Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУЛС

Screenshot-2025-03-16-at-19.37.09

(Видео) Влатко сведочи: Морничаво. 100 души лежат, фаќаш кој има пулс, тие да ги спасиме - имаше изгорени, загушени, згмечени

Македонија тагува по загинатите лица во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени.Очевидецот Влатко Здравков за „Дојче Веле“ вели дека „Кочани е мртов град“, нема со генерации да се оправат по трагедијата.„Морничаво. 100 души лежат, фаќаш кој има пулс, тие да ги спасиме. Да се стават во коли да се носат. Тие што немаа, јасно ви е, се тргаат настрана. Изгорени, згмечени, загушени, повеќето со изгореници се починати, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата на нас“, рече Влатко Здравков.„Оваа трагедија што нè снајде. Кочани е мртов град, со генерации нема да се оправи. Се чувстуваме како да ни починале нашите деца. Гледавме да ги спасиме прво тие што имаа пулс, околу 100 лица лежеа. Имаше изгорени, загушени од чад, згмечени, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата“, вели Влатко Здравков за „DW Македонски“.„Во Кочани веќе нема живот“#Кочани синоќа се збогуваше од десетиците млади луѓе кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Очевидецот Влатко Здравков раскажува како се извлекувале повредените и каква е атмосферата во градот. #macedonia #kocaniPosted by DW Македонски on Monday, March 17, 2025

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-12.40.15

Потресно обраќање на сопругата на загинатиот Андреј од „ДНК“: Лажни објави се дека пиротехниката е донесена од бендот!

Наталија Ѓоргиеска, сопруга на загинатиот Андреј Ѓоргиески се обрати до јавноста:„Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив. Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан. Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите...

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-12.28.57

(Видео) Сведоштво: Малолетник излегол од дискотеката оти дошла полицијата, па за 10 минути се случил хаосот

Полициски службеници упаднале во дискотеката „Пулс“ во Кочани само петнаесетина минути пред да избувне пожарот во кој загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 150 се тешко повредени. Ивица Вучков, чиј малолетен син кобната ноќ бил во кочанската дискотека, за српски Информер изјави дека полицијата извршила рација само петнаесет минути пред да избувне пожарот.– Син ми беше со другари. Тој бил близу вратата и кога видел дека полицијата влегла он излегол. Тоа беше околу 2:30 – вели Ивица и додава:– Таму беше со другарите и сакаше да се врати бидејќи девојка му остана внатре, но го видел девојчето и останал надвор. За 10 минути било хаос, стопено се. Внатре било хорор, паѓал таванот, се топело.. Има видеа од тие што биле внатре, како гасат, како одат едни врз други. Имало еден излез, сите прозори блокирани, топилница било внатре. $bp("TargetVideo_42204334", {"id":"34926","width":"650","height":"366","video":"2042080","autoplay":0,"shared":true});

Македонија | пред 11 месец

pance

(Видео) Ова се сите лица кои се уапсени досега по трагедијата во Кочани каде 59 лица загинаа

Министерот за внатрешни работи, на прес-конференција наброја кој се е приведен по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде 59 лица го загубија животот.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-12.17.51

„Заедно седеа во клупа, заедно заминаа кај ангелите“ – наставничката Елена се прости од Никола и Матеј кои загинаа во пожарот

Наставничката Елена Накова со емотивна објава на Фејсбук се прости од нејзините ученици Никола и Матеј, кои вчера загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани.„Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одделение, кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа.Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми звони во ушите твојата рецитација на песната „Која ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах ах ах , Матејче уште во понеделник па последователно секој ден на излегување од училница ме испраќаше со зборовите „Убав виќен наставничќе“ иако видендот беше далеку.Еее токму овој викенд беше најлошиот викен за мене бидејки ја слушнав кобната случка и уште покобното сознаение дека многу млади деца и нечии мили деца нема да бидат веќе со нас! Патувајте мирно кон ангелите, нека Господ Бог ве приме во царството небесно и да продолжите да ја ширите позитивната енергија кај ангелите“, напиша Накова.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-11.55.19

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка: Ако имам одговорност, нека ме гонат

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани“, напиша градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов и додаде:Оваа загуба е огромна!Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели.Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна.Барам од сите надлежни институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани! Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Јас се ставам целосно на располагање на институциите. Иако според закон немав директни надлежности во овој случај, подготвен сум да одговорам на сите прашања за се', како и за моите лични постапки.Нема зборови што можат да ја опишат мојата болка! Но, во овие моменти, мора да покажеме доблест, да манифестираме црлосна одговорност и да покажеме разлика во начинот на постапување. Со нашето однесување мора да дадеме пример дека се спротивставуваме на системот кој не функционира. Доколку постои било каков основ за одговорност кај мене, го повикувам обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите.За мене, после оваа трагедија, ништо повеќе нема исто значење! Ова беа наши деца! Многумина, со право, забележаа зошто вчера не излегов во јавност цел ден. Но, тие што ме познаваат знаат колку сум скршен и како го доживувам ова што се случи. Тешко е, и тешко ќе го преживеам. Работев чесно и посветено целиот свој живот!Никогаш не сум ни помислил дека вака ќе заврши и мојот ангажман, но сега се повлекувам од оваа функција, молејќи го Бога за душите на нашите деца, за нивните семејства и за народот на Македонија!

Македонија | пред 11 месец

Pance-pres

Тошковски: 45 лица од повредените се во критична состојба, пиротехниката во дискотеката ја донел бендот

Тошковски информираше дека 45 лица од повредените се во критична состојба, се транспортират во странство, а владата се труди да овозможи соодветно згрижување и лекување на истите.Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот „ДНК“, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато.По завршување на увидот, ќе биде доставен извештај на ОЈО, по што ќе се утврди дали истите требале да поседуваат одреден сертификат за употреба.Според Тошковски, дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство. За цел клуб имало само два противпожарни апарати. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите.Приведени се 5 лица со кои се разговара и меѓу нив е и поранешен министер. Нареден е претрес кај 2 лица. Правното лице немало валидна лиценца за работа, односно приложил вчера фалсификат лиценца па и кај него ќе се врши претрес.Вчера приведени 13 лица во Штип, меѓу кои сопственик, обезбедување, продавач на билети, член на пазарен инспекторат, еден од трудов инспектор и уште некои. Сите имаат притвор од 7 дена за предизвикување на општа опасност.

Македонија | пред 11 месец

petar-ivanovski

Меѓу загинатите во пожарот се уште двајца млади спортисти, покрај фудбалерот Лазаров

Локалната телевизија М Нет јави дека меѓу жртвите е и 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип.„Низ својата млада кариера која доправа требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше во младинските категории на скопски Вардар, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево“, информира телевизијата.Меѓу загинатите е и 20-годишниот кошаркар Петар Ивановски. Трагичната вест ја потврдија од неговиот матичен клуб.„Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е една од жртвите во синоќешната трагедија.Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е преголема, сочувство до семејството“, напишаа од Дино баскет.

Македонија | пред 11 месец

Нема фотографија

Денес ден на жалост и во Црна Гора поради вчерашната трагедија во Кочани

По повод трагедијата во Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост.„Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време и со ова ја информира јавноста дека понеделник, 17 март, во Црна Гора ќе биде Ден на жалост. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли и молитви се со Северна Македонија“, напиша црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на Икс. 

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-10.45.39

Таравари: Сите хоспитализирани се во стабилна состојба, надвор од државата 51 повреден

Таравари во денешниот прес изјави дека сите хоспитализирани пациенти се во стабилна состојба, додека надвор од државата се пренесени 51 повреден. Нема пациенти во Кочани и во Штип.Испрати порака сите што не се пријавиле вчера за преглед, да се пријават денес.Во клинички центар има 49 пациенти, во „8 Септември“ 18 пациенти, стара градска болница 17, додека во регионот и Европа бројот е следниов:Турција: 9Бугарија: 14Грција: 5Србија: 17Унгарија: 2Литванија: 4Во теков на денешниов ден се планира да се упатат уште двајца во Словенија, евентуално уште двајца, потоа во Хрватска четворица, во Австрија 6 и во Србија уште 12.  

Македонија | пред 11 месец

brza-pomos-Belgrad

Се следи состојбата на петте млади момчиња и 18-годишната девојка згрижени во Белград

Српските медицински екипи укажаa помош на повеќе од десет лица тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Во текот на вчерашниот ден и вечерта со амбулантни возила и авион на војската на Србија биле префрлени во болниците во Белград, сместени во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.Како што дознава Telegraf.rs, сите пациенти кои се сместени во ВМА се во шок соба. Пет од нив биле интубирани.Според неофицијални информации, станува збор за пет млади момчиња и една девојка.Младите мажи се на возраст од 18 до 27 години, а изгорениците покриваат и до 30 отсто од кожата.Девојката која е префрлена во ВМА има 18 години и изгорениците и покривале 24 отсто од кожата.Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката Пулс во Кочани.Најмладата жртва имала само 14 години. Меѓу повредените има најмалку 150 лица, кои се префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје, по што е извршен итен транспорт во околните земји.Со авион на српската армија во неделата вечерта во Белград биле донесени 12 пациенти.

Македонија | пред 11 месец

vozac-brza-pomos-kocani

Почина возач на брза помош кој цела ноќ ги пренесувал повредените од трагедијата во Кочани

Возачот на брза помош, Иле Гоцевски, кој цела ноќ ги преведувал повредените од пожарот во Кочани, починал утрово.Колегите од Општата болница Кочани, каде што Гоцевски беше дел од тимот, се во шок и неверување. Вчера, како и секој ден, извршуваше свои работни задачи, транспортирајќи пациенти и повредени лица, давајќи го својот максимум за да им помогне на оние на кои им е најпотребно. По напорниот и долг ден, се вратил дома да одмори, но, за жал, не се разбудил.За него сведочат како за пожртвуван и професионален човек, секогаш подготвен да помогне, без оглед на времето и условите. Неговата посветеност кон работата и човечноста што ја покажувал кон пациентите ќе останат запаметени меѓу колегите и сите што го познавале.Оваа ненадејна загуба е тежок удар за неговото семејство, пријателите и колегите, кои денеска се простуваат од него со голема тага. Кочани загуби човек кој животот го посвети на спасување други животи.

Македонија | пред 11 месец

panco

Состојбата на Панчо е влошена, ставен е на апарати, објави Ребека

Пејачката Ребека Јанковска Ристески, јави дека состојбата на пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо од ДНК е влошена. Оваа информација не можевме да ја потврдиме. Според неа, трахеата (орган за дишење) му е многу оштетен.„Панчо мил, не се предавај. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим, на апарати е“, напиша Ристески.Тој во текот на вчерашниот ден, по третирањето во Клиничкиот центар Скопје каде беше примен, беше преместен во болницата „Систина“.Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на еден од главните вокали Андреја Горгиевски, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска. Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познато како Мартин Буцо, се исто меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-19.37.09

Сите 59 тела се донесени во Институтот за судска медицина: се работи етапно

Сите 59 тела се донесени во Институтот за судска медицина, каде се врши обдукција, за да се утврдат точните причини за смртта.„Етапно работиме, работиме најбрзо што можеме, за да може блиските да си ги подигнат телата на жртвите“, рече директорот на Институтот, Александар Станковски.Вчера по кратки тензии пред болницата во Кочани, телата беа транспортирани за Скопје. Резултатите од обдукцијата ќе треба да послужат и за натамошното гонење на осомничените односно обвинетите за настанот.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-23.03.31

Девет обвинители работат на предметот за катастрофата во Кочани - ќе се вештачат компјутери од Министерството за економија

„Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат:- 2 јавни обвинители од ОЈО Кочани- 2 јавни обвинители од ОЈО Штип- 5 јавни обвинители од ОЈО СкопјеСиноќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација.Увидот на лице место денеска продолжува“, велат од Обвинителството

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања