„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

Крими-Скопје: Грабеж, мигранти, натепани малолетници, натепана вработена на Клинички, групни пресметки

Денеска (01.08.2024) во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 06.00 часот во казино на подрачјето на Центар, две лица со закана со остар предмет од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.07.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје од касарната Илинден било пријавено дека во кругот на касарната биле затекнати три лица-мигранти од Египет, од кои едното лице било малолетно. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.Денеска (01.08.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.М.(49) од Скопје пријавил дека на 31.07.2024 околу 23.00 часот пред казино на подрачјето на Центар, тој и неговиот син Д.М.(26) биле физички нападнати од Е.К., А.К. и уште едно лице кое се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.07.2024 во 23.55 часот во СВР Скопје, А.Ш.(54) од Скопје пријавил дека околу 21.55 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син и уште еден вработен во објектот В.Л.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (01.08.2024) во 07.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(58) од Скопје пријавила дека на 30.07.2024 околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека извршувала работни задачи како вработена во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (01.08.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во Студеничани-скопско, по претходно семејно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(28) и С.С.(35) од една страна и С.С.(41) и О.С.(38) од друга страна, сите од с.Студеничани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 31.07.2024 во 03.15 часот во с.Глуво-скопско полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.А.(31) од с.Чучер Сандево-скопско поради тоа што околу 01.30 часот заедно со негов пријател, физички го нападнале А.С.(19) од с.Мирковци, скопско. Исто така околу 10.00 часот било пријавено дека Н.А. му упатувал и закани и на И.С.(49) (татко на А.С.). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б. (35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.11.2023 во с.Ласкарци, општина Сарај, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени еден пиштол-марка „Валтер ППК“ , две рамки и шест куршуми.

Скопје | пред 1 година

pozar-skopje

(Видео) Сив чад над Скопје, мириса на запалено

Сив чад надвисна над Скопје. Жителите се жалат дека мириса лошо, односно на изгорено. Се сомневаат на пожар, иако засега, од официјалните државни институции за такво нешто.Од снимките кои ги направивме може да се воочи дека од Карпош не се гледа крстот на Водно, додека другите покажуваат какво сивило има над Скопје.„Скопје1“ праша во ЦУК и очекува одговори за тоа, дали освен тековните девет пожари има и нови жаришта. Оттаму очекуваме одговори.Се претпоставува дека чадот можеби доаѓа од Јасен, каде се со денови гори.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

По 32 и 24 години имаат убијците од Батинци, а 26-години има скопјанецот кој проба да изврши убиство во Чаир

Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(32) и М.Џ.(24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство" по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали" по член 396 од Кривичниот законик.По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје.Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на Чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б.(31) и му нанел тешки телесни повреди.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-0010PM

„Критикуваме Олимпијада, а: Скопје се пече зошто дрворедите се десеткувани, Вардар е фекална вода, кејот е пустош“

Новинарката Офелија Димковска по повод коментарите за Олимпијадата, потсети дека во Македонија е и полошо, но се заборава да се критикува и менува на подобро.Нејзиниот статус во целост:„Немојте да заборавите дека, додека си седите и си коментирате Олимпијада 'ми се свиѓа не ми се свиѓа', како да сте направиле нешто (по)добро, живеете во земја во која:1. Од кафаните во туристичките центри само во една инспекција беа фрлени 9 тони расипана храна2. Дека од вести со часови се пренесува во живо гасење на пожари со детално објаснување, се разбира пожарот е во позадина некаде, а и тие што гасат речиси со голи раце.3. Од петте најбогати луѓе во Македонија двајца се трговци од оние маркети каде што храната мириса на прашок за перење зашто на исто место се чуваат4. Дека нови политичари парадираат налицкани и манипулираат дека одеднаш нема пари за ништо освен за нивните плати што уредно ќе си ги земат на први во месецот.5. Дека од каршија Србија има 113 спортисти на Олимпијада6. Дека градоначалничката што велеше дека ќе има бесплатен превоз, го укина скроз. Таму ќе седи 4 години и ќе го има тоа во биографија. Дека седела и се расправала. Тоа ќе го нема7. Дека од одбележување 61 година од земјотрес имаше само положување цевеќе8. Дека креативноста е умрена9. Дека Скопје се пече како под вршник зашто дрворедите се десеткувани10. Дека не испрскаа регуларно против комарци па ги има во роеви11. Дека Вардар е фекална вода.12. Дека од забава има кафанска забава13. Дека во Париз врне лие и во такви услови се свири пее игра плови. Да е еден дожд на дивите метални тераси во. Струга, струја луѓето ќе ги убие.14. Дека кејот е пустош.Знаете за она 'очи широко затворени'.Дали да редам уште...Таа Олимпијада што ја гледате се спрема 4 години во неа се вклучени 20 000 луѓе, многу работеа волонтерски вклучително познати дизајнери кои изработија 1 000 костими а за овие две недели сите француски познати готвачи ќе работат бесплатно за да ги нахранат спортистите...Знаете вие некој наш познат готвач?Дали да редам уште...“

Коментари | пред 1 година

ezero-treska

(Видео) Пустош, змии, руини, сцена како од хорор филмови, кој ги „лапна” парите на скопјани за изградба на езерото Треска

Руина, пустош, исечени и исушени дрвја, трева до колена, змии. Тоа е се што остана од некогашното популарно место за разладување и уживање на скопјани, езерото Треска.Од трските не се ни препознава местото каде некогаш беше езерото. Местото е како тука да се снима некој хорор филм.Пред две години Општина Сарај почна со уривање на објектите. Прво нелој дозволи да се изнесе целото железо за препродавање, а потоа се отстранија бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тушеви и тоалети. Камперите кои тука го бараа спасот од скопските горештини протестира, но толку, градежната механизација си го заврши своето.Но ништо не е ни почнато да се прави од тоа што беше кажано и зацртано. Сега царуваат само змиите.За скопјани остана нејасно кој го разграби нивното езеро и колку се офајди.Во 2020 година, Владата дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево, кое се наоѓа околу езерото, го пренамени во градежно за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план. Тогаш од Владата рекоа дека оваа одлука е донесена за да може во овој дел од предградието на главниот град да се цртаат маркички и да се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам, со што воедно ќе се врати во функција и езерото.Езерото Треска е изградено во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје. Со површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи, во 1980-тите и 1990-тите функционираше бешеглавно излетничко место за скопјани, особено во летните месеци. Околу езерото кое беше длабоко од 1,6 до 3 метри се наоѓаа бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, спортски терени, како и камп за приколки и трејлери. Езерце Треска живееше само 20 години. Во 1998 година, поради загаденост на водата е затворено за капење и оттогаш почнува неговото пропаѓање. Денеска, комплексот околу езерото е целосно уништен и никој ништо не кажува дека нешто се размислува да се превземе.

Скопје | пред 1 година

451001856_10159908318116245_5893143132112351475_n

(Фото) Алармантно станува: На носила ти ги изнесуваат патниците од ЈСП!

Подолг период жителите на Скопје сведочат на нередовноста на јавниот превоз и гужвите во автобусите како последица на тоа. Градоначалничката Данела Арсовска исто толку време молчи за проблемот предизвикан од ЈСП, од менаџер кој таа го поставува и разрешува.Овие фотографии се од утринава. Ги објави новинарката Соња Христовска Угриновска. На патник му се слошило. Во коментари, скопјанка коментира и: „Лудило е ова. Секој ден среќа е да стигнам на работа“.„Скопје1“ неколку пати ја контактираше Арсовска која тера инат криејќи се од јавноста, не повлекувајќи се од функцијата, иако проблемите во градот се собираат. Таа не одговара на прашања од јавноста.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-06-23-at-20.56.47

(Видео) Поплавени домови во Скопје, падна цела ограда од пешачки мост во Автокоманда, одлетани кровови оштетија автомобили

Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Немаме имформации за повредени лица.Граѓаните јавуваат и за гужви на обиколницата во Скопје, на исклучокот кај Бутел.Невремето направи хаос кај Хотел Хилтон.

Скопје | пред 1 година

danela-avtobusi

Тешко на Скопје: Приватните автобуси во гаража, ЈСП нередовен - одново проблем со јавниот превоз откако Арсовска го води градот

Приватните автобуси во понеделник ќе бидат паркирани во гаражите, возачите нема да возат, а главниот град ќе остане без превоз, бидејќи приватниците тврдат дека не добиле пари од месец јануари.Дел од нив за медиумите тврдат дека долгот се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а надлежните никако да го решат проблемот.Револтот кај приватните превозници е чест откако Данела Арсовска стана градоначалничка на Скопје. И во текот на изминатата година тие протестираа и бараа да им се платат парите кои им ги должат, а Арсовска се контраше и велеше дека не должи ништо.Граѓаните речиси 2 години се жалат од јавниот превоз оти автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.Протестот на приватните превозници доаѓа во време кога ЈСП намалува број на автобуси низ скопските улици, укинува линии, а некогаш дел од автобусите иако стојат во распоред, не се обраќаат на релациите.

Скопје | пред 1 година

kmkk

Сведоштво: Скопје стана Бејрут! Среде ноќ украден е велосипед и автомобил

Скопјанката Соња Дамјановска сведочи како од куќа позади Универзална сала, среде ноќ, е украден точак, а потоа, и автомобил. Апелира до сите, доколку некој го здогледа автомобилот, а и алармира.„Другари вчера вечер помеѓу 12:30ч и 02:40 на ул. Христо Смирненски позади универзална сала извршена е кражба во куќа додека во неа мирно спијат луѓе над 70 години! Украден е точак Giant, клучеви од Кола Suzuki Swift црвена боја-слика во постот.Крадецот си оди прво со точакот па околу 2:37ч, се враќа и ја краде колата( снимка од сосед).Ве молам доколку некој ја види колата со регистрација SK4070AN Suzuki Swift-црвена боја, нека пише веднаш! Ви благодарам. Центарот на Град Скопје стана Бејрут!“, алармира скопјанката.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-06-08-at-17.53.01

(Фото) Климите се вклучени, убедуваат од градската библиотека по сведштвата

Снежана Стојчевска, директорка на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ негира дека климите биле вон функција, како што сведочеше Умејр Мухамеди. Според неа, се е во функција, иако Мухамеди сподели и фотографија од клима која се гледа дека е исклучена.„Во читалните во Библиотеката има нови инвертер клими што ги поставивме минатата година и се во функција. За време на енергетската криза се придржувавме до препораките за штедење на електрична енергија, донесени од Владата. Сега нема такви препораки, ниту пак насоки за невклучување на климите од моја страна или од страна на раководителките, што значи дека нашите читални се климатизирани. Во вашиот текст цитирате фб статус на корисник и наводен одговор од страна на Библиотеката. До нас како институција никој не се обратил со поплака, бидејќи немало простор за тоа. Од друга страна, ниту пак вашата редакција побарала потврда и одговор од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје за став што освен невистини и навреди, има и силна тенденција за политичка конотација.За потсетување: читалната е единствената во земјава што и понатаму работи 24/7 со солидни услови за сите студенти и корисници, што ја прави посебно атрактивна за време на испитните сесии. Симболичниот надомест за користење на услугите во читалната и понатаму е само 300 денари на годишно ниво. Во исто време, ГБСК останува едно од најатрактивни културни јадра во главниот град и пошироко, за што говорат нашите активности, бројната публика, задоволните читатели и корисници, како и неодамнешната награда Промотор на читачката култура што ни ја додели Македонската асоцијација на издавачи.Оттука, повикувувајќи се на вашата професионалност во информирањето, ве замолуваме за сите прашања поврзани со работата на Библиотеката да ни се обратите директно нам“, велат од Градската библиотека.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-1

„Здраво Дано, можеби те прекинувам во битна работа, хаха, се зезам, знам дека не работиш!“- иронично писмо до Данела Арсовска

Популарната инфлуенсерка, Ина Многуфина, јавно ја прозва градската мајка, Данела Арсовска. Преку ироничен коментар и порача дека жичарницата е вон функција и праша зошто ако има изменето работно време, за тоа јавноста не е известена. Ина, ѝ порача на Данела да му пренесе на директорот на ЈСП, да ѝ ги измасира нозете.„Здраво Данела Арсовска, извини може те прекинувам во некоја битна работа низ градов, хаха, се зезам, знам дека не работиш. Туку, јас не знам дали знаеш, се качувам на Водно и после се симнувам со жичара пошо ме болат коленцата. Исто така не знам дали знаеш дека жичарата има денови кога не работи, а за сите други измени во работното време треба да се известат граѓаните односно јавноста пошо вие сте во служба на јавноста затоа се викате јавни службеници.И денес Дано, одам јас, нагоре нагоре, два пати липсав, еднаш нешо ми шушкаше, со сите реков "добар ден", стигнав, крави пасеа горе, и жено замисли жичарата не работи. Отварам по социјални мрежи, отварам сегде да видам каде објавиле овие твоите, ништо. А јас знам дека ти се разбираш од дигитал и ги знаеш бенефициите и моќта од истиот како информативен канал. Како и да е Дано, седам јас и сфаќам ќе се симнувам пешки. Ми се стемни. Времето не ми е планирано за пешки, имам обврски и јас, коленцето ме боли, вода неам, а горе не работи ништо, и тргнувам јас Данче моја по уздолницата. Стигнав да не ме мислиш, све ме боли. Сега, кажи му на тој директорот на ЈСП да дојде да ми ги масира нозете додека не му кажам доста, провери си зошто не ти работат службите, веројатно со автобусине до средно имаат отидено и пензионери и родители кои џабе дошле, и еднаш засекогаш разберете дека вие сте во служба на јавноста која треба да ја информирате.Затоа сте јавни службеници. Остај што ве тапшаат по дома дека сте битни фаци. Не сте, во служба сте на народот и имате обврски према него. Утре ако уште ме болат нозете пак ќе ти пишам. А да, да не заборавам, немојте да објавите нешто од типот дека жичарата е во квар пошо не е, проверив. Следниот пат ко ќе се качам ако пак не работи, ќе те барам да го пратиш тој од ЈСП да дојде да ме земе и да ми донесе вода“.

Коментари | пред 1 година

viber_image_2024-05-25_09-27-50-076

Ангелов со барање до Данела за кружен тек кај Џевахир: целото ова подрачје „врие“ од луѓе и е потребна итна реакција

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов упати барање до скоспката градоначалничка Данела Арсовска за изградба на кружен тек.„Денеска се наоѓаме во непосредна близина на булеварот „Србија“, пред новоотворениот од пред околу еден месец, „Џевахир Мол“ којшто е дел од комплексот „Скај Сити“, што е составен од четири облакодери, познатите турски облакодери, познатите четири четириесеткатници. (Токму во предел каде што граѓаните и најмногу претрчуваат преку улица)Од оваа страна на булеварот има голема концентрација на луѓе во читериесеткатниците, но истовремено од другата страна се наоѓа „Реонскиот центар Аеродром“, којшто е комплекс од десетици згради, во којшто живее голем број население.Граѓаните од „Реонскиот центар Аеродром“, коишто доаѓаат во молот од другата страна на булеварот, имаат на располагање два пешачки премина, коишто се наоѓаат на семафорите - некаде позади (зад камерата – на север) и напред (пред камерата – на југ).Помеѓу овие пешачки премени, односно семафори, има нешто повеќе од 800-ини метри. Граѓаните, бидејќи не одат до самите семафори, го „сечат“ (преминуваат - претрчуваат) самиот булевар, односно ги „сечат“ сите коловозни ленти, овде, на лице место во близина на молот, со што се изложуваат на голема опасност.Бидејќи, како и што реков, фрекфенцијата луѓе е многу голема, бараме од градот Скопје (Град Скопје), по барање на граѓаните коишто живеат на ова подрачје, итно, односно најбрзо што може, да се уреди еден пешачки премин, некаде на ова место. Стручни лица од сообраќајната област, тоа најдобро знаат каде треба да се направи. Но, исто така, од пријава на граѓани, наша перцепција е дека пешачкиот премин нема да биде најдобро решение. Бидејќи, луѓето коишто од четириесеткатниците со нивние возила се приклучуваат на булеварот, тоа мора да го направат под 90 степени агол и директно излегуваат на Бул. „Србија“, каде што и нема лента за забрзување, нема семафор... Со тоа се изложуваат на опасност од сообраќајна незгода.Истото важи и за жителите од другата страна на булеварот кога се приклучуваат на овој Булевар. Со градењето еден кружен тек, некаде на ова место, стручни лица од сообраќајната област тоа точно ќе го утврдат, ќе можат возилата и од едната страна на булеварот, спротивно на „Скај сити“, но и возилата коишто излегуваат од „Скај Сити“, како и од околните згради, ќе можат безбедно да се приклучат на булеварот „Србија“.Во едно (истовремено), забележливо е дека на ова место имаме само две коловозни ленти, две сообраќајни ленти, поради што е потребно овој широк тротоар да биде уреден како уште една коловозна лента, бидејќи тоа го налагаат потребите на граѓаните, според оние пријави коишто речиси постојано ги добиваме.Да напоменам дека само 100-тина метри подолу, имаме и две бензински пумпи коишто дополнително го зголемуваат сообраќајот на ова место. На неколку 100-тини метри од овде се наоѓа основното училиште „Александар Македонски“, веднаш до него имаме и градинка и спортски комплекс. Од другата страна се наоѓа армиска касарна во којашто е сместена воената академија...Едноставно, целото ова подрачје „врие“ од луѓе, така условно кажано и е потребна итна реакција.Благодарност до градот Скопје, којшто досега сериозно ги сфаќаше сите наши укажувања и се надеваме на брза реакција“, вели Ангелов.

Скопје | пред 1 година

IMG_0462

(Видео) Водоскоци од скопските шахти, наместо аспровирање на водата - невреме во Скопје

Големо невреме во Скопје, а дел од улиците се и поплавени. Поради поројните дождови, од водоскоци излегуваат од шахтите, кои всушност, треба да ја апсорвираат.Таква е сликата во Чаир, каде улиците се буквално - поплавени.Невремето трае веќе еден час.

Скопје | пред 1 година

Avionska-dezinsekcija-prva-faza-11

Рано наутро е најавено прскање со авион против комарци - пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Градот Скопје, ќе се реализира на 18.05.2024 година (сабота), во раните утрински часови.Ако временските услови се неповолни за реализирање на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин, првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 1 година

tepacka

Семејни драми и тепачки низ Скопје: се степале во маркет, пет лица натепале семејство, а ќотек добил и старец

На 02.05.2024 во 16.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле О.А.(32) од Скопје затоа што, по претходна расправија, околу 16.00 во продажно место на подрачјето на Кисела Вода физички го нападнал К.Б.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.05.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, С.Т.(66) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 02.05.2024 во СВР Скопје било пријавено дека на 01.05.2024 во 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 33 – годишната И.А. и А.С.(35), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 01.05.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.С.(28) од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот во нивниот дом на подрачјето на Чаир, таа, нејзиниот татко Т.С, нејзиниот чичко Д.С., нејзинатата тетка М.А. и нејзината сестра С.С. биле физички нападнати од И.Р., Б.С.,С.С. ,О.С и И.С., сите од Скопје, кои притоа употребиле и тврд предмет. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања