„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

karpos-skopje

Прекин на струја во „Карпош 4“ – градежни работи оштетиле кабел!

Жителите на скопската населба „Карпош 4“ денеска се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија.Од ЕВН Македонија за „Скопје1“ објаснија дека дефектот е предизвикан од искинат среднонапонски кабел. Кабелот бил оштетен од страна на друг субјект кој изведувал градежни работи за свои потреби.„Екипите на Електродистрибуција се веќе упатени на терен за санација на дефектот“, велат од компанијата.

Скопје | пред 4 месеци

orce-kiselavoda-4

Орце Ѓорѓиевски отвори платформа – граѓаните ќе предлагаат проекти за иднината на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце, најави дека изборната програма ќе се креира преку отворена платформа со идеи и предлози од граѓаните. Тој порача дека секој предлог е важен и дека токму преку заедничко учество може да се изгради европска метропола во која младите ќе гледаат иднина, семејствата сигурност, а возрасните достоинствен живот.Биди гласот на Скопје – твојата идеја за европска метропола!Почитувани сограѓани, Скопје отсекогаш бил град на надежта, град на соништата и град на луѓе со големи срца. Денес, пред нас стои предизвикот повторно да му го вратиме сјајот и достоинството што го заслужува. Тоа нема да го направи еден човек, туку тоа ќе го направиме заедно – со вашите идеи, предлози и визии.Како човек од народот кој верува дека вистинската сила е токму во народот, победничката програма ќе ја пишуваме со вас – на улиците, во маалата, во секоја населба, но и преку оваа отворена платформа. Изработивме специјален QR-код кој директно ве поврзува со платформата (web страница) за да ги напишете вашите предлог-идеи и проекти.Истиот може да се најде и во локалите и на сите фреквентни места низ градот. Вашата замисла може да стане дел од големата преродба на Скопје. Секоја идеја е важна, секое мислење е вредно. Затоа, заедно ќе изградиме град кој ќе блесне како европска метропола, град во кој младите ќе гледаат иднина, семејствата ќе имаат сигурност, а возрасните достоинствен живот.Сплотени, мотивирани и одлучни, ќе работиме до последниот атом за Скопје да стане град со кој сите ќе се гордееме. Ова е нашата заедничка шанса да ја испишеме историјата и да му подариме на нашиот град нова ера на развој и просперитет.Ова е град на сите нас – на сите кои го сакаат, го живеат и го чувствуваат, напиша тој во објавата на ФБ.

Скопје | пред 4 месеци

Nevreme-skopje

Невреме зафати делови на Скопје: силен дожд, грмежи и ветер – УХМР со предупредување

Делови од Скопје попладнево ги зафати силно невреме проследено со грмежи, дожд и засилен ветер. На одредени локации веќе врне интензивно, а жителите сведочат на краткотрајни, но силни удари на ветер и силни електрични празнења.Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во текот на ноќта, како што додаваат, ќе има услови за повремен дожд.„Во Скопје до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град,“ информираат од УХМР.Според прогнозата, утре ќе има повеќе сончеви периоди, но повторно со услови за нестабилна облачност и локални врнежи. Минималните температури ќе се движат меѓу 12 и 19, а максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени. Во Скопје утрешниот ден ќе донесе променливо облачно време со сончеви периоди, слаб до умерен северен ветер и температури од 18 до 32 степени.Од среда до петок се очекува стабилизација и пораст на температурите, додека за време на викендот повторно ќе има услови за локални врнежи и ретки грмежи, со пад на дневните температури.

Скопје | пред 4 месеци

DSC_0052

Обид за убиство во Скопје: 28-годишна жена се обидела да ја задуши бабата на својот сопруг

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство – кривично дело по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Според обвинителството, на 15 август во домот на улицата „Борис Бојаџиски“ во Скопје, за време на семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг, родена во 1938 година, со која живееле во семејна заедница.Додека жртвата одмарала во една од собите, осомничената влегла и ја заклучила вратата. Таа седнала врз бабата и ставила перница врз нејзината глава со намера да ја задуши, при што дополнително ја удирала со тупаници по главата. Нападот го прекинала мислејќи дека жртвата е мртва, по што му кажала на сопругот за стореното.Сопругот веднаш ја известил полицијата, а повиканата екипа ја пренела повредената во болница, каде биле констатирани нагмечувања на главата и вилицата, како и повеќе хематоми.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Од Обвинителството велат дека постојат очигледни околности кои укажуваат на опасност таа да го повтори делото или да го доврши започнатиот обид за убиство.

Скопје | пред 4 месеци

gradonacalnici-na-kale

(ФОТО) Дојдоа да помогнат во чистењето на Кале, а направија и селфи - скопските градоначалници како поддршка на Министерството за култура!

Градоначалниците на неколку скопски општини денеска се приклучија на акцијата за расчистување на скопското Кале, а Бобан Стевковски објави и фотографии од настанот. Вели дека не можеле да ги игнорираат повиците од Министерството за култура кое бара помош.Денес, во координирана акција на скопските општини Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел, преку ЗЕЛС и во соработка со Министерството за култура, започнавме активности за расчистување и уредување на просторот околу Скопското Кале.Како скопски градоначалници не можевме да останеме глуви на повикот од Министерството за култура, кое веќе неколку месеци бара помош и поддршка за овој простор, но не доби соодветен одговор од ЈП Паркови и Зеленило и од Градот Скопје. Одлучивме заедно да преземеме иницијатива и да покажеме дека кога институциите соработуваат, може да се постигне многу.Скопското Кале е едно од најзначајните историски и културни обележја на нашиот главен град. Тоа е симбол на историјата и идентитетот на Скопје, сведоштво за неговото минато и место кое секојдневно го посетуваат туристи, ученици и граѓани. Затоа, должност ни е да го третираме со внимание и почит.Срамна е сликата која туристите ја гледаат – запуштен простор, неуредена вегетација, отпадоци и занемарена околина. Тоа не е лицето што сакаме Скопје да го покаже пред светот. Затоа, оваа акција е само прв чекор – ќе продолжиме со координирани напори за трајно одржување и унапредување на овој значаен објект.Со здружени сили можеме да направиме многу за нашето културно наследство. Скопското Кале заслужува повеќе – заслужува грижа, внимание и континуирана поддршка.

Скопје | пред 5 месеци

Kale

Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот

Скопското Кале конечно ќе добие нов лик. Со средства во износ од 8 милиони денари (околу 130.000 евра) обезбедени преку ребалансот на Буџетот, ќе се отпочне со санација на просторот и реконструкција на двата досега изградени, но нефункционални музејски објекти, информираше денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.На прес-конференција одржана на самата локација, присуствуваа и директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како и неколку други скопски градоначалници.„Калето повеќе од десет години се наоѓа во запоставена и уништена состојба. Имавме неколку обиди да стапиме во контакт со Град Скопје и со ЈП ‘Паркови и зеленило’ со цел да се приклучат на расчистувањето, но не добивме никаков одговор. Затоа се обративме до ЗЕЛС и веќе се преземени активности за расчистување и озеленување“, изјави Љутков.Изградбата на трите музеи – за праисториски, османлиски и средновековен период – започна уште во 2011 година, но објектите досега не се ставени во функција, ниту пак просторот околу нив е уреден.Според Честоева, која и во октомври минатата година укажа на оваа состојба, двата комплетно изградени музеи – наменети за археолошки поставки од праисторијата и отоманскиот период – се целосно запуштени, со видливи оштетувања. Третиот музеј, предвиден за средновековниот период, кој никогаш не бил довршен, е целосно обраснат со вегетација.Министерот Љутков посочи дека објектите се во исклучително лоша состојба и ќе биде неопходна целосна замена на механизацијата и системите за климатизација. Ќе биде распишан тендер за јавна набавка за нивна санација, а планот е објектите да бидат функционални до 2026 година. Целта, рече тој, е Калето да биде една од клучните локации кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата во 2028 година.

Скопје | пред 5 месеци

IMG_6897

Починат маж пронајден во центарот на Скопје – нема траги на насилство

Мртво тело на маж било пронајдено во паркот спроти зградата на поранешна „Нова Македонија“ во центарот на Скопје.Според МВР, станува збор за С.К. (50) од Скопје. Смртта ја констатирала екипа од Итната медицинска помош, а по извршен преглед не се забележани траги на насилство.-На 22.07.2025 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во паркот наспроти зградата на поранешна „Нова Македонија” бил пронајден починат С.К.(50) од Скопје. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, соопштија од МВР.Телото, по наредба на јавен обвинител, е дадено на обдукција. Настанот бил пријавен на 22 јули околу 17.25 часот.

Скопје | пред 5 месеци

bez-voda

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.„Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет. Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти“, велат оттаму.

Скопје | пред 5 месеци

odbojka

Македонија домаќин на EYOF – олимписки настан без терени и без медиумско внимание

Скопје е домаќин на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) – спортски настан од највисоко ниво, на кој учествуваат над 4000 млади спортисти од околу 50 европски земји, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули.И покрај значењето на настанот, Македонија не успеа да обезбеди терени со соодветни олимписки димензии за сите дисциплини – дел од натпреварите во одбојка на песок се одржуваат во Хрватска. Информираноста и медиумската покриеност се минимални, реагира Марко Ристески

Скопје | пред 5 месеци

seizmograf

Слаб земјотрес синоќа почувствуван во Скопје и околината, епицентарот во Косово

Слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во 22:43 часот, а беше почувствуван и во Скопје и неговата блиска околина со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека епицентарот на потресот бил на територијата на соседно Косово, на околу 39 километри североисточно од главниот град.Земјотресот го регистрирала Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија преку сеизмолошките станици поставени низ целата држава и одржувани од страна на Сеизмолошката опсерваторија.

Скопје | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Уште еден пешак прегазен во Скопје – уапсен е возачот

Пешак на возраст од 65 години се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во центарот на Скопје.Како што информира МВР, несреќата се случила на 3 јули околу 11 часот на улицата „Филип Втори Македонски“. Патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управувано од 48-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот К.К., исто така од Скопје.Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Од страна на СВР Скопје бил извршен увид, а возачот е приведен. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 месеци

voda

Скопјани потрошиле рекордни 356.000 кубни метри вода за само еден ден, ЈП Водовод апелира на рационално кристење на водата

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците од системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, на 23 јуни биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи дека просечната потрошувачка изнесувала околу 700 литри по жител.Од претпријатието апелираат до граѓаните на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.Од ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикуваат граѓаните кои ќе забележат диви приклучоци на мрежата, да ги пријават на телефонскиот број 02 3073 010, на e-mail адресата kontakt@vodovod-skopje.com.mk, или преку веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk. Оттаму предупредуваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.фото: Unsplash

Скопје | пред 5 месеци

1000038347

Судир меѓу Општина Аеродром и „Комунална хигиена“ – казна од 88.000 евра и обвинувања за неспособност

Општина Аеродром изрече казна од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, поради, како што наведуваат, континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на територијата на општината.„Ова не е политичка одлука, туку институционална санкција заснована на реални пропусти“, изјави в.д. градоначалникот Дејан Митески, потенцирајќи дека граѓаните постојано се жалат на преполни контејнери и нечистотија, иако редовно плаќаат за услугата.Тој порача дека Аеродром нема да биде заложник на туѓа неспособност и најави засилен надзор и нови санкции ако не се подобри состојбата.Од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ реагираа остро, нарекувајќи ја казната „евтин политички театар“ и градоначалникот Митески – „полу градоначалник без легитимитет“.Тие појаснуваат дека работат според оперативен план усвоен од Советот на Град Скопје, кој е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН.Во реакцијата, претпријатието наведува дека за кабастиот отпад од типот „гарнитури и мебел“, одговорноста е на локалните служби на општината и обвинуваат дека Митески сака да ја префрли вината за сопствената неажурност.

Скопје | пред 6 месеци

nevreme-skopje-51

(Видео) Невремето потопи дел од Скопје

Силното невреме кое го зафати Скопје, поплави и дел од улиците, но и булеварите. Снимки од булеварот „Никола Карев“, кој води од хотелот „Континентал“ кон Пластичарска, покажуваат дека автомобилите едвај се движеле поради водата која се насобрала на коловозот.Засега нема информации дали има штети по невремето.Повеќе информации се очекуваат за подоцна.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-29-at-00.20.26

(Видео) Граѓани заедно со Ганиу пристигнаа пред Град Скопје и го фрлија отпадот

Граѓаните заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу дојдоа пред Град Скопје и го исфрлија отпадот кои претходно го собраа во старата Чаршија.Ганиу укажа дека отпадот во општината не се собира од страна на Град Скопје, иако жителите на Чаир се даночни обврзници.На терен се и припадниците на полицијата.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања