Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ со Калиопи: 50 години под рефлекторите, животот на сцена, Македонија, колегите

За „Пулс“: И ексградоначалникот на Кочани оди во куќен притвор, Бектеши останува зад решетки, полицаецот кој го немаше сам се пријави кај обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
papazov-bektesi

Ексградоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, осомничен за случајот со пожарот во „Пулс“ оди во куќен притвор. Одлуката е донесена по предлог на Обвинителството, а откако тој еден месец помина во ефективен притвор кој го издржуваше во кумановскиот затвор. Замената на мерката притвор доаѓа откако Обвинителството обезбедило докази и сослушало сведоци, па сметаат дека и со полесна мерка може да се исполни целта лицето да биде достапно за истражните органи. Мерка куќен пртивор доби и поранешниот директор на Државниот пазарен инпскеторат, Горан Трајковски. Од зад решетки излезе и еден член на обезбедувањето.

— реклама —

„Од 19 осомничен, за 4-четири осомничени беше предложена мерка притвор која со решение на судијата на претходна постапка беше определена спрема истите, спрема осум од осомничените беше предложена мерка куќен притвор, истата судијата на претходна постапка беше определена спрема овие осум осомничени, додека спрема седум осомничени беа предложени мерки на претпазливост и истите со решение на претходна постапка се изречени спрема осомничените“, велат од Основен суд-Кочани.

— реклама —

Зад решетки и натаму останува ексминистерот за економија Крешник Бектеши, додека ексминистрите Ваљон Сарачини и Беким Незири се во куќен притвор. Претходно, куќни притвори беа одредени и за Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, ексградоначалници на Кочани.

— реклама —

Досега осомничени се 47 физички лица и три правни лица. Истовремено, засебна постапка се води и против 47 полициски службеници. Според последните информации, во Обвинителството сам се пријавил полицискиот службеник кој беше достапен за органите на прогонот во текот на вчерашниот ден.

„Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка“, велат кусо од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде што е одделението за гонење на лица со полициски овластувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања