ПУЛС

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Зошто го амнестирате градоначалникот, тој по службена должност знаел за диско-шталата, прашува Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев бара премиерот Христијан Мицкоски да не го амнестира градоначалникот на Кочани. Според Апасиев, постои образец кој се поднесува до градоначалникот на општината при отворање кабаре.„Зошто го амнестирате градоначалникот на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до премиерот Мицкоски), а ги апсите ситните риби? Ова е образецот на Пријавата, кој согласно закон, се поднесува до него – и во случај на отворање “кабаре”. Значи тој, по службена должност, знаел за диско-шталата! Легитимното прашање е зошто тој и општинските инспектори не презеле мерки за контрола и затворање на објектот? Оти, кривични дела се прават и со несторување”, напиша Апасиев.[caption id="attachment_324727" align="alignnone" width="1151"] Prijava Apasiev[/caption]

Македонија | пред 10 месеци

13032025-Mickoski-1

Премиерот апелира сите што биле во близина за време на пожарот да одат на лекар

Премиерот Христијан Мицкоски и денеска апелираше сите лица кои биле во близина на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, да одат на доктор, без разлика дали чувствуваат симптоми или не.„Мора да се направат одредени чекори, без пркосење и негирање. Ако сакаме да избегнеме понатамошни компликации во деновите кои следуваат, треба да се јавите на доктор. Без разлика дали чувствувате било какви тегоби, обврска е да побарате консултација”, апелираше Мицкоски.Премиерот ја истакна улогата на медицинските тимови, кои вложуваат максимални напори во спасувањето на повредените, како и на транспортирањето на пациенти во соседните држави.Мицкоски информираше дека ќе бидат покриени трошоците за двајца членови од семејството на повредените за да можат да патуваат и да бидат со своите најблиски во болниците во други држави.

Македонија | пред 10 месеци

484867144_1250085113140079_1661927536193139607_n

Мицкоски: Никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека ги посетил пациентите повредени во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во Скопје.На новинарско прашање според кои протоколи тоа е дозволено и дали може да има последици врз здравјето на пациентите, бидејќи не е дозволена посета ниту на семејствата, Мицкоски рече дека и вчера и денеска посетил пациенти и ги запазил сите протоколи побарани од медицинскиот персонал и од докторите.„И во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден нема да видите лице, ниту да слушнете и прочитате име на пациент што јас сум го посетил. Ќе ги видите сите фотографии, ќе видите како јас сум влегол. Да, има и такви што влегуваа со камери и слично, но како што видовте и вчера и денеска, јас никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова. Фотографиите се во тил, нема ниту едно лице, многу внимателно ги избиравме фотографиите за да нема ниедно лице. Не го правам тоа поради пиар, туку го правам за да излезам пред вас за да не се кријам и за да зборувам отворено за сето она со кое се соочуваме. Ако е тоа проблем, подготвен сум да сносам одговорност. Мојата задача е преку медиумите да се обратам со пораки до граѓаните и тие пораки важни за граѓаните, тоа е мојата цел“, изјави премиерот.

Македонија | пред 10 месеци

484931383_1084145807075634_2064635479502732050_n

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.„Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. Изразувам искрена благодарност до нашите колеги во Солун, како и до грчкиот народ и владата, за нивната посветеност и поддршка, како и помошта која ни ја пружија во овие моменти“, изјави министерот Таравари.Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-07.18.36

Нови 20 лица лица завршија во болница, меѓу нив и пожарникари

Денеска се хоспитализирани нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари, oбзнани директорот на Фондот за здравство Сашко Клековски на Фејсбук.„Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и во Св. Наум Охридски 12 лица.На тоа треба да се додадат 8 повредени во Аџибадем Систина и 6 повредени во Жан Митрев. Денеска во странство се пренесени 24 повредени и тоа 13 во Србија, Словенија двајца повредени, Литванија четири, Бугарија еден, Австрија четири (Виена, Грац)“, пишува Клековски.Тој информира дека вкупниот број на повредени кои се лекуваат во странство е 73.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-10.40.48

Состојбата на 14-те жртви од Кочани, примени во болниците во Бугарија и понатаму е тешка

14-те настрадани од Кочани, кои се хоспитализирани во Бугарија, остануваат во тешка состојба со повеќе изгореници и вдишени врели гасови, кои им нанеле тешки телесни повреди.Министерот за здравство на Северна Македонија Арбен Таравари денеска пристигнува таму за да се сретне со настраданите.Од „Пирогов“, каде што се лекуваат 8 од повредените, велат дека на луѓето ќе им биде потребна трансфузија на крв. Болницата заедно со бугарскиот Црвен крст и Националниот центар за трансфузиона хематологија започна крводарителска акција.До крајот на неделата, на паркингот на болницата Пирогов во главниот град ќе има шатор на бугарскиот Црвен крст, каде медицинските лица и волонтерите ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади.

Македонија | пред 10 месеци

484585440_9050049688451399_4339670146941520517_n

(Видео) Се бара слобода за обезбедувачите на дискотеката во Кочани, осомничени оти пуштиле малолетници

Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера беа пред судот, со порака, дека ако не биле лицата од обезбедување, тие нема да биле живи. Порачаа дека дел од обезбедувачите ги ваделе надвор, се враќале во огнот, делувале за да ги спасуваат. Со транспаренти во текот на вчерашната вечер, кога се одлучуваше за притворите, дојдоа и пред судот.Обвинителството пак, ги третира како осомничени. Кај нив утврдува дека дозволиле во објектот да влезат малолетници, од кои три лица загинаа. Со тоа, според обвинителите, лицата направиле прекршување на законите. Според домашното законодавство, забрането е лица под 18 години да бидат пуштани во клубови и дискотеки, особено по 12 часот.Двајца од обезбедувачите и пред медиумите кажаа дека не гледаат вина кај нив. Посочија дека спасиле над 80 животи, но дека ќе ја почитуваат одлуката на судот, доколку одлучи дека се виновни.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-17-at-14.14.48

Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина тагуваат со Македонија - прогласен ден на жалост

Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора.Владата на Бугарија, како што пренесоа тамошните медиуми, со одлука го прогласија 18 март 2025 година за Ден на национална жалост во Бугарија во спомен на жртвите кои ги загубија животите во Кочани.„Владата (Бугарија) изразува сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен, во вторник (18 март) на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции. Во бугарските болници се згрижени 14 повредени во пожарот. Нашата земја е подготвена да прифати уште жртви. Бугарската држава обезбеди и превоз и сместување за роднините на повредените, за да можат да бидат во контакт и да им дадат поддршка на повредените“, се вели во соопштението на бугарската влада, пренесува БГНЕС.Со одлука на Владата на Србија, како што објави РТС, денеска е Ден на жалост и во Србија поради големиот пожар во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.На државните институции и установите, националното знаме на Србија е спуштено на половина копје, а медиумите и културните установи се должни своите програми да ги прилагодат на Денот на жалост.Во Србија и Бугарија се хоспитализирани и дел од критично повредените во пожарот во Кочани. Според информациите на здравствените власти, во повеќе болници во Бугарија се наоѓаат 14 пациенти, а во Србија се згрижени и се на лекување 17 лица.Во земјава денеска е втор ден од седумдневната жалост за настраданите во трагедијата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во македонските амбасади низ светот.

Македонија | пред 10 месеци

maksuti-bektesi

Бектеши, Максути и обезбедувачите добија 48 часовни притвори, кои по отворање на истрагата можат да бидат и 30-дневни

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството.Судот на Кочани го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен.48 часа притвор доби и Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.Во притвор беа однесени и неколку лица кои беа обезбедувачи на дискотеката а за кои се бара слобода.„Скопје1“ побара детални информации од кочанскиот суд во однос на притворите - но не доби одговор. Засега нема информација ниту од Обвинителството кое ја предлага оваа мерка.Мерката краткотраен притвор може да се побара за обезбедување на присуство на лица, пред отворање на истрага. По отворањетона истрагата, оваа мерка може да се продолжи за 30 дена.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-17-at-11.55.19

Градоначалникот на Кочани засега не е осомничен, пуштен е дома по распитот

Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, нема статус на осомничено лице во постапката каде се утврдува вина за работата на дискотеката и пожарот во објектот каде загинаа 59 лица.„Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“, велат од Обвинителството.Тој околу 19 часот, го напуштил Обвинителството каде што беше на распит.Утрово пак, тој поднесе оставка.

Македонија | пред 10 месеци

Нема фотографија

Вучиќ разговараше со дел од повредените од Кочани кои се лекуваат во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија.„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои.– Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент.„Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.Заедно со Вучиќ беа и министерот за здравство Златибор Лоначар, како и директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Јелена Друловиќ.Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ што се случи ноќта меѓу саботата и неделата, загинаа најмалку 59 лица, а околу 155 се повредени, од кои 51 се испратени на лекување во странство. 

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-17-at-21.36.46

Обезбедувач на диското доби притвор: Ги спасив сите кои можев, мака ми е за сите што не можев

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. Тој е осомничен бидејќи внатре се пуштени да влезат и малолетници, што е противзаконски.„Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво и мака за тие што не можев тие да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата на починатите. Голем дел од нив се мои пријатели и другари кои на сопствени раце ги извадив. Не знаете на мене како ми е, ама тоа е“, кажа Боев.Тој одговори дека гневот во Кочани не е кон нив.„Луѓето што протестираат се од кај нас, бараат правда за нас, слобода, ние успеавме се да направиме, јас сум дел од обезбедувањето што успеа да ги извади сите преживеани“, додаде Боев.Во пожарот во дискотеката загинаа 59 лица, меѓу нив и малолетници. Во тешка здравствена состојба има 20 лица.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-17-at-09.04.51

Во текот на ноќта пациенти ќе се испраќаат во Австрија, Грција и Хрватска

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки.Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа:Клинички центар – 52 пациентиГОБ „8 Септември“ – 17 пациентиУниверзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациентиКлиника за токсикологија – 10 пациентиАџибадем Систина – 7 пациентиПокрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:Литванија – 4 пациентиАвстрија – 2 пациентиСловенија – 2 пациентиРепублика Србија – 12 пациентиРепублика Бугарија – 1 пациентВо текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти.Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје и Клиниката за психијатрија се формирани мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Македонија | пред 10 месеци

diskot

„Оставете ја шупата, нека сведочи за нашата мизерија, тука веќе одамна ништо не е пристојно“ - Тамара Тодевска за смртта на колегите

Не напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе. Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лута сум, гневна, тажна, разочарана, се огласи на социјалните мрежи Тамара Тодевска за смртта на нејзините колеги од ДНК.„И не сакам да бирам зборови и сето ова да звучи „пристојно“ и „коректно“. Затоа што тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку.Со Андреј имам преубави моменти, заеднички настапи, концерти и дружби… Сара! Нема уметник во Македонија на кој му „нема чувано грб“, душа од човек и другарка. Фичо беше невиден талент… Горги беше наш колега, чие време допрва доаѓаше…Оставете ја „шупата“. Нека сведочи за нашата мизерија, за колективната негрижа, корупција и мизерија. Нас ни нема спас.Големо сочувство до семејствата и блиските на моите колеги, другари, до сите луѓе кои денеска загинаа во Кочани… до следната трагедија’, напиша Тодевска.

Коментари | пред 10 месеци

img_5365

(Видео) „Да ги закопаме децата, па ако сакате запалете го градот“, свештеник ја смири гневната толпа во Кочани

Свештеник ја смири гневната толпа луѓе пред куќата на градоначалникот Папазов во Кочани.„Да ги закопаме децата, па ако сакате запалете го градот“, апелираше свештеникот до толпата.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања