„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

РКЕ

280708545_416588643672888_5074506153091841405_n

Објавен калкуларот за струја: Пресметајте колку ќе плаќате со новите тарифи

Регулаторна комисија објави калкулатор за граѓаните сами можат да проверат колку трошат и плаќаат сега за струја, а колку ќе плаќаат за истата потрошувачка кога плаќањето ќе биде по блокови. Споредбата на сметки се прави онлајн. Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна, даде и објаснување.„Евтината струја нема да влегува во блоковите. Во наредниот период ќе ги примаме сите забелешки и сугестии, тие единствено можат да одат во насока за зголемување на опсегот на блоковите. Имаше доста дилеми во јавноста, на најголем дел ќе излеземе во пресрет. Со овој тарифен систем не можат да се решат сите проблеми“, рече БислимовскиПрофесорот Рубин Талевски го презентираше калкулаторот.За да пресметате тука: Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (erc.org.mk)

Македонија | пред 3 години

234786586_397205545075467_2082182706027825334_n

Големо зголемување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90 % во однос на одлуката од 11.04.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега ќе изнесува 51,599 ден/кг.Од 19.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,873%, кај дизелот за 2,983%, кај екстра лесното масло за 3,270% и кај мазутот има намалување за 0,937%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,956%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања