Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Давкова: Помилувањето на затворениците не смее да се води од казната, туку од ресоцијализацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library13ju7mlejoup4XVFt20

„Луѓето кои се во затвор не престануваат да бидат човечки суштества, тие имаат право на дигнитет и интегритет, и помилувањето никогаш не смее да се води од казната што е одредена и од природата на делото, зборувам низ уставно-правен аспект, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација во институцијата. Или ако сакате, јас мислам дека сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, односно ќе го изгубат правото на движење на некој начин, имаат право на втора шанса. Впрочем денеска трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите. Нашите затвори сè уште не го исполнуваат овој услов. Често пати сум ги слушала моите колешки колеги кога со право укажуваат дека можеме да се најдеме под удар на Советот на Европа, дури и за елементи на тортура во постапувањето кон луѓето во затворите, низ многу димензии, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во воведното излагање на научно-стручната расправа по предлог-законот за помилување на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

— реклама —

Добро е што се седна да се изработи нов закон бидејќи, како што рече, актуелниот „не личи на закон, особено ако мора да го читаме низ призма на она што го стори Уставниот суд менувајќи многу одредби“ и оти членовите на комисијата не може да имаат „истражни“ надлежности и да бараат информации од судовите или агенциите и оти во нејзиниот состав не траба да бидат судии, адвокати...

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryupkrqg75ktkpfn5WQuQ

Сиљановска: Очекувам да се чујат мислењата на граѓаните околу Пустец и да се најде демократско решение

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqnkdf4mjj8ca0L7uOau

Силјановска за пораката на Вајц: Ние сме рекордери во уставни измени, потребни се гаранции дека нема да има нови барања

Македонија | пред 1 седмица

media-library2mrhvs3r7e3r5Tc1xy7

Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки почести ќе го пречека Бајрам Бегај

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygk6360li2eimeKel5LW

Сиљановска се сретна со претседателот на ОАЕ – акцент на економска соработка и безвизен режим

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања