Сарачини и Незири во куќен притвор, ексдиректорот на ДЗС и актуелен министер доби ефективен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-13-at-17.04.40

Ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири добија куќен притвор, додека ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, Шабан Салиу доби ефективен притвор. Ова се само дел од изречените мерки за новоосомничените за пожарот во кочанската дискотека, по проширшувањето на истрагата. Освен Салиу, уште три други лица добиле притвор, а Обвинителството не открива кои функции ги имале. Со Сарачини и Незири, притвор добија и други четири лица. Останатите осум осомничени - имаат мерки на претпазливост.

— реклама —

За актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Куќи, засега нема мерки. Тој најави дека се враќа во Македонија, откако доби статус на осомничен. Став беше побаран и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој рече: „Согласно тоа што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека за кратко време ќе биде достапно на институциите во Македонија“, рече Тошковски.

— реклама —

Се води истрага 47 лица, и три правни лица.

— реклама —

„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.

Мерките на претпазливост се одредуваат поради опасност од бегство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања