Промени тема
Контакт

Повредените од „Пулс“ се во стабилна состојба, четворица се враќаат од странските болници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
puls-8

Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

— реклама —

„Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денес од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба.

— реклама —

— реклама —
Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во ОБ Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација“, вели Минситерството за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28iajcrl04gh0VunycG

Специјализантите по медицина со рок до 10 август да го пријават интересот за вработување

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Уште 300 приватни специјализанти ќе добијат работа во државното здравство

Македонија | пред 1 месец

apteka-kvoti-lekovi

Лекот „Фостер“ повторно на позитивната листа без доплата, соопшти Министерството за здравство

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymomci6i87vnvfyWU7Ss

240 пациенти чекаат трансплантација: Од 1 октомври граѓаните ќе можат да ја евидентираат својата одлука за дарување органи

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања