Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СКОПЈЕ

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски најавува Луна парк, реконструкција на улици и прва подземна сообраќајница во Скопје

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, испрати силна порака дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја.Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и долгови од речиси 300 милиони евра. На сметката на градот имало само осум милиони денари реално расположливи средства, додека истиот ден чекале извршни решенија од 48 милиони денари.„Наместо да се жалиме, засукавме ракави и почнавме да работиме. Денес можеме гордо да кажеме дека Скопје полека застанува на нозе и оди напред“, нагласи Ѓорѓиевски.Во само два месеци, како што информираше, намалени се повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и јавните претпријатија, нормализирана е исплатата на платите во Дрисла, Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Лајка, Флораком и Луна, каде што претходно се доцнело по две плати, а се решавале обврски од околу 450 милиони денари.Со првиот ребаланс на Буџетот за 2025 година е засилена наплатата и воведена финансиска дисциплина, а Буџетот за 2026 година изнесува 5,2 милијарди денари – зголемен за 12 проценти. Пренесен е вишок од 482,9 милиони денари, со што за првпат по долги години Град Скопје има повеќе пари отколку обврски.„Тоа ни овозможи да тргнеме во најголемата инвестициска офанзива досега“, потенцираше градоначалникот.Капиталните инвестиции се зголемени за 33,4 проценти, а веќе се реализирани 389,7 милиони денари, при што јануари 2026 година е најуспешен јануари по приходи и реализација.Започната е изградба на 50 мини паркови низ Скопје и на Мега паркот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, кој ќе биде новото зелено срце на градот.Големи вложувања се прават во образованието: изградени се спортски терени во шест средни училишта, обезбедени се 60 милиони денари за реконструкции, прочистувачи за воздух во секоја училница, целосна дигитализација, 86 милиони денари за енергетска ефикасност, лаптоп за секој првенец на генерација, воведување униформи за прва година, летни кампови за ранливи категории и целосно бесплатна психолошка поддршка за сите ученици – за првпат во историјата на Град Скопје.Во инфраструктурата се откочени клучни проекти што со години стоеле заглавени. Кај клучката Момин Поток е исплатена експропријацијата и работите се во полн ек. Во тек е супервештачење за објект на булевар АСНОМ со што ќе се стави во функција таканаречениот мост за ловење риба во 2026 година.Започната е Фаза 1 од булевар „Македонија“, наскоро стартува Фаза 2, а Фаза 4 ќе отпочне до крајот на 2026 година. Со завршување на сите фази, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница.Во напредна фаза се и преговорите за експропријација на објектите на булевар „Борис Трајковски“, за чиј завршеток се веќе обезбедени средства, со што оваа клучна артерија конечно ќе функционира нормално.Реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“ е во втора фаза, започната е и реконструкцијата на „Перо Наков“, а дополнителни 150 милиони денари се обезбедени за рехабилитација на помали улици. Во Буџетот за 2026 година има средства и за булеварите „Февруарски Поход“, „Цветан Димов“ и други сообраќајни решенија.Во јавните претпријатија започна обнова каква што Скопје не памети – нови специјални возила за Комунална хигиена, Паркови и зеленило, ЈСП и Градски паркинг, нови контејнери и систем за воведување ред во хигиената.Се инвестира и во зонското паркирање и нови монтажни паркинзи, како и во две монтажни гаражи во Клиничкиот центар кои ќе решат долгогодишен проблем.Откочен е и најголемиот еколошки проект во историјата на градот – пречистителната станица за отпадни води вредна околу 185 милиони евра.Во Водовод се реализираат десетици проекти за нови цевководи, атмосферска канализација, заштита од поплави и стабилно водоснабдување.Со Флораком и Луна се обновува зелената инфраструктура и се враќа Луна паркот, кој ќе биде завршен во втората половина на 2027 година.„После повеќе од една деценија лажни ветувања, конечно на децата ќе им обезбедиме современ простор за забава и спомени“, истакна Ѓорѓиевски.Проширени се капацитетите на Лајка со инвестиција од 30 милиони денари, а над 90 милиони денари се обезбедени за реконструкција и опрема на културните установи, плус дополнителни 25 милиони денари за намалување на нивните обврски.Паралелно со инвестициите, сериозно се намалуваат долговите – тековните обврски за над 4,6 милиони евра, кредитите за над 1,2 милиони евра, како и драстично долговите на јавните претпријатија: Водовод за 1,3 милијарди денари, ЈСП за 427 милиони, Комунална хигиена за над 130 милиони, Паркови и зеленило за над 80 милиони, Дрисла за 14,5 милиони и Градски паркинг за 41,6 милиони денари.Градоначалникот им се заблагодари на граѓаните кои го платиле данокот на имот и информираше дека се блокирани 17.694 сметки за долг од 1,3 милиони евра за 2021 година, како и дека во наредните 15 дена се очекува подмирување на обврските од 2022 до 2025 година од вкупно 96.562 физички лица и 2.335 правни субјекти во износ од 19,5 милиони евра.„Ред мора да има. Секој денар во буџетот значи повеќе проекти и подобар живот за сите“, порача тој.На крајот, Ѓорѓиевски нагласи дека ова е само почеток на финансиската консолидација и целосната трансформација на градот.„Наследивме долгови, но градиме иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта. Ќе го направиме Скопје модерен, чист, функционален и достоинствен град. Нема враќање назад. Нема изговори. Само резултати. Заедно ќе успееме. Време е скопјани да живеат подобро, време е градот да застане цврсто на нозе и да оди напред.“

Скопје | пред 2 седмици

media-library8cr0dsir2fnm5BZlPv5

Тобакото до ЗОО-Скопје се издава 117 евра месечно, а Скопје на пат да плаќа над милион евра оти почнала со рушење на галија два дена пред истек на концесија

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавува дека е неопходно раскинување на низа штетни договори склучени во минатото, но предупредува дека секое погрешно и непромислено постапување носи сериозни финансиски последици за градот.Одговарајќи на советничко прашање за договорите што приватни компании ги имаат со Град Скопје и со јавните претпријатија, Ѓорѓиевски посочува дека веќе е влезено во процес на решавање на дел од тие случаи, но дека наследените состојби создаваат дополнителни проблеми. Како пример ја наведува првата галија во Вардар, за која вели дека пред претходното раководство на Градот (кога градоначалник беше Петре Шилегов) започнало постапка за нејзино отстранување само два дена пред истекот на концесијата, со влегување во градежни активности за рушење на објектот.Според него, ваквото постапување резултирало со судски спор кој на прв степен е добиен од концесионерот, а како последица Град Скопје ќе треба да плати над 70 милиони денари отштета.„Секое нерационално постапување носи последици“, нагласува Ѓорѓиевски, посочувајќи дека цената на ваквите одлуки ја плаќаат граѓаните.Градоначалникот додава дека во моментов се бараат алтернативни решенија за справување со небулозни договори и кирии, кои суштински се штетни за градот. Како пример ја наведува киријата за објектот кој е тобако кај Зоолошката градина, кој, според него, се издава за 7.200 денари месечно.„Ќе правиме реална проценка. Според мене, таму киријата треба да биде најмалку 2.000 евра. Не е виновен тој што плаќа, туку тој што дозволил така да се користи просторот“, истакнува Ѓорѓиевски, додавајќи дека ваквата пракса е дел од наследената состојба со која актуелното раководство мора да се соочи.Тој порачува дека целта е да се воспостави ред, одговорно управување и заштита на јавниот интерес, но и дека решавањето на штетните договори мора да се прави внимателно, за Град Скопје да не се соочи со уште поголеми финансиски штети.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarys5nti2ice7eddmRRBbL

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје.„Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови автобуси. Целосно ќе го нормализираме градскиот транспорт. Но ова тешко дека ќе се реализира, бидејќи и да биде успешен тендерот овојпат, потребни се неколку месеци за да се заврши процедурата.Вчера најавивте дека Владата за Град Скопје ќе набави 100 нови електрични автобуси. И она што создаде конфузија дали станува за збор за оние 80 автобуси за кои пропадна тендерот летоска или станува збор за нова набавка на уште 100 автобуси? Колку нови автобуси ќе има и дали се знае кога”, праша координаторката на советничката група на СДСМ и Коалицијата, Катерина Цаневска Арсовска.„Требаше да имаме автобуси во март, но тендерот пропадна. Јас не се плашам да се извинам ако згрешам со проценките. Сега, наместо 80 ќе бидат набавени 100. Најголем дел од нив ќе стигнат годинава. Со кредитот за БРТ покрај возила за овој превоз ќе бидат набавени и 30 автобуси, за што набрзо ќе се распише тендер”, вети градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarya333e1p5k8bf8sNrKCW

Забрзани работи на клучните сообраќајни точки во Скопје, најавен тендер за „Борис Трајковски“

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека со засилено темпо се работи на неколку клучни инфраструктурни проекти во главниот град и дека дел од нив влегуваат во завршна фаза.Тој посочи дека интензивни активности се одвиваат на клучката кај Момин Поток и на мостот „Љубљанска“, како и дека се наоѓаат при крај постапките за супервештачење, што треба да овозможи пробивање на мостот на релација Гази Баба – Аеродром. Според неговите најави, во наредните десет дена ќе биде распишан тендер за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект кој, како што рече, конечно треба да биде целосно завршен.Во однос на мостот Аеродром – Керамидница, Ѓорѓиевски објасни дека постојат проблеми со околу 30 објекти кои сè уште се нерешени и се во приватна сопственост. Како што наведе, спорот се води со еден објект кај кој експропријацијата е завршена од едната страна, додека за другата страна сопственикот има повисоки финансиски барања. Поради тоа, ангажирани се супервештаци, а градоначалникот изрази уверување дека и овој процес наскоро ќе биде заокружен.Ѓорѓиевски додаде дека паралелно се работи и на стабилизирање на јавните претпријатија и дека, според него, градот постепено се враќа во нормала. „Даваме сè од себе Скопје повторно да застане на здрави нозе“, истакна градоначалникот.

Скопје | пред 3 седмици

Blojcanik-na-Semahot-HTK

Скопје добива „паметен зелен бран“: Изгласан буџет од 25 милиони денари

Советот на Град Скопје изгласа буџет од 25 милиони денари за воведување на „паметен зелен бран“ за синхронзиирање на сообраќајот во главниот град.- На шестата седница на Советот на Град Скопје, донесовме одлука за предвидување на средства во износ од 25 милиони денари, наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај, информираше претседателот на Советот на Град Скопје Даме Димитровски.Како што рече тој, со овие средства се предвидува унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на системите за управување со сообраќајот, како и изнаоѓање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата.Претходно, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски претходно порача дека овој систем во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Во три одделни сообраќајни несреќи на територијата на Скопје, Куманово и Битола, со тешки телесни повреди се здобија тројца пешаци, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Скопје, на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“, патничко возило „фолксваген фокс“ управувано од З.А. (60) удри во 59-годишната пешачка Б.К. Повредите ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.Во Битола, на улицата „Смилевски конгрес“, мотоцикл удри во 76-годишната пешачка С.Д., по што возачот го напуштил местото на настанот. С.Д. се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во битолската болница.Во Куманово, на улицата „Народна револуција“, патничко возило „даеву тико“ управувано од М.Ј. (23) удри во 67-годишната пешачка С.К., која исто така се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница – Куманово.Увид на местата на несреќите извршиле екипи на Секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово и Битола.

Македонија | пред 3 седмици

media-library11eup84q6v8c2MivoIw

Затворен правецот Велес–Скопје кај Отовица, укината забраната за тешки моторни возила кај Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, со остатоци од снег на коловозите, информира АМСМ. Утрово во 08:25 часот е укината забраната за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Ѓавато, на патниот правец Битола–Ресен.Од 09:16 часот, поради расчистување на снегот, целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно на патниот правец Велес–Скопје, за сите видови возила.Во сила остануваат забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Стража, Плетвар, Пресека, Маврово–Дебар–Струга, како и на граничниот премин Ќафасан.АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.Од АМСМ апелираат на внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде постои зголемен ризик од одрони.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvn2f16iq6u36dfG7hFO

(Фото) Активиран кризен штаб во Скопје, екипите интензивно работат на расчистување на снегот

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градските служби од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Град Скопје.Како што посочи Ѓорѓиевски, снегот во зимскиот период не претставува изненадување, но подготвеноста на институциите е обврска кон граѓаните. Со цел навремена и ефикасна реакција, активиран е кризен штаб кој функционира 24 часа дневно, со постојано следење на состојбата и детектирање на сите клучни и критични точки во градот.Според градоначалникот, безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет, а сите расположливи ресурси се ставени во функција за непречено одвивање на сообраќајот и нормално функционирање на градот во зимски услови.Воедно, беше упатен апел до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја приспособат брзината и начинот на возење на условите на патиштата.„Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа, Скопје може да се движи безбедно и во зимски услови“, порача градоначалникот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarytjmd08mro50v1U0as0M

Драма на Водици во Скопје: Двајца учесници извлечени од Вардар откако почнале да се дават

За време на верската манифестација по повод празникот Водици, која се одржувала на кејот на реката Вардар во Скопје, дошло до драматична ситуација кога двајца учесници почнале да се дават во реката. Настанот се случил на 19 јануари 2026 година околу 12:30 часот, кога П.А.(20) од село Визбегово и Х.П.(27) од село Сопиште, кои влегле во водата како дел од манифестацијата, одеднаш западнале во опасност.Со брза интервенција на нуркачките тимови, двајцата биле извлечени од Вардар и веднаш им била укажана прва помош. Потоа, со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што им била пружена понатамошна медицинска грижа.

Скопје | пред 1 месец

media-library3hn9onm4ofu66wE6Ai1

(Видео) Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави реконструкција на симболот на Скопје, култната фонтана „Лотос“

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела.Скопје го правиме заедно. По скопски! - изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

aerodrom-vardariste

Рекордни казни за загадувачите во Скопје: до 53.000 евра за два месеца

Интензивните инспекциски контроли што ги спроведува Град Скопје во зимскиот период резултирале со високи парични казни за загадување на животната средина. Во периодот од 6 ноември до 1 јануари, изречени се глоби во износ од 1.000 до 53.000 евра, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Според податоците што ги објави тој, инспекциските служби во овој период издале 90 прекршочни платни налози и глоби, донеле 33 решенија за задолжување, спровеле 35 вонредни надзори и упатиле 290 опомени. Контролите биле насочени кон индустриски капацитети, градилишта и критични локации низ градот.Посебен фокус бил ставен на подрачјата околу поранешните фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај, каде што инспекторите за животна средина извршиле над 45 вонредни проверки на правни субјекти. Одговорни лица во компании биле казнувани со по 3.000 евра, додека физички лица затекнати при палење или неправилно одлагање отпад добиле глоби од 250 до 500 евра.Паралелно, биле извршени и контроли во делот на патниот сообраќај и градежните активности. Инспекцијата за патишта и сообраќај извршила надзори на девет градилишта, при што за седум бил издаден налог за воведување времен режим на сообраќај. На едно градилиште е изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.Комуналната инспекција, пак, спровела 240 контроли на градилишта низ Скопје. На 25 објекти им биле изречени опомени, а на 11 глоби од по 1.300 евра. Комуналните редари, преку редовни обиколки на јавните површини и плоштадите, изрекле повеќе од 60 дополнителни казни.Ѓорѓиевски информира и дека во буџетот за 2026 година за заштита на животната средина се планирани 64 милиони денари, што е речиси тројно повеќе во споредба со 24 милиони денари обезбедени за оваа намена во 2025 година. Според него, зголемувањето на средствата е показател за засилен пристап кон борбата против загадувањето и заштитата на здравјето на граѓаните.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryp169oluh36242QNuHlc

Димитровски: Како Совет имаме обврска да се бориме за почист воздух на скопјани

„Првата битка е итно да обезбедиме чист воздух во просториите во кои престојуваат ранливи групи во текот на зимата, а втората би рекол не е битка туку војна, е да поставиме добри основи за војна со загадениот воздух во нашиот град. За подобар квалитет на воздухот во просториите, потребно е да им обезбедиме на домаќинствата сигурен извор на топлина, како би можеле да ги заменат ќумбињата, печките на дрва со централно греење, да обезбедиме соодветна вентилација и филтрација на воздухот преку системите за греење, ладење, климатизација во градинките, училиштата и болниците, и не е за занемарување тоа што овој Совет изгласа да се купат прочистувачи за воздух за 400 училници во средните училишта во Скопје, тие се набавиме и ќе бидат дистрибуирани во текот на овој месец“, истакна Даме Димитровски претседател на Советот на град Скопје, на денешната вонредна седница на Советот.Димитровски посочи дека во борба со загадувањето, индустријата треба да примени европски практики во мерењата и јавноста на податоците, а градот и општините да ги зголемат инспекциските надзори.„Индустриските капацитети во Скопје, се наши соседи и мора да покажат чесност, преку јавно и транспарентно прикажување на континуирани мерења. Бараме од индустријата да примени европски практики во технологијата, во мерењата и јавноста на податоците. Малите и средни претпријатија имаат на располагање неколку понудени програми во кои може да искористат субвенции и од државата за намалување на потрошувачката на енергија, за подобрување на ефикасноста и намалување на загадувањето. Градот и општините треба уште посилно да притискаат и со едукација и со превенција, но и со инспекциски надзори секаде каде имаат надлежност и дополнително, при донесувањето на планската документација, чистиот воздух, и моделирањето на движењето на воздухот треба да станат обврска и за градот и за општините. Ние како Совет имаме обврска да се бориме за она што им е потребно на скопјани“, рече Димитровски и додаде:„Ќе мора да има мониторинг на сите големи загадувачи, вклучувајќи ги индустријата, домаќинствата, сообраќајот, дивите депонии, и хорека индустријата. Затоа уште на почетокот на 2026, бараме да се започне со подготовка на План за борба со аерозагадувањето. Во овој план бараме да се анализира влијанието на сите загадувачи, да се регистрираат сите оџаци во котлината, да се анализира влијанието на досега спроведените мерки во изминативе години, да се дефинираат мерки и акции кои можат да му помогнат на градот. Ние, Советот на град Скопје треба да бидеме строга контрола на планови кои ќе придонесат за поголемо загадување, но и ветер во грб за секоја акција која ќе го намали загадувањето“.

Скопје | пред 1 месец

media-librarytp8ie6qv5ghp5gfa40T

Казни и до 53.000 евра за загадувачите – Скопје засилува инспекциски надзор, но воздухот и понатаму останува проблем

Иако надлежните се пофалија со рекордни инспекциски контроли и изречени казни, загадениот воздух и понатаму останува секојдневие за скопјани. Ова беше главната тема на денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, на која градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше за преземените мерки и финансиските алокации за заштита на животната средина.Тој соопшти дека во периодот од 6 ноември до 1 јануари инспекциските служби издале 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени. Посебно бил засилен надзорот кај правни субјекти во кругот на поранешните индустриски капацитети, како ОХИС и Стаклара, како и на подрачјето на Сарај.Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:Нема компромис со загадувачите - изречени се казни до 53.000 евра!Денеска се одржа вонредна седница на советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители.Драго ми е што по долго време за овие прашања се дискутира искрено и без политиканство, со цел да се преземат конкретни активности, а не само да се ставаат проблемите под тепих. Се согласувам со сите излагања на советниците.Овој проблем бара посветеност, конкретни акции и заедничка одговорност.Загадувањето не е проблем кој се решава преку ноќ, ниту е создаден од сегашниот систем, но сега е наша обврска да делуваме и да го направиме Скопје почист и поздрав за сите.Во изминатиот период преземавме засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведовме редовни и вонредни надзори, работиме на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите.Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени.Инспекторите за животна средина извршија над 45 вонредни надзори на правни субјекти во кругот на поранешни фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај.Изречени се глоби во висина од 1.000 до 53.000 евра.Одговорни лица во правни субјекти се казнети со по 3.000 евра, додека десетици физички лица кои неправилно одлагаа отпад на јавни и приватни површини добија казни од 250 до 500 евра за палење и неправилно одлагање на отпадот.Инспекцијата за патен сообраќај и патишта изврши контроли на девет градилишта, од кои седум беа задолжени со решенија за времен режим на сообраќај, а две имаа позитивни записници.На едното градилиште е изречен прекршочен платен налог од 3.000 евра за правно лице и 900 евра за одговорното лице.Комуналната инспекција изврши 240 контроли на градилишта низ целото Скопје, опоменувајќи 25 објекти, а на 11 се изречени глоби од по 1.300 евра. Комуналните редари вршат постојана обиколка и контрола на територијата на градот, плоштадите и јавните површини, со што се изречени повеќе од 60 казни.За буџетот за 2026 година, предвидени се 64 милиони денари за делот за животна средина, во споредба со 24 милиони денари во 2025 година, што јасно покажува колку сериозно ја сфаќаме заштитата на здравјето на граѓаните. Дополнително, се обезбедени 220 милиони денари за подигање и одржување на јавно зеленило и паркови, како дел од нашите искрени заложби за чист воздух и здрав живот.Предвидени се субвенции за инвертер-клима уреди, чистење на оџаци, филтри за истите, субвенции за велосипеди итн.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryhi8jc9bg7ruua7n5C3R

Ѓорѓиевски: „Вечерва покажавме како се сака Скопје“

Орце Ѓорѓиевски со емотивна порака им ја честиташе Новата година на скопјани, упатувајќи благодарност за, како што наведе, сплотеноста и љубовта кон градот.„Ти се поклонувам, Скопје! Среќна Нова година, мој народе. Да сте здрави, живи и секогаш да останеме вака сплотени“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава.Тој истакна дека прославата е доказ за заедништвото и грижата кон градот, потенцирајќи дека токму ваквите моменти ја покажуваат вистинската љубов кон Скопје.„Вечерва покажавме како се сака градот убав. Ви благодарам од срце“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-librarycuvlesr84gdaaZUmOr4

Позната целата програма за новогодишната ноќ во Скопје, почнува од 20 часот!

Скопје ќе ја пречека Новата 2026 година со голем, незаборавен дочек на плоштад „Македонија“. Поканата до граѓаните ја упати Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека вечерта ќе биде исполнета со музика, радост и заедништво.Програмата започнува во 19:45 часот со настап на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски, Дина Јашари, легендарните Куку Леле и Тамара Тодевска. Кулминацијата ја носат омилените изведувачи на младата публика – Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе биде одбележан со настапот на Каролина Гочева.„Доста беше мрак. Време е за заедништво и за радост. Со домашни изведувачи, омилени на публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува“, истакна Ѓорѓиевски, повикувајќи ги сите граѓани да учествуваат во прославата.Сите заинтересирани се добредојдени да бидат дел од новогодишната приказна, исполнета со позитивна енергија, музика и незаборавни мигови.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања