„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

avion

Дефект на радарот на скопскиот аеродром – авионите ќе слетуваат еден по еден

Единствениот исправен радар во Контролата на летање на Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром се расипал, поради што од вчера наутро контролорите не можат да ги следат авионите на ниска височина при нивното слетување, објави СДК.Од двата радара на аеродромот – еден поставен врз Контролната кула и друг во нејзина близина – во функција бил само вториот, кој сега откажал. Сѐ додека дефектот не се отстрани и не пристигне делот што треба да се замени од Италија, контролорите ќе мора да слетуваат авиони еден по еден. Доколку во исто време пристигнат два или три авиони за слетување, дел од нив ќе треба да кружат во воздух додека претходните безбедно не слетаат.Директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, за СДК потврди дека нема никаков ризик за безбедноста на патниците и летовите. „Работата ќе продолжи како и досега, но со побавно темпо. М-НАВ располага со три радарски глави – една кај Охридскиот аеродром и две во Скопје. Едната сега има технички дефект, кој е детектиран и се работи на негово отстранување. Вакви електронски проблеми се нормални во авијацијата и постојат предвидени безбедносни процедури за вакви ситуации. Единствената промена е ограничување на бројот на авиони кои можат да се опслужат во еден час“, рече Ристески.Додека трае дефектот, за контролата на авионите на поголеми височини се користат радарите на Грција и Бугарија.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-23.08.48

(Видео)Вечерва собир на плоштадот во Скопје во знак на сеќавање на жртвите од Кочани, поминаа шест месеци

Движењето „Кој е следен“ за вечерва најави собир на плоштадот во Скопје, по повод шест месеци од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади лица. Настанот ќе започне во 20:16 часот.„Она што се случи не беше несреќа, ниту трагедија, туку масакр – свирепо убиство предизвикано од нефункционалните институции и партискиот систем,“ стои во најавата на организаторите. Тие додаваат дека вторник вечер е време за „тивок собир и ѕвездено небо“, со порака дека болката мора да ја почувствуваат сите заедно.„Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Таа болка треба да нѐ разгневи и да нѐ мотивира за акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме неми пред неправдата и секој на свој начин да ја преземе одговорноста,“ се нагласува во повикот.

Македонија | пред 3 месеци

zagadeno-skopje

(Видео) Цели населби исчезнаа утринава во загадениот воздух, Скопје не се гледа!

Граѓаните утринава снимале видеа од Ченто, Ново Лисиче и Радишани кои јасно покажуваат колку е алармантна состојбата со воздухот во главниот град. На снимките се гледа дека чадот и смогот целосно ја прекриваат котлината – во Ново Лисиче видливоста е речиси нула, а од Радишани - Скопје едноставно исчезнува во густата сива маса.' View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Проблемот со „Дрисла“ и „Вардариште“ не е решен. Депонијата „Дрисла“ со години е симбол на пожари и загадување, а и покрај бројните ветувања за модернизација, граѓаните повторно живеат со последиците. Петицијата која моментално кружи бара таа да остане во јавно владеење на Град Скопје и да се претвори во современ центар по примерот на Љубљана. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Во меѓувреме, за „Вардариште“ веќе има обвинение, а случајот се претвори во политичко бојно поле. Единствената добра вест е дека ќе има 24 часовен надзор од приватана агенција за обезбедување. Партиите се препукуваат кој е виновен за состојбата и кој со години ја запоставувал депонијата, наместо да се најде решение за трајно затворање или санација.Граѓаните реагираат со протести, блокади и јавни собири, барајќи итни мерки. Но, наместо конкретни решенија, јавноста повторно слуша само меѓусебни обвинувања меѓу политичарите – кој е крив, а кој не е. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 3 месеци

orce

„Зборот е збор, EXIT во Скопје“! Орце Ѓорѓиевски останува на своето тврдење

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски останува на своето тврдење дека фестивалот „EXIT“ во иднина би се организирал и во Македонија, или поточно во главниот град, Скопје.- Уште една потврда дека кај мене зборот е збор!Скопје е мора да биде град кој живее и навечер, град во кој младите ќе имаат простор за ноќен живот, забава и култура.Град кој пулсира и дава енергија.И заедно ќе успееме во тоа! - напиша на Фејсбук, споделуваќи линк до фестивалот, но и со напомена, најдоброто доаѓа.

Скопје | пред 3 месеци

244534560_394741452364824_2373118067928516247_n

Очевидец опиша вознемирувачка сцена во Скопје: Мајка со аутистично дете сама се борела, луѓето на автобуска станица се смееле

Вознемирувачка сцена се случила на автобуската станица кај „Рекорд“ во центарот на Скопје, кога млада мајка со своето аутистично дете се соочила со сериозна криза, а наместо помош од присутните граѓани, добила потсмев и навреди.Според сведоштвото на очевидецот Елена Доленц, детето, видно вознемирено, настојувало да се качи во автобус кој не бил нивниот, вриштејќи и клоцајќи, додека мајката се обидувала да го смири и да му објасни. Најтешкиот момент настанал кога детето истрчало на улица, а мајката тргнала по него. Еден случаен минувач и помогнал да го извлечат од коловозот, каде автомобили кочеле и свиреле.„Се вртам кон луѓето, кон мажите што стоеја на станицата и ги молам некој да и помогне на мајката, а тие сите до еден гледаа и се смееја“, напиша Доленц. Таа додаде дека наместо поддршка, еден постар човек и пријде на мајката со зборовите „А да му ја залепиш една?“, сугерирајќи дека детето треба да се тепа за да не прави проблеми.Мајката се расплакала, што уште повеќе го вознемирило детето, кое повторно се обидело да истрча на улица. Дури откако еден млад човек се вмешал и ја смирил мајката и детето, ситуацијата била ставена под контрола.„Луѓето си гледаа претстава, се смееја сите до еден“, заврши Доленц во своето сведоштво, опишувајќи го инцидентот како длабоко вознемирувачки пример за недостиг на емпатија во општеството.

Коментари | пред 3 месеци

goran-markovski

(Фото) Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето,“ порача кандидатот за градоначалник на Скопје проф. д-р Горан Марковски на денешната прес-конференција во Парк Авионче, спроти депонијата Вардариште, која повторно гори и денеска.Заедно со Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатската листа за советници од граѓанската платформа „Независни заедно“, Марковски истакна дека постојат бројни студии, акциски планови и препораки за решавање на проблемот со Вардариште (ЛЕАП 3, ГУП елаборатот и Прирачникот за пожари од САЛАР), но никогаш не била покажана политичка волја да се спроведат.„Не се преземени никакви стручни мерки за тоа што ќе се прави со гасовите кои се ослободуваат од распаѓањето на ѓубриштето. Во околу ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар. Ние сме за трајни решенија кои ќе им овозможат на скопјани да дишат нормално, особено на оние наши сограѓани кои живеат во околината на Вардариште,“ рече Марковски.Тој објасни дека едно од можните решенија е со систем на цевки да се собере метанот и потоа да се искористи, меѓу другото, и за производство на електрична енергија. „Постојат и други методи кои веќе се применуваат на над 200 локации во Европа,“ додаде Марковски.Белчева Андреевска нагласи дека иако за Вардариште одамна постојат стручни насоки, тие се игнорирани. „Ако се следеле чекорите од ЛЕАП: чистење на дивите депонии, рекултивација на Вардариште според стручните студии, модернизација на системите за исцедок и гас и зајакнување на селекцијата и рециклирањето, веќе ќе имало резултати. Затоа, основа за нашето работење нема да бидат нови стратешки документи, туку исполнување на усвоените планови и усогласување со безбедносните стандарди,“ рече таа.Според Белчева Андреевска, планот за решавање мора да биде и реален и модерен – со затворање на просторот за диво депонирање, 24/7 периметарска контрола со видео-аналитики и препознавање регистарски таблички, употреба на термални камери и дронови со спектрални сензори за откривање на жаришта уште во зародиш, а сите податоци да се интегрираат во систем со јавна отчетност.„Нам сојузници во овие напори мора да ни бидат граѓаните кои се будни, свесни и бараат промени и ќе го дадат гласот за оние кои веќе биле активни, и ќе продолжат да работат за јавниот интерес – а тоа е чист воздух и здрава животна средина,“ порача Белчева Андреевска.„Независни заедно“ е платформа што ги обединува независните советници и локалните иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. Тие најавуваат борба за град Скопје, но и поддршка за кандидатурата на антикорупционерката Билјана Ивановска во Центар. „Само заедно можеме да му дадеме шанса на Скопје да стане град по мерка на човекот,“ порачуваат од платформата.

Скопје | пред 3 месеци

271814947_1672463639812522_97696077871160312_n

Визер ја враќа линијата до Будимпешта - ќе има шест авиони во Скопје и 13 нови линии

Авиокомпанијата Wizz Air, најголемиот превозник во Македонија, ќе го засили своето присуство со додавање на уште еден авион во базата во Скопје и отворање на 13 нови линии од земјата.Од компанијата соопштија дека со шестиот авион, кој ќе биде стациониран во Скопје, до крајот на годината ќе се изврши и модернизација на флотата со најновата генерација Airbus A321neo.Експанзијата следи по успешното учество на Wizz Air на јавниот тендер, што и овозможи дополнителни инвестиции во македонскиот авијациски сектор. Во рамки на новата програма се додаваат пет нови линии – од Скопје до Будимпешта и Неапол, како и од Охрид до Милано, Катовице и Вроцлав, заедно со веќе најавените дестинации за оваа година.Со новите рути од аеродромите во Скопје и Охрид, управувани од ТАВ Македонија, авиокомпанијата ќе ја поврзува државата со вкупно 41 дестинација во 17 европски земји.Билетите за директните линии веќе се достапни преку официјалната веб-страница на Wizz Air и мобилната апликација. Со воведувањето на модерните Airbus A321neo, компанијата најавува и зголемување на капацитетот на седишта за 55 отсто.

Македонија | пред 3 месеци

Vardariste-diva-deponija-3

Левица: Градоначалниците на ДПМНЕ четири години не преземаа ништо за Вардариште

Партијата Левица денеска соопшти дека изјавите на в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски, и на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, со кои повторно ја отвораат темата за депонијата Вардариште, се „трагикомични и провидни“ и служат само за предизборни поени.„Вистината е јасна – проблемот со Вардариште може да се реши веднаш, доколку постои политичка волја. Владата на ДПМНЕ има целосна можност да одземе ингеренции и преку надлежните институции да интервенира. Министерството за внатрешни работи може да ги санкционира сторителите што палат, а инспекциските и управните органи имаат механизми за конечно решавање,“ се наведува во реакцијата.Од Левица прашуваат зошто градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години не презеле ништо за решавање на проблемот и зошто ветувањата дадени пред изборите останале само на хартија.„Загадениот воздух што го дишат жителите на Аеродром и пошироко не смее да биде предмет на политички игри и маркетиншки трикови. Граѓаните не заслужуваат нови празни ветувања, туку итна и конкретна акција,“ порачуваат од Левица.

Скопје | пред 3 месеци

policaec

Кривична пријава за полицаец кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализциска мрежа

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализациона мрежаОдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје - Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Б.М., полициски службеник во Одделението за криминалистички работи Чаир при СВР Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 1 од Кривичниот законик.На 05.07.2025 инспектори на град Скопје утврдиле дека во општина Шуто Оризари има див приклучок на канализациона мрежа од страна на полицискиот службеник Б.М., а тој им се заканувал на присутните, употребил физичка сила кон советничката на град Скопје И.В. и ги спречувал инспекторите од град Скопје да снимаат со своите мобилни телефони со цел да ја документираат затекнатата состојба на терен, со што го попречувал инспекцискиот надзор.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Б.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-11.29.08

(Видео) Неверојатна сцена во ЗОО Скопје: родител му вика на негувател „Понашај се малку покултурно“, додека децата му висат на ограда

Негувателот во ЗОО Скопје, Војо Иванов направи снимка на која се гледа како голем број деца се качени на оградата на едно од живеалиштата на животните и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. Откако Иванов како вработен во Зоолошката градина Скопје им пристапува и им укажува дека не смеат тоа да го прават, имаше контра реакција од родител.„Господо, господо, доле. Доле господо“, рече Иванов, а родител врати: „Полека бе полека“. На реакцијата на Иванов кој рече „Децата ви се горе“, родителот врати: „Ако де што има врска? Да не се внатре?“.Иванов му врати на родителот „Господо, мора доле да бидете!“, а родителот пак возврати: „Понашај се малку покултурно“. Зоо негувателот на ова му вели „Јас култура, а вие сте на ограда?“, а родителот вели „Ако мое право“.Под ова виде, иванов напиша „Ризик јак, недела со гостите“.

Скопје | пред 3 месеци

1756545527_Screenshot_2025-08-30.format-webp.width-1200

„Виз ер“ хаос: Патници од Крит тргнале за Белград, но слетале во Скопје, а на аеродромот очекувале празен авион?

Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“.Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки на секој час со нови одложувања. Конечно, летот тргнал во 4:20 часот, но наместо во Белград, слетале во Скопје.„На аеродромот во Скопје сите беа изненадени и полицијата и службениците, бидејќи ‘Виз ер’ им пријавил дека слетува празен авион, а од него излегоа околу 200 патници,“ раскажала Јелена.Таа додала дека патниците биле задржани подолго во авионот без објаснување, а една жена се почувствувала лошо. „Пилотот кажа дека нивното работно време завршува и дека информации ќе добиеме на аеродромот. Но таму никој не знаеше ништо,“ вели таа.Како причина за пренасочувањето било наведено дека белградскиот аеродром „не работи и дека авиони не слетуваат“. Патниците дури ја контактирале и српската амбасада, но им било одговорено дека не може ништо да се стори.По инсистирање на патниците, аеродромот во Скопје обезбедил автобус за нивен транспорт до Белград.Засега од ТАВ Македонија нема официјално соопштение за настанот.

Балкан | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-26-at-11.06.49

Уште еден кандидат за градоначалник на Скопје влегува во трката, овојпат декан на факултет

Граѓанската платформа „Независни заедно“ утре ќе го промовира својот независен кандидат за градоначалник на Град Скопје – проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет, познат интелектуалец и активист за безбедно и убаво Скопје.Поддржан од платформата составена од „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“, професорот Марковски ќе ја претстави својата кандидатура на прес-конференција пред споменикот на Гемиџиите кај Камениот мост, во среда, 27 август, во 9:30 часот.„Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, порачаа од иницијативата.Претставувањето е дел од поширока граѓанска акција чија цел е враќање на довербата во институциите и покажување дека промена е можна доколку заедницата настапува обединето и граѓанинот е ставен на прво место во политиката.Тој влегува во трката со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ, Амар Мециновиќ од Левица.

Скопје | пред 3 месеци

nikk

Светската ѕвезда Ник Кејв вечерва во Скопје, музички спекаткл со специјално донесено пијано од Грција

Скопје вечерва со нетрпение го очекува концертот на легендарниот австралиски музичар Ник Кејв, кој ќе настапи во 20 часот на стадионот на АРМ во Градски парк. На сцената ќе му се придружи и Колин Гринвуд, басистот на „Редиохед“, што ќе му даде поинтимен амбиент на настапот.Клучен дел од вечерната магија е пијаното на кое Кејв ќе свири, специјално донесено од Грција за оваа пригода. Организаторите соопштија дека сите фан-пит влезници се веќе распродадени, што е доказ дека скопската публика со огромна возбуда го чека настапот на еден од најголемите музички артисти на 20. и 21. век.фото: YouTube/Print Screen

Магазин | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-09.47.15

(Видео) Дури за неверување: Вака изгледа едно игралиште во Шутка

И покрај бројните реакции на жителите и јавноста, состојбата со дивата депонија спроти Општина Шуто Оризари останува непроменета. Наместо простор за одмор и забава на најмладите, детското игралиште и понатаму е опкружено со купишта отпад – кеси, стари предмети и разнолик ѓубретарник кој секојдневно се зголемува.Дел од граѓаните реагираат дека местото станува жариште од каде потенцијано може да се шират зарази, па гледаат опасност по нивното здравје.Несоодветното управување со јавните простори во оваа општина повторно ја става под прашање одговорноста на надлежните, но и свеста на дел од граѓаните за сопствената околина.

Скопје | пред 4 месеци

MixCollage-21-Aug-2025-12-15-PM-7744

ЦУК: Пожарот е во објект на „Макотекст“ во Карпош 4, интервенираат пожарникари и хеликоптер

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, соопшти дека пожарот што избувна во Скопје е настанал во поранешниот објект на „Макотекст“ на улица Никола Парапунов во Карпош 4. Вели дека го гаснат десетина пожарникари со пет противпожарни возила, а во акцијата учествува и воздухоплов на ДЗС кој исфрли вода врз објектот.Гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот Обединети Нации. Се работи за стар објект кој повеќето од објектот нема функционалност, но во еден дел има отворено сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии. Еден воздухоплов на ДЗС враќајки се полн со вода од извршување на задачата за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше го забележал густиот дим од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над пожарот на објектот. Пожарот го гаснат неколку екипи (10 пожарникара) на Бригадата со повеќе (5 ПП) противпожарни возила, соопшти Али.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања