Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУЛС

Screenshot-2025-03-16-at-18.24.09

Мицкоски е спремен за морална одговорност, но не поднесува оставка и ќе го поразува корумпираниот систем

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не планира да поднесе оставка, иако најави морална одговорност. Тој рече дека прво ќе се бори со корумпираноста на системот, па ќе оди на избори.„Прво ќе ги поразам сите кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, и нивните слуги, а потоа, ќе излеземе на избори пред граѓаните и тие се најголемата морална потврда“, рече Мицкоски и додава:„Моралната страна кај мене постои. Осум месеци работам за да го поразам корумпираниот систем. Прво ќе го поразам овој систем, односно сето ова што денеска го започнуваме ќе вроди со плод, па народот на избори ќе каже кој треба да понесе морална одговорност.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-18.40.05

Фалсификувана била лиценцата за кабаре која ја имала дискотеката, а лага е дека полицијата ги затворила вратите

Дискотеката „Пулс“ немала документ за работа, односно лиценца, цела година, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека дискотеката функционрала со лиценца која била фалсификувана – односно, имало оригинален печат, ама била издадена под архивски број, кој во книгите на Министерството за економија бил заведен документ со назив „комуникацијата со странски инвеститор“. Ова значи дека дискотеката немала легална лиценца за кабаре.„Не е точно дека полицијата ги затворила вратите. Полицијата не била таму да контролира дали има важечка лиценца или не, туку се вршела проверка, по основани сомненија дека се тргува со недозволени супстанци и дека има на местото малолетници. Полицијата доаѓа пет минути пред да се случи настанот. Групата полицајци е со лице кое под сомнение дека тргува со недозволени материјали, а починатиот полицаец легитимирал дали внатре има малолетници“, рече Мицкоски.Објектот бил кабаре, па тој бил под надлежност на Министерството за економија, а не на општината и смеел да работи до 04 часот сабајле.

Македонија | пред 11 месец

Foto

Сиљановска во неверување: Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните, по повод трагедијата што рано утрово се случи во Кочани.Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова:Почитувани сограѓани,Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка. Сè уште не можам да поверувам дека ужасната трагедија во Кочани е реалност.Не знам со кои зборови да им изразам сочувство на родителите и најблиските на погинатите. Вашата неизмерна болка е и моја.Утринава ги посетив болниците. Пред нив ме дочекаа родителите на повредените, со надеж и доверба во медицинскиот персонал. И јас, како нив, верувам дека ќе го сторат не само можното, туку и неможното за да им помогнат на нивните сакани.Знам и чувствувам дека не сме сами, оти веднаш се огласија, не само соседите, туку и подалечните држави.Најтешко повредените се транспортираат на специјализираните клиники во Бугарија, Србија, Грција и Турција заради добивање врвна медицинска помош и интервенција. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и Светот се со нас. Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин. Вечно ќе им бидеме благодарни.Почитувани и сакани граѓани,Ве молам, водени од хуманоста и емпатијата да се сплотиме во болката свесни дека смртта и болеста подеднакво нè допираат сите, без оглед на било каква припадност.Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација.Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и активност.Ниту еден одговорен овој пат не смее да ги избегне правото, правдата и казната!Да не ја сквернавиме невината жртва на погинатите, да ги здружиме силите околу преживеаните. Да не дозволиме никој повеќе да ги загрозува животите на невините луѓе.Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето за профитот и богатството на поединците.Ништо не е повредно од човечкиот, а особено од младешкиот живот.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-13.12.17

Сестрата Лепа Тасева пронајдена меѓу загинатите

Лепа Тасева, сестрата на повредената Марија Тасева, попладнево е пронајдена меѓу загинатите лица во пожарот во кочанската дискотека. Нејзиниот татко, кој ја бараше во болниците во Скопје, објави дека за жал, неговата Лепа е меѓу загинатите.Марија, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, сведочеше дека во моментот на пожарот настанала гужва и дека излегувајќи надвор паднала на земја.Сите почнаа да трчаат надвор.Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот, изјави Тасева.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-07.49.25-1

Андреј од ДНК излегол, па влегол да спасува заглавени во дискотеката - но не успеал, раскажуваат пријатели за медиумите

Анреј Горгиевски од дуото „ДНК“, настрадал влегувајќи да спаси заглавени гости, меѓу кои и деца. Влегол за да ги извлече, но не успеал, раскажуваат негови пријатели за повеќе медиуми. Според пишувањата, тој еднаш излегол надвор, а вториот пат, не успеал, бидејќи врз него паднал дел од таванот.Горгиевски останал заглавен со уште други десетици лица, меѓу кои и малолетници. Зад него ги остави семејството и десет годишната ќерка Јана. На препознавање била сопругата, но и мајката. Неговото тело е дадено на обдукција.Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска.Владимир Блажев-Панчо е во болница на кислородна поддршка, со изгореници по телото.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.10

Семејствата не даваат телата на нивните блиски да се носат во Србија на обдукција

Во Општата болница во Кочани пристигнаа околу триесетина возила од погребни претпријатија и од Армијата на Република Македонија. Тие треба да ги транспортираат телата на загинатите во пожарот на обдукција во Скопје, јавува дописникот на МИА од Кочани.Меѓутоа, оваа одлука предизвика револт кај роднините и блиските на починатите. Тие спонтано го блокираа влезот во болницата, изразувајќи незадоволство и несогласување со префрлањето на телата во главниот град.Засега, официјалните институции не дадоа дополнителни информации во врска со протестот на семејствата, ниту дали одлуката за транспортот може да биде изменета. Очекувањата се дека обдукцијата ќе помогне во расветлување на причините за трагедијата.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.15

(Видео) Тензично е во Кочани, семејствата ги бараат телата на починатите

Во Кочани е тензично.Дел од родителите чии деца во текот на изминатата ноќ загинале во пожарот во дискотеката бараат нивните тела да им бидат предадени веднаш, да не се чека натамошна обдукција.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-10.39.15

Се организира авионски транспорт за најтешко повредените во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во страотниот пожар во дискотеката во Кочани.Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ.Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”.За Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште пет пациенти за Бугарија и пет за Србија.

Македонија | пред 11 месец

pance

(Видео) Меѓу загинатите има тројца малолетници, а 20 се повредени - 22 лица се во критична состојба

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека меѓу загинатите има тројца малолетници. Тој посочи дека 22 лица се во критична состојба.„Досега се утврдени 20 малолетни лица, и три починати малолетни лица. Во дискотеката имало негде, според првичните информации околу 500 лица, околу 250 лица се продадени согласно информациите кои ги имаме. Имињата на починатите, по завршување на идентификацијата ќе бидат доставени до семејството. Идентификувани се најголем дел од жртвите. Сите тела се извадени од лице место. Во критична состојба имаме 22 лица, дел ќе бидат пренесени во Бугарија, дел во Турција, дел во Грција“, рече Тошковски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-15.41.07

(Видео) Уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои организатори на кобната забава во дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека 20 лица се уапсени. Дискотеката имала две нелегални лиценци, кои биле фалсификувани. Истите се издадени во 2024 година.„МВР до овој момент, во врска со овој кривично правен настан има осомничено повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените се починати, дел се во болница. Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица кои се во полициска станица, се луѓе кои имаат директна вина во врска со овој крвично правен настан, согласно доказите кои ги имаме собрано. Имаме приведено едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека има директна вина поврзани со овој настан. Исто така, приведени се, поранешен државен секретар во Министерството за економија, поранешен раководител на еден сектор од Министерството за економија. Имаме приведено поранешен директор на Дирекција за заштита на спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата. Дел од приведените во Кочани се луѓе кои биле организатори“, рече Тошковски.Тој додаде дека разговор е извршен со 25 лица, кои биле сведоци. Потоа, кажа и за лиценцата.„Легална лиценца за работа, оваа фирма нема. Не би сакал да откривам детали во рамки на оваа истражна постапка. И оваа лиценца, како и многу други работи е поврзана со мито и корупција. И сакам и напоменам на македонската јавност, дека за разлика од претходно, во овој случај имаат име и презиме сите вклучени во рамки на нелегалното издавање на лиценци и ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 11 месец

484801008_572687059119192_4884656761728714636_n

Сара Пројковска, пратечки вокал во ДНК, е меѓу загинатите во кочанската дискотека

Сара Пројковска, е меѓу загинатите во трагичниот настан во кочанската дискотека. Ова го потврдија од Факултетот за музичка уметност во Скопје.„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, се вели во објавата на социјалните мрежи.И Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според нашите информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.Во пожарот животот го загуби и Горги Горгиев од ДНК, а меѓу загинатите е и Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“ и Александар Коларов, гитрист во ДНК.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot_59

Загина и Андреј од „ДНК“

Андреј Ѓорѓиески, познат Акако ндреј од „ДНК“, е еден од загинатите во клубот „Пулс“ во Кочани. Тој е една од 59-те жртви во страшната трагедија. Има и други лица во многу тешка состојба и за жал, се очекува оваа бројка да се искачува.Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и рацете, и е на кислородна поддршка. Тој засега е вон животна опасност.Досега потврдена е смртта и на музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК.Претходно беше објавено дека загина и тапанарот на групата ДНК.

Македонија | пред 11 месец

dui-

Сочувство од ДУИ: Ова е огромна загуба за семејствата, за Кочани и за целата наша држава

Сочувство за трагедијата во дискотеката во Кочани изрази Демократската унија за интеграција.„ДУИ изразува најдлабока тага за тешката трагедија во Кочани, каде досега 59 лица го загубија животот, а повеќе од 150 се повредени во разорниот пожар во ноќен клуб”, велат од ДУИ и најавија дека ги откажуваат сите партиски активности и собири за една недела.„Ова е огромна загуба за семејствата, за градот Кочани и за целата наша држава. Како знак на солидарност и почит, ДУИ одлучи да ги откаже сите партиски активности и собири за една недела. Ова е момент на жалост и размислување, каде што целото внимание треба да биде насочено кон жртвите, нивните семејства и преживеаните. Во овие тешки моменти, ДУИ стои со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа трагедија”, стои во соопштението од ДУИ.

Македонија | пред 11 месец

image-114

Петмина повредени од Кочани со воен авион на Бугарија ќе бидат пренесени во бугарските клиники

По наредба на премиерот Росен Желјазков, авионот „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство замина за Република Македонија.Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во забавен објект во градот Кочани.Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари за реанимација и специјалисти за изгореници.Повредените ќе бидат сместени во специјализираните единици за изгореници во медицинските установи во Софија и Варна.Дополнително, итно е подготвена клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград да прими повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште жртви по координација со властите на Република Македонија.

Македонија | пред 11 месец

viber_image_2025-03-16_13-17-20-490

Уставниот суд изразува најдлабоко сочуство до семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Уставниот суд со длабоко жалење ја прими веста за ужасната трагедија во Кочани. Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти судиите изразуваат најдлабоко сочуство до семејствата на настраданите. Ненадоместлива е загубата, ја споделуваме болката и нашите мисли се со родителите роднините и пријателите на трагично настраданите. На повредените им посакуваме побрзо закрепнување, стои во соопштението од Уставен суд.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања