„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

media-libraryklhq3uuflu331ike2Ie

Филипче: Општина Центар и Герасимовски се справија со ѓубрето кое го натрупаа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, при денешната посета на новото депо на ПОЦ во општина Центар, изјави дека изминатиот период градоначалникот Горан Герасимовски преземал активности со кои не дозволил општината да се угуши во смет, поради, како што рече, „нефункционалноста на градот Скопје предизвикана од инаетот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска“.Поради тоа што градот е блокиран, градоначалникот во изминатиот период, за време на неговиот мандат, презема работни ингеренции – набавува нови возила, инструменти, сè што е потребно за да се празнат контејнерите. Едноставно, Центар да биде чиста општина, со што покажува дека граѓаните се на прво место, а не партиските интереси и несогласувањата кои ги блокираат процесите и граѓаните трпат поради тоа, изјави Филипче.Тој нагласи дека тоа се активности кои се под целосна ингеренција на Град Скопје и на ЈП Комунална хигиена – Скопје и додаде дека „ниту една општина не треба да има возила за собирање отпад, ниту луѓе за таа намена, ниту за чистење и прскање на улиците“.Филипче изрази задоволство од досегашната работа на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со верување дека граѓаните ќе ги препознаат неговите постапки, искрената работа и сè што направил за доброто на општината, па повторно ќе му ја дадат довербата.Тој додаде дека кандидатката за градоначалничка на град Скопје, Каја Шукова, има план и визија за надградување на овој систем.Во развиениот свет луѓето зборуваат за дезинфекција на контејнерите, за често миење на улиците за да се сузбијат ПМ честичките кои паѓаат долу. За жал, ние во 2025 година зборуваме, а контејнерите ни се преполни со ѓубре, посочи Филипче.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryno45iq5a2nee9Pu4ArH

Католичката црква во Скопје: „Графитот на Мајка Тереза е навредлив и недостоен“

Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија реагираа на акцијата на екоактивисти кои, во деновите на силно загадување, на муралот на Мајка Тереза на „Школка“ во Градскиот парк ѝ доцртаа марама преку носот.Од Католичката црква во Македонија изразуваат жалење и го оценуваат потегот како недостоин и навредлив, посочувајќи дека со ваквата интервенција се повредуваат верските чувства на верниците и на почитувачите на делото на светицата.Во реакцијата се потсетува дека света Мајка Тереза е светица на Католичката црква, родена во Скопје, почесна граѓанка на градот и личност со глобално признание. Со живот посветен на сиромашните и болните, со едноставност, понизност и љубов, таа ја направила Македонија и Скопје препознатливи во светот како пример за почит кон другиот.Црквата нагласува дека слободата на уметничко изразување и јавната дебата се важни општествени вредности, но мора да се остваруваат со почит кон достоинството на другите и кон она што е свето за една заедница. Затоа, сметаат дека е недозволиво светите ликови, како света Мајка Тереза, да се инструментализираат или злоупотребуваат за какви било цели.Акцијата со муралот беше изведена во период кога Скопје се соочува со загаден воздух, чад од депониите „Вардариште“ и „Дрисла“ и со подметнати пожари, велат од црковните власти.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymqmp6g0rf7nc3xPkWLk

Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени соизвршители, во периодот од март до септември годинава, во атарот на велешкото село Карабуниште неовластено произведувале марихуана. Засадиле 100 семки канабис на нива во месноста викана Пчиња, од кои изникнале 80 растенија кои ги одгледувале и ги наводнувале.На 27 септември осомничените биле затекнати од полициски службеници додека собирале цвет од канабис. На лице место биле пронајдени машини за одвојување на цветот од стеблото, 3 пластични кофи со вкупно над 4 килограми марихуана и повеќе вреќи со стебла од канабис.За истото кривично дело и Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице, кое неовластено произведувало и држело за продажба наркотична дрога – марихуана.Во дворот на осомничениот на улицата “Кадињача” во Скопје полицијата пронашла две растенија канабис кои ги одгледувал, а од домот биле одземени и 38 паковки со вкупно околу 30 грама марихуана и една дигитална вага со траги од канабис и кокаин.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

Марковска Илиевска: Ветуваа катна гаража, оставија дупки и ѓубре

„Кандидатот на СДС, Заев и Филипче - Стевчо Јакимовски во 2021 вети катна гаража на Орце Николов, 4 години потоа само дупки и ѓубре“, вели Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и додава:„Ова е местото на кое што кандидатот на СДС, Заев и Филипче - Стевчо Јакимовски, вети дека до 2025 година ќе има катна гаража на четири нивоа, со што ќе се реши проблемот со паркирањето во Карпош 2.Сега сме 2025 година овде катна гаража како што гледате нема. Има само многу дупки, ѓубре и метеж во работни денови затоа што нема каде да се паркира.Кандидатот на СДС, Заев и Филипче - Стевчо Јакимовски вети дека ќе го реши проблемот со паркирањето во Карпош 2. Проблемот не е решен. Напротив уште поголем е сега отколку што беше пред 4 години.На кандидатот на СДС, Заев и Филипче - Стевчо Јакимовски не може да му се верува.Стевчо Јакимовски лаже како што лажеа Заев и Филипче.Карпош нема повторно да дозволи Заев и Филипче преку Стевчо Јакимовски да имаат градоначалник во Карпош. Оваа општина нема нови 4 години за губењe“

Скопје | пред 2 месеци

media-librarygp5kqm0o59ka5c7Lh1Y

Мирослав Лабудовиќ се гледа како иден татко на Центар: Традицијата и верските чувства ќе бидат столб општината

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, денеска присуствуваше на свеченото осветување на храмот „Св. Константин и Елена“ во Центар. Настанот беше обединувачки момент за голем број граѓани и верници, кои заеднички ја одбележаа оваа значајна културна и духовна институција.Како иден градоначалник, јас ќе бидам гарант дека Центар ќе продолжи да го почитува своето наследство, култура и верските чувства на граѓаните. Нашата обврска е да градиме современа општина, но со почит кон корените и идентитетот кои не прават силни и обединети, истакна Лабудовиќ.Храмот „Св. Константин и Елена“ не е само ново светилиште, тој е место каде што се среќаваат верата, традицијата и заедништвото, симбол на сила, надеж и инспирација за сите граѓани на Центар. Лабудовиќ потенцираше дека Центар ќе биде општина што ќе ја негува традицијата, ќе го вреднува културното наследство и секогаш ќе ги почитува своите граѓани, затоа што само така може да се гради заедништво и стабилна и просперитетна иднина.

Скопје | пред 2 месеци

kanabis

Претрес во Скопје: Лишени од слобода две лица, пронајдена марихуана

На 27 септември 2025 година во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две лица, А.З. (27) и М.П. (25), двајцата од Скопје. При претрес извршен во домот на А.З., кој се спроведе со судска наредба, бил затекнат и М.П.При претресот, полицијата пронашла и одзела марихуана, стебла од растението канабис и дробилка со остатоци од марихуана.По целосно документирање на случајот, против лицата ќе следуваат соодветни пријави согласно законските прописи.

Скопје | пред 2 месеци

gjorce-park

Тепачка среде бел ден меѓу две девојки, се пресметале во Градскиот парк

Две девојќи физички се пресметале вчера во Скопје, среде бел ден.На 25.09.2025 во 15:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) и С.Б.(31), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryi6biak62q58u266VqoE

Лишена од слобода скопјанка која ја нападнала својата мајка, одреден и е притвор

На 25.09.2025 Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, физички ја нападнала својата 68-годишна мајка и при тоа и нанела повреда.Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности, Д.С. е лишена од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.

Скопје | пред 2 месеци

Vankovska

Ванковска: Ѓорѓиевски ветува 72 часа за чистење на ѓубрето, како Трамп што за 24 часа ја заврши војната во Украина

За професорката Билјана Ванковска, ветувањето на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека ќе го исчисти градот од ѓубрето за 72 часа е наликува на ветувањата на Трамп дека ќе ја заври војната во Украина за 24 часа.Смешното тврдење на Орце дека за 72 часа ќе го исчистел градот од смет ме потсетува на она на Трамп дека за 24 часа ќе го решел украинско-рускиот конфликт. Само Орце „помудар“, па си дал екстра време, пишува Ванковска во објава на ФБ.Шегата настрана, тезата дека она што е системски и долгорочен проблем може да го реши ЕДЕН ЧОВЕК, и тоа под услов да е од владејачка партија има БУМЕРАНГ ефект! ВМРО-ДПМНЕ е носител на власта на локално ниво со години, а ефектите се видливи не само во Скопје, туку низ цела држава. Смет, депонии, пожари, нечисти улици, запуштени урбани и рурални средини... Ова не се решава со часови, ниту со чудотворци, туку со услуги, јавни служби, систем, правни санкции, одговорност...Се надевам ниту скопјани, ниту другите нема да паѓаат на вакви пропагандни будалаштини.Ако и мислат дека имаат моќ, нека повелат веднаш, нека не чекаат октомври и изборен ден.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarybltkfo7hjm0e3VJwlGt

(Фото) Сообраќајка на Пластичарска, се судрија мотор и автомобил, дел од улицата блокирана

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на Пластичарската улица, каде се судрија автомобил и мотор.На раскрсницата со часови една од лентите е блокирана, а местото го обезбедува полиција.Состојбата на возачите и патниците засега не е позната. Возилата имаат штета од ударот.Повеќе информации се чекаат од МВР.

Скопје | пред 2 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

Во скопско Козле ноќеска гореле три куќи и помошна просторија!

Министерството за внатрешни работи го потврди пожарот за кој утринава информираше Скопје1. Пожарот избувнал ноќеска на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле при што биле зафатени три куќи и една помошна просторија, сопственост на тројца скопјани. Во инцидентот нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипите на Противпожарната бригада на Скопје.На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryajje3peb7blp9ifwCUZ

Први фотографии: Осветувањето на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје ќе биде во недела

Во недела, на 28 септември 2025 година, ќе се одржи осветувањето на новоизградениот храм „Св. цар Константин и царица Елена“, кој се наоѓа во центарот на Скопје.Свечениот чин ќе го предводи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Богослужбата ќе започне во 8:30 часот, а од МПЦ-ОА упатуваат покана до сите верници да земат молитвено и литургиско учество во овој значаен духовен настан.Храмот е посветен на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена и претставува ново светилиште во срцето на главниот град.

Скопје | пред 3 месеци

zagadeno-skopje

Мицкоски најави филтри на оџаците како мерка против загадувањето: Очекувам невладини да се борат за воздуј по седум години молк

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона.„За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на оџаците за 5 до 10 илјади домаќинства. Лично работев на оваа проблематика и видов дека во голем дел од градовите на тој начин е намалено загадувањето“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека Владата веќе мапирала околу 500 државни објекти кои користат фосилни горива, најчесто дрва, и дека постои можност и таму да се инсталираат филтри.„Очекувам повторно од ноември невладини организации да се активираат и да се борат за почист воздух, иако во изминативе седум години ги немаше. Оваа мерка би била вонредна, но мора да видиме како законски да ја реализираме, бидејќи сме во изборен период“, додаде премиерот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryq1o20pjcbqn6cHVWhjM

(Видео) Скопје - град заложник на ѓубре! И ѓубриња.

Улиците на главниот град се претворени во мини депонии – преполни контејнери, купишта отпад расфрлани околу нив, смрдеа и пешачки патеки низ кои не може да се помине.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае – глетката е иста, а граѓаните реагираат дека ова трае со денови. Град што треба да биде метропола, денес е заложник на сопствениот отпад. „ГРАД ЗАЛОЖНИК НА ЃУБРЕ! И ЃУБРИЊА.“ – натпис што не е случајно избран.Прашањето е што собираат камионите на ЈП „Комунална хигиена“? Ако задачата им е да го остават ѓубрето расфрлано околу контејнерите и на булеварите – работата им оди „одлично“.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае, состојбата е очајна. Дел од контејнерите преплавени, некои се празни, дел од тротоарите блокирани, миризбата неподнослива.Дел од граѓаните се жалат дека не се поминува на пешачките патеки.А институциите? Едни велат „не е наша надлежност“, други велат „ќе се среди“. Во меѓувреме, градот се претвори во отворена депонија. И тоа со денови, не со часови.„Скопје навистина не заслужува вакво понижување. Но очигледно, ѓубрето си има свои заштитници“, се коментира на Фејсбук од жители.

Скопје | пред 3 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

(Видео) Се слушале експлозии, горело многу: Голем пожар ноќеска во Козле, горела куќа

Ноќеска избувнал пожар во скопската населба Козле, на улица „Јуриј Гагарин“, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“.„Во 02:03 се јавив на 112 и веднаш ми се јавија и ми кажаа дека се запознаени и дека се во акција. Во 02:12 огнот беше изгасен, остана чад. Во02:30 пак се слушаа експлозии и имаше чад”, сведочи водителката Снеже Велков.Противпожарната бригада на Скопје интервенирала со четири возила, откако огнот зафатил една шупа, а поради големината на пожарот бил оштетен и покривот на соседната куќа.„Пожарот беше голем и бараше ангажман на повеќе екипи. По два часа интервенција, успеавме целосно да го изгаснеме“, изјави за медиумите Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Скопје.Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, а причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања