„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ откри 25 кандидати за градоначалници, мртва трка меѓу Перински и Ѓорѓиевски за Скопје

На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврдени се 25 кандидати за градоначалници од партијата на претстојните локални избори.По состанокот, генералниот секретар на партијата и пратеник Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на утврдените кандидати:Аеродром – Дејан МитескиБутел – Дарко КостовскиЃорче Петров – Александар СтојкоскиЧучер Сандево – Зоран БајовскиШтип – Иван ЈордановВелес – Марко КолевСвети Николе – Дејан ВладевКарбинци – Виктор ПауновГрадско – Киро НацковКавадарци – Митко ЈанчевГевгелија – Андон СарамандовЗелениково – Коста МаневскиИлинден – Александар ЃоргиевскиКонче – Златко РистовДелчево – Иван ГоцевскиНово Село – Ѓорге БожиновВасилево – Славе АндоновБосилово – Ристо МанчевБерово – Петар РужинскиПетровец – Борче МитевскиБитола – Тони КоњановскиОхрид – Кирил ПецаковВевчани – Спасе КочовскиБрвеница – Јовица ИлиевскиЈегуновце – Димитар КостадиновскиКако што кажа на прес-конференцијата Сајкоски, сè уште се прават анкети и анализи за кандидат за градоначалник на Град Скопје, во игра се повеќе кандидати меѓу кои се министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 6 месеци

kucina415

(Видео) „Не се поднесува веќе“ – туристички водич реагира поради глутници кучиња во Скопје

Туристичкиот водич Васко Марковски реагира поради многуте бездомни кучиња кои се групирани низ Скопје, а од кои, туристите се плашат да поминат.„Ова веќе не се поднесува, нема никаква смисла, да се работи како туристички водич во Градот Скопје со сите овие кучиња, секојднвно да се надвикуваш, да ги трпиш проблемите кои другите луѓе ги имаат со кучињата кои се овде. Приметете колку луѓе има во групата и колку кучиња има наоколу и колкави се кучињата“, вели Марковски во снимката.Тој додава: „Не знам дали Градот Скопје е свесен колку туристи има во градот, колку посетители има, и дека не му секому толку романтично да се занимава со овие кучиња наоколу. Не се сите толку добри, како што повеќето од нас мислат дека се, има кучиња кои ненадејно напаѓаат луѓе. Не им е пријатно во групата секојдневно во нив да се туркаат кучињата“.„Скопје1“ побара став од Градот Скопје предводен од градоначалничката Данела Арсовска, дали ги слушаат поплаките, како и дали имаат разбирање за тие кои се плашат од уличните животни кога се групирани.Oд Јавното претпријатие „Лајка“, велат дека кучињата во Центар мигрираат поради недостаток на храна.„Кучињата завршуваат на улица поради недостаток направна регулатива, но и отсуство на имплементација на постоечката со сите свои недоследности, односно целосно отсуство на соодветен инспекциски надзор.ЈП ЛАЈКА како надлежно прифатилиште се бави со последницата на целиот овој проблем, односно од како кучето ќе заврши на улица. Да бидеме попрецизни, должни сме да го заловиме кучето, да го сместиме привремено во нашето прифатилиште, да го подложиме на пропишаниот третман, и доколку не постои интерес за вдомување, видливо обележано да се врти на локацијата од која е заловено. И во тој поглед, нашата работа е завршена, особено ако се земе во предвид последниот мониторинг на популацијата на улични кучиња на територија на Општината, каде се заклучи дека на ниво на општина има 536 улични кучиња, од кои 88,46% се веќе третирани.Бројката на кучиња на должен километар е 2.26 кучиња што претставува пониска популација на кучиња на должен километар од просекот за град Скопје. Проблемот во Општина Центар се продлабочува, имајќи го во предвид фактот што кучињата постојано мигрираат, па општината како место со најголем извор на храна, но и можеби најпријателско расположение спрема бездомните кучиња, е територија на која се упатуваат и единки кои не потекнуваат од тие локации, односно имаат ушни маркици од други општини“, велат од „Лајка и додаваат:„Со оглед на фактот дека не сме во можност да ги згрижиме сите кучиња од улица и трајно да ги сместиме поради недостаток на капацитет (во Скопје се проценува бројка од 6000 единки, а ЛАЈКА е регистрирана за 140) , но и поради тоа што истото би било спротивно на позитивните правни прописи, постапуваме единствено со цел третман, односно заловување на кучиња без ушни маркици, кои не го поминале третманот, и по документирани пријави за каснување по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство. Запознаени сме со проблемот на господинот Васко Марковски, и во повеќе наврати постапивме и ги вратиме кучињата во општините од каде се заловени според ушните маркици и нашата евиденција, меѓутоа истите повторно се враќаат во Центар и повторно ги придружуваат туристите, кои веројатно се пријателски расположени спрема нив. Во истиот момент кога капацитетите ќе дозволат, ќе преземеме мерки да истите бидат заловени и сместени во стационарот“.

Скопје | пред 7 месеци

brza-pomos-nokje-3

Осум повредени: тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово

На 11.05.2025 во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(29) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(53) од Скопје.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат“, З.И.(54) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните сопатници Ф.И.(31), Х.Д.(54) и тројца малолетници, сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, велат од МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 7 месеци

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.Имено, утре во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба, за сообраќај ќе бидат затворени:- бул.„Партизански Одреди” од крстосница со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосница со бул.„ВМРО”,- бул.„Св.Климент Охридски” од крстосница со бул.„Илинден” до крстосница со ул.„Димитрие Чуповски”,- ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул.„9-ти Мај” до кружна крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 8 месеци

ulici-i-patista

(Фото) На „Улици и патишта“ им ја исклучија па вклучија струјата оти должат за сметки, а дел од вработените штрајкуваа барајќи ја платата

Наместо на работните места, дел од вработените во јавното претпријатие „Улици и патишта“ работниот ден го поминаа пред дирекцијата, од каде побараа плата која не е исплатена и по законски утврдениот рок односно до 15-ти во месецот.Истовремено, цел ден молк од Град Скопје и директорката на претпријатието Ивана Трајкоска за тоа зошто повторно доцнат платите. А додека пред дирекцијата беа вработените, дојдоа и вработени во ЕВН и ја исклучија струјата поради неплатени сметки. Претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески за „Скопје1“ вели дека ако утре до 09 часот платата не биде исплатена кај работниците, ќе излезат да протестираат пред градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска.„Денеска вработените во Улици и патишта не ја добија платата и затоа донесоа одлука утре да почекаат до 9 часот, ако нема плата ќе се организираат и ќе протестираат пред градоначалничката на Град Скопје. Срамно е и жално пред ваков голем христијански празник да нема плата, дури можеше да даде аконтактивно некој денар за да го одбележат со својата фамилија, меѓутоа очигледно нема слух за граѓаните. Жал ми е, таа директорката не сакаше да разговара со нас, да нѐ прими на разговор. Се затвори во канцеларија. Струја немаа вработените. Не знам што е, дали е свесна дека го губи мандатот па кренала раце од Град Скопје, меѓутоа проблем имаме како вработени и во текот на утрешниот ден ќе Ве известиме што ќе правиме понатаму“, вели претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески за „Скопје1“.Дека струјата им била вклучена, како и дека се планира да им се вклучи како резултат на подмирување на долгот, ни посочија и до ЕВН.„ЈП Паркови и зеленила - Скопје беше исклучено поради неплатен долг. Електродистрибуција е во комуникација со претпријатието и истото ќе биде повторно приклучено за брзо време, како резултат на подмирување на долгот“, велат од ЕВН за „Скопје1“.Истовремено, на меморандум од ЈП „Улици и патишта“, на огласната табла осамна обраќање до вработените, под кое стои потпис и името на в.д директорката. Во него, се најавува одговорност за неоправдано нарушување на работниот процес.„ЈП ‘Улици и патишта’-Скопје е јавно претпријатие кое врши дејност од јавен интерес, дејноста ја врши трајно и без прекин и секое нарушување на работниот процес нанесува штета на претпријатието. Секое неоправдано нарушување на работниот процес, ќе се бара соодветна заштита согласно законот“, стои на листот со меморандум, на огласната табла, кое го фотографирале вработените.Ова не е првпат вработените да штрајкуваат оти немаат плата на сметките согласно законскиот рок. За истово ги алармираа медиумите во ноември минатата година, по што добија исплата. Во декември излегоа пред Град Скопје и ја повикаа Арсовска: „Нека ни даде плата да и купиме цвеќе за роденден“, оти токму тој ден таа славеше роденден.Став побаравме од Град Скопје кој е основач на претпријатието, а со кој раководи градоначалничката Данела Арсовска. Прашавме зошто повторно доцнат платите, дали е точно дека вработени добиле закани од в.д. директорката дека ќе им испорача откази оти одбиле да работат, како и кога вработените ќе добијат плата. Одговори не добивме до моментот на објавување на овој текст. Молк и од менаџментот на ЈП „Улици и патишта“, каде ги упативме истите прашања.

Скопје | пред 8 месеци

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Арсовска се јави за излевањето на Маркова река: коментарите на објавата ги имаше, па ги немаше...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку статус на „Фејсбук“ посочи дека Противпожарната бригада на Скопје и екипи на ЈП Водовод и канализација работат активно на терен по излевањето на Маркова река. Таа ја искористи приликата и да го искритикува градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски оти се сликал додека бил на терен, но и Општина Студеничани кои според неа се виновни што каналите не се чисти. На објавата имаше и низа критики, но од момент во момент, коментарите ги снемуваше.„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно треба да ја превземаат во континуитет. Џабе се слика со лажен хероизам градоначалникот во заминување Орце Ѓеоргиевски, кој освен со сликање со друго не може да се пофали. Со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител за проблемите кои градоначалникот на општината сам ги дозволил. Проблемот од Батинци поради неодржување на каналите се прелева кон Скопје, а Противпожарната бригада на Град Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација активно работат на терен. Само немаат време да се сликаат!“, напиша Арсовска.„Скопје1“ вечерва испрати прашања до Град Скопје, но и директно до Арсовска преку кои меѓудругото, и за атмосферската каначлизација која се гради и не е пуштена во употреба, односно дали преку неа се изливала вода од Маркова река. Оттаму не добивме одогвор, но испратија соопштение еден час по полноќ (апдејт).По објавувањето на статусот, Арсовска имаше низа коментари, меѓу кои и критики. Од 52 коментари колку што имаше до моментот кога ја следевме објавата, можеа да се прочитаат девет. „Фејсбук“ има опција да се сокријат коментарите без бришење, но дали е таа искористена или не - знае само објавувачот. По желба на профилот, во случајот на Арсовска, тие можат да се вратат и да се прикажуваат. Од принт-скриновите можете да видите што друго се коментираше.

Скопје | пред 8 месеци

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела (30.03.2025) со почеток од 10.00 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 8 месеци

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (25.03.2025) со почеток од 20.45 часот поради одржување на меѓународен квалификациски фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Македонија | пред 9 месеци

480876465_2438495246496346_2948769081950477355_n-1

Едно диско и две кабареа во Скопје имаат лиценци за работа, другите се нелегални

На крајот на јуни минатата година, во Скопје останале само три угостителски објекти што легално можеле да работат по полноќ, односно по работното време предвидено за кафулиња и за ресторани. Тоа го покажуваат последните податоци за издадени лиценци за угостителски дејности објавени на веб-страницата на Министерството за економија и труд, објави БИРН во новата анализа.Две од овие места биле регистрирани како кабареа, а едно како диско-клуб на отворено. Две се наоѓаат кај Градски парк, а едно во близина на Театар Комедија. Ниту еден друг објект во главниот град што во тој период примал гости по полноќ или по 1 часот во викендите, не работел легално.А дека имало и други локации, освен овие, на кои се одржувале ноќни забави, има многу сведоштва на социјалните мрежи, меѓу другото и реклами од самите клубови што ги нема на списокот со лиценци.Документот од Министерството содржи податоци од 2017 до средината на 2024 година. Од него може да се види дека секоја година во целата држава се издавале по триесетина вакви одобренија за угостителските објекти од типовите кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворено (единствените што може да работат ноќе), со исклучок на пандемиските години, 2020 и 2021, кога бројот паднал на само седум, односно дванаесет. Најмногу, 39 лиценци, се издале во 2017, во 2023 година имало 33, а во првата половина од 2024 година – 16.Овие документи за работа се издаваат на годишно ниво, а компаниите што управуваат со вакви угостителски објекти имаат обврска да ги обноват откако ќе им истечат. Од списокот на Министерството може да се види дека многу клубови и кабареа не го прават тоа редовно, односно имаат „дупки“ меѓу една и друга лиценца. На пример, пет познати скопски објекти, кои добиле лиценци во првата половина од 2023, не ја обновиле во 2024 година. Но, нема информации дали тие навистина не работеле во периодите кога немале документи.Дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која вчера во пожар изгореа 59 лица главно на возраст од 14-25 години, што е една од најголемите несреќи во земјава, извадила лиценца во 2021, а потоа во 2023. Според повеќе сведоштва, таа работела постојано.Од Министерството за економија, пак, за БИРН велат дека во моментов имаат издадено вкупно 24 активни лиценци, од кои 20 се за кабаре, две за диско-клуб и две за диско-клуб на отворен простор. Уште пет барања се во постапка.Во Пазарната инспекција, според последните јавно објавени податоци од 2023 година, биле вработени вкупно 255 луѓе, но не се знае колку од нив се инспектори, а колку администрација. Во 2024 година, пак, спровеле вкупно 5.586 контроли, но само 176 од нив биле според Законот за угостителска дејност, под кој се водат не само кабареата и ноќните клубови, туку и други објекти, како хотели, ресторани и кафулиња.Владата денеска соопшти дека утре, 18 март, започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови, по што ќе се излезе со детални информации.Лиценца за дискотека може да се добие само со пријава која газдата сам си ја потпишува дека ги исполнува минимално-техничките услови. Не е потребен градежен проект потпишан од овластен проектант. На овој апсурд посочуваат стручни лица од областа на градежништвото и урбанизмот со кои разговаравме во Секторите за урбанизам и планирање во неколку Општини, по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Тие велат дека процедурите за лиценца за ноќен клуб, кабаре и дискотека се олеснети, баш за да може да се заобиколат строги критериуми и стандарди за безбедност.„Нашата струка е целосно исклучена од оваа процедура. Доколку се почитуваат стандарди, ниту едно диско во земјава што сега работи, нема да може да се отвори. Воопшто не се бара имотен лист и каква намена има објектот, не се бара проект потпишан од овластен проектант, ниту елаборат за противпожарна заштита. Имаме случаи ноќни клубови да се отвараат дури и во објекти со намена ‘домување’. Објект ‘дискотека’ не може да се вцрта во Детален урбанистички план во зона на домување. Но, овие документи не се бараат за да се добие лиценца. Само се поднесува пријава до Министерството за економијата која газдите со штиклирање ја пополнуваат дека ги исполнуваат минимално-техничките услови што се пропишани со Правилник, а никој не излегува на терен за тоа да го провери пред да се издаде лиценцата“, велат стручни лица од Секторите за урбанизам и планирање.

Скопје | пред 9 месеци

gasdfas

(Фото) Скопјанка заврши во болница и со трауми трагајќи по кучето: Ако го видите, итно информирајте!

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од лица кои и барале пари заканувајќи се дека ќе го фрлат кучето во Вардар.[caption id="attachment_322409" align="alignnone" width="700"] Screenshot[/caption]Таа посочува дека нејзиното куче е живо и дека нема да се откаже додека не го спаси.Зои е изгубена во Скопје, поточно кај средното хемиско училиште односно кулите „Џевахир“.„Се исплашила и истрачала додека ја шетал член на семејството. Досега никој не ја сликал ниту пресретнал. Па вклучена е можноста дека е земена. Доколку некој ја има забележано заѕвонете на следниот број 077 640 369“, стои во апелот.Пред неколку дена, жената сведочеше дека и се јавувале од непознат број за да и кажат дека и го мачат кучето.„Драги пријатели,некој да ми кажувал дека постои,идиот,психопат да мачи мало кутре,не би поверувала.! Пред 10 минути ми врти непознат број,и на спикер ја слушам Зои,аууу..аууу..со засипнат глас..И викам: Зои..Зоиии..душоооо😭😭😭плаче мила..Ми спушта телефон идиотот,ииии? Каде да го пријавам,кој може непознат број да открие? Покажува сила на мало невино кутре? Чека ли да престане Зои да плаче? Господе помогни ни да ја издржиме болката,тагата,се разболевме“, стои во објавата на скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска.

Скопје | пред 10 месеци

Screenshot-2025-02-17-at-09.14.14

Акција во Скопје, по уништувањето на паркови од малолетници

„Заедничка акција низ Скопје, заедно со министерот Панче Тошковски и колегата Горан Герасимовски“, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и додава:Вечерва заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведовме заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Претходно, одржавме и координативен состанок во полициската станица во Центар за нашите заеднички заложби.Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот „Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите. Оваа активност доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата од страна на ЗЕЛС, а поднесена од Општина Центар, која се залага за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.Се залагаме за воспоставување силна меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам. Вечерва, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имавме можност да ја видиме состојбата на терен и директно да поразговараме со младите. Ова е одличен пример за тоа колку е важна координацијата меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир. Во следниот период, ќе продолжиме со активни чекори за имплементација на усвоената иницијатива, со цел создавање безбедна средина за сите граѓани, особено за младите.

Скопје | пред 10 месеци

skopje-kaj-mnt

(Видео) Прости ни Скопје: „Нашиот Петре, а околу него, мизерија“

Скопјанецот Томислав Цветкоски во видео снимено околу Македонскиот народен театар, покажа како се третира јавното добро. Искршена ограда, купишта отпад.„Нашиот Петре, а околу него, мизерија“, вели тој.Потоа, снимката продолжува на мостот кој води кон другата страна на кејот на Вардар. А низ него, освен отпад имало и кучешки измет.„Мизерија!“, повторува тој.Нехигиената во Скопје е проблем кој трае подолг период. Не е првпат да се алармира за несредени јавни површини, како градски, така и општински. Неретко имаше поплаки дури и за несобрано ѓубре од по улиците кое се трупаше околу контејнерите.

Скопје | пред 10 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-21.12.43

Галетановски: Ако не ги исполнам ветувањата на скопјани ќе си понесам кривична одговорност

Во октомври, партиите, коалициите и независните кандидати, ќе истрчаат за да ги освојат градоначалничките и фотелјите во општинските совети. Иако секоја општина е важна, сепак најпрестижно и најатрактивно е местото-градоначалник на Скопје.Од ВМРО-ДПМНЕ самоуверено очекуваат победа и калкулираат со повеќе имиња, сепак битно им е кој ќе биде од опозициската страна.Таму исто неколку кандидати кои се ставаат на анкети. Едно од најчесто споменуваните е името на Ѓорѓи Галетановски.Тој е прв човек на најголемата општинска организација на СДСМ, скопската. Ѓорѓи Галетановски, познат по прекарот Чомбе скопјани го запознаа по успешното раководење со скопската Зоолошка градина.За Скопје1 изјави:„Можеби моето име е на анкети, но јас не сум зборувал на таа тема со никого.Рано е за такви одлуки, но ако одлучам да се кандидирам за градоначалник на Скопје, тоа нема да зависи само од анкети. Кандидатурата ќе биде со јавно приложени 10.000 потиси од граѓаните за поддршка. Ќе приложам и изјава заверена на нотар за кривична одговорност за неисполнување на изборните ветувања”.

Скопје | пред 10 месеци

IMG_8162

Скопјани смрзнуваат без парно

Скопјани револтирано реагираат бидејќи скоро цело Скопје е без парно затоплување.Од АД ЕСМ Снабдување со топлина, соопштија дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа има намален квалитет во испораката на топлинска енергија.@Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите”, велат од АД ЕСМ Снабдување со топлина.Тие корисниците ги упатуваат на Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, за дополнителни информации.

Скопје | пред 11 месец

img-361964

Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет

Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна можност за туризмот, со оглед дека Македонија е популарна дестинација за Холаѓаните. И најновата вест е дека авиокомпанијата Изиџет формално поднесе документи во министерството за Скопје-Париз до аеродромот “Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Тој потенцираше дека во наредниот период се очекува да бидат потврдени уште 3-4 дестинации до кои ќе се лета од македонските аеродроми. Во однос на состојбата во која како министер ги затекнал аеродромите во државата, тој истакна:“Во услови каде приштинскиот аеродром го заминува скопскиот, а охридскиот ќе добие сериозна конкуренција во аеродромот во Валона кој што се гради во моментов, како и во помалите грчки аеродроми во северниот дел на Грција, сфатив дека мора да направиме драстична промена. Таа промена ја направивме со политиката на субвенционирање на летови, каде што прво субвенциите ќе одат по патник кој што доаѓа во Македонија, а не по патник кој што заминува од државата, како што правела претходната власт. Второ, драстично се зголемени субвенциите, и за охридскиот аеродром се повисоки од скопскиот, со цел привлекување на туристи. Тоа ги даде првите резултати и веќе имаме 8 нови линии. Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штутгарт, а од Охрид како дестинации се потврдени Базел и главниот аеродром во Истанбул”, истакна Николоски, кој додаде дека поврзувањето со овој аеродром во Истанбул веќе донесе и резервации на карти од Сиднеј, Вашингтон, Торонто и други светски метрополи до Охрид" потенцираше вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања