Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУЛС

papa-skopje-2

Папата Франциск изрази сочувство до семејствата на жртвите во Кочани

Преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин, Папата Франциск упати сочувство по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе.„Папата изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, како и својата духовна блискост со повредените”, стои во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов.Папата уверува дека сеќавањето на жртвите ќе го задржи во своите молитви.

Македонија | пред 11 месец

andrej-fudbaler-pozar

Почина фудбалерот Андреј Лазаров по здобиените повреди од трагедијата во Кочани

Во пожарот во кочанската дискотека почина и младиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров. Тој беше меѓу повредените во болницата во Штип, но за жал состојбата му се влошила и тој починал.Според информациите, тој се здобил со изгореници кои на крајот се покажале како претешки за да преживее.Неговиот клуб претходно објави дека тој е надвор од животна опасност, но ситуацијата подоцна се променила и за жал им подлегнал на повредите. Металург, Работнички и Тиквеш беа клубовите за кои настапуваше во Македонија, додека во Хрватска беше дел од Рудеш и Горица.

Македонија | пред 11 месец

licenca

Како дискотеката во Кочани со блокирана сметка организирала концерти?!

Фирмата „ММММ кафе ДООЕЛ“, носител на лиценцата за „Клуб Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, е со блокирана сметка, покажуваат информациите од „Бизнис мрежа“, софтвер кој црпи информации од Централниот регистар. Ова го отвора прашањето, како оваа фирма продавала карти, но и пијачки на присутните во клубот, каде се случи големата трагедија. Фирмата е основана во 2020 година.Според лиценцата издадена од Министерството за економија, објавена од ТВ21, фирмата ја добила лиценцата на 13.03.2023 година, од државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ. Не се знае дали е истечена или не.Претходно, беше објавено дека објектот каде била дискотеката, порано бил магацин за теписони. Како била направена пренамена - останува непознато. Соодветноста на објектот го проверуваат и од МВР, бидејќи во дискотеката имало стотици гости, а имало еден влез, кој бил тесен и мал.Од кочанската болница веќе известија дека последицата за смртта кај повеќе лица било токму стапедото на излезот од објектот.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека под истрага се и тие кои ја издале лиценцата за дискотека, како и инспекциските служби кои требало да го контролираат работењето.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-07.49.25

Tрагедијата во Кочани е резултат на нашето толерирање на опасното живеење, немањето елементарни стандарди, попустливост, бахатост и отсуство на свест за одговорност

Адвокатот и поранешен кривичен судија, Владимир Туфегџиќ, посочи дека трагедијата во Кочани е резултат на нашето толерирање на опасното живеење, прогледување низ прсти од фискални причини на “дивоградби”, немањето елементарни стандарди, попустливост, бахатост и отсуство на свест за одговорност.„Отсуството на професионализам, етика, морал и одговорност не доведоа до состојба што ние воопшто не сме свесни ниту одговорни кон сопствените животи, не умееме да препознаеме опасност поради трка за профит и пари, се е кај нас “ај бе нема везе иам чоек, ќе свршиме работа”.После секоја трагедија нашата реакција освен првичниот коментар “ страшно и трагично“, наредното е “добро е мене не ми се случи”, ќе ти се случи пријателе само не знаеш кога.Од ниту една трагедија не извлековме поука, немаме капацитет за тоа.Од сите трагедии што ни се случиле не ги памтиме жртвите, никогаш не ги дознавме вистинските причини, туку памтиме кој вршел опструкција на постапката, кој политичар што кажал и за кој “кабел” се фатил и за кого ургирал.Се сеќавате на трагедијата во Тетовската болница,одма од политичка говорница беше огласен за виновен “кабелот” и така заврши, а тоа што објектот не е соодветен за болница него за трафика нема везе, битно да го спасиме “нашиот”.Минатото лето во Радишани во див објект за прослави и веселби, со тарифа од 200 евра за 6 часа, нормално со логистика за “кинење” пријави за нарушување на јавен ред и мир, без било какви стандарди и дозвола за работа, пуштајќи музика од струен удар загина младо дете Љупчо Лешко и во опасност беа доведени уште 30-тина деца, никоме ништа, истрагата трае.Јавниот обвинител иако му се доставени докази, нема намера да помисли да спроведе истрага во која ќе ги повика сопственикот и менаџерот на дивиот објект, ангажираниот вештак случајно или не дојде само до “продолжниот кабел”, исто како во Тетовската болница, а тоа што немало заземјување и струја шетала секаде по вода и по земја, нема везе, пиши “несреќен случај” не е мое дете, туѓо е, башка дете на Раде и Кети а не дете на некој “чауш”.Од нас самите зависи дали ќе продолжиме да живееме стихијно по инерција до наредна трагедија или конечно ќе восооставиме ред, сочувство до семејствата на настраданите“, напишпа тој.

Коментари | пред 11 месец

filip-stevanovski-860x572-1

И Филип Стевановски, член на бендот ДНК загина во дискотеката во Кочани

Музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК, загина во пожарот во Кочани, јавува штипската телевизија Стар.Стевановски бешее продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ - Штип.Стевановски своето основно образование го завршил во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – Луј“ Скопје, а подоцна своето образование го усовршува во Америка.Завршува два факултети вокално инструментален оддел класична музика и џез оддел.Филип Стевановски беше неодамна назначен и за директор на Центарот за култура во Штип.Според последните информации досега загинати се 59 лица откако пожар го зафати клубот „Пулс“ во Кочани.Од него, се прости и пејачката Бојана Скендеровски.[caption id="attachment_324391" align="alignnone" width="699"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 11 месец

svedostvo-51

(Видео) Сведоштво на девојка која се спасила: Колку можевме реанимиравме, помагавме, влечевме

Млада девојка која била во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за Канал 5 ТВ сведочи како се спасувале откако избувнал пожарот.„За две минути почна да гори. Две минути беше малку за да видиме дека почна чад. Мене не ми се веруваше дека тоа е оган. Во таа паника, не можевме да видиме дали одиме еден на друг, дали газиме или не, туку гледавме само да се спасиме. Сликата позади мене беше страшна. Чадот не престана, врескањето не престана“, рече младата девојка.„Колку можевме реанимиравме, помагавме, влечевме. И другари и другарки, и познати и непознати, колку можевме правевме. Пожарната и амбулантата дојдоа, ама не беше доволно бидејќи имаше повеќе настрадани отколку дежурни екипи“, додаде девојката.„Цел град беше таму, скоро сите блиски ми беа таму. Имам повредени другари и другарки, блиски личности кои не можат да се најдат во живи, повредени, болници“, додаде таа.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-06-19-at-21.28.32-2048x1040-1

Цаневска: Бројот на жртви се зголемува, тешко повредени, врисоци, барање здив - да не ја валкаме нивната солза!

„Бројот на жртви се зголемува, тешко повредени, врисоци, барање здив и спас од дискотеката на смртта во Кочани“, напиша новинарката Катерина Цаневска и додаде:Семејствата и блиските обвиени во црнина и болка, тагува Кочани, тагува Македонија. Но, ова не е време за ќарување политички поени и обвинувања во чие време повеќе луѓе погинале, кој како и што градел.Да ги оставиме семејствата да ги исплачат и достоинствено да си ги испратат саканите, да не ја валкаме нивната солза.Потоа надлежните да испитаат и да одговараат виновните за да не ни се повтори. Бевте што бевте и тие што треба и тие што не треба во Кочани, сега назад каде што ви е место.Да дозволиме ова да бидат денови на тагување а не партиска гладијаторска борба“.

Коментари | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-13.13.02

Струмица се простува од сограѓанинот Ѓорѓи, тапанар на ДНК, кој загина во дискотеката во Кочани

Младиот талентиран музичар Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој се истакнуваше со својот музички талент, го загуби животот во трагичниот пожар што избувна во градот Кочани.„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.Досега, 59 лица загинаа, над 150 лица се повредени.Од Горѓиев се прости и неговиот брат:[caption id="attachment_324371" align="alignnone" width="625"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 11 месец

kocani-62346

(Видео) Повеќето пациенти починале поради стампедото при евакуација од дискотеката, откри директорката на кочанската болница

Ноќеска во 02:48 часот, кочанската болница го добила првиот повик. За 30 минути биле мобилизирани сите медицински лица и почнале да се носат пациенти.„Пациентите беа на возраст од 16 години до 24 годишна возраст. Најмногу имаше со изгореници и интоксикација на јаглероден моноксид. Потоа, пациенти беа препраќани во Штип. Пациентите беа пренесени во најкус можен период, по тријажата, станува збор за повреда со ентоксикација и изгореници. Тие кои беа со помали изгореници беа задржани во кочанската болница“, рече Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани.Таа додаде: „Повеќето пациенти имаа повреди од стампедо, особено пациентите кои се починати. Починаа од стампедото кое било направено, при паниката, паничниот напад. Започнале да излегуваат низ влезот, каде не собирало да поминат 1500 лица“, додаде Серафимова.Таа рече дека имало пацинети од Скопје, Штип, Пробиштип, Кочани.

Македонија | пред 11 месец

483939845_18493349716053757_994084415028310171_n

Седум дена жалост во Македонија

По големата трагедија во Кочани, Владата на Македонија ќе прогласи седумдневна жалост. Во 16 часот ќе заседава ВладатаДосега, има 59 жртви, а над 150 лица се повредени. 18 лица се во критична состојба, меѓу кои има малолетници.Полицијата и Обвинителството спроведуваат истрага, како за организаторите и сопствениците, така и за институциите кои издале лиценца за објектот да работи како дискотека.

Македонија | пред 11 месец

skovski

(Видео) Четири лица се бараат со потерница, десетина повредени раскажале што се случило во дискотеката

Четири лица се бараат со потерница, а кои се поврзуваат со дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека се анализра сѐ, како во делот на градежно-техничка документација, како за предуслови за ставање во функција на таков објект, како во делот на лиценци, постапувањето додека траел настанот, обезбедувањето.„Извршени се разговори со над десет лица хоспитализирани во скопските болници. Извршен е разговор и со еден од членовите на бендот ДНК. Распишана е потерница за 4 лица. Во овој момент се постапува и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација поврзана со предметната дискотека како и лица поврзана со истата“, рече Тошковски.

Македонија | пред 11 месец

srbija-makedonija

Во Србија 18 март ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Сочувство и помош од сите страни поради трагедијата во Кочани, каде според досегашните информации загинаа 59 лица.Владата на Србија на својата утрешна седница, според најавите ќе го прогласи 18 март за ден на жалост во целата земја поради трагедијата во Кочани.„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја погоди Северна Македонија. Им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на настраданите во пожарот и солидарност со народот на Северна Македонија во овие тешки моменти“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.Освен Србија, сочувство изразија и Бугарија и Грција и понудија да испратат медицинска помош во Македонија.Украинскиот претседател Володомир Зеленски, албанскиот претседател Бајрам Бегај, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, косовскиот премиер Албин Курти, се дел од државниците од Европа кои изразија сочувство до семејствата на загинатите и до македонскиот народ по трагедијата во Кочани.Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 11 месец

kocani

(Видео) Се искачи бројот: 59 загинати во дискотеката „Пулс“, меѓу нив и полицаец на должност

„Починати се 59 лица, а 39 се идентификувани. Животот го загубил и полициски службеник, од Пробиштип, кој постапувал при претходно изготвен план за контрола објекти“, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Четири жртви се од Штип, 31 се од Кочани. Повредени се 155 лица, истите се наоѓаат низ повеќе болници низ државата.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-10.15.36

Кој дозволил дискотека во трошен објект во поранешен магацин за теписони?

Објектот во кој работела дискотеката „Пулс” во Кочани, во кој според досегашните информации има 51 загинато лице, ги нема основните услови за работа.Дискотеката работи веќе 12 години, бил стара градба и несоодветна за дејноста.Овој објект бил магацин за теписони, но од општината добил дозвола да ја врши дејноста и да функционира дискотеката.Од општината не даваат информации кој и под кои услови ја продолжувал дозволата за работа и дали биле вршени инспекции.Сменети се неколку сопственици , а сегашниот секогаш бил дел од сопственичката структура на дискотеката.Сопственикот на дискотеката е веќе приведен.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-16-at-06.46.55

Адвокатот Оленик: Државата изврши тешко злосторство врз своите граѓани, ги повикувам заедно да ја тужат Србија

Бројот на повредени граѓани вчера во Белград, откако најверојатно звучен топ беше употребен против мирните демонстранти за време на 15-минутното молчење и оддавањето почит на жртвите од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се зголемува од час во час, според адвокатот Александар Оленик, од правниот тим на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), кои побараа правна помош од неговата канцеларија.Според адвокатот Александар Оленик, во понеделник ќе бидат поднесени првите тужби против државата Србија и одговорните за употреба на забрането оружје против мирните демонстранти.Според него, тоа е тешко кривично дело бидејќи против граѓаните кои мирно протестирале е употребено нелегално оружје.,,Сите граѓани кои беа изложени на ударот на звучниот топ во улица Крал Милан, а чувствуваат гадење, главоболка, повраќање и се дезориентирани, веднаш да се јават на лекар и да побараат стручна помош. Овие симптоми се резултат на звучниот топ и може да бидат опасни доколку не се лекуваат. Проблемот е што многу луѓе не ни знаат што всушност им се случило”, вели Оленик.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања