Промени тема
Контакт

Тројца пациенти повредени во кочанската дискотека денеска се враќаат од Шведска и Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
puls-40

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.

— реклама —

Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.

— реклама —

Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќање од Полска, истиот денеска се пушта на домашно лекување. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника Св.Наум Охридски 6 пациенти.

— реклама —

Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца пациенти.

— реклама —

Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 3 дена

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 5 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 5 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања