„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СИЛЈАНОВСКА

396386857_276519935371604_6305156327003636374_n

Собранискиот претседател да ја презеде функцијата шеф на државата, оти Силјановска не кажа „северна“, вели Лога

Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, смета дека тоа што новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, не кажала „северна“ при повторување на заклетвата туку се дала свечена изјава со Македонија, значи дека таа не е инагурирана за претседател.„Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска.Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како В.Д.“, вели Лога.Остра реакција имаше и од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-13.38.51

(Видео) : Пендаровски заминува, Силјановска влегува во Вила Водно

Во Кабинетот на претседателот, се одржа официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски остварија тет-а-тет средба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.39.10

(Видео) Ако јас можам да бидам претседателка, можете и вие, им се обрати Силјановска на жените и кажа дека само Мицкоски верувал во нејзина победа

Претседателот на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова кажа дека таа не верувала во победа на изборите, а единствен кој ја убедувал и верувал дека тоа ќе биде така, бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Му се заблагодари преку својот говор во Собранието.„Ќе го почитувам овој Парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги паметам само добрите. Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови, кои се најголемата обврска која сум ја имала во животот. Ќе сторам се за да ја оправдам. Време е за единство“, рече Силјановска-Давкова.Кажа дека првите честитки ги добила од жени-политичарки од сите континетнти и сите области.„Зошто сакам овој говор да го посветам на жените.. Во ова Собрание јас законите ќе ги читам и ќе укажувам дека не мора да дојде до вето, дека може да направиме преку обраќањето некои корекции. Кога ќе именувам, или кога ќе предлагам членови на Судски совет, Уставен суд, ќе тргнувам од стручноста и компетентноста. За жал жените ги нема во политиката, затоа сум среќна што ќе инспирирам други жени. Ако јас можам да бидам претседателка, можете и вие! Запомнете“, додаде Силјановска-Давкова.Посочи дека силните жени можат да ги решаваат проблемите, меѓу државите, нациите.„Оваа држава ја немаме само благодарение на комитите, туку и поради комитките, оваа земја ја немаме само поради партизаните, туку и поради партизанките“, додаде Силјановска-Давкова.Додаде дека зад успешни жени стојат мажи, како што е нејзиниот сопруг.„Јас, Мицкоски пред 2019 година само еднаш го видов на телевизиските екрани. Довербата е многу важна, јас ќе ја оправдам - не поради долг кон политика или партија, туку бидејќи добив шанса да бидам опкружена со многу жени“, додаде Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.42.45

(Видео) Црвенковски и Пендаровски не дојдоа на инаугурацијата на Силјановска-Давкова

На инаугурацијата на новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, иако поканети, присутни не беа експретседателите Бранко Црвенковски и Стево Пендаровски.На почетокот од собраниската седница за нејзино назначување, собранискиот претседател во заминување, Јован Митрески кажа дека одвоил столчиња за овие двајца претходници на Давкова, кои останаа празни.На поканата се одзваа Ѓорѓе Иванов и Вилма Трајковска, сопруга на починатиот претседател, Борис Трајковски. Двете столчиња до нив, беа празни.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.35.11

(Видео) Силјановска: Ковачевски ми се јави и поразговаравме - кога ве гледамв ака, знам дека има шанса за сите нас

Новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во својот говор од Собранието кажа дека експремиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, телефонски ѝ честитал за победата. Таа кажа дека тие разговарале, па вети дека нема да прави никакви поделби од функцијата која ќе ја извршува.„Сакам да го споменам и Ковачевски, и тој се одважи да ми се јави, а не само на Фејсбук да ми посака добредојде и успешна работа. Туку да поразговараме. Затоа мислам дека со нас жените, ќе се менувате и вие мажите политичари и Македонија ќе стане едно пристојно место за соживот на сите. Искористете го умот, искореистете го и не заборавајте ги. Така ќе ги охрабриме и оние надвор“, додаде Силјановска-Давкова.Таа додаде: „Кога ве гледам вака, знам дека има шанса за сите нас. Исто како што имаше шанса кога многу пратнеички од СДСМ ми пријдоа да ми честитаат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.32.35

(Видео) Силјановска даде заклетва без „Северна“, туку со Македонија

Гордана Силјановска-Давкова даде свечена заклетва пред пратениците на Собранието на Македнија. Иако заклетвата беше со „Северна Македонија“, Силјановска-Давкова се заколна дека ќе го штити суверинитетот на Македонија.„Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја извршувам совесно и одговорно...“, рече Силјановска-Давкова давајќи заклетва.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.25.59

(Видео) Претседателска заклетва на Силјановска Давкова во Собранието

Во Собранието на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова ќе даде заклетва пред пратениците, по што, ќе ја преземе и функцијата и ќе се упати кон Вила Водно.Во Кабинетот на претседателот, ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-11.24.11

(Фото) Силјановска го зема уверението од ДИК: победи со 561.000 гласови

Денес, Државната изборна комисија издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова, која според резултатите од спроведените избори за избор на Претседател на Република Северна Македонија, одржани на 24 април и 8 мај 2024 година, беше избрана за Преседател на државата.На седницата која ја одржа Државната изборна комисија, беше усвоен Заклучокот за конечност на резултатите од гласањето за Избор на Претседател на Република Северна Македонија, одржано на 8 мај 2024 година.Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47%.На гласањето по листите за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, во законски утврдениот рок, по истекот на рокот определен за приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите и објавените првични резултати, Државната изборна комисија ги објави и следните конечни резултати:1. Стево Пендаровски, освоени 251.899 гласови2. Гордана Сиљановска Давкова, освоени 561.000 гласовиЗа Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале.Претседателот на ДИК, Проф.Др. Александар Даштевски и го предаде Уверението на Гордана Сиљановска Давкова и од име на Комисијата и посака успешен мандат како шеф на државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-11.17.20-1

(Видео) Славески гарантира: Силјановска нема да сврти грб на ВМРО-ДПМНЕ како Арсовска

Гордана Силјановска-Давкова нема да ги направи истите чекори како Данела Арсовска, која стана градоначалничка благодарение на ВМРО-ДПМНЕ па им сврте грб. За ова уверува Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека станува збор за дијаметрално спротивни карактери. „Во никој случај, за тоа гарантирам, не може да се случи“, рече Славески.Според Славески, изразувајќи се со професорски јазик, Силјановска-Давкова „положила“ осум семестри, со највисока оценка.„Ќе имаме добра синергија, помеѓу новата Влада предводена од Христијан Мицкоски и претседателот на Македонија каков што заслужува“, вели Славески во подкастот „Претрес со Ландов“.Тој зборуваше и на други актуелни теми како што се Груевски и Мијалков, плановите на ВМРО-ДПМНЕ, најавувањето одговорност и апсење на СДСМ-овци и припадници на ДУИ.?t=7376

Македонија | пред 1 година

164351354

Силјановска денеска слави и роденден, полни 71 година - утре нејзината инагурација за претседател

Гордана Силјановска-Давкова денеска полни 71 година, на ден пред нејзината инагурација во Собранието за претседател на државата. Таа е родена на 11 мај 1953 година. Роденденот го слави ден откако Државната изборна комисија ги објави официјалните резултати од изборите.Таа е македонски универзитетски професор, правник, и собраниски пратеник во претходните четири години.Избрана е за претседател со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899, констатираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на седницата на ДИК, објавувајќи ја конечноста на резултатите од гласањето за Претседателките избори од 8 мај.Во нејзината биографија стои дека основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.Сиљановска Давкова за првпат влезе во политиката како предлог на ЛДП и беше министерка без ресор во првата влада на Бранко Црвенковски кој беше премиер од 1992 до 1994 година.Во 2004 и 2005 година, беше активна во настапите против Законот за територијална организација, во 2017 година, беше гласна против Законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот јазик стана втор службен јазик во Северна Македонија. На парламентарните избори во 2020 година, Сиљановска-Давкова беше носителка на кандидатска листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во првата изборна единица. Од август 2020 година досега беше пратеничка во Собранието.

Македонија | пред 1 година

F0A57483-C8F6-4D41-8A76-9B49AA2AA973_4_5005_c

Силјановска и официјално претседател на Македонија, утре назначување и влез во Вила Водно

За Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899, констатираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на седницата на ДИК, објавувајќи ја конечноста на резултатите од гласањето за Претседателките избори од 8 мај.Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата.Собраниската седница за инаугурацијата на победникот на претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова беше закажана за недела, 12 мај 2024 година во 12:00 часот.Силјановска-Давкова потоа ќе треба да положи заклетва пред пратениците во заминување.Противникот Стево Пендаровски доби 251.541 глас. Петгодишниот мандат на Пендаровски завршува на 12 мај.

Македонија | пред 1 година

mickoski-gordana-siljanovska-Konvencija-6-02032024

Борел и Вархеји очекуваат Силјановска Давкова и новата Влада да ги исполнат условите за членство во ЕУ

Во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ЕУ ја нагласува потребата од формирање стабилна Влада.ЕУ очекува соработка на новиот претседател и владата за исполнување на обврските на земјата и спроведување на клучните реформи неопходни за пристапување во ЕУ.„Ги повикуваме релевантните политички чинители да се заложат за формирање Парламент и поттикнување стабилна Влада. Овие два ентитета треба да соработуваат за да го поттикнат патувањето на Северна Македонија кон ЕУ, што опфаќа донесување суштински реформи, особено во почитувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата, за доброто на сите граѓани”, стои во заедничката изјава.Борел и Вархеји потсетија и на обврската за уставни измени со кои Бугарите и други малцински заедници ќе се внесат во Преамбулата од Уставот. Уставните измени се услов за Македонија да ја одржи втората меѓувладина конференција со ЕУ, односно да ги отвори кластерите во процесот на пристапување.

Македонија | пред 1 година

Siljanovska02122021

Оставките од ДУИ се политички маневар, вели Силјановска

Оставките од ДУИ се политички маневар, изјави за Канал 5, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова.„Треба, преку премиерот, оставките да се достават до претседателот на Собранието, оти легитимитетот на министрите од нас извира и претседателот веднаш треба да ги достави до пратениците и на следната седница само се констатира престанокот на мандатот“, вели таа.Пратеничката додаде и дека првпат слуша за условени оставки. Силјановска – Давкова е со став дека уставните измени не се гаранција дека Бугарија ќе нема нови барања.„Чуму и се на Бугарија нови барања? Преговорите во рамки на тн. историска комисија се непресушен извор на можни барања, и во рамките на шесте кластери и во рамките на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или не договореното. Значи господар на прстените е Бугарија“, кажа таа.

Македонија | пред 2 години

osmani-siljanovska-davkova

Силјановска за Османи: Суперминистеров реши да функционира како албанско-бугарски-македонски министер за сеопшти работи

Суперминистеров не престанува да не изненадува со иновативниот надворешнополитички пристап. Политиката го разбуди и поттикна неговиот интерес за прашања што се далеку од медицината и тој доби несонувана шанса да ги интерпретира и режира МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ РАБОТИ како што си сака или како што ќе му кажат, вели професорката Гордана Силјановска Давкова во својата објава на социјалните мрежи.„На регионално ниво, толку се посвети на градењето најдобрососедство што реши да функционира како албанско-бугарски-македонски министер за сеопшти работи.Ослободен од внатрешните стеги и притисоци, посебна инспирација за решавање на македонските работи добива надвор, во странство. Едно време, кога зборуваше за различните национални перцепции на историјата, заборави дека за фашизмот и холокаустот има силна, несоборлива, не само историска, тука и сечовечка слика на ЗЛО/ГЕРНИКА, што не смее да се заборави и толерира.На „европската“ мисија, не одолеа да се вмеша во ресорот за правда, па се премори од лаички „аргументации“ за правото на здружување и регистрирање на здруженијата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“. "Фердинанд" му го препушти на министерот за правда!Додека се носеа измените на „Законот за здруженија и фондации“ и „Законот за политички партии“ стивна, ама .... при гласањето за законите, видливо беше отусуството на пратениците – Албанци!„Инспириран“ од дошепнат бугарски глас, се огласи од Софија со идеја за испраќање на измените на Законот за здруженија и фондации на Венецијанска комисија.Чудно е што не се се сети на оваа можност во Скопје и што не му ја пренесе на министерот за правда, во чија надлежност е законот, односно на Владата. Дури и на предлагачот можеше да му ја предочи идејата. Уште почудно е што тоа не го стори кога беа предложени измените, оти мислење од Венецијанската комисија ВООБИЧАЕНО се бара кога актот е во фаза на нацрт/draft, за да може евентуалните препораки да се вградат.Ама, сестраниот министер Османи има искуство на Венецијански трговец. Во 2017 година, дури и по изјавата на г-динот Хан дека Законот за употреба на јазиците не е приоритетен, во организација на г-дин Груби, беше извршена трампа на гласовите за законот и гласањето за Преспанскиот договор. Згора, го протуркаа со европско знаме, иако СЕКОЈ приучен правник знае дека ЕУ нема заедничка јазична политика. Кога некои од нас јавно побараа да се чуе мислењето на Венецијанската комисија, ПОЛИТИЧКИТЕ ТРГОВЦИ најпрво ја замајуваа македонската јавност дека побарале, ама комисијата тоа го негираше. Следеше Артановата изјава дека побарале мислење за дел од одредбите и .... пресече министерката за правда со изјавата дека законот ќе биде пратен. И бидна. Дојде мислењето, ама ДУИ-нг АКЦИЈА беше побрза. Уставниот суд ТРУДНО си молчеше и сеуште молчи, никако да се породи од СТРАВ!Во последниот извештај на Европската комисија , на стр. 19, под наслов „ Ефикасност“, се бара преиспитување на законското решение за би-лингвализам во судските постапки.Па, што? Го помнам инспекторот Бујар Османи кога, врз основа на „евроинтеграциската“ инспекција на спроведувањето на законот, документирана со слики од терен, објаснуваше дека нема никаков проблем за двојазичноста од непознат европски вид.И сега, насмеан, се умилкува среде Софија со зборовите : „сакам да верувам дека колегата Милков и јас ќе направиме се за да не дозволиме други да ни ја водат нашата надворешна политика , други да ги обликуваат нашите билатерални односи“?!Да не сонува човеков да се прогласи за крал, инспириран од царските имиња на здруженијата? Знае ли кој е надлежен за креирање на надворешната политика? Која држава ја претставува? Праша ли за судбината на здружението „ Никола Јонков Вапцаров“? Потсети ли на пресудите на Судот за човекови права?Замислете, оној кој со премиерот и прати писмо на Венецијанска комисија во која ја ШОКИРААТ со тезата дека ние сме SUI GENERIS држава со специфични решенија и дека во Мислењето не треба да се споменува неуставноста на Законот за употреба на јазиците, ниту Уставниот суд затоа што тоа може да доведе до етнички проблеми, СЕГА ќе бара МИСЛЕЊЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА за Законот за здруженија на граѓаните, иако претходното не го почитувал!Законот за политички партии не го ни споменува иако содржи идентични решенија со оној за здруженијата, оти не е КУРЕНТНО“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

Siljanovska02122021

За Силјановска терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав: „Градоначалничката може да биде шпицна на себе“

Терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.Таа го искоментира терминот кој скопската градоначалничка Данела Арсовска го употреби претходно, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Градоначалничката може да биде шпицна на себе. Тоа за мене е некоја лузија, глупо поглупо, најглупо. Тоа ништо не значи. Човек пред да употреби нешто, треба добро да размисли“, рече Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања