Промени тема
Контакт

Сочувство од ДУИ: Ова е огромна загуба за семејствата, за Кочани и за целата наша држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
dui-

Сочувство за трагедијата во дискотеката во Кочани изрази Демократската унија за интеграција.

— реклама —

„ДУИ изразува најдлабока тага за тешката трагедија во Кочани, каде досега 59 лица го загубија животот, а повеќе од 150 се повредени во разорниот пожар во ноќен клуб”, велат од ДУИ и најавија дека ги откажуваат сите партиски активности и собири за една недела.

— реклама —
— реклама —

„Ова е огромна загуба за семејствата, за градот Кочани и за целата наша држава. Како знак на солидарност и почит, ДУИ одлучи да ги откаже сите партиски активности и собири за една недела. Ова е момент на жалост и размислување, каде што целото внимание треба да биде насочено кон жртвите, нивните семејства и преживеаните. Во овие тешки моменти, ДУИ стои со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа трагедија”, стои во соопштението од ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

IMG_5572

Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“ потврди дека објектот бил безбеден во 2012 година, а барањето за пренамена е обврска на сопственикот

Македонија | пред 2 дена

media-librarytlf460qtnd59bnTrBUZ

Голем интерес за филмот за кочанската трагедија: Нови проекции на „Добри луѓе“

Магазин | пред 4 дена

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

„Пулс“ бил без прописен излез за евакуација, одбраната го оспорува градежното вештачење – родителите велат дека тоа е аргументирано

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била нелегална, објектот не можел да биде кабаре

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања