Промени тема
Контакт

(Видео) „Ни ја убивте последната надеж, кој ја внесе пиротехниката? “ – мајка на жртва во „Пулс“ со прашања до истражните институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-06-07-at-20.16.25

Клекнати на коленици пред зградата на судот и Обвинителството, родителите на загинатите и повредените деца, посочија дека дале и повеќе од доволно време за истрагата. Според нив, органите на прогонот имале доволно време за детална и неселективна истрага.

— реклама —

„Овие институции ни ја потрошија и последната тронка надеж дека оваа држава може да нѐ заштити. Овие институции одново ги убија нашите деца, одново ја убија надеж во нас дека оваа трагедија, ако ништо друго, ќе биде лекција за во иднина и никогаш вакво нешто нема да се повтори. Министерот Тошковски и обвинителот Коцевски ни должат одговор како е можно полицијата да прави акциска контрола во објект кој воопшто не смеел да работи, објект кој немал валидна лиценца, а имал и блокирана сметка. Ако објектот не смеел да работи, тогаш институциите треба да одговорат кој направил пропуст, за дискотеката да биде отворена“, рече мајка на загинато момче.

— реклама —

Тие прашаа кој ќе одговара за внесувањето на нелегалната пиротехника, која била внесена и е причина за пожарот.

„Како може да нема одговор, 80 дена, кој ја внел пиротехниката? Како е можно 80 дена никој да не го знае потеклото на пиротехниката? Зошто не одговара никој од МВР кои согласно закон требало да ја контролираат пиротехниката?“, додаде таа.

— реклама —

Тие лоцираат одговорност и кај инспекторатите, кои сметаат дека направиле низа пропусти.

— реклама —

„Каде е одговорноста на УЈП кои го казниле објектот, но не го затвориле?“, рече мајката.

Замеруваат и на тоа што дел од притворите беа укинати за осомничените па викаат: „Тие луѓе денес се со своите семејства, за разлика од нашите деца, кои никогаш повторно не можеме да ги видиме. Нема да нѐ поколебаат коментарите на ботовите на социјалните мрежи. Ние нема што да изгубиме. Кажете што ви згрешија нашите деца, па да плукате по нив?“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања