што плачеле и неговите две деца по трагедијата.„Ве разбирам дека имате гнев и немате доверба. И јас немам доверба, и јас сум немал доверба. И јас сум гневен и јас сум бесен и мојава душа плаче, и моите деца плачат“, рече Тошковски.Потоа една од мајките кажа уште не добиле обдукциски извештаи.„Истрагата нема никого да поштеди, никого, а за кого има докази. Да ми верувате на зборот“, рече Тошковски, а кога некои од лицата рекоа дека не веруваат, тој рече „Имате право и на тоа“.Министерот Панче Тошковски им укажа на родителите на загинатите деца за истрагата, па настанаа тензии.„Актуелен министер е осомничен, актуелен командир на полициска станица е осомничен, актуелен директор на ДЗС е осомничен, актуелен градоначалник е осомничен, и претходните градоначалници. Јас се извинувам што морам да бидам на ниво на позицијата која ја имам, и не можам да споделам се што знам и да ја нарушам истрагата. Не можам сега, ама ќе можам. Правда од овој случај мора да имаме. Ако сакаме да имаме нормална држава, мора да има правда“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 9 месеци

puls-roditeli

(Видео) „Кој нѐ чува? Имате ли вие деца бе?“, родителите ги прашаа пратениците, дел од нив се симнаа и меѓу нив

Солзи, тага и пораки до сите политичари. Вака изгледаше денешниот марш на семејствата од Кочани кои ги загубија децата во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Сѐ започна од пред Обвинителството, продолжи пред Собранието, заврши пред МВР. Уште на стартот кажаа дека пробуваат да ги контанимираат протестите. На стартот посочија дека Обвинителството„Државата се луѓето, Обвинителството е партиско дувло. Ова не е државна институција. Преку ботови нѐ убедуваат дека правнот систем е тешко да ја докаже верижната одговорност. Децата не се статистика, тие се деца! Најодговорни се МВР и Обвинителството. Јавното обвинителство дали еднаш излегло по допрен глас? Ниту еднаш. Дали фраерот така наречен јавен обвинител, кој е за партиски постави, дали кога седна на фотелјата, направи ревизија?“, рече кочанчанец кој во трагедијата загубил посинок.Затворени очи, отворени гробови - ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката Пулс.Пред Собранието ги побараа сите пратеници да излезат меѓу нив.„Има ли некој да ни објасни нешто? Каква е оваа држава, што плаќам јас 22 години данок? 22 години приватно работам! Трпам! Вчера платив еден тон пари, на нив им ги дадов, за да нѐ чуваат. Кој нѐ чува? Имате ли вие деца бе?“, рече татко на загинато дете.Потоа јасно порачаа „сакаме правда!“.„Не ние да влеземе, тие да излезат!“, рече мајка на загинато дете.Надвор излегоа пратениците од СДСМ, преводени од претседателот Венко Филипче. Група млади лица извикуваа „убијци“, додека дел од мајките побараа да нѐ го прават тоа бидејќи им предизвикуваат тензија и стрес. Им укажаа дека семејствата побарале тие да излезат меѓу нив.Потоа, родителите добија покана да одат на средба кај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.ПРОДОЛЖУВА

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-124533

Започна протестот на родителите на загинатите деца од Кочани

Пет минути по 12 часот, симболично, започна протестот наречен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Маршот во моментов се одвива пред Oбвинителството во 12, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.Затворени очи, отворени гробови - ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката Пулс.

Македонија | пред 9 месеци

491466488_18026361107659085_4533786141217273944_n

Обвинителството за средбата со родителите на загинатите во Пулс

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и тимот обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите и ги информираа за досегашниот тек на истражната постапка. Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања