„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Една снимка, два деманти: „Кој е следен?“ тврдат дека се мета на лажни вести, собирот ниту на УКИМ не е откажан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
obid

Снимка на која се гледа како македонски студенти се консултираат со српски студенти, а се зборува за протести, се рашири на социјалните медиуми и дел од порталите. Пишувањата беа во насока дека токму од неа се гледа дека зад собирите по трагедијата во Кочани стојат политички актери, а не граѓани што сакаат правда. Но, набрзо по објавата, стигнаа два деманти - од кои едниот е од организацијата „Кој е следен?“ од каде посочија дека немаат поврзаност со студентски организации од надвор, како и дека се мета на лажни вести и манипулации. Вториот од НСС-УКИМ за кои протече информација дека го откажале утрешниот собир за во 13 часот, пред платото на УКИМ.

— реклама —

Од снимката може да се види дека станува збор за онлајн сесија преку платформата „Зум“, која дел од порталите ја поврзуваат со организирање на протести по трагедијата во Кочани. Снимката трае речиси 14 минути, но на повеќе места е кратена, а во истата се слуша дека едно од лицата посочува: „Јас лично бев во партија“, па друг додава „Па и јас бев лично во партија, веќе не сум“. Потоа се слуша девојка која зборува на српски и вели: „Ако некој ти каже дека ти си од партија, ти не си никаков духовен водач. Проблем е ако вашите партиските личности го заземаат медиумскиот простор, и се наметнуваат како водачи“.

— реклама —
_8V0a67mZAg

На почетокот од снимката е ставен плакатот за повикот за протестот во Скопје, организиран од организацијата „Кој е следен?“. Тие велат дека немаат никаква поврзаност со тој повик, ниту се вклучени во какви било разговори за формирање на нови студентски организации. Децидни се дека немаат никаква поврзаност со лицата од снимката, а дека името на неформалната организација „Кој е следен?“ е злоупотребено. Собирот утре, во 18:59 на плоштадот во Скопје - ќе се одржи.

„Доволно е да се погледне самата снимка – името ‘Кој е следен?’ не се споменува ниту еднаш, а нашето лого е аматерски и намерно вметнато во аголот на видеото. Нашата иницијатива е граѓанска и како таква нема намера да се вклучи во студентското организирање, ниту да го инструментализира“ велат од „Кој е следен? Наместо да одговорат на барањата за правда, одговорност и безбедност, тие се служат со провидни манипулации, лажни вести и медиумски спинови. Притисоците од лажни профили, пропагандни медиуми, како и од полициски и параполициски структури, само дополнително ќе ја зајакнат нашата волја. Оваа сурова пропаганда нема да не замолчи. Нема да дозволиме да се угуши секој млад, независен и слободен глас. Нема да дозволиме елитите да продолжат да не газат! Денес ние сме мета на манипулации и лажни вести. Кој е следен?“, прашуваат од неформалната роганизација.

По дел од медиумите се објавија информации дека поради протекувањето на оваа снимка, нема да се одржи собирот на УКИМ закажан за утре (понеделник) во 13 часот. Ова беше демантирано.

„Сакаме јавно да кажеме дека собирот не е откажан. Сите дезинформации што кружат се лажни и тенденциозни. Пленумот ќе се одржи како што е планирано: Понеделник, 13 часот, Платото на УКИМ“, стои во објавата.

Собири, секојдневно се одржуваат и во Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања