Силјановска за Османи: Суперминистеров реши да функционира како албанско-бугарски-македонски министер за сеопшти работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
osmani-siljanovska-davkova

Суперминистеров не престанува да не изненадува со иновативниот надворешнополитички пристап. Политиката го разбуди и поттикна неговиот интерес за прашања што се далеку од медицината и тој доби несонувана шанса да ги интерпретира и режира МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ РАБОТИ како што си сака или како што ќе му кажат, вели професорката Гордана Силјановска Давкова во својата објава на социјалните мрежи.

— реклама —

„На регионално ниво, толку се посвети на градењето најдобрососедство што реши да функционира како албанско-бугарски-македонски министер за сеопшти работи.

— реклама —

Ослободен од внатрешните стеги и притисоци, посебна инспирација за решавање на македонските работи добива надвор, во странство. Едно време, кога зборуваше за различните национални перцепции на историјата, заборави дека за фашизмот и холокаустот има силна, несоборлива, не само историска, тука и сечовечка слика на ЗЛО/ГЕРНИКА, што не смее да се заборави и толерира.

— реклама —

На „европската“ мисија, не одолеа да се вмеша во ресорот за правда, па се премори од лаички „аргументации“ за правото на здружување и регистрирање на здруженијата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“. "Фердинанд" му го препушти на министерот за правда!

Додека се носеа измените на „Законот за здруженија и фондации“ и „Законот за политички партии“ стивна, ама .... при гласањето за законите, видливо беше отусуството на пратениците – Албанци!

„Инспириран“ од дошепнат бугарски глас, се огласи од Софија со идеја за испраќање на измените на Законот за здруженија и фондации на Венецијанска комисија.

Чудно е што не се се сети на оваа можност во Скопје и што не му ја пренесе на министерот за правда, во чија надлежност е законот, односно на Владата. Дури и на предлагачот можеше да му ја предочи идејата. Уште почудно е што тоа не го стори кога беа предложени измените, оти мислење од Венецијанската комисија ВООБИЧАЕНО се бара кога актот е во фаза на нацрт/draft, за да може евентуалните препораки да се вградат.

Ама, сестраниот министер Османи има искуство на Венецијански трговец. Во 2017 година, дури и по изјавата на г-динот Хан дека Законот за употреба на јазиците не е приоритетен, во организација на г-дин Груби, беше извршена трампа на гласовите за законот и гласањето за Преспанскиот договор. Згора, го протуркаа со европско знаме, иако СЕКОЈ приучен правник знае дека ЕУ нема заедничка јазична политика. Кога некои од нас јавно побараа да се чуе мислењето на Венецијанската комисија, ПОЛИТИЧКИТЕ ТРГОВЦИ најпрво ја замајуваа македонската јавност дека побарале, ама комисијата тоа го негираше. Следеше Артановата изјава дека побарале мислење за дел од одредбите и .... пресече министерката за правда со изјавата дека законот ќе биде пратен. И бидна. Дојде мислењето, ама ДУИ-нг АКЦИЈА беше побрза. Уставниот суд ТРУДНО си молчеше и сеуште молчи, никако да се породи од СТРАВ!

Во последниот извештај на Европската комисија , на стр. 19, под наслов „ Ефикасност“, се бара преиспитување на законското решение за би-лингвализам во судските постапки.

Па, што? Го помнам инспекторот Бујар Османи кога, врз основа на „евроинтеграциската“ инспекција на спроведувањето на законот, документирана со слики од терен, објаснуваше дека нема никаков проблем за двојазичноста од непознат европски вид.

И сега, насмеан, се умилкува среде Софија со зборовите : „сакам да верувам дека колегата Милков и јас ќе направиме се за да не дозволиме други да ни ја водат нашата надворешна политика , други да ги обликуваат нашите билатерални односи“?!

Да не сонува човеков да се прогласи за крал, инспириран од царските имиња на здруженијата? Знае ли кој е надлежен за креирање на надворешната политика? Која држава ја претставува? Праша ли за судбината на здружението „ Никола Јонков Вапцаров“? Потсети ли на пресудите на Судот за човекови права?

Замислете, оној кој со премиерот и прати писмо на Венецијанска комисија во која ја ШОКИРААТ со тезата дека ние сме SUI GENERIS држава со специфични решенија и дека во Мислењето не треба да се споменува неуставноста на Законот за употреба на јазиците, ниту Уставниот суд затоа што тоа може да доведе до етнички проблеми, СЕГА ќе бара МИСЛЕЊЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА за Законот за здруженија на граѓаните, иако претходното не го почитувал!

Законот за политички партии не го ни споменува иако содржи идентични решенија со оној за здруженијата, оти не е КУРЕНТНО“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања