Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУЛС

Screenshot-2025-03-17-at-11.55.19

Градоначалникот на Кочани засега не е осомничен, пуштен е дома по распитот

Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, нема статус на осомничено лице во постапката каде се утврдува вина за работата на дискотеката и пожарот во објектот каде загинаа 59 лица.„Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“, велат од Обвинителството.Тој околу 19 часот, го напуштил Обвинителството каде што беше на распит.Утрово пак, тој поднесе оставка.

Македонија | пред 11 месец

Нема фотографија

Вучиќ разговараше со дел од повредените од Кочани кои се лекуваат во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија.„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои.– Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент.„Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.Заедно со Вучиќ беа и министерот за здравство Златибор Лоначар, како и директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Јелена Друловиќ.Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ што се случи ноќта меѓу саботата и неделата, загинаа најмалку 59 лица, а околу 155 се повредени, од кои 51 се испратени на лекување во странство. 

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-21.36.46

Обезбедувач на диското доби притвор: Ги спасив сите кои можев, мака ми е за сите што не можев

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. Тој е осомничен бидејќи внатре се пуштени да влезат и малолетници, што е противзаконски.„Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво и мака за тие што не можев тие да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата на починатите. Голем дел од нив се мои пријатели и другари кои на сопствени раце ги извадив. Не знаете на мене како ми е, ама тоа е“, кажа Боев.Тој одговори дека гневот во Кочани не е кон нив.„Луѓето што протестираат се од кај нас, бараат правда за нас, слобода, ние успеавме се да направиме, јас сум дел од обезбедувањето што успеа да ги извади сите преживеани“, додаде Боев.Во пожарот во дискотеката загинаа 59 лица, меѓу нив и малолетници. Во тешка здравствена состојба има 20 лица.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-09.04.51

Во текот на ноќта пациенти ќе се испраќаат во Австрија, Грција и Хрватска

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки.Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа:Клинички центар – 52 пациентиГОБ „8 Септември“ – 17 пациентиУниверзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациентиКлиника за токсикологија – 10 пациентиАџибадем Систина – 7 пациентиПокрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:Литванија – 4 пациентиАвстрија – 2 пациентиСловенија – 2 пациентиРепублика Србија – 12 пациентиРепублика Бугарија – 1 пациентВо текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти.Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје и Клиниката за психијатрија се формирани мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Македонија | пред 11 месец

diskot

„Оставете ја шупата, нека сведочи за нашата мизерија, тука веќе одамна ништо не е пристојно“ - Тамара Тодевска за смртта на колегите

Не напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе. Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лута сум, гневна, тажна, разочарана, се огласи на социјалните мрежи Тамара Тодевска за смртта на нејзините колеги од ДНК.„И не сакам да бирам зборови и сето ова да звучи „пристојно“ и „коректно“. Затоа што тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку.Со Андреј имам преубави моменти, заеднички настапи, концерти и дружби… Сара! Нема уметник во Македонија на кој му „нема чувано грб“, душа од човек и другарка. Фичо беше невиден талент… Горги беше наш колега, чие време допрва доаѓаше…Оставете ја „шупата“. Нека сведочи за нашата мизерија, за колективната негрижа, корупција и мизерија. Нас ни нема спас.Големо сочувство до семејствата и блиските на моите колеги, другари, до сите луѓе кои денеска загинаа во Кочани… до следната трагедија’, напиша Тодевска.

Коментари | пред 11 месец

img_5365

(Видео) „Да ги закопаме децата, па ако сакате запалете го градот“, свештеник ја смири гневната толпа во Кочани

Свештеник ја смири гневната толпа луѓе пред куќата на градоначалникот Папазов во Кочани.„Да ги закопаме децата, па ако сакате запалете го градот“, апелираше свештеникот до толпата.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-16.57.42

Сведочевме на груба злоупотреба на болката и тагата, наместо молк, Јаневска и Ангелова држеа говори, велат од „Студентски отпор“

„На денешниот собир пред платото на УКИМ, на кој присуствуваа илјадници студенти со цел да оддадат почит за жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочевме на груба злоупотреба на болката и тагата на граѓаните од страна на институциите“, велат од организацијата „Студентски отпор“ и додаваат:Наместо 7-минутен молк и достоинствено оддавање на почит, како што бараа студентите, ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одлучија да држат говори. Ова се случи и покрај јасниот притисок од студентите да не се користи ваков трагичен момент за говори и политичка самопромоција.Додека тие ги читаа своите подготвени изјави, неколку студенти се почувствуваа лошо и побараа итна медицинска помош. Но, наместо внимание кон оваа ситуација, ректорката и министерката продолжија со своите говори, целосно игнорирајќи ја состојбата на студентите. За нив, поважна беше ПР кампањата отколку почитта кон жртвите и здравјето на младите кои присуствуваа на собирот.Студентите јасно и гласно порачаа дека ваквото однесување е недостоинствено и неприфатливо. Ова не беше момент за политички пораки, туку за тивка почит кон загинатите и солидарност со нивните семејства. Наместо тоа, сведочевме на срамна институционална експлоатација на трагедијата.„Студентски отпор“ го осудува ова однесување и бара одговорност од институциите. Бараме идни комеморативни настани да се организираат со вистинска почит и достоинство, без политичка инструментализација. Жртвите заслужуваат повеќе, а студентите нема да дозволат нивната болка да се користи за нечии ПР поени.Официјалните тела за студентска репрезентација не смеат да го амортизираат гневот на студентите. Доколку се обидат да го сторат тоа, „Студентски отпор“ ќе ги поведе студентите во борба за вистинско застапување на нивните интереси.

Македонија | пред 11 месец

nesr-1

Најавен собир во Скопје, во чест на загинатите во Кочани

Македонија повторно е завиена во црно. За утре, најавен е собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје.„Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. Треба да си бидеме рамо за плачење и треба да си дадеме еден на друг утеха, ако воопшто и можеме. ,,Кој е следен?” повикува на заедништво во ужасов. Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18:00 часот да се соберат на плоштадите од своите градови и да не поминуваат низ ова сами. Повикуваме во чест на починатите да се поделат црни ленти, за како народ да покажеме дека згаснатите животи нема да бидат заборавени. Тек допрва ќе доаѓаат црните денови за нас, а низ Македонија заедно ќе се тагува и плаче. Така, ќе треба и Македонија заедно да се лечи“, напишаа организаторите.

Македонија | пред 11 месец

bektesi-kocevski

Се бара притвор и за Крешник Бектеши, 14 лица се осомничени, полицијата е овластена да апси секој кој има поврзаност

Одговорност кај осомничените ќе се утврдува согласно доказите, рече републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кој кажа дека кај најголемиот дел се испитува дали тие сториле кривично дело - тешки дела против безбедноста на луѓето.„Предвидена е казна од најмалку три години, а казната може да се движи до 20 години. Се испитува давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства“, рече Коцевски.Засега се задржани 14 лица во полициските станици, кои се осомничени и за сите ќе се бара притвор, вклучувајќи го и ексминистерот Крешник Бектеши. Сега, може да се одреди само 48 часовен притвор, а тој по отворање на истрагата, односно по 48 часа, да има и 30 дневен притвор.Тој додаде: „Полицијата е овластена да уапси секого, без разлика на последицата, а кој допринел со неговото однесување“, рече Коцевски.За лицата кои се во тешка здравствена состојба, а се осомничени, постапката ќе продолжи штом тие бидат подобро.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-15.32.31

(Видео) Револт и гнев на протестот во Кочани: Не постои покрумпирана држава од Македонија!

Голем револт има во Кочани помеѓу граѓаните. Гневни се на системот, бидејќи сметаат дека не ги штити, туку оди контра нив и ги убива. Посочуваат дека нема Македонија е на врвот во светот по корупција. Покажуваат со прст кон политичарите.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-07.19.27-1

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“ - лекарите од Белград за повредените од Кочани

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години. Меѓу повредените има 150 лица, а 12 пациенти биле донесени во Белград во неделата вечерта со авион на војската на Србија, од кои некои се во Ургентниот центар во Белград.„Девет пациенти се примени на Ургентниот центар, а тројца се на ВМА. Дијагностичките процедури беа започнати и завршени за пациентите веднаш по приемот. Станува збор за повреди од изгореници кои зафатиле помеѓу два и 28 проценти од површината на телото. Сите пациенти покажуваат симптоми и знаци на оштетување или контакт со токсични гасови произведени за време на пожарот, но некои имаат и изгореници на горните дишни органи и тие се класифицирани како сериозни повреди опасни по живот“, изјавија од Ургентниот центар во Белград, пренесе Танјуг.„Засега немам дополнителни информации дали ќе дојдат уште пациенти, но ние сме подготвени за тоа. Тешко е да се зборува за прогнози за изгореници, но тоа ќе стане јасно во наредните денови. Нашите пациенти се млади, на возраст од 18 до 35 години, тие се рехабилитирани и нивниот третман продолжува бидејќи тоа е долготраен процес кој бара недели лекување. Еден пациент е на механичка вентилација и е најтешко повреден“, изјавија за медиумите од Ургентниот центар во Белград.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-15.05.34

(Видео) Инциденти во Кочани: Демолиран вториот локал на газдата на дискотеката, искршени прозори на општината

Со извикување „Убијци, убијци“, повеќе демонстранти во Кочани, демолираа дел од општината во Кочани, па потоа се упатија и кон локалот, за кој посочуваат дека е сопственост на истиот газда како и дискотеката „Пулс“ каде загинаа 59 лица. Ситуацијата кулминира, а револтот преовладува над тагата.Името на демолиранираното кафуле е „Класик“.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-13.55.21

(Видео) Татко на загинато дете: 21 година имаше, едно ми беше, пуштете им на големците да гледаат!

Кочани е во тага, шок и болка. Досега е познато дека од 59-те загинати, 31 се од Кочани. Татко на загинато 21 годишно дете, тагува и бара одговорност. Настраданиот му бил единствено дете кое го имал.„Има ли поголема болест од ова. 21 година дете, злато, едно ми беше, што да правам, што да живеам. Пуштете им големците, нека гледаат. О Господе, казни ги, да изгорат како деца, златни деца ни изгора..“, рече таткото.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-13.19.02

(Видео) Обезбедувачи на дискотеката: Спасивме преку 80 луѓе, ако одлучи судот, нека нѐ затворат

Лица кои се приведени, а неофицијално се дел од обезбедувањето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, беа спроведени во полициска станица. Еден од нив зборуваше и пред новинарите.„Па имаме спасено доста луѓе, а дали сме виновни... Ние бевме случајно таму, во патрола, се случи чудото кое се случи, спасивме доста луѓе, преку 80 луѓе, ако одлучи судот, нека нѐ затворат“, рече еден од приведените.Досега познато за уапсените:

Македонија | пред 11 месец

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Голем број на апсења ќе има и денеска, дури и вработени во МВР

Катастрофална била состојбата при постапувањето на институциите кои требало да преземат активности за ставање во функција на дискотеката и контрола на истата. Тој рече дека особено проблематично било постапувањето во делот на предусловите кои требало да бидат исполнети и исконтролирани.„Поради тоа и во текот на денешниот ден ќе има доста голем број на лица кои ќе бидат приведени, од различни институции, вклучувајќи го и МВР, и други институции“, рече Тошковски.Тој рече дека Македонија нема систем во кој има правила за игра, за да превенираат ваков ужасен немил настан.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања