„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

РКЕ

benziska-guzva-goriva

Нови цени на горивата, поевтинува бензинот

Бензините се намалуваат за два денари, а цената на дизелот останува иста. Ова е одлуката на Регулаторна комисија.Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кажа дека не е зголемувана намерно цената на дизелот за да се полни буџетот.„На влезните параметри курс на долар и состојба на берза, се додаваат давачките кои се кон државата“, објасни Бисмиловски за тоа како се формира цената на нафтените деривати.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-01-at-12.37.04

Ќе се сторнираат сите сметки за парно во Скопје, поради нерегуларното покачување

Ќе се сторнираат сите сметки за топлинска енергија. Зголемувањето од 50 отсто, а не 14 отсто како што беше одлучено. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кажа дека граѓаните во Скопје ќе добијат нови сметки.„Во овие сметки не е вкаклуриана субвенцијата од Владата. Затоа има значително зголемени сметки. Бараме БЕГ да ги сторнира сите сметки и да се изготват нови сметки каде ќе биде вкалкулирана субвенцијата која ја добиваат граѓаните од страна на Владата. Средства се обезбедени. Има одредена одлука која е донесена. Потрошувачите на топлинска енергија ќе ги добијат субвенциите. Сметките кои ги изготвил БЕГ и се испраќани на 31 авугст, а август не беше завршен, ќе бидат сторнирани“, кажа претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Скопје | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Ново зголемување на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 24.08.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,102%, кај дизелот зголемување во просек за 2,304%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,512% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,049%Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат.Малопродажнaтa ценa на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,292 ден/кг.Од 26.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95-89,00 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98-91,50 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)-98,50 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)-93,00 (денари/литар)- Мазут М-1 НС-52,978 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,41%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Дизелот станува најскапо гориво од ноќеска, објавени новите зголемени цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на одлуката од 22.08.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит.Од 25.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 89,00 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 91,50 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 96,50 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 93,00 (денари/литар)- Мазут М-1 НС - 51,686 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,843%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Поскапуваат горивата, објавени новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ја донесе одлуката со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,46% во однос на одлуката од 18.08.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во однос на претходната пресметка, бележат намалување на бензините во просек за 0,065%, кај нафтата има просечен пораст од 2,069 $/тон, кај екстра лесното масло има просечен пораст од 1.971 долари, а кај мазутот има просечен пораст за 1.557.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕL-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Од 23.8.2022 година, 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе бидат:- Моторни бензини - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 89,00 (ден/лит)- Бензин за мотор - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 91,50 (ден/лит)- Моторно масло - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 93,50 (ден/лит)- Масло за согорување - ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) - 90,00 (ден/лит)- Mazut М-1 SU - 51.686 (ден/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во претходниот период, според кој беа формирани цените во претходната пресметка, е повисок за 0,485%.

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Нови цени на горивата: Бензинот поевтинува, дизелот не се менува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 4.08.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,077%, кај дизелот за 1,823%, кај екстра лесното масло за 2,619% и кај мазутот зголемување за 0,624%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 6.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 94,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,083%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Поскапува дизелот, нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 27.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,344%, кај дизелот зголемување за 1,336%, кај екстра лесното масло намалување за 0,95% и кај мазутот зголемување за 1,137%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 53,343 ден/кг.Од 2.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 95,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 98,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,484%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

parno

Од денеска ќе се плаќа поскапо парно

Од денеска поскапува парното греење за 14,18 проценти.Од Владата најавуваат нови антикризни мерки за граѓаните и компаниите, а главна задача како што велат ќе биде да се обезбеди струја и други енергенси во текот на зимата.Ова е второ поскапување на парното годинава и со него просечна сметка од 1800 денари се зголемува за 250 денари. Одлуката за новата цена, според образложението на Регулаторната комисија за енергетика, се должи на драстично зголемените цени на гасот на светските берзи, кој се тргува по десет пати повисоки цени од пред кризата.Доколку не се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија, како што укажаа од РКЕ, тогаш ќе мора да се користи мазутот за производство што е многу неповолно од еколошки аспект и е ризично за граѓаните

Скопје | пред 3 години

Bislimovski

За просечна сметка за топлинска енергија од 1800 денари, зголемувањето на сметката ќе изнесува 250 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои се зголемува крајната цена на испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од БЕГ за 14,18%. За просечна сметка за топлинска енергија од 1800 денари, зголемувањето на сметката ќе изнесува 250 денари.„Цела Европа и регионот имаат сериозни проблеми во енергетскиот сектор заради превисоките цени на енергетските ресурси и намалените количини на природен гас што се увезуваат од Русија. За производство на топлинска енергија користиме увозен природен гас чија цена денес е околу 10 пати повисока од цената во јули 2021 година. Енергетските компании што вршат снабдување со топлинска енергија побараа зголемување на цената и до 78%. Во денешните одлуки зголемувањето на цената за најголемиот број потрошувачи кои се снабдуваат од БЕГ е само 14,18% што се должи на значајната субвенција во цената на топлинската енергија за домаќинствата од страна на Владата. Според одлуките се предвидува ТЕ-ТО да обезбеди 70% од потребната топлинска енергија, а 30% да се обезбедат од топланите. Доколку ТЕ-ТО не работи и ако нема субвенции од државата, цената ќе се зголемеше за над 100%. Доколку не е можно да се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија во ТЕ-ТО и топланите, тогаш сета потребна топлинска енергија ќе мора да се произведе во топланите со користење на мазут, што е многу неповолно од еколошки аспект, и е ризично заради потенцијалната неможност да се обезбедат потребните количини на мазут. Апелирам сите потрошувачи, почнувајќи од институциите на централно и локално ниво, во следната грејна сезона да ги следат препораките на ЕУ за штедење и намалување на греењето, бидејќи еден степен намалување на температурата овозможува заштеда на енергенс од околу 5%“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Скопје | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-12

Ново поевтинување на горивата, објавени новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 25.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,645%, кај дизелот за 2,347%, кај екстра лесното масло за 2,102% и кај мазутот намалување за 0,05%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 94,00 ден/лит.Од 28.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 95,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 98,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,465%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Објавени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89% во однос на одлуката од 22.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,050%, кај дизелот за 1,596%, кај екстра лесното масло за 1,569% и кај мазутот зголемување за 1,311%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.Од 26.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 95,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 98,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,383%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на одлуката од 18.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,927%, кај дизелот за 0,897%, кај екстра лесното масло за 1,042% и кај мазутот зголемување за 1,983%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 21.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 101,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,09%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

parno-1

РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на Балкан Енерџи Груп да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија.

Постојниот вршител на енергетска дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, согласно Законот за енергетика е должен да ја обезбедува јавната услуга се до избор на нов вршител на енергетската дејност, односно во случајов производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. До изборот на нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија.Од друга страна пак согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем потрошувачот е должен редовно да ги плаќа сметките за испорачаната услуга.Потрошувачот има обврска да го плати износот на доспеаната фактура и неплатените фактури од претходните календарски месеци наведени во фактурата за последниот календарски месец – стои во Правилата за снабдување со топлинска енергија.

Скопје | пред 3 години

22112019_fotovoltaichni-sistemi-na-108-javni-objekti-1

Укинато плаќањето мрежарина за граѓаните кои произведуваат и продаваат струја

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија го укина надоместокот за мрежарина при предавање на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори, како што се фотонапонски електроцентрали кои што домаќинствата и малите потрошувачи ги имаат инсталирано, а се стекнале со статус на потрошувач- производител.„Со одлуките кои ги носиме, сакаме да ги стимулираме потрошувачите да инсталираат фотоволтаични електроцентрали. На овој начин сметаме дека ќе се поттикне голем број на домаќинстават да ги искористат поволните услови и во време на енергетска криза да си обезбедат електрична енергија од сопствени извори, во случајов од фотонапонски електроцентрали . Токму затоа РКЕ презеде иницијатива за олеснување на инвестициите и пристапивме кон измена на Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија. Со оваа одлука практично домаќинствата кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 6 кW и останатите потрошувачи кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 40 кW нема да плаќаат повеќе надоместок за користење на дистрибутивниот систем за вишокот на електрична енергија која што ја предаваат во мрежа. “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Македонија | пред 3 години

bislimovski1

РКЕ ја одзема лиценцата на БЕГ, Беслимовски тврди дека скопјани нема да останат без парно

Одржана е главна седница на која РКЕ донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност, производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ, информираше денеска претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски.„Ова е една од трите лиценци што ги има БЕГ, и од оваа компанија имаме најава дека во следниот период ќе поднесе и барања за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки. За денешната одлука согласно Законот за енергетика, ја извстивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлинска енергија по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.Бислимовски појасни дека скопјани нема да останат без парно.-Нема да има никаков прекин во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, бидејќи во нашата одлука е наведено дека оваа компанија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нов вршител на оваа енергетска дејност, вели првиот човек на Регулаторна.Лично смета дека оваа дејност треба да ја врши компанија кога ќе биде во државна сопственост.Бислимовски посочи дека ако има природен гас, нема да има проблем во снабдувањето со топлинска енергија.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања