„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Условите се на минимум, нема каде да се мијат раните, тоа се прави во умивалник, вели повредениот Дарко за кочанската Болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-05-20-at-16.49.15

Кочанчанецот Дарко Златев е еден од повредените во дискотеката „Пулс“, кој се лекуваше во Белград и има тешки изгореници на двете раце. Нему му била извршена и трансплатација на кожа. Сега, грижа и нега добива во Болницата во Кочани. Посочува дека условите таму се на минимално ниво, а пожртвуваноста на персоналот е максимална.

— реклама —

— реклама —

„Условите не се толку добри, докторите се добри. А условите се на минимум. На се имаме приговор, нема како прво лепенки кои ни ги препишуваат докторите, немаме ластици, односно стегачи. Нема кај да нѐ премие докторката, во обичен умивалник ни ги мие раните. Нема никакви услови“, рече Лазев.

Прашан дали е обврска на болницата да ги набавки преврските тој рече: „Завоите од тука се од болницата. И мислам дека баш вчера кажа докторката, тие што се ластиците, сами ги нашла во Битола. Од сите аптеки купила да донесе за нас. Иначе, од болницата немаме“, додаде тој.

Повредениот, посочува дека лекувањето ќе трае најмалку две години, според насоките кои ги добиле од докторите во Белград.

„Сѐ е скоро на наш трошок. Докторите во Белград ни кажаа дека ќе трае најмалку две години. Не смее на сонце, треба да се пазиме од комарци. Задоволен сум од докторките и персоналот, ептен. Даваат сѐ од себе“, заклучи тој.

Претходно, Министерството за здравство тврдеше дека се обезбедни сите услови за третирање на пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања