„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

media-libraryqccobv2r74qq9299iOH

Спасовски: Почина Благојче Трпевски – „вистински социјалдемократ и борец за правда“

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска со објава соопшти дека починал Благојче Трпевски, кого го опиша како „вистински социјалдемократ и борец за правда“.Во пораката, Спасовски наведува дека Трпевски ќе остане запаметен како чесен и принципиелен човек, како и искрен другар „кој секогаш стоеше на страната на народот“.„Денеска нè напушти нашиот другар, вистински социјалдемократ и борец за правда, Благојче Трпевски. Ќе го паметиме како чесен човек, принципиелен политичар и искрен другар кој секогаш стоеше на страната на народот. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат запаметени. Изразувам искрено сочувство до неговото семејство и најблиските. Нека му е вечна слава.“Спасовски изрази сочувство до семејството и најблиските на Трпевски, потенцирајќи дека неговата посветеност и човечност ќе останат трајно запаметени.

Македонија | пред 11 час

media-librarylb4grqvav3s821jfNql

СДСМ: Има за авион и луксуз, нема за 600 евра минимална плата

Социјалдемократски сојуз на Македонија обвини дека власта одбила зголемување на минималната плата на 600 евра, и покрај тоа што, како што наведуваат, има средства за „луксузирање, мебел и авион“.Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ, денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. Според опозицијата, за законот дебатирале само нивни пратеници, додека владејачкото мнозинство го одбило и предлогот за јавна расправа, како и разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.„Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата. Има пари за луксузирање на власта, за мебел, чанти, авион, ама нема за поголеми плати за работниците“, велат од СДСМ.Од партијата тврдат дека средствата за набавка на авион не се повлечени и дека нема најави за ребаланс на Буџетот, што, според нив, покажува дека власта нема намера да се откаже од таа набавка.Во реакцијата се наведува и дека, како што велат, се води координирана медиумска кампања со наратив дека „потребен е авион“, додека, според СДСМ, главната тема – зголемување на платите – се оттурнува во втор план.„Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот“, порачуваат од опозициската партија, додавајќи дека работниците не смеат да останат без решение.СДСМ апелира законските измени да бидат прифатени „заради работниците“, оценувајќи дека, како што велат, „доста беше од игри“.

Македонија | пред 1 седмица

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за Адамовиќ е од амбасадорот именуван од СДС

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на СДСМ во врска со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Република Северна Македонија во Србија, тврдејќи дека предлогот потекнува од амбасадорот во Белград.Од партијата наведуваат дека амбасадорот на Македонија во Србија, кој го предложил Адамовиќ, бил именуван уште во времето на владата на СДСМ и ДУИ.„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата порачаа дека СДСМ треба да разбере дека е опозиција во Македонија и дека не сакаат да се вклучуваат во, како што наведуваат, дневно-политички настани во соседна Србија.Во реакцијата се истакнува и дека споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за почесен конзул.Од СДСМ претходно отворија прашања околу изборот на Адамовиќ и побараа одговори од Владата.

Македонија | пред 1 седмица

BKuzeska3

Кузеска: СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС не е опција

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека партијата останува цврсто определена за целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, нагласувајќи дека полноправното членство со сите права, вклучително и правото на глас, е единствената прифатлива опција.„До денес нема официјална одлука на Европската комисија, Европскиот совет или Европскиот парламент која предвидува прием на земја како полноправна членка без гласачки права. Доколку стане официјална позиција на ЕУ, дури тогаш може да се разгледува“, посочи Кузеска.Таа потенцира дека СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ и дека, според нив, не постои алтернатива на европскиот пат.Кузеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски дека водат антиевропска кампања, претставувајќи ја Европската Унија како фактор што врши притисок врз државата, наместо, како што рече, да ги признаат обврските и реформите што треба да се спроведат.Според неа, блокирањето на уставните измени и создавањето проблеми со соседите ја држат државата во стагнација.„СДСМ е за Европа, за нас нема друга алтернатива. Ниту БРИКС ниту изолацијата не се опција“, истакна Кузеска.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybpp7dojh8ugi8CfC5R9

СДСМ обвинува за партизација на правосудството и молк за 161 тендер

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека судството и обвинителството се ставени под, како што наведе, директна контрола на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека правдата во државата се урива, а институциите се партизираат.Фрчкоски тврди дека власта го сменила јавниот обвинител за да постави лице под своја контрола, при што јавно била елиминирана кандидатката Ленче Ристоска, и покрај тоа што, според него, добила максимални оценки од Советот на јавни обвинители. Тој посочи дека таа била и јавно навредувана од страна на премиерот.Според СДСМ, премиерот директно влијае врз изборот на обвинители и судии, а како примери ги наведува изборот на член на Судскиот совет и назначувања во Уставниот суд. Дополнително, Фрчкоски обвини дека од власта се врши притисок врз обвинителството и се води кампања за дискредитација на предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство.Тој истакна дека повеќе од 80 дена нема одговор на пријавите поднесени од СДСМ до Државната комисија за спречување на корупцијата, ниту реакција од обвинителството и Финансиската полиција во врска со, како што наведе, серија сомнителни тендери.Меѓу нив ги спомена 161 тендер за фирма поврзана со семејството на Томовски, 51 тендер преку општини за фирмата „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди груп“, како и тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до партијата ЗНАМ.Фрчкоски оцени дека додека граѓаните се соочуваат со економски предизвици, власта, според него, се впушта во луксуз и спорни јавни набавки. Тој заклучи дека, како што рече, единствениот притисок врз македонските граѓани доаѓа од актуелната власт, обвинувајќи ја за селективна правда и институционален молк.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

СДСМ: Пет тони дрога минале граница без контрола, институциите мора да одговорат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека последните информации од Обвинителството за случајот со запленети пет тони дрога потврдуваат сериозни пропусти во безбедносниот систем, посочувајќи дека недозволената стока „повеќекратно“ ја поминала македонската граница без да биде откриена.Според наводите на партијата, дрогата претходно била транспортирана во поголеми количини со товарни и патнички возила од објект на правно лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе, поточно во селото Сарамзалино, каде што бил извршен претовар. Потоа било организирано и нејзиното изнесување од државата.Од СДСМ оценуваат дека фактот што толкава количина недозволена стока се движела низ повеќе делови од земјата без да биде запрена отвора прашања за функционирањето на контролите на граничните премини и за улогата на Министерството за внатрешни работи. Опозицијата јавно прашува каде биле институциите и системите за видеонадзор додека се одвивал транспортот.Во реакцијата се споменува и изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој во телевизиско гостување посочил дека прашањето не е како дрогата излегла од Македонија, туку како влегла во Србија. Од СДСМ велат дека јавноста очекува одговор и за тоа кој дозволил недозволената пратка да ја напушти државата.Партијата наведува дека во Србија е уапсен функционер поврзан со владејачката партија таму, а случајот, според нив, отвора сомнежи за можни врски и на домашна политичка сцена.СДСМ бара целосна и транспарентна истрага, со утврдување индивидуална одговорност за сите инволвирани, оценувајќи дека станува збор за најголем нарко-скандал досега, кој мора да биде расчистен до крај.

Македонија | пред 1 седмица

plata-evra

СДСМ бара: Пари за минимална плата од 600 евра наместо за нов авион

СДСМ побара средствата планирани за набавка на нов владин авион да се пренаменат за зголемување на минималната плата на 600 евра.Од партијата посочуваат дека животот во државата станува сѐ поскап, а работниците, како што наведуваат, тешко ги покриваат основните трошоци. Според нив, синдикалната кошничка во февруари достигнала 67.400 денари, при што едно четиричлено семејство не може да ги покрие потребите ниту со три минимални плати.СДСМ тврди дека над 200 илјади работници примаат плата под 30.000 денари и дека со сегашното ниво на минималната плата не можат да се покријат трошоците за храна, сметки и други основни потреби.Во соопштението се упатуваат критики кон премиерот Христијан Мицкоски, со обвинувања за, како што наведуваат, луксузирање на сметка на граѓаните.Партијата повикува на ребаланс на Буџетот и пренамена на средствата од, како што велат, неприоритетни трошоци кон зголемување на платите, нагласувајќи дека е потребно обезбедување достоинствени примања за работниците.

Македонија | пред 1 седмица

sjo

Нападите врз предметите на СЈО се операција за рехабилитација на Груевски, вели Цветеновски

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветеновски, обвини дека нападите врз предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство се дел од, како што рече, политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок во државата.Според неа, додека институциите не реагираат на, како што наведе, криминалните тендери поврзани со власта, во јавноста се води кампања за дискредитација на предметите на СЈО и на пресудите што произлегле од нив.„Клучниот чекор во оваа операција е систематскиот напад врз Специјалното јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа. Целта е јасна – релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување“, истакнува Цветеновски.Таа тврди дека на тој начин се прави обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и, како што рече, бегалецот од правдата Никола Груевски да се претстави како жртва.Во својата изјава, Цветеновски посочува и на, според неа, проблематични кадровски решенија во правосудството, наведувајќи дека се носат одлуки спротивни на европските препораки и дека се врши целосна контрола врз судството и обвинителството.„Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на ‘газдата’“, наведува таа, оценувајќи дека станува збор за директен напад врз владеењето на правото и европската перспектива на државата.

Македонија | пред 2 седмици

media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ прави дефокус, нема одговор за 5 тони дрога

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ свесно ја пренасочува јавноста од, како што рече, најсериозните прашања поврзани со петте тони дрога што поминале преку државната граница.Тој оцени дека за власта „нема ништо свето“ и дека, според него, се злоупотребуваат и човечки трагедии со цел да се прикријат суштинските теми.„Немаме одговор како поминаа пет тони дрога преку граница. Немаме одговор на скандалите што ги отвораме, поврзани со фирми блиски до ДПМНЕ, кои, според нашите наводи, водат директно до кабинетот на Мицкоски и до високото раководство на партијата“, изјави Димитријевиќ.Тој додаде дека, наместо институционален одговор и расчистување на сомнежите, јавноста секојдневно е сведок на, како што рече, „класичен дефокус“ од страна на власта.Според СДСМ, отсуството на конкретни одговори за начинот на кој голема количина дрога ја поминала границата отвора сериозни дилеми за одговорноста на институциите. Димитријевиќ порача дека партијата ќе продолжи јавно да ги поставува прашањата сè додека, како што истакна, не се добијат јасни и недвосмислени одговори.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytiegtek1qpd29PFCu0v

(Видео) 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите молчат 53 дена, вели Димитријевиќ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска изнесе нови обвинувања за, како што рече, сомнителни јавни набавки, тврдејќи дека една фирма во период од две години добила 74 тендери во вкупна вредност од 17,6 милиони евра.Според Димитријевиќ, поминале 53 дена од објавувањето на претходните наводи од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ, а, како што истакна, „нема ниту една институционална реакција“. Тој обвини дека Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Финансиската полиција не постапиле по досегашните информации.„Нема пари за повисоки плати, се кратат субвенциите за земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот едни исти фирми добиваат милионски тендери“, изјави Димитријевиќ, додавајќи дека, според нивните податоци, фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје за две години склучила 74 договори со институции.Тој наведе дека наглиот раст на склучени договори започнал во 2024 година и продолжил во 2025 година, при што само во текот на минатата година биле склучени 59 договори, најголем дел со општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.Дополнително, според него, вредноста на склучените договори во голем број случаи се поклопувала со проценетата вредност на тендерите, што, како што рече, претставува „основен индикатор за наместени јавни набавки“.Димитријевиќ во изјавата посочи и на други случаи за кои СДСМ претходно алармираше, наведувајќи дека една семејна фирма добила 161 тендер, друга 51, а сега трета фирма 74 договори. Тој ја обвини власта дека „си дели тендери како колачи“ и дека јавните средства се користат за, како што рече, партиски и бизнис интереси.Од СДСМ најавија дека Антикорупцискиот тим ќе продолжи со објавување на, како што велат, нови податоци и документи, додавајќи дека ќе бараат институционална одговорност.

Настани | пред 2 седмици

04042020_Sekerinska_Cestitka_1

СДСМ го осуди однесувањето на Вучиќ кон Шекеринска: Тоа е пример за шовинистички политички речник

СДСМ го осуди однесувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година, оценувајќи дека станува збор за навредлив и понижувачки настап.Од партијата наведуваат дека Вучиќ, во својата изјава, ја споменал Шекеринска на начин што, според СДСМ, го потенцирал нејзиниот пол со понижувачка конотација, поврзувајќи ја со прашања за сецесија и со Косово. Во реакцијата се посочува дека ваквиот пристап претставува навреда наместо аргументирана политичка расправа.СДСМ оценува дека ваквиот речник е дел од политички стил што, како што наведуваат, се темели на дискредитација и лични напади. Според нив, ваквиот однос кон жени на високи функции придонесува за негативна политичка клима и ја поткопува родовата рамноправност.Партијата изразува целосна поддршка за Радмила Шекеринска, истакнувајќи дека таа нема поврзаност со обвинувањата за сецесионизам и дека нејзиниот ангажман во НАТО, според СДСМ, е доказ за нејзината професионалност и меѓународен кредибилитет.Во реакцијата се наведува дека СДСМ останува посветен на политиките за родова еднаквост и на унапредување на улогата на жените во јавниот и политичкиот живот. Партијата нагласува дека нападите врз жени во политиката не смеат да се нормализираат и дека јавната дебата мора да се води со аргументи, а не со лични квалификации.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Опозицијата обвинува: Намалени субвенции, зголемени сомнежи за тендери

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски им одзела 40 милиони евра на земјоделците, намалувајќи ги субвенциите од 140 на 100 милиони евра. Според партијата, станува збор за директен удар врз илјадници земјоделски семејства кои егзистираат од производството на храна и го одржуваат домашното стопанство.Од СДСМ оценуваат дека во услови на зголемени производствени трошоци, високи цени на нафтата, ѓубривата и механизацијата, кратењето на субвенциите претставува сериозен товар за земјоделците. Тие наведуваат дека наместо поддршка за секторот, Владата, како што велат, ги намалува средствата токму таму каде што последиците ќе бидат најсилно почувствувани.„40 милиони евра помалку за земјоделците значат 40 милиони евра повеќе за милионски тендери за фирми блиски до власта“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека јавните набавки се спроведуваат нетранспарентно и со однапред договорени услови.Опозициската партија ја спомена и суспензијата на ИПАРД програмата, тврдејќи дека европските средства биле загрозени поради неправилности, за што ја обвинува актуелната власт.Според СДСМ, приоритет на Владата не се земјоделците и работниците, туку тендерите и распределбата на јавните средства. Оттаму порачуваат дека ќе продолжат со критиките и ќе бараат одговорност за, како што велат, штетните политики во земјоделството.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryb5iluq1rci361cXTIf9

Филипче: Со кражба на европски пари го суспендираа ИПАРД, сега владата удри по домашното земјоделство

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод празникот на лозарите Свети Трифун изјави дека власта, како што рече, системски го уништува земјоделството и врши директен удар врз земјоделците.Филипче оцени дека суспензијата на ИПАРД програмата е последица на, како што наведе, злоупотреба на европски средства, а потоа следувало и дополнително намалување на средствата за домашни субвенции.„Овој сектор во мало го отсликува пристапот на оваа власт во целата држава – кражба, грабеж и незаинтересираност за луѓето. Откако ги фатија од Европа како крадат европски пари и ја суспендираа ИПАРД програмата, сега ја намалуваат и Програмата за субвенции во земјоделството, од 140 на 100 милиони евра. Тоа е намалување за една третина кај сите сектори – сточарство, лозарство, поледелство и овоштарство“, изјави Филипче.Според него, со ваквата одлука земјоделците ќе останат без доволна државна поддршка, за разлика од, како што посочи, периодот кога СДСМ била на власт.Тој додаде дека, покрај кратењето на средствата, се воведуваат и построги услови за пристап до субвенциите, што, како што оцени, најмногу ќе ги погоди малите производители.„Се зголемува прагот на земјиште што треба да се обработува за да се добијат субвенции – од 0,2 на 0,5 хектари. Тоа значи дека земјоделците со два или три декари земја повеќе нема да можат да аплицираат согласно измените во правилникот“, нагласи Филипче.Со ваквите политики, според него, најмалите и најранливите земјоделци директно се исклучуваат од системот на државна поддршка.„Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата, а особено не за земјоделството“, изјави Филипче од Моклиште, Кавадарци.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjrdvm76dpg894skEoh6

Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена, власта ги остави лозарите без поддршка

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод празникот на лозарите им посака успешна година и богат род, но оцени дека земјоделците нема да добијат соодветна поддршка од Владата во текот на оваа сезона.Според Филипче, намалувањето на средствата за субвенции е директен удар врз земјоделскиот сектор. Тој посочи дека по суспензијата на ИПАРД програмата, Владата ја намалила и националната Програма за субвенции во земјоделството од 140 на 100 милиони евра, што, како што рече, претставува намалување за една третина и значи помалку средства за лозарството, сточарството, поледелството и овоштарството.Филипче предупреди и на измените во правилникот со кои се зголемува минималниот праг на обработлива површина за добивање субвенции од 0,2 на 0,5 хектари. Според него, тоа ќе ги исклучи малите производители со два или три декари земја, кои повеќе нема да можат да аплицираат за државна поддршка.Тој ја критикуваше и откупната политика за грозјето, наведувајќи дека цената е намалена за неколку денари по килограм, а предложениот закон за зголемување на откупната цена не бил прифатен во Собранието.Дополнително, според Филипче, средните винарии имаат обврска да продадат 30 проценти од грозјето на една или две најголеми винарии за да можат да ги добијат средствата од субвенциите, што, како што рече, оди во прилог на крупните компании, а на штета на лозарите и помалите производители.Тој посочи дека слична состојба има и кај тутунарите, каде субвенцијата за прва класа тутун е намалена од 100 на 80 денари. Потсети дека во време на Владата предводена од СДСМ субвенцијата достигнала 100 денари со целосно субвенционирана зелена нафта, додека сегашната власт, како што рече, ветувала 160 денари.„Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните и за државата, особено не за земјоделскиот сектор“, изјави Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoia7mogq0o415mVPoej

Опозицијата обвинува за молк на институциите за милионски набавки

СДСМ обвинува дека веќе 52 дена нема одговор од Обвинителството во врска со, како што наведуваат, спорните тендери поврзани со власта.Од партијата посочуваат дека нема реакција за 161 тендер доделен на семејна фирма на Томовски, за 51 тендер преку општините за, како што тврдат, „омилена фирма“ на ВМРО, како и за договор вреден девет милиони евра за компанија со двајца вработени. Се споменува и тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.Според СДСМ, едни исти фирми добиваат милионски јавни набавки, додека обвинителството, како што велат, не презема активности. Партијата прашува зошто институциите молчат и оценува дека судството и обвинителството се под политичко влијание на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката структура.Во соопштението се наведува дека власта избира нов јавен обвинител „под своја контрола“, именува сопруга на градоначалник од ВМРО за член на Судскиот совет и предлага советник на премиерот за судија во Уставен суд на Република Северна Македонија.Од СДСМ тврдат дека паралелно се води, како што ја нарекуваат, црна кампања со напади врз предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство и дека станува збор за политичка операција насочена кон уривање на правниот поредок.„СДСМ нема да молчи. Борбата против криминалот и корупцијата продолжува“, порачуваат од партијата.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања