ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ПУЛС

panco

Против Панчо засега нема да има судска постапка за прскалките, оти е во лоша здравствена состојба, обзнани Коцевски

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, синоќа во интервју за ТВ „24“, изјави дека поради сериозната здравствена состојба на Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, во моментов не може да се води кривична постапка против него.„Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал“, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во интервју за ТВ24.ТВ24: Дали е меѓу нив осомничениот кој беше дел од бендот ДНК?Коцевски: Такви информации не можам да споделувам, но има и такви.ТВ24: Кој директно беше нели меѓу осомничените за пиротехникатаКоцевски: Така.Претходно, беше соопштено дека членови на бендот ги внеле и активирале прскалките.„Постои сомнение дека членовите на бендот околу 2.32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани, кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената, од кои веднаш се опожарил покривот од објектот и пожарот се проширил на целиот објект“, рекоа при соопштување на детали од истрагата.Блажев е осомничен за внесување и употреба на пиротехнички средства во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 млади лица, а околу 200 беа повредени.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_5583

Заминувањето на докторката Кате отвора нова рана кај повредените од пожарот во Кочани

По трагичниот пожар што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, неколкумина повредени граѓани се соочуваат со долготраен процес на физичко и психолошко закрепнување. Токму во тие најтешки моменти, здравствената поддршка што ја добиваа во ЈЗУ Општата болница – Кочани беше од суштинско значење. Меѓу медицинскиот персонал, клучна улога одигра докторката Катерина Паниќ – препознатлива по својот професионален, но и човечки пристап. Сепак, од понеделник, 1 јуни 2025 година, докторката Паниќ повеќе нема да биде дел од болницата, што кај повредените предизвикува сериозна загриженост за континуитетот и квалитетот на нивната здравствена нега. Во продолжение го пренесуваме нивното јавно обраќање, во кое ги истакнуваат причините за својата вознемиреност и апелираат до надлежните институции за итна реакција:„Ние, повредените лица од пожарот што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега.Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни 2025, докторката Катерина Паниќ (позната како докторката Кате), која беше наш главен доктор и поддршка во целиот период на опоравување, повеќе нема да биде дел од ЈЗУ Општата болница - Кочани. Таа заминува во друга болница, и иако никој нема да може да ја замени, ние сè уште немаме информации кој ќе дојде на нејзино место и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашето лекување.Вистината е - не знаеме што нè чека утре. Никој не ни кажува кој ќе дојде после неа, или како ќе изгледа нашата понатамошна грижа. А ние веќе се прашуваме – дали пак ќе останеме сами? Повеќе не веруваме и сакаме да знаете дека не е исто. Не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме – секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка.Докторката Кате не беше само лекар - таа беше наша надеж, сила и стабилност. Начинот на кој ни пристапуваше - со човечност, посветеност и разбирање – не може да се замени. Во неа стекнавме длабока доверба - доверба што не доаѓа лесно кога се поминува низ период на траума и неизвесност.Апелиравме, зборувавме, информиравме. Нè игнориравте. Наместо да добиеме подобри услови – ги изгубивме единствените што вредеа. Наместо поддршка – добиваме молк. Наместо стабилност - неизвесност. И покрај бројните јавни апели директно од нас за субстандардните условите во болницата и хроничниот недостаток на медицински персонал - нашите гласови не беа слушнати. Наместо дополнителна нега и зголемување на медицински персонал ние остануваме без единствената докторка која 24/7 се грижи за нас. Наместо итно решавање на санитарните проблеми во болницата, ние сè уште ги третираме нашите рани во мијалници од пред 50 години. Ќе имаме ли институционален одговор на тие апели? Дали некој реално се справува со овој проблем? Дали некој ќе го слушне нашиот глас?Нашата намера не е да критикуваме, туку да апелираме. Ова не е личен, туку општествен проблем. Заминувањето на докторката Кате остава сериозен вакуум, а ние – директно засегнатите - ја носиме целата тежина од тоа. Со оваа изјава сакаме да испратиме силна порака - не сме невидливи. Имаме право на континуирана и квалитетна здравствена грижа. Бараме институциите итно да реагираат, да понудат одржливо решение и да ѝ овозможат на докторката Кате, да продолжи со прегледите - дури и на волонтерска основа, како што самата изрази подготвеност.Ние не бараме сочувство - бараме одговорност. Ние не сме статистика. Не сме тивко минато. Заслужуваме подобро, заслужуваме вистинска грижа, не половична. Заслужуваме сигурност, не само надеж. Заслужуваме иднина. Немојте повторно да нè оставите“, велат повредените лица од пожарот во Кочани

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-15.19.41

Има и полоши болници од кочанската, ниту еден пациент нема да остане незгрижен или нетретиран, рече Мицкоски по забелешките од пациенти

По забелешките на дел од повредените од дискотеката „Пулс“, дека во кочанската болница нема ниту услови да се третираат отворените рани, како и дека им ги мијат во обични мијалници - премиерот Христијан Мицкоски вели дека ниту еден пациент нема да остане нетретиран. Најави дека планираат проект насловен како „Кочани 2030“ кои би го спровеле со Европската комисија, а преку кој ќе се инвестира во објекти како што е кочанската болница и другите инфраструктури.„Ќе вложиме многу пари, подготвуваме огромен проект. Ниту еден пациент нема да остане незгрижен или нетретиран“, додаде Мицкоски.Тој потоа објасни дека има и полоши болници од кочанската.„Условите во кочанската болница, со жалење констатирам, дека има болници и со полоши услови. И ние во овие 11 месеци не успеавме сѐ да реновинраме. Прв приоритет се тие луѓе. Тоа го покажвме од прв ден, застанавме зад тие луѓе. Направивме сѐ што можеме, за да бидат згрижени надвор од државата, како и во државата. Не сакам за овие работи јавно да зборувам што правиме и како правиме, за да не се злоупотребува оваа трагедија. Се праќаат специјални тимови. За жал, од тие повеќе од 200 луѓе кои беа жртви на овој ужасен настан и последиците кои ќе ги сносат - изгубивме двајца пациенти. Ние се трудиме како Влада, максимално“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

puls-35-1

Уште едно лице осомниченo во предметот за пожарот во „Пулс“: ќе го гонат сопственикот кој го изнајмил објектот

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” спрема уште едно лице, кое исто така е осомничено како соизвршител за -Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените. Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март 2025 година преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/ кабаре“, велат од Обвинителството,Јавното обвинителство до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост.

Македонија | пред 8 месеци

puls-35-1

Три обвинителства ги сослушуваат семејствата на жртвите во „Пулс“

Од денеска се сослушуваат семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани. За ова извести Обвинителството, кои велат дека распоредот за сослушувања се одредува во соработка со „Support Kocani“.„Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека "Пулс" започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата "Support Kocani"“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

Kocan-protest-24.05-2

(Видео) Порака од родителите до правосудството: Молкот нема да трае долго како вашето судење

Во Кочани од ,,Маршот на ангелите“, родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ на правосудството му порачаа: „Нашиот глас е гласот на оние кои трагично заминаа во огнот, молк што зборува повеќе од илјада зборови. Но нашиот молк нема да трае долго како вашето судење”.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-24-at-16.27.29

(Видео) Потресни сцени на маршот во Кочани: солзи и лелеци по загинатите деца

Денес, улиците на Кочани беа обвиени со тишина, болка и солзи. Десетици родители, роднини, пријатели и граѓани се собраа на протестен марш во чест на децата кои трагично ги загубија животите. Маршот, организиран како знак на почит, но и како повик за правда, помина низ централното градско подрачје, оставајќи силен впечаток кај сите присутни.На видеата, споделени од skopje1.mk, можат да се видат потресни сцени – мајки во солзи, луѓе кои со скршени гласови повикуваат на правда, како и тишина што зборува повеќе од илјада зборови. Лелеци, свеќи и цвеќе во рацете на учесниците сведочат за длабоката болка и загубата што ја чувствува целата заедница.Настанот не беше само израз на тага, туку и апел до институциите за брза и ефикасна реакција, за поголема безбедност и одговорност. Граѓаните испратија силна порака: „Децата се нашата иднина – нивниот глас никогаш нема да биде замолчен.“Кочани денес беше симбол на солидарност, болка и непоколеблива љубов кон најмладите.

Македонија | пред 8 месеци

Kocan-protest-24.05-1

(Видео) Родителите на загинатите деца прашаа: Законот е ист за сите…или?

Со слики и транспаренти од трагично загинатите чеда, родителите и блиските и денеска низ улиците на Кочани, со солзи во очите бараат правда. Изразија неблагодарност за пратениците.Со транспарентите порачаа: „Ефективен притвор”, „Секој може да е следен”, „Системот убива”.Укажаа дека судиите се со валкани раце но и „Народ со скршени соништа”, „Не чекајте катастрофа-дејствувајте сега”, „Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се во моќ“.Прашаа: „Законот е ист за сите… или?”.

Македонија | пред 8 месеци

saban-saliu-1515

Салиу слободен – Апелација смета дека семејниот статус и здравјето се посилни од сомнежот дека може да избега по трагедијата во Кочани

Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, потврдуваат оттаму за „Скопје1“. За разлика од претходните ослободувања кои дојдоа по предлог на Обвинителството, овојпат, тие се уште немаат добиено ниту решение. За тоа време, Салиу, веќе може да се шета слободно, а како мерка на претпазливост му е одземен само пасошот и треба да се јавува во скопскиот Кривичен суд двапати неделно. Салиу има и забрана за да се доближува и контактира со сведоци, вешти лица и оштетени.„Скопје1“ дојде до одлуката на штипска Апелација. Во нејзе стои дека Вишото јавно обвинителство-Штип побарало Салиу да остане во притвор во затворот во Куманово.Адвокатот Шенај Османов, бранител на Салиу, барал ослободување на клиентот поради неговата здравствена состојба, но и здравствената состојба на неговата сопруга за која рекол дека има потреба од постојана нега. Според бранителот, сопругата била со нарушено здравје и поради притворот на осомничениот Салиу.„Осомничениот Шабан Салиу досега е неосудувано лице, јавна личност, со функција актуелен минситер без ресор во Владата, со позната адреса и стабилна професионална и семејна положба“, рекол неговиот бранител барајќи да го пуштат од притвор, а потоа во одлуката стои: „Како бранител, смета дека обвинението што се заснова не се поткрепува со конкретните дејствија кои одговараат на ингеренциите што обвинетиот ги имал во период од 2012 до 2017 година, додека ја извршувал функцијата директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на своето неговото работење, осомничениот не потпишал, а ниту пак прифатил било каков елаборат поврзан со објектот - дискотеката во Кочани. Немал надлежност да извршува увид, контрола или пак било какви инспекциски постапки во објекти кои не се изградени согласно урбанистичко-техничката документација, поточно диви градби. Осомничениот Шабан Салиу не бил дел од процедурата за издавање дозволи, технички прием или процена на безбедност во објектот каде што настанал пожарот“, стои во одлуката.Потоа, штипска Апелација смета дека одлуката со која Салиу добил притвор не е основана.„Првостепениот суд при одлучувањето која од мерките за обезбедување на присуство на обвинетиот ќе ја примени, не водел доволна сметка за тоа дали основната цел на определување на мерките за обезбедување наосомничениот, може да биде постигната со определување на некоја друга поблага мерка на претпазливост односно да не се применува потешка мерка ако истата цел може да се постигне со поблага мерка“, објаснува штипска Апелација, па додава: „Овој суд утврди дека осомничениот кој е роден 1961 година, има семејство, татко е на едно полнолетно дете, со брачна другарка со тешко нарушена здравствена состојба и потреба од грижа, е со цврсти врски во средината каде живее имајќи го предвид и неговиот општествен, семеен и личен статус, дека истиот е неосудуван и постапка за друго дело не се води. Нема докази во списите од предметот дека осомничениот патувал во странство и кога. Со оглед на неговата возраст, како и семејните односи, овој суд утврди дека опасноста од бегство или можноста осомничениот на друг начин да се крие и на тој начин да го попречува успешното водење на кривичната постапка, може да се отстрани со мерки на претпазливост - Забрана за напуштање на живеалиштето-град С.. Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница и забрана за нејзино издавање, Забрана за употреба на лична карта за преминување на државната граница и обврска осомничениот да се јавува во Основен Кривичен суд Скопје, кај определено службено лице секој понеделник и петок“.Одлуката ја донеле судиите Мирјанка Гоцевска Стефановска, Ѓорѓи Андонов и Весна Димитриевска Накова.

Македонија | пред 8 месеци

puls-35

Семејствата на загинатите во “Пулс” ќе бидат повикани во Обвинителство

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите.Преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.За таа цел во следните 2 дена, во соработка со волонтерите од “Support Kocani”, обвинителството ќе ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27.05 (вторник) до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените.Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот “Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.Тоа може да се направи со пополнување на следниот ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА, кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: istragakochani@jorm.mk”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

naunova

Мајка на жртва од Кочани до Мицкоски: Ве повикуваме да дојдете, да запалите свеќа и да бидете со народот

Се заострува јавната реакција по трагедијата во Кочани. Мајка на едно од починатите деца, Габриела Наунова, јавно му се обрати на премиерот, Христијан Мицкоски, со емотивна и остра порака објавена на Фејсбук. Таа го повика да дојде лично во Кочани, да запали свеќа на гробовите на загинатите и да се соочи лице в лице со болката на семејствата.Време е да покажете одговорност и човечност. Дојдете лично во Кочани. Запалете свеќа на гробовите на нашите убиени ангели. Не беа болни – беа убиени. Немате изговор да не бидете тука, со народот, со семејствата, лице в лице со болката. Знаеме дека се видовте со дел од родителите, но другите не беа ни во психичка состојба да дојдат. Тоа не е оправдување за вашето физичко отсуство. Доста беше манипулации со нас. Ако имавте барем малку грам жал и човечност, како што го охрабрубвате сопствениот син да продолжи напред – знаете дека патот ќе му биде тежок на Машински факултет – така и мојата ќерка имаше сон. Таа следната година требаше да матурира и да се запише на Економски факултет во Словенија. Наместо денес да ја бодрам и подготвувам за животот, со мајчинско, скршено, но борвено срце ветувам: Правдата за нејзиното убиство ќе биде тешка, но мора да излезе на виделина. Од таа кобна ноќ добивме само молк, игри и празни зборови“, напиша Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица.На крајот, мајката додаде: „Народот не е глуп, бараме вистина, правда и одговорност“.[caption id="attachment_329136" align="alignnone" width="711"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 8 месеци

puls-kocevski

Истрагата за Кочани при крај: На распит биле над 300 лица

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, посочува дека истрагата за пожарот во Кочани, од кој животите ги загубија 62 лица, е при крај. Засега, нема нови лица кои се осомничени. Распити се направени на над 300 лица, тврди тој.„За десет дена треба да заврши истрагата, а кон средината на јуни, се очекува јавно обвинителска одлука. Во моментов се испрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Распрашани се можеби над 300 лица“, рече Коцевски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-14.09.40

„Не прашувај каде треба да бидеш во сабота, одиме во Кочани, не смееме да ги оставиме сами!“, велат од „Кој е следен?“

Иницијативата „Кој е следен?“ и оваа сабота најавува дека ќе оди да ги поддржи родителите во Кочани, за што организира и превоз.„Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството. Затоа не прашувај каде треба да бидеш во сабота? Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами! Протестот во Кочани почнува во 16:05 кај Паркот на Револуцијата“, стои во најавата.Ова е втора сабота по ред, како тие им се придружуваат на родителите кои ги изгубија своите чеда во страшната трагедија. Тие на улиците, со молк испраќаат силна порака - дека следат и чекаат одговорност.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.55.05

(Вознемирувачкo видео) Исповед: Самохрана мајка од Кочани напуштила работа за да се грижи за повредениот син

Предупредување: Во снимката има сегменти од раните на повреденото момчеСилвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, за „Support Kocani“ објасни за тешката состојба во која се наоѓа. Таа посочува дека има возрасна мајка со два мозочни удари, мало дете од 10 години и сега треа целосно да се посвети на повреденото дете. Силвана е самохрана мајка.„Јас му облакам чорапи, го мачкам, масирам.. морав работата да ја напуштам за да се посветам на детето. Е сега колку сѐ може за тие некои работи, поврзани со него - јас што имам ќе дадам, ама морам да имам нешто и помош. Од државата треба да имаме ние помош. Ние ништо немаме од државата“, рече Петрова.Таа рече дека кога го пуштиле од болницата во Грција, рекле дека ништо не е готово. Туку дека од тој момент почнува процесот на заздравување.„Многу хигиена, многу средства, пазење од сонце...Они мислат набрзина ќе помине, ама нема..Не може ни да работи моментално.. јас му сечкам јадење, за да тој со левата рака може да пренесе до устата“, додаде Петрова.

Македонија | пред 8 месеци

kocani-6246245

Молитви во тегла за продажба: Измамници профитираат на сметка на жртвите од Кочани

Струмичката епархија на МПЦ-ОА предупредува на измамничка шема во која е злупотребено името на епископ Јаков, а дополнително измамниците ја користат трагедијата на семејствата на загинатите од кочанската дискотека. Од Епархијата алармираат дека станува збор за грозоморна измамничка шема преку која лица под профилот Библиска Македонија продаваа „молитви во тегли“ и книги.Осомничена е фејсбук-групата „Библиска Македонија“.-До нас стигнаа информации од оштетените граѓани, дел од нив роднини и родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани, коишто, скршени од болка и барајќи утеха, подлегнале на лагите кои им ги пишувале луѓето кои се кријат зад профилот Библиска Македонија и порачувале од спорните реквизити. Целосно ја имаме во предвид ранливоста на оштетените, кои од небрежност, не сакајќи поверувале на оваа измамничка шема, која е сѐ, само не во духот на православното христијанство, соопштија од Епархијата.-Грозоморна измама, затоа што некои ликови, кои се претставуваа како христијани, се дрзнале преку лаги и измами, не само да прават обид за дискредитација на Преосветениот владика, а со тоа и на МПЦ ОА, туку и да заработуваат користејќи ја болката на оштетените. Грозоморна затоа што на луѓето кои барале утеха им продавале „ветер и магла“ и со тоа стекнувале бесправна материјална корист. Тука нема ништо човечко, а камо ли христијанско.Ниту Митрополитот Струмички г. Наум, ниту неговиот викарен Епископ г. Јаков дале било кому благослов да се продава каква било книга. Луѓето блиски до Црквата и Струмичката Православна Епархија знаат дека сите епархиски изданија, книги, весници, молитвеници итн, верниците и добронамерниците ги добиваат на подарок од владиците, потенцираат од Епархијата.Случајот е пријавен во полиција, информираат од таму.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања