„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Силјановска за пораката на Вајц: Ние сме рекордери во уставни измени, потребни се гаранции дека нема да има нови барања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-libraryqnkdf4mjj8ca0L7uOau

Претседателката Гордана Силјановска Давкова на днешната прес-конференција ја искоментира изјавата на господинот Вајц во која што порачува дека Македонија треба да го искористи овој позитивен момент за зачленување во Европската Унија и да ги донесе уставните измени

— реклама —

Да, го чув господинот Вајц, но јас исто така имам меморија. Многу пати сум чула за вакви моменти што треба да се искористат. Навистина, моментот и сега постои, бидејќи е врзан и за членството на Украина и на Молдавија, се разбира, јас во системот на поделба на власта не се осудувам да давам совети дали и кога треба да се усвојат уставните измени, јасен е Уставот, дека пратениците ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено уверување. Освен тоа, ќе го повторам она што и повеќе пати сум го кажала, ние сме рекордери во уставни измени, исто така и овој пат повторно се бара уставна измена, се разбира дека нашиот став е за неопходноста, од нужноста, од гаранции, дека нема повторно да се појави нов многу погоден момент и уште едно барање за уставни измени. Ништо не би имала против уставни измени, доколку навистина се работи за одредби врзани за копехагенските критериуми или ако сакате во случајов за надминување на дискриминација или за гарантирање на малцински права. Македонскиот устав влегува во категоријата на устави кои се силни гаранции на малцинските права, што не е случај со многу други устави, па и со, можеби, најголемиот број устави на земји што се членки на Европската Унија“, вели Силјановска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryupkrqg75ktkpfn5WQuQ

Сиљановска: Очекувам да се чујат мислењата на граѓаните околу Пустец и да се најде демократско решение

Македонија | пред 1 ден

media-library2mrhvs3r7e3r5Tc1xy7

Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки почести ќе го пречека Бајрам Бегај

Македонија | пред 1 ден

media-library13ju7mlejoup4XVFt20

Давкова: Помилувањето на затворениците не смее да се води од казната, туку од ресоцијализацијата

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygk6360li2eimeKel5LW

Сиљановска се сретна со претседателот на ОАЕ – акцент на економска соработка и безвизен режим

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања