„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

силјановска

media-library41v4o6fka4cg1JdVAV7

Силјановска-Давкова на прием кај Трамп и првата дама на САД

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова соопшти дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.„Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат“, напиша таа.

Македонија | пред 2 месеци

jovan-siljanovska-pavel

Сиљановска се сретнала со Јован кој спасуваше животи од дискотеката, смета дека сите кои покажале херојско однесување треба да добијат признание

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека сите кои покажале херојско однесување за време на пожарот во дискотеката „Пулс“ и спасувале животи, треба да добијат признание. Таа веќе се сретнала и со младиот Јован, кој спасил дваесетина деца, а мајка на едно од децата му оддаде јавно прзнание.„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова веќе се сретна со младиот Јован Костадинов кој храбро и пожртвувано успеа да спаси 21 живот. Таа смета дека оние кои покажале херојско однесување за време на трагедијата во Кочани заслужуваат признание“, велат од Кабинетот на претседателката Сиљановска за „Скопје1“.Покрај Костадинов, додека внатре имало пожар и стампедо, во спасувачка акција тргнал и Павел Христов, кој повеќепати влегувал во дискотеката. Тој успеал да спаси повеќе лица, но не и себеси. Дел од спасените сведочеа дека и обезбедувачите како и други лица биле вклучени во акцијата да се извлечат што повеќе заглавени во дискотеката.

Македонија | пред 9 месеци

kocoska-siljanovska

Не е лошо човек да се извини, вели Силјановска по реакциите за министерката Кочоска

Претседателката Гордана Силјановска Давкова изјави дека сите политичари, како и пратениците треба да внимаваат на говорот, а “не е лошо човек да се извини”. Ставот на претседателката е даден откако Кочоска одговараше на пратеничко прашање во Собранието, па на едно од излагањата и се обрати на пратеничката Славјанка Петровска. Таа и рече дека не може да зборува за мајките што имаат деца, оти нема деца.Претседателката вели дека сите политичари, како и пратениците да внимаваат на говорот.„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера. Мислам дека тоа ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова.Минатата недела, тешки зборови се разменија во собраниската сала на седницата на која се поставуваа пратенички прашања. Реакции на социјалните мрежи предизвика изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска ја праша врз основа на што ги става в уста мајките што имаат деца, таа е мајка на два сина и многу добро знае колку треба да троши едно 4-члено семејство.„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4 члено семејство. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене”, рече министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.

Свет | пред 9 месеци

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска спушти рампа за двојазични лиценци: не им потпиша закон и им го врати во Собрание

Претседателката Гордана Силјановска Давкова не го потпишала указот за Законот за детска заштита и истиот го вратила на доработка во законодавниот дом. Со него се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Во образложението таа наведува дека спровела темелна анализа и експертски консултации по што бара преиспитување на одредбите од членовите 9 и 10 од предлог-законот.„Потсетувам дека начинот на употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо се веќе уредени со закон“,се наведува во образложението од Сиљановска-Давкова, објави 360 степени.За првото вето на претседателката се дозна од соопштение на опозициската СДСМ, која што го поздрави потегот на Сиљановска-Давкова и ја повика владејачката ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од овие законски измени.Реагираше и опозициската ДУИ, од каде што велат дека станува збор за „отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија“.Според процедурата, сега законските измени се враќаат во Собранието и ако бидат повторно изгласани со 61 глас, претседателката е должна да го потпише Указот.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-05-25-at-10.28.33

Сиљановска Давкова во Рим на средба со македонската дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на посетата на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, во Рим, оствари средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора.Сиљановска Давкова беше зспозната со нивните активности и вклученоста на дијаспората во сите процеси во Италија.Во разговорот со Мунир Шемси, бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕС, претседателката беше информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај.Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и Италијанската република. Таа ја нагласи важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство.

Свет | пред 1 година

Foto-1

И Европската унија на нозе оти Силјановска не кажа „северна“ - стигнаа првите предупредувања

Продолжуваат реакциите од Европската Унија за денешната заклетва на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Брисел директно бара Скопје да го почитува Договорот од Преспа со Грција.Во соопштението, Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) нагласува дека „ЕУ жали поради фактот што новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска, не го употреби уставното име на земјата за време на денешната церемонија полагање заклетва“.„ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција“, се заклучува во соопштението.Претходно со соодветна реакција имаше и претседателот на Комисијата. Во својата објава на Платформа Х, Урсула фон дер Лајен нагласи дека „со цел Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон членство во ЕУ, од најголема важност е земјата да продолжи со реформскиот курс и целосно да ги почитува своите обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“.

Македонија | пред 1 година

396386857_276519935371604_6305156327003636374_n

Собранискиот претседател да ја презеде функцијата шеф на државата, оти Силјановска не кажа „северна“, вели Лога

Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, смета дека тоа што новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, не кажала „северна“ при повторување на заклетвата туку се дала свечена изјава со Македонија, значи дека таа не е инагурирана за претседател.„Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска.Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како В.Д.“, вели Лога.Остра реакција имаше и од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-13.38.51

(Видео) : Пендаровски заминува, Силјановска влегува во Вила Водно

Во Кабинетот на претседателот, се одржа официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски остварија тет-а-тет средба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.39.10

(Видео) Ако јас можам да бидам претседателка, можете и вие, им се обрати Силјановска на жените и кажа дека само Мицкоски верувал во нејзина победа

Претседателот на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова кажа дека таа не верувала во победа на изборите, а единствен кој ја убедувал и верувал дека тоа ќе биде така, бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Му се заблагодари преку својот говор во Собранието.„Ќе го почитувам овој Парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги паметам само добрите. Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови, кои се најголемата обврска која сум ја имала во животот. Ќе сторам се за да ја оправдам. Време е за единство“, рече Силјановска-Давкова.Кажа дека првите честитки ги добила од жени-политичарки од сите континетнти и сите области.„Зошто сакам овој говор да го посветам на жените.. Во ова Собрание јас законите ќе ги читам и ќе укажувам дека не мора да дојде до вето, дека може да направиме преку обраќањето некои корекции. Кога ќе именувам, или кога ќе предлагам членови на Судски совет, Уставен суд, ќе тргнувам од стручноста и компетентноста. За жал жените ги нема во политиката, затоа сум среќна што ќе инспирирам други жени. Ако јас можам да бидам претседателка, можете и вие! Запомнете“, додаде Силјановска-Давкова.Посочи дека силните жени можат да ги решаваат проблемите, меѓу државите, нациите.„Оваа држава ја немаме само благодарение на комитите, туку и поради комитките, оваа земја ја немаме само поради партизаните, туку и поради партизанките“, додаде Силјановска-Давкова.Додаде дека зад успешни жени стојат мажи, како што е нејзиниот сопруг.„Јас, Мицкоски пред 2019 година само еднаш го видов на телевизиските екрани. Довербата е многу важна, јас ќе ја оправдам - не поради долг кон политика или партија, туку бидејќи добив шанса да бидам опкружена со многу жени“, додаде Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.42.45

(Видео) Црвенковски и Пендаровски не дојдоа на инаугурацијата на Силјановска-Давкова

На инаугурацијата на новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, иако поканети, присутни не беа експретседателите Бранко Црвенковски и Стево Пендаровски.На почетокот од собраниската седница за нејзино назначување, собранискиот претседател во заминување, Јован Митрески кажа дека одвоил столчиња за овие двајца претходници на Давкова, кои останаа празни.На поканата се одзваа Ѓорѓе Иванов и Вилма Трајковска, сопруга на починатиот претседател, Борис Трајковски. Двете столчиња до нив, беа празни.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.35.11

(Видео) Силјановска: Ковачевски ми се јави и поразговаравме - кога ве гледамв ака, знам дека има шанса за сите нас

Новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во својот говор од Собранието кажа дека експремиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, телефонски ѝ честитал за победата. Таа кажа дека тие разговарале, па вети дека нема да прави никакви поделби од функцијата која ќе ја извршува.„Сакам да го споменам и Ковачевски, и тој се одважи да ми се јави, а не само на Фејсбук да ми посака добредојде и успешна работа. Туку да поразговараме. Затоа мислам дека со нас жените, ќе се менувате и вие мажите политичари и Македонија ќе стане едно пристојно место за соживот на сите. Искористете го умот, искореистете го и не заборавајте ги. Така ќе ги охрабриме и оние надвор“, додаде Силјановска-Давкова.Таа додаде: „Кога ве гледам вака, знам дека има шанса за сите нас. Исто како што имаше шанса кога многу пратнеички од СДСМ ми пријдоа да ми честитаат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.32.35

(Видео) Силјановска даде заклетва без „Северна“, туку со Македонија

Гордана Силјановска-Давкова даде свечена заклетва пред пратениците на Собранието на Македнија. Иако заклетвата беше со „Северна Македонија“, Силјановска-Давкова се заколна дека ќе го штити суверинитетот на Македонија.„Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја извршувам совесно и одговорно...“, рече Силјановска-Давкова давајќи заклетва.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.25.59

(Видео) Претседателска заклетва на Силјановска Давкова во Собранието

Во Собранието на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова ќе даде заклетва пред пратениците, по што, ќе ја преземе и функцијата и ќе се упати кон Вила Водно.Во Кабинетот на претседателот, ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-11.24.11

(Фото) Силјановска го зема уверението од ДИК: победи со 561.000 гласови

Денес, Државната изборна комисија издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова, која според резултатите од спроведените избори за избор на Претседател на Република Северна Македонија, одржани на 24 април и 8 мај 2024 година, беше избрана за Преседател на државата.На седницата која ја одржа Државната изборна комисија, беше усвоен Заклучокот за конечност на резултатите од гласањето за Избор на Претседател на Република Северна Македонија, одржано на 8 мај 2024 година.Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47%.На гласањето по листите за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, во законски утврдениот рок, по истекот на рокот определен за приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите и објавените првични резултати, Државната изборна комисија ги објави и следните конечни резултати:1. Стево Пендаровски, освоени 251.899 гласови2. Гордана Сиљановска Давкова, освоени 561.000 гласовиЗа Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале.Претседателот на ДИК, Проф.Др. Александар Даштевски и го предаде Уверението на Гордана Сиљановска Давкова и од име на Комисијата и посака успешен мандат како шеф на државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-11.17.20-1

(Видео) Славески гарантира: Силјановска нема да сврти грб на ВМРО-ДПМНЕ како Арсовска

Гордана Силјановска-Давкова нема да ги направи истите чекори како Данела Арсовска, која стана градоначалничка благодарение на ВМРО-ДПМНЕ па им сврте грб. За ова уверува Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека станува збор за дијаметрално спротивни карактери. „Во никој случај, за тоа гарантирам, не може да се случи“, рече Славески.Според Славески, изразувајќи се со професорски јазик, Силјановска-Давкова „положила“ осум семестри, со највисока оценка.„Ќе имаме добра синергија, помеѓу новата Влада предводена од Христијан Мицкоски и претседателот на Македонија каков што заслужува“, вели Славески во подкастот „Претрес со Ландов“.Тој зборуваше и на други актуелни теми како што се Груевски и Мијалков, плановите на ВМРО-ДПМНЕ, најавувањето одговорност и апсење на СДСМ-овци и припадници на ДУИ.?t=7376

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања