ПУЛС

gadf

Пред три месеци негираше вина: Нацев, ексдиректор од ВМРО-ДПМНЕ е новиот осомничен за пожарот во „Пулс“

Александар Нацев е новиот осомничен во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинителството го сомничи дека е „реален сопственик“ на фирмата која го обезбедувала објектот кобната вечер, а која дозволила внесување на приотехника од страна на членовите на музичката група „ДНК“. Нацев е родум од Пробиштип, каде вчера биле извршени претреси со судска наредба. Претресувани биле негови простории и во Скопје, а одземена е обемна документација поврзана со фирмата.„Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.„Без да имаат договор со клубот „Кабаре ПУЛС“ Кочани, во текот на 2025 година незаконски вршеле обезбедување на објектот. Новоосомничениот активно раководел со ова обезбедување, спротивно на Законот за приватно обезбедување – без безбедносна проценка, план, проверка за противпожарна заштита и услови за евакуација. Во ноќта на пожарот, не го контролирале влезот, дозволиле присуство на малолетни лица, преполнетост на објектот и внес на пиротехника од музичката група, што довело до пожар во кој загинаа 62 лица, 157 беа тешко повредени, а 54 со полесни повреди“, велат од Обвинителството.Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.Нацев е ексдиректор на Дирекцијата за класифицирани информации од 2015 до 2017 година, кога со Владата раководеше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Важеше и за истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, од чија говорница држеше и прес-конференции. Нацев e и извршен директор на ЦБИ и професор на Факултетот за државна безбедност.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5572

И газдата на фирмата за обезбедување е осомничен за пожарот во „Пулс“: нови детали од истрагата

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје.Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.„Тие без да имаат склучено договор со корисникот на услугата Кабаре ПУЛС Кочани, во текот на 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот. Новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице. Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица“, велат од Обвинителството и додаваат:Врз основа на судска наредба вчера беше извршен претрес на две локации во Скопје и во Пробиштип, како и во автомобилот на осомничениот, при што беше одземена обемна документација поврзана со правното лице и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-08-at-17.20.37

(Видео) „Личните навреди на протестот во Кочани кон политичари се од политички структури со традиција на некрофили“, вели владината портпаролка

Родителите и роднините на трагично загинатите во дискотеката ,, Пулс” во Кочани, секоја сабота на ,,Марш на ангелите“ го идкажуваат својот револт од истрагата и бараат правда.Тие застануваат и протестираат пред општината, судот, полицијата и обвинителството. Вчера, родителот на загинатиот тапанар на групата ДНК, револтирано ги навредуваше и побара оставки од премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.,,Можам да кажам дека во целост ја разбираме како Влада нивната болка, тоа неколку пати досега сме го кажале. Но, од друга страна морам да кажам, со жалење, дека беа слушнати лични напади кои што пак политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политичка позадина. Навистина жалам што некои политички структури имаат традиција на некрофили“, кажа портпаролката Марија Митева на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за барањата за оставки.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-07-at-20.16.25

(Видео) „Ни ја убивте последната надеж, кој ја внесе пиротехниката? “ – мајка на жртва во „Пулс“ со прашања до истражните институции

Клекнати на коленици пред зградата на судот и Обвинителството, родителите на загинатите и повредените деца, посочија дека дале и повеќе од доволно време за истрагата. Според нив, органите на прогонот имале доволно време за детална и неселективна истрага.„Овие институции ни ја потрошија и последната тронка надеж дека оваа држава може да нѐ заштити. Овие институции одново ги убија нашите деца, одново ја убија надеж во нас дека оваа трагедија, ако ништо друго, ќе биде лекција за во иднина и никогаш вакво нешто нема да се повтори. Министерот Тошковски и обвинителот Коцевски ни должат одговор како е можно полицијата да прави акциска контрола во објект кој воопшто не смеел да работи, објект кој немал валидна лиценца, а имал и блокирана сметка. Ако објектот не смеел да работи, тогаш институциите треба да одговорат кој направил пропуст, за дискотеката да биде отворена“, рече мајка на загинато момче.Тие прашаа кој ќе одговара за внесувањето на нелегалната пиротехника, која била внесена и е причина за пожарот.„Како може да нема одговор, 80 дена, кој ја внел пиротехниката? Како е можно 80 дена никој да не го знае потеклото на пиротехниката? Зошто не одговара никој од МВР кои согласно закон требало да ја контролираат пиротехниката?“, додаде таа.Тие лоцираат одговорност и кај инспекторатите, кои сметаат дека направиле низа пропусти.„Каде е одговорноста на УЈП кои го казниле објектот, но не го затвориле?“, рече мајката.Замеруваат и на тоа што дел од притворите беа укинати за осомничените па викаат: „Тие луѓе денес се со своите семејства, за разлика од нашите деца, кои никогаш повторно не можеме да ги видиме. Нема да нѐ поколебаат коментарите на ботовите на социјалните мрежи. Ние нема што да изгубиме. Кажете што ви згрешија нашите деца, па да плукате по нив?“.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-07-at-19.45.46

(Видео) Таткото на загинатиот тапанар од ДНК до Сиљановска, Мицкоски и Тошковски: Немате срца, бирајте месец но на 16-ти дајте оставки

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК Георги Георгиев, на денешниот протестен марш во Кочани упати остри пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, до премиерот Христијан Мицкоски и до министерот за внатрешни работи Тошковски.,,Ни вети дека ќе биде претседателка на сите граѓани, дека ќе биде мајка за сите граѓани. Тоа што го вети не излезе така. Само се фати за столот и ја снема. Сега едно ќе те прашам тебе, мајко моја, званична маќео, ми пушти писмо, за три дена ме најде мене по кое ме заборави за 24 часа. Мајко моја, маќео да видиш македонски народе на што личи ова. Нема никаков потпис од нашата мајка. Дали не ти е срам, овој збор -мајка ги прелажа сите. Вие излеговте едно големо ла.но”, рече изреволтираниот родител кој го искина писмото од претседателката какво што добиле и другите родители.Тој покажа писмо и од премиерот Мицкоски.,, Се нарекува патриот, маж се нарекува Мицкоски. Ова не е твој потпис. Не ви е ли срам, вие имате ли деца. Нека ви се живи и здрави. Но сите вие од прв до последен знајте, 63 жртви се, 63 дена душа ќе ви излегува низ га.от.Јасно ли ви е. Јас лично ти викам да дојдеш во Василево пошто се правиш патриот и се правиш маж”, рече таткото на загинатиот тапанар од ДНК кој го искина писмото и од Мицкоски пред присутните, кои извикуваа „кукавица”.„Ти си големо ла.но и јас ќе ти покажам кој е поголем маж. Каде беше кога се пукаше кога во Југославија? Каде беше кога се пукаше во Македонија. Јас бев на граница”, изјави таткото кој рече дека не им се плаши, иако му се закануваат дека многу зборел, иако го следат посочувајќи со какво возило.,, Дали не ви е грев, вие да дојдете денес тука до нас, да запалиме свеќа”, рече иставајќи и 2.000 денари на претседателката со нив да дојде во Кочани и да запали свеќа.На министерот Тошковски му забележа дека има полицајци кои само кафиња пијат, а тие во Струмица не знаеле колку се два и два.Децата, рече ќе бегаат од државата и порача вие не сте способни Влада да водите.,, Јас ќе ви кажам кога да си дадете оставка, а вие бирајте го месецот.Нашите деца на 16 ти загинаа. На 16 ти вие тројца да си дадете оставка, а вие изберете го месецот.Вие немате срца”, рече револтираниот родител.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-20-at-08.50.11

„Барем за тие што ни останаа...“ – потресен повик на мајка која изгуби ќерка во „Пулс“, пред маршот за правда

Верица Трифунова, мајка на загинатата Моника Спасова, упати апел до граѓаните пред утрешниот (сабота 7 јуни) нов марш во Кочани.„Кој има душа, со разум и развиени мозочни ќелии и застане рамо до рамо, со нас родителите и ќе се бори за правда на убиените ангели, со тоа ќе покаже дека е совесен родител и размислува за иднината на сопствените деца. Да застанеме и да кажеме стоп на криминалот, корупцијата, насилството, дилерите кои ни ја уништуваат иднината на нашите деца, барем тие што ни останаа, половина ни се иселија, од половина што ни останаа ни ги убија.. Тие што преаживеаја трајно ни ги оштетија. Затоа ако имате грам совест и човечност, барем за детските животи, придружете ни се на нас родителите на убиените ангели, да почнат да размислуваат што се вистинските вредности во животот, кои со пари не можат да се купат“, вели Трифунова.Утрешниот марш, ќе се одржи во истиот термин како претходните, од 16:05 минути во Кочани.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5572

Еден од повредените во „Пулс“ е во тешка состојба, вкупно 12 се уште во болница

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски рече дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство. Од повредените кои се во болници, еден е во тешка состојба.„На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во '8 септември', 26 се во 'св. Наум Охридски'. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во '8 септември'. Третманот со ПРТ (плазма со тромбоцити или без тромбоцити) се прави кај 16 повредени и тој е супериорен третман за намалување на лузните од изгорениците. Ги повикувам сите повредени кои имаат дилема, страв, да се обратат во 'св. Наум Охридски' или во Клиниката за пластичка хирургија“, рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.Тој рече дека пациент со тешки изгореници, по еден месец имал значително подобрување на состојбата со третманот со плазма.

Македонија | пред 7 месеци

adgasgd

„Ни крема за рани не ни дадоа“ – преживеан од пожарот во „Пулс“ со јавен апел за незаинтересираноста на државата

Дарко Златев, повреден во „Пулс“ кобната вечер, кога животот го загуби неговата внука, со јавен апел се обрати до јавноста. Тој тврди дека тие немаат добиено никаква помош од државата, а ниту биле посетени. Се жали дека немаат поддршка ниту грижа, особено потенцира, во Кочани нема ниту најосновни средства.„Со голема болка и тешко срце ја споделувам трагедијата што не' снајде. Во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, животот го загуби мојата внука од сестра, заедно со уште 61 млад човек. Вкупно 62 загинати, и 200 повредени. И покрај огромната загуба, немаме добиено никаква помош од државата. До ден-денес, ниеден претставник од владата не не посети, ниту во болниците, ниту во домовите. Нема поддршка, нема грижа, нема ни најосновни медицински средства. Сè што имаме се донации од хумани луѓе – државата не обезбеди ни обични креми за раните, а камоли сериозна медицинска помош, дури и опремата односно двете маси за вежбање во физикалната се донации а без нив просториите беа потполно празни! Имаше доволно време да се обезбедат услови во болницата. Ние, повредените, бевме испратени на лекување во странство уште од таа кобна ноќ. Јас лично бев хоспитализиран во Белград, каде што веќе наредниот ден дојде премиерот Александар Вучиќ лично да не посети, да не слушне и да ни даде целосна поддршка – и психолошка, и медицинска,која во тој момент ни беше најзначајна“, пишува Златев и додава:„А кај нас? Нашиот премиер не најде време да дојде и да не види, ниеден од повредените. Ни збор за поддршка. Ни чекор за лекување. Ниту правда, ниту одговорност! Затоа прашуваме: До кога вака? До кога жртвите ќе се игнорираат, а институциите ќе молчат? До кога ќе живееме во држава каде што човечкиот живот ништо не вреди?Бараме: Итна и јавна истрага за причините за пожарот. Поддршка за семејствата на загинатите и повредените. Одговорност за сите што затаија. Достоинство за жртвите, и вистинска грижа за преживеаните. Ова не е само наша болка – ова е срам за една цела држава“.

Коментари | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-20-at-16.49.15

(Видео) Условите се на минимум, нема каде да се мијат раните, тоа се прави во умивалник, вели повредениот Дарко за кочанската Болница

Кочанчанецот Дарко Златев е еден од повредените во дискотеката „Пулс“, кој се лекуваше во Белград и има тешки изгореници на двете раце. Нему му била извршена и трансплатација на кожа. Сега, грижа и нега добива во Болницата во Кочани. Посочува дека условите таму се на минимално ниво, а пожртвуваноста на персоналот е максимална.„Условите не се толку добри, докторите се добри. А условите се на минимум. На се имаме приговор, нема како прво лепенки кои ни ги препишуваат докторите, немаме ластици, односно стегачи. Нема кај да нѐ премие докторката, во обичен умивалник ни ги мие раните. Нема никакви услови“, рече Лазев.Прашан дали е обврска на болницата да ги набавки преврските тој рече: „Завоите од тука се од болницата. И мислам дека баш вчера кажа докторката, тие што се ластиците, сами ги нашла во Битола. Од сите аптеки купила да донесе за нас. Иначе, од болницата немаме“, додаде тој.Повредениот, посочува дека лекувањето ќе трае најмалку две години, според насоките кои ги добиле од докторите во Белград.„Сѐ е скоро на наш трошок. Докторите во Белград ни кажаа дека ќе трае најмалку две години. Не смее на сонце, треба да се пазиме од комарци. Задоволен сум од докторките и персоналот, ептен. Даваат сѐ од себе“, заклучи тој.Претходно, Министерството за здравство тврдеше дека се обезбедни сите услови за третирање на пациентите.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-04-at-13.30.56

(Фото) Иселеници и сограѓани помагаат на повредените во Кочани, им испраќаат лепенки и медикаменти за раните

Иницијативата „Support Kocani“ речиси три месеци макотрпно собира средства, но и медикаменти за повредените во трагедијата во „Пулс“. Пожртвуваноста на младите кои се здружија со цел да помогнат на секој еден кој има последици од кобниот 16 март, продолжува. Контактираат со компании, иселеници, странци кои им испраќаат по цели куфери со потребни работи за преврски.„Денес стигна уште една донација од сограѓани во Чикаго, лепенки за лечење на лузни, кои моментално се најпотребни. Проследени се одма на болницата во Кочани“, стои во една од објавите.Во друга објава, посочуваат и бројот на лепенки кои се потребни за првите месеци.„Лепенките кои ги препорачаа докторите се Cica-Care, во моментот се потребни 5000-6000, за првите неколку месеци“, додаваат од „Support Kocani“.Иселеници, пратиле и полни куфери со најпотребните силиконски лепенки. Во засебна објава, тие се заблагодарија на „Зегин“ кои донирале помагала.„Мултифункционалната маса која е донација за Физикалното одделение е една од донациите која најмногу помага при рехабилитација на нашите деца. Благодарност и до д-р Симона Јованова која го направи списокот за потребните помагала на време“, велат од  „Support Kocani“.„Скопје1“ при крајот на мај, побара одговор од Министерството за здравство, за недостатокот на медицински персонал, лошите услови, недостатоците на фластери и за сето она на што сведочат повредените, но до овој момент немаме одговор. Непознато останува и колку лица се третираат на дневно ниво во болницата во Кочани, како и колку од тие пациенти се повредените во „Пулс“. [caption id="attachment_329947" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-31-at-20.58.50

(Видео) Семејствата на жртвите од „Пулс“ во Кочани: „Не бараме милост, не ги штитете полицијата и виновниците“

На осмиот „Марш за ангелите“, семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно упатија остри пораки до институциите, барајќи правда и одговорност.„Не ја штитете полицијата, не ги штитете виновниците. Не сме слепи, ни глуви. Не бараме милост – бараме правда. За секое дете што нема да се врати, за секоја мајка што навечер гушка воздух“, порачаа родителите.Тие упатија прашања: зошто дискотеката – импровизирана и без лиценца – не била затворена навреме, и кој сè дозволил таа да работи спротивно на законот?“. Прстот беше вперен во Министерството за економија, МВР, Обвинителството, УЈП, Пазарниот инспекторат и Општина Кочани, како институции што, според родителите, затаиле и придонеле за трагедијата.„Да ве потсетиме – на 16 март Кочани замолкна. Во огнот на ‘Пулс’ живи изгореа 62 млади души. Над 200 беа повредени, половина од нив беа деца, без наполнети 18 години. Таа вечер, во објект без дозвола, беа натрупани 500 лица. Газдата ги пушти од алчност“, изјави една од мајките.Таа рече и дека полицијата наместо да ги заштити, им ја затворила вратата, мислејќи дека бегаат од инспекција: „Тоа беше масовно убиство. Не ги штитете убијците – ако ви останало нешто човечно“.Друг родител ја критикуваше истрагата, откако беше објавено дека од првично 73 осомничени, само 46 остануваат под сомнение – а половина од нив, според семејствата, не биле ниту повикани на распит.„Апелираме да се следат доказите, не позициите. Вистинските виновници мора да бидат откриени, без оглед кој се кријат зад нив. Ако вие не ги гледате, ние сме тука да ви ги покажеме“, порачаа родителите.Сите изјави, како што најавија, ќе бидат објавени на заедничката страница на здружението „16.03“.„Во сета болка, ние моравме да ги следиме сите правни норми. Но, нема да молчиме“, завршија родителите.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-31-at-16.25.32

(Видео) Родителите од Кочани со порака до вас: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“

Молчејќи, со фотографиите од загинатите чеда во рацете, родителите, семејството, пријателите и јавноста излезе на осмиот по ред марш преку кој се упатува порака дека се чека правда. Зад родителите, транспаренти. Овојпат со порака до јавноста: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“. На протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од другите градови.Ова е осми по ред марш кој го организираат. Тие не ја кријат болката, а очекуваат јавноста да ја почувствува и да застане рамо до рамо со нив, за да ваква трагедија не се повтори. Постојано повторуваат дека молчат и се следат, бидејќи даваат шанса. Минатата сабота порачаа до институциите - дека трпението им е при крај.

Македонија | пред 8 месеци

FA7F9C6D-5D57-4B53-91C1-D1C262968A1D_1_105_c

Болката одново ќе се излие на кочанските улици, родителите на загинатите и денеска на улиците

Денеска во 16 часот и 5 минути, семејствата на загинатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека ќе го одржат осмиот по ред „Марш за ангелите“. Toj ќе започне од Паркот на револуцијата и ќе се движи низ централните улици – преку Трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.Организаторите упатија јавна покана до сите граѓани кои сакаат да ја поддржат нивната борба за вистина и правда, да им се придружат на маршот. Мајките на загинатите деца се обратија до мајките. Машрот се организира секој викенд, во истиот термин.На минатиот марш, тие порачаа правосудните институции да не си играат со нивното трпение, а дека нивниот молк кажува многу.Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека истрагата за пожарот е завршена. Вкупно 46 лица се осомничени за тешки кривични дела против општата сигурност, меѓу кои и 14 полициски службеници, чии предмети се водат од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_5583

Кој е одговорен за трагедијата во „Пулс“? Заврши истрагата, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени, следува обвинение

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.Во истражната постапка постапуваа вкупно 13 обвинители од основните јавни обвинителства во Кочани, Скопје, Штип и Куманово кои презедоа голем број дејствија со кои обезбедија докази со цел утврдување на фактичката состојба.По наредба на јавните обвинители, полициски службеници и истражители од истражните центри на обвинителството, на лице место на трагичниот настан и на повеќе други локации, прибраа материјални докази и документација кои беа предмет на вештачење. Обезбедени се детални обдукциски вештачења за причините за смрт на секој од починатите, како и за видот и карактерот на повредите кај повредените лица. Изготвени се градежно и хемиско вештачење, со кои се испитаа околностите во самиот објект, безбедносните стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот. Во однос на определен дел од документацијата за клубот се вршеше и графолошко вештачење. Извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените. Од бројни електронски уреди (компјутери и мобилни телефони) се вршеше извлекување и анализа на податоци, кои се вкрстуваа со останатите информации добиени во текот на истрагата. Во однос на работата и функционирањето на клубот проверки по насока на јавен обвинител вршеше и Управата за финансиска полиција.Доказите кои се прибрани во текот на оваа истражна постапка, а се однесуваат на постапувањето на полициските службеници, обвинителскиот тим ќе ги достави на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде Специјализираното одделение до овој момент спроведува истрага против 14 полициски службеници. Овој дел од истрагата ќе продолжи и во следниот период со цел целосно испитување на сите факти и околности.Јавнообвинителската одлука за секој од осомничените поединечно ќе биде донесена врз основа на целокупниот доказен материјал. Дополнително, доколку од анализата на овие или други докази се утврдат елементи на кривично дело и кај други лица, кои до овој момент не се опфатени со истражната постапка, обвинителството ќе постапува согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

majki-naunova-taseva

Нова сабота, истата болка: мајките на загинатите Стефан и Надица со емотивно обраќање до другите мајки

Нов марш на родителите на загинатите деца е најавен за утре, а мајките јавно ги повикуваат другите мајки да им се приклучат. Истиот ќе се одржи во Кочани, како и секоја сабота, од 16:05 минути.„Ајде мајки, без разлика на вера, нација, припадност, партија, придружете нѐ нас мајките, за нашите ангели и ангелите во иднина што треба да го живеат животот, иднината е во ваши раце, нашите деца веќе ги нема“, напиша мита Тасева, мајка на загинатиот Стефан Тасевски.Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова исто така преку емотивна објава ги повика мајките.Сакам да се обратам до сите мајки кои не излегоа со нас на маршевите за правда - за нашите починати и повредени деца. Дали тие мајки не чувствуваат болка кога ќе слушнат за изгубено младо срце? Дали нивните срца се од камен? Дали тие чуваат деца дома и мислат дека никогаш нема да бидат на нашето место? Ова не е борба само за нашите деца, туку за сите деца. Молам, разбудете се пред да биде доцна за неко ваш! Ние не бараме ништо повеке од правда и безбедна иднина“, напиша Наунова.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања