Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУЛС

kocani

Кратка хронологија на пожарот во Кочани - од стампедо, гушење и уривање на кровот загинале 59-те лица

Нови информации за интервенцијата на противпожарните бригади.Не повеќе од 7 минути од добивање на повикот, ТППЕ Кочани со едно навално возило и со тројца од четирите дежурни пожарникари излегува експресно брзо на терен.По самото пристигање на објектот во пламен и согледување на ситуацијата се известува пожарникарот кој останал во база да ја мобилизира цела единица како и да побара помош од соседните градови.Иако во три часот кога обично сите се во длабок сон, пожарникарите веднаш одат во база, каде што со останати камиони излегуваат. Во меѓувреме на помош кон Кочани се упатуваат од ТППЕ Виница кои пристигаат втори по ТППЕ Кочани. На терен доаѓа и ДПД Кочани со две возила, а потоа екипи од ТППЕ Штип, ТППЕ Свети Николе и ТППЕ Пробиштип.Пожарот за релативно краток период е ликвидиран за што говори неофицијалниот податок дека само три тела се изгорени целосно. Во исто време пожарникарите паралелно со гаснење и евакуирале и ваделе починати и живи луѓе, давале и прва помош за реанимција...Најголем дел од луѓето, 95% се пронајдени на самиот влез едни врз други. Сомнежите, кажа директорката на Болницата во Кочани дека се починати од гушење и стампедо. Неофицијално неколку лица (се збори за бројка до 5) загинале од повреди при урнување на кровот од каде што почнал пожарот.

Македонија | пред 11 месец

WhatsApp-Im4age-2025-03-17-at-08.49.05

Се чекаат хеликоптери од Хрватска и Романија, а медицински лица од Чешка, Австрија, Израел

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за здравство, Арбен Таравари, од утрово се во Клиничкиот центар во Скопје. Таму се хоспитализирани 90 лица. Вкупно 90 лица се хоспиталзиирани во Македонија.[caption id="attachment_324522" align="alignnone" width="862"] Screenshot[/caption]Хеликоптери од Хрватска и Романија се очекува да пристигнат денеска за да пренесат пациенти во европските земји. Денеска треба да пристигнат медицински лица од Чешка, Австрија и Израел.Пред Клиничкиот центар има силно полициско обезбедување, волонтери на Црвен крст, но и членови на семејствата на повредените.Досега, 59 лица загинаа, 150 се со повреди, а дел од нив и во критична состојба.Нови детали се чекаат во текот на наредните часови.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-08.43.38

18 повредени од Кочани се во грчките болници - има тројца тешко повредени, едно лице е оперирано

По трагичната несреќа во Македонија и телефонскиот разговор меѓу грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во неделата наутро, со координирани акции на министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и грчката служба за итна медицинска помош, Грција ги презеде сите чекори побарани од Европскиот механизам за цивилна заштита, велат владини извори.Вкупно 18 повредени ќе бидат згрижени во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун.Три тешко повредени лица на возраст од 25, 25 и 19 години веќе се лекуваат во болницата Папаниколау со големи изгореници, од кои на едното веќе му е извршена операција.Претходно:

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-at-08.34.40

Во Кочани ќе се одржи протест во 13 часот, по трагедијата каде загинаа 59 лица

По трагичната несреќа во Кочани, во која загинаа над 59 наши сограѓани, на социјалните мрежи веќе кружат апели и се најавува протест во 13 часот во Градскиот парк.„Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува сигурност, благосостојба и праведност.Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за град без партиски вработувања, за институции кои функционираат, за полиција која е тука за нас, за инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори кои ќе бидат безбедни и чисти. Протестот е за правдата, за секој од нас, за секоја жртва која што ја изгубивме и за сите нас кои го живееме овој град секој ден.Потребно е да се преиспита регуларноста на сите угостителски објекти, особено пицериите кои ги проширија и легализираа своите тераси на нелегален начин. Кафулињата кои ги проширија своите објекти низ цел трговски простор, и колите паркирани по тротоарите, кои ја блокираат пешачката патека, создаваат опасности за нас. Не смееме да ja заборавиме ниту дека не се почитува забраната за фрлање отпад од другите општини на депонијата, каде што со полициска придружба се дозволи да се фрла отпад на истата“, стои во објавата.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-17-071719

(Видео) Осум повредени од Кочани се во тешка состојба, во Софија се борат за нивните животи

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров.Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и лицето, како и на горните и долните дишни патишта, што дополнително ја комплицира нивната здравствена состојба. Според д-р Димитров, тројца од пациентите се интубирани, додека за останатите ќе биде направена дополнителна медицинска проценка и терапевтски план.– Ќе биде направено сè што е потребно, болницата располага со сите неопходни ресурси, нагласи тој. Додаде дека сите пациенти биле донесени во тешка состојба на термички шок, што е сериозна закана за организмот, независно од брзината на лекарската интервенција.Центрите за снабдување со крв во Софија, Пловдив и Стара Загора одговорија на потребите на болницата за крв, но д-р Димитров упати апел дека крводарувањето не смее да запре и останува постојана потреба.– Сега претстојат средби со семејствата на пациентите кои беа транспортирани од Кочани, додаде тој.Шест други повредени лица се примени во Воената болница во Варна и во болницата „Св. Георги“ во Пловдив.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-19.54.15

Згрижени се над 140 пациенти од дискотеката во Кочани - лицата префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување на соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.Во текот на денешниот ден, згрижени се над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата на следниов начин:• Клинички центар – 20 пациенти• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент• Клиничка болница Штип – 20 пациенти• Општа болница Кочани – 7 пациенти• Клиника за токсикологија – 2 пациентиПокрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.• Република Хрватска и Романија: Очекува се во текот на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван Проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Македонија | пред 11 месец

289281755_8308389602520189_8030493755363633206_n

Тоше отишол во дискотеката да го прослави раѓањето на синот, но не успеа да се спаси од пожарот

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пријателите на Богданов сведочат дека тој излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на неговиот син.Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила пред неколку дена.„Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема“, изјави за Информер извор запознаен со случајот.Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Најмладата жртва имала само 14 години.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-22.20.14

Сплотеност и солидарност - иселеници и сограѓани нудат помош за семејствата чии блиски се низ болниците во Македонија и странство

Македонката Тамара Ангеловска која студира и живее во Бугарија самоиницијативно се пријави за помош на семејствата чии деца се однесени на лекување во болниците во Бугарија. Преку јавен повик Тамара остави и контакт телефон каде може да ја побараат доколку семејствата имаат потреба од било каква помош.Помош понудија и граѓани во Скопје, но и наши иселеници.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-07.19.27

Најнова информација: Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица, 3 се во тешка состојба

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица.„Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 11 месец

panco

Панчо од ДНК е вон животна опасност и префрлен е во Систина

Седум члена на ДНК се меѓу загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.Пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо, кој е со изгореници, но вон животна опасност е префрлен во приватната клиника Систина.Панчо е сместен на одделението за интезивна нега.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-19.59.34

Ова се деталите: Големи пропусти во дискотеката каде загинаа 59-лица, се бара краток притвор за 10 лица

Десетици пропусти се пронајдени во првите часови од увидот во дискотеката каде загинаа 59-лица. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дел од нив посочувајќи дека „пропустите се навистина многу големи“. Краткорочен притвор ќе се бара за 10 лица.„Од увидот на јавните обвинители, заедно со инспектори на ДЗС беше констатирано дека објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант во близина, имало само два ПП апарати, имало само една импровизирана метална врата, која била заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна, а обложена со сунѓер. Немало пристап за противпожарни возила од две страни. На ѕидовите немало противпожарно отпорен материјал, немало врати со противпожарна отпорност, ниту систем за кочење на вратите, ниту систем со јак звучен сигнал за сигнализација на гостите. Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали, без друштво за палење на пиротехничките материјали. На лице место бил присутен и државен инспекторат за урбанизам, по што констатирано е дека објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустрија. Не е извршена пренамена на објектот во угостителски објект. И покрај тоа што за објектот нема пренамена, истиот има дозвола за работа од Министерство за економија за угостителски објект издадена пред 15 години“, рече Коцевски.Увидот ќе продолжи и утре.„Беше наредено да се апси секое лице кое што со своето постапување или непостапување придонело за настаност и да се испита неговата улога. Беше дадена наредба за анализа на одземени предмети. Беше издаден предлог за издавање на наредба за привремено одземање на видео запис и документација. Беше издадено барање за претрес. Во текот на денешниот ден, од страна на јавните обвинители, беше извршен увид на лице место, траеше до вечерните часови и се уште не е завршен. Ќе продолжи и утре. Во текот на утрешниот ден, од моја страна ќе ангажирам од три до пет јавни обвинители од скопското обвинителство, оти е сложен предмет“, рече Коцевски.Краткотраен притвор ќе се бара за дел од лицата кои сега се задржани во полициска станица.„Сослушан е еден од првите осомничените, тоа е еден од организаторите. Тој даде одредени релевантни докази. Нема писмен договор помеѓу организаторот и од страна на групата, односно за организирање на концертот. Можам само да кажам дека може евентуално да се работи за кривични дела од член 292, за давање и примање поткуп и за пиротехничките средства. Лицата постапувале спротивно на правилата за мерките за заштита“, додаде Коцевски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-19.54.15

Родителите ќе дозволат обдукција на телата на нивните деца

Се смири тензијата во Кочани откако се договорија родителите и обвинителите. Родителите ќе дозволат да се изврши обдукција врз телата на нивните деца.Обвинителката им објаснуваше на револтираните родители дека тоа е законска процедура и мора да има обдукција.По идентификацијата и обдукцијата, телата ќе бидат предадени на семејствата.

Македонија | пред 11 месец

bektesi

Ексминистерот Крешник Бектеши на распит во станица: како е издадена фалсификуваната лиценца на дискотеката каде загинаа 59 лица?

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, е на распит во полициска станица, откако истрагата утврди дека дискотеката во која изгореа 59 лица, имала фалсификувана лиценца за кабаре.Лиценцата излегла од министерството со оригинален печат, како што кажа премиерот Христијан Мицкоски, а документот добил и архивски број. Но, во книгата каде се забележува што претставува документот под тој број, стоело комуникацијата со странски инвеститор“.Бектеши како прв човек на Министерството, ќе треба да објасни како овој документ добил печат и потпис. Освен него, во станица е задржана и Размена Чекиќ Дуровиќ, државна секретарка во министерството, која потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.Лиценцата е издадена во март минатата година, пред изборите, кога Бектеши се уште раководеше со овој ресор.

Македонија | пред 11 месец

afgasdg

Уште двајца од тимот на „ДНК“ загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани

Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познато како Мартин Буцо, се меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“. Вкупно, досега има шест жртви кои доаѓаат од редот на изведувачите.Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска.Владимир Блажев-Панчо е во болница на кислородна поддршка, со изгореници по телото.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-18.54.56

Тројца пациенти од болницата „Жан Митрев“ се критично, ќе бидат пренесени во странство

Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, за критичните се очекува да бидат преземени и да биде организиран трансфер во странство.„Во овие критични моменти, Клиниката Жан Митрев е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Во моментов, кај нас се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува да бидат преземени со организиран трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување. Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните семејства и сите засегнати од оваа трагедија“, велат од Клиника Жан Митрев.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања