„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Семејствата на жртвите од „Пулс“ во Кочани: „Не бараме милост, не ги штитете полицијата и виновниците“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-05-31-at-20.58.50

На осмиот „Марш за ангелите“, семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно упатија остри пораки до институциите, барајќи правда и одговорност.

— реклама —

„Не ја штитете полицијата, не ги штитете виновниците. Не сме слепи, ни глуви. Не бараме милост – бараме правда. За секое дете што нема да се врати, за секоја мајка што навечер гушка воздух“, порачаа родителите.

— реклама —

Тие упатија прашања: зошто дискотеката – импровизирана и без лиценца – не била затворена навреме, и кој сè дозволил таа да работи спротивно на законот?“. Прстот беше вперен во Министерството за економија, МВР, Обвинителството, УЈП, Пазарниот инспекторат и Општина Кочани, како институции што, според родителите, затаиле и придонеле за трагедијата.

„Да ве потсетиме – на 16 март Кочани замолкна. Во огнот на ‘Пулс’ живи изгореа 62 млади души. Над 200 беа повредени, половина од нив беа деца, без наполнети 18 години. Таа вечер, во објект без дозвола, беа натрупани 500 лица. Газдата ги пушти од алчност“, изјави една од мајките.

Таа рече и дека полицијата наместо да ги заштити, им ја затворила вратата, мислејќи дека бегаат од инспекција: „Тоа беше масовно убиство. Не ги штитете убијците – ако ви останало нешто човечно“.

Друг родител ја критикуваше истрагата, откако беше објавено дека од првично 73 осомничени, само 46 остануваат под сомнение – а половина од нив, според семејствата, не биле ниту повикани на распит.

„Апелираме да се следат доказите, не позициите. Вистинските виновници мора да бидат откриени, без оглед кој се кријат зад нив. Ако вие не ги гледате, ние сме тука да ви ги покажеме“, порачаа родителите.

Сите изјави, како што најавија, ќе бидат објавени на заедничката страница на здружението „16.03“.

„Во сета болка, ние моравме да ги следиме сите правни норми. Но, нема да молчиме“, завршија родителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања